Настани во февруари
1883 | Почна изградбата на Панамскиот Канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот Канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во XIX век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска поддршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар. |
1887 | Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година. |
1924 | Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот. |
1944 | Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници. |
1946 | Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади. |
1996 | Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија. |
2003 | Шатлот „Колумбија“ се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 космонаути. |
1535 | Основан е главниот град на Аргентина, Буенос Аирес. |
1848 | По двегодишна војна во градот Гваделупе Идалго е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари. |
1932 | Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува. |
1994 | Чешка Република дипломатски ја призна Република Македонија. |
1996 | Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар. |
2007 | Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор. |
1917 | Прва светска војна: САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници. |
1943 | Втора светска војна: Британските авиони го бомбардираа германскиот град Хамбург. |
1945 | Втора светска војна: Американските авиони исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин. |
1966 | На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали. |
1969 | Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација. |
1973 | Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна. |
1981 | Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка. |
1992 | Аргентинскиот претседател Карлос Менем потпиша Декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка. |
1994 | Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја. |
211 | По смртта на царот Септимиј Север, властапреоѓа на неговите двајца раскарани синови Каракала и Гета. |
1789 | Џорџ Вашингтон е избран за претседател на САД. |
1859 | Во манастирот „Св. Катерина“ на Синајската Гора во Египет, германскиот теолог Константин фон Тишендорф го открил Синајскиот кодекс — грчки ракопис на Библијата од IV век. |
1944 | Во селото Никодин (прилепско) бугарската полиција и единиците од прилепскиот гарнизон ја нападнале Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада која марширала кон областа Азот. Бригадата со противнапад го повратила селото нанесувајќи му на непријателот губитоци од околу 20 мртви. |
1576 | Анри Наварски, подоцна познат како прв бурбонски крал Анри IV, се преобратил од протестант во католик за да си го осигура францускиот престол. |
1924 | Кралската опсерваторија во Гринич, Англија започнала да емитува радиосигнал за точно време на секој час. |
1958 | Гамал Абдел Насер, еден од основачите на Движењето на неврзаните, бил избран за претседател на Египет. |
1994 | За време на војната во Босна и Херцеговина, над 60 луѓе загинале и уште 200 биле ранети на пазарот во Сараево од топовска граната испалена од српските позиции. |
1899 | На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство. |
1922 | Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петтемина“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички. |
1943 | Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна. |
1945 | Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“. |
1992 | Република Турција ја призна Република Македонија. |
1947 | Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна. |
1965 | Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам. |
1991 | Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава. |
1992 | Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба позната како Мастришки договор (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија. |
1861 | Алабама, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Тексас се одвоија од САД и формираа Конфедерација на јужните американски држави. На Конфедерацијата подоцна и се приклучија Арканзас, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Поделбата на САД доведе до граѓанска војна (1861 - 1865), што заврши со капитулација на јужните држави. |
1994 | САД ја признаа Република Македонија. |
1996 | Република Аргентина ја призна Република Македонија. |
1540 | Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата современа трка со коњи во светот. |
1573 | По поразот на востаниците на Матија Губец во Стубичката битка била задушена Селанската буна на хрватско-словенечките селани. |
1849 | Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за република. |
1861 | Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД). |
1922 | Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство. |
1923 | Основано советското државно воздухопловно претпријатие „Добролет“ кое во 1932 година го промени името во „Аерофлот“. |
1943 | Втора светска војна: Почна Битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија. |
1944 | Во блисина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа. |
1945 | Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето. |
1962 | Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт. |
1995 | Република Македонија и Република Индија воспоставиле дипломатски односи. |
2009 | Прв судир на сателити над Земјата: се судрија американскиот Иридиум 33 и рускиот Космос 2251. |
660 п.н.е. | Според преданијата, царот Џиму ја основал Јапонија. Денес е Ден на државноста на Јапонија. |
55 | Синот и престолонаследник на царот Клавдиј, Тибериј Клавдиј Цезар Британик, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон престолот. |
1531 | Хенри VIII станал поглавар на Англиканската црква. |
1919 | Фридрих Еберт е избран за прв претседател на Германија. |
1929 | Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пиј XI и Италија, основана е ватиканската држава. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар. |
1945 | Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот - Обединетите нации. |
1990 | Нелсон Мандела е ослободен од затворот Виктор Верстер околу Кејптаун, Јужна Африка, каде што поминал 27 години како политички затвореник. |
1997 | Спејс шатлот „Дискавери“ е лансиран во мисија за поправка на „Хабл“. |
1502 | Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија. |
1909 | Во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP). |
1944 | Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход. |
1992 | Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска. |
1996 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана. |
1996 | Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија. |
2001 | Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА. |
1633 | Во Рим, Инквизицијата го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј, кој подоцна, под закана од смртна казна, бил принуден да се откаже од своето учење за хелиоцентричниот систем. |
1895 | Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф. |
1947 | Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле: Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко. |
1961 | Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја. |
2019 | Автобуска несреќа кај селото Ласкарци во која загинале 14 луѓе, а многумина биле повредени. |
1663 | Канада стана француска покраина. |
1972 | Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се упати кон Месечината. По 11 денови престој, назад донесе примероци од површината на Месечината. |
1995 | Перуанските власти соопштија дека го зазеле последното упориште на еквадорската војска на својата територија и прогласија едностран прекин на огнот во 19-дневната војна со Еквадор. |
1996 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Бангладеш. |
1889 | Основано Министерството за земјоделство на САД (USDA) како наследник на Земјоделското одделение. |
1922 | Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите. |
1942 | Втора светска војна: Јапонските војници го зазедоа Сингапур и заробија 85.000 британски војници. |
1944 | Втора светска војна: Средновековниот манастир Монтекасино во Италија, претворен во упориште на германските сили, е бомбардиран од страна на сојузничкото воздухопловство. |
1990 | Лондон и Буенос Аирес ги обновија дипломатските односи, прекинати во 1982 година, кога Аргентина не успеа да и ги одземе на Велика Британија Фолкландските Острови во Атлантскиот Океан. |
1993 | Словачкиот парламент го избра Михал Ковач за прв претседател на државата по распадот на Чехословачка. |
1994 | Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија. |
1995 | Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет. |
1871 | Француската влада потпишала капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна. |
1873 | Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем. |
1945 | Втора светска војна: Американското воздухопловство започна масовно бомбардирање на Токио. |
1959 | Фидел Кастро стана премиер на Куба. |
1972 | Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела. |
1978 | Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари. |
1994 | Островот Суматра го погодил силен земјотрес во којшто загинале најмалку 200 луѓе. |
1994 | Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Република Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година. |
1996 | Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа. |
2000 | Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва. |
2001 | Во близината на селото Танушевци се случила вооружена пресметка меѓу македонската војска и полиција и припадници на „УЧК“. |
1600 | На Кампо деи Фјори (денес плоштад) во Рим, бил жив запален Џордано Бруно за ерес. |
1867 | Првиот брод минал низ Суецкиот Канал. |
1904 | Операта „Мадам Батерфлај“ од Пучини е премиерно претставена во Миланската Скала. |
1946 | Во Скопје е основано Здружението на професионалните новинари во Македонија. За прв претседател беше избран Мито Хаџивасилев - Јасмин. |
1947 | Во Битола почна со работа Нижото музичко училиште, кое во 1962 година прерасна во Средно музичко училиште. |
1997 | Пакистанскиот претседател Фарук Легари кој во ноември 1996 година ја распушти Владата на Беназир Буто, го наименува Наваз Шариф за нов премиер. |
1861 | Првиот парламент на Италија го прогласи за крал Виктор Емануел II. |
1915 | Прва светска војна: Германија со помош на подморници ја започна поморската блокада на Велика Британија. |
1945 | Во Скопје е отворен Работничкиот дом, прв во Народна Република Македонија. |
1952 | Грција стана членкa на НАТО. |
1952 | Турција стана членкa на НАТО. |
1960 | Аргентина, Бразил, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле се договорија да формираат Латиноамериканско здружение за слободна трговија. |
1965 | Прогласена е независност на африканската држава Гамбија во рамките на Британскиот комонвелт. |
1992 | Собранието на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонска информативна агенција (МИА) како јавен информативен сервис. Првата вест МИА ја емитуваше на 30 септември 1998 година. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади. |
1878 | Томас Едисон го патентирал фонографот, претходник на грамофонот. |
1905 | Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“. |
1921 | Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика. |
1945 | Започнала големата битка на тихоокеанскиот остров Иво Џима, која се водела меѓу армиите на САД и на Јапонија. |
1959 | Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар. |
1968 | Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“. |
1994 | Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка. |
1996 | Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија. |
1996 | Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“. |
2021 | Порфириј е устоличен како патријарх на Српската православна црква. |
1872 | Отворен е Метрополитен во Њујорк, еден од најголемите музеи во светот. |
1938 | Британскиот министер за надворешни работи Ентони Идн, поднесе оставка во знак на протест поради политиката на попуштање на премиерот Невил Чемберлен кон Хитлер. Кога Черчил го презеде раководењето со британскиот кабинет, Идн како министер беше еден од најактивните државници на антихитлеровската коалиција. |
1941 | Во САД бил промовиран првиот џип од марката „вилис МБ“, наменет за армијата на САД. |
1962 | САД го лансираа вселенскиот брод „Меркјури Атлас МА-6“ со првиот американски космонаут Џон Глен. Бродот трипати ја обиколи Земјата и се спушти во Атлантикот. |
1970 | Почнала изградбата на големиот мост преку теснецот Босфор, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија. |
1986 | СССР ја лансирал вселенската станица „Мир“. |
1987 | Излегува од печат словенечкиот месечник „Нова ревија 57“ во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ. |
1991 | Во Тирана избувнале масовни демонстрации против комунистичкиот режим. |
1613 | Првиот руски владетел од династијата Романови, Михаил Фјодорович, бил прогласен за цар. Со тоа започнала ерата на династијата. |
1795 | Холандија ѝ го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан. |
1848 | Објавен е Комунистичкиот манифест, дело на Карл Маркс и Фридрих Енгелс. |
1916 | Започнала Битката кај Верден во Франција, најкрвавата битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци, а во која загинале 700.000 војници. |
1925 | Излегол првиот број на американското списание „Њујоркер“. |
1947 | Физичарот Едвард Харвард Ленд од Њујорк ја измислил камерата која веднаш ги развива фотографиите. Подоцна, таа го добила името полароид-камера според фирмата „Полароид“ каде што се произведувала. |
1972 | Ричард Никсон, допатувал во Пекинг, со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. Тоа било првата посета на еден американски претседател на Кина. |
1986 | Излегол албумот на американската хеви-метал група „Металика“ насловен како „Господар на куклите (Master of Puppets)“. |
1992 | Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка. |
1999 | Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, завршила со потпишување на договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна. |
1281 | Мартин IV станува папа. |
1819 | Шпанија ја продава Флорида на САД за пет милиони американски долари. |
1862 | Во текот на Американската граѓанска војна, Џеферсон Дејвс бил прогласен за претседател на Конфедерацијата на државите на Америка, составена од 11 јужни држави. |
1879 | Во Јутика, Њујорк, САД, Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници. |
1955 | Поради повреда, предизвикана од паѓање од коњ, тенисерката Морин Коноли, позната како „Малата Мо“ се повлекла од тенисот. Таа победила на Вимблдон трипати по ред, во 1952, 1953 и 1954 година. |
1979 | Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години поминати под британска управа. |
1980 | Израелската влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта. |
1980 | Хокеарската репрезентација на САД извојува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските олимписки игри во 1980 г. |
1986 | Долгогодишниот претседател на Филипините, диктаторот Маркос бил принуден да ја напушти земјата, под притисок на јавноста. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
2011 | Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес. |
303 | Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство. |
1905 | Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот. |
1919 | Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија. |
1933 | Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид. |
1941 | Откриен е плутониумот. |
1945 | Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда. |
1945 | Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми. |
1947 | Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO). |
1967 | Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите. |
1970 | Британска Гвајана стекна независност. |
1994 | На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“. |
1998 | Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво. |
1525 | Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници. |
1582 | Воведен е грегоријанскиот календар. |
1819 | Американскиот конгрес го ратификувал договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД. |
1882 | Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија. |
1887 | Воспоставена е телефонска врска меѓу Париз и Брисел. |
1920 | Во пивницата „Хофбројхаус“ во Минхен претставена е програмата на Националсоцијалистичката германска работничка партија (НСДАП). |
1942 | Во рамките на пропагандната војна, Министерството за информации на САД започнало со емитување на меѓународната програма „Гласот на Америка (Voice of America)“. |
1945 | Втора светска војна: Војската на САД го ослободила главниот град на Филипините, Манила кој бил под окупација од страна на Јапонија. |
1946 | Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина. |
1968 | Борците на Виетконг го зазеле Хуе, третиот по големина град во Виетнам. |
1971 | Алжирските власти соопштиле дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата. |
1974 | Властите во Пакистан соопштиле дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава. |
1987 | Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“ |
1998 | Францускиот парламент едногласно го ратификувал Договорот за сеопфатна забрана за јадрени проби. |
2005 | Римскиот папа Јован Павле II бил подложен на сложена операција со која во дишникот му бил вграден катетер. |
1889 | Формиран округот Чавес во Ново Мексико, САД. |
1949 | Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24.04.1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет „Кирил и Методиј“, а на 12.11.1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи „Свети кирил и Методиј“. |
1994 | Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија. |
1531 | Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе. |
1815 | Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло. |
1848 | Британскиот воен транспоретен брод „Беркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе. |
1901 | По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите. |
1909 | Отоманското Царство ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина. |
1915 | Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен. |
1918 | Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција. |
1936 | Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген. |
1984 | Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут. |
1987 | Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници. |
1991 | По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји. |
1992 | Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија. |
1993 | Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени. |
2004 | Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар. |
2008 | Пуштена Енциклопедијата на живиот свет. |
1844 | Доминиканската Република стекнала независност од Хаити |
1900 | Основан е ФК Баерн Минхен |
1900 | Основана е британската Лабуристичка партија |
1908 | Во Битола е основано работничкото просветно друштво „Класно сознание“, кое ги ширело социјалистичките идеи меѓу работниците. |
1921 | Во Виена е основана Втората и пол интернационала. |
1933 | Запалена е зградата на Рајхстагот во Берлин. |
1967 | Доминика добила независност од Британија. |
1976 | Револуционерното движење „Полисарио“ ја прогласила поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава. |
1989 | Во Венецуела се случиле масовни немири, познати како Каракасо. |
1996 | Република Македонија и Република Грција воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1825 | Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е определена границата меѓу Алјаска и Канада. |
1922 | Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот Канал. |
1934 | Основан е Музејот на град Битола. |
1948 | Последните британски воени единици ја напуштија Индија. |
1974 | САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи. |
1987 | на Видовден, Слободан Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања. |
1992 | Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа. |
1994 | Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за првпат директно се вмешаа во босанскиот конфликт. |
2012 | Завршена радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“ — втора највисока градба во светот. |