Кримска конференција

Кримската конференција, позната и како Конференција во Јалта и под кодното име Аргонаут, се одржала од 4 до 11 февруари 1945 година, и бил втор мултилатерален состанок на лидерите од сојузничките сили од Втората светска војна: Соединетите држави, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз. На неа се разговарало за повоената реорганизација на Германија и Европа. Четирите држави беа претставени од претседателотФренклин Рузвелт, премиерот Винстон Черчил и генералниот секретар Јосиф Сталин, соодветно. Конференцијата се одржала во близина на Јалта на Крим во Советскиот Сојуз, во палатите Ливадија, Јусупов и Воронцов.

Кримска конференција
Yalta Conference (Churchill, Roosevelt, Stalin) (B&W).jpg
Големата тројка“ (Сталин, Рузвелт и Черчил)
на конференцијата во Јалта.
Датум4–11 февруари 1945 година
ОдржувалиштеЛивадија
МестоЈалта,
УчеснициСССР СССР: Јосиф Сталин
Обединето Кралство ОК: Винстон Черчил
САД САД: Франклин Рузвелт

Јалта била втората од трите големи воени конференции меѓу сојузничките сили. На неа и претходела Конференцијата во Техеран во ноември 1943 година, а по неа во јули 1945 година се одржала Потсдамската конференција.

КонференцијаУреди

 
Советски, американски и британски дипломати за време на Конференцијата во Јалта

За време на конференцијата во Јалта, Сојузничките сили веќе ја ослободиле цела Франција и Белгија и се воделе борби на западната граница од Германија. На исток, советските сили биле 65 км од Берлин, откако веќе ги истиснале Германците од Полска, Романија и Бугарија. Поразот на Германија веќе не бил доведуван во прашање. Прашањето било како да се обликува повоена Европа. [1] [2] [3]

Секој од тројцата водачи си имал своја агенда за повоена Германија и за ослободената Европа. Рузвелт сакал Советите да го поддржат во Пацифичката војна против Јапонија, односно за планираната инвазија на Јапонија (Операција августовска бура), како и да учествуваат во Обединетите нации. Черчил се залагал за слободни избори и демократски влади во Централна и Источна Европа, особено во Полска. Сталин барал советска сфера на политичко влијание во Источна и Централна Европа како суштински аспект од стратегијата за национална безбедност на Советите, а неговата позиција на конференцијата ја сметал за силна до мера да може да диктира услови. Според членот од американската делегација и иден државен секретар на САД, Џејмс Ф. Бирнс, „не беше прашање што ќе им дозволиме на Русите да прават, туку што можеме да ги натераме Русите да направат“. [4]

Полска била првата точка на советската агенда. Сталин изјавил: „За советската влада, прашањето за Полска беше прашање на чест“ и безбедност, бидејќи Полска историски служела како коридор за силите кои се обидувале да ја нападнат Русија. [5] Сталин заклучил дека „Полска мора да биде силна“ и дека „Советскиот Сојуз е заинтересиран за создавање на моќна, слободна и независна Полска“. Според тоа, Сталин навел дека за барањата на полската влада во егзил не може да се преговара, а Советите ќе ја задржат територијата на источна Полска што ја анектирале во 1939 година, а на Полска ќе ѝ се надомести со проширување на нејзините западни граници на сметка на Германија. Сталин ветил слободни избори во Полска и покрај тоа што таму веќе имало привремена влада под закрила на Советскиот Сојуз, која неодамна била поставена на полските територии окупирани од Црвената армија .

Рузвелт сакал Советите да се приклучат на сојузниците во Пацифичката војна против Јапонија, затоа што тој се надевал дека војната ќе заврши побрзо и со помали американските жртви.

Еден од предусловите за Советите да ѝ објават војна на Јапонија бил Америка да ја признае монголската независност од Кина (Монголската Народна Република била советска сателитска држава од 1924 година до Втората светска војна). Советите, исто така, барале признавање на советските интереси во Кинеската источна железница и Порт Артур.

Советите барале да им се врати Јужен Сахалин, кој Јапонија го одзел од Русија во Руско-јапонската војна од 1905 година, и предавање на Курилските острови од Јапонија. Двете барања биле одобрени од Труман.

За возврат, Сталин ветил дека Советскиот Сојуз ќе се приклучи во Пацифичката војна три месеци по поразот на Германија. Подоцна, во Потсдам, Сталин му ветил на Труман дека ќе го почитува националното единство на Кореја, која делумно ќе биде окупирана од советските трупи.

 
Собата за состаноци на големата тројка

Исто така, Советите се согласиле да се приклучат на Обединетите нации поради тоа што дознале дека постојаните членки на Советот за безбедност ќе има право на вето, што гарантирало дека секоја земја може да ги блокира несаканите одлуки.[6]

Тројцата лидери го ратификувале договорот на Европската советодавна комисија за одредување на границите на повоените окупациски зони во Германија, по една зона за секој од трите главни сојузници. Тие, исто така, се согласиле да ѝ дадат окупациона зона и на Франција за сметка на зоните од САД и ОК, но Де Гол не прифатил француската зона да биде дефинирана со граници утврдени во негово отсуство. Така, тој им наредил на француските сили да го окупираат Штутгарт, како дополнение на зоната која претходно било договорено да ѝ припадне на Франција. Тој се повлекол оттаму откако Американците му се заканиле дека ќе ја прекинат економската поддршка.[7]

Исто така, Големата тројка се согласила дека сите влади ќе бидат вратени во окупираните земји, со исклучок на Романија и Бугарија и Полска и дека сите нивни цивили ќе бидат вратени во татковината. .

Декларација за ослободена ЕвропаУреди

 
Лидерите на големата тројка на преговарачка маса на конференцијата во Јалта

Декларацијата за ослободена Европа била креирана од Винстон Черчил, Френклин Рузвелт и Јосиф Сталин за време на Конференцијата во Јалта. Во неа им се ветувало на луѓето во Европа дека ќе „создадат демократски институции по сопствен избор“. Во декларацијата се ветувало „што е можно побрзо воспоставување на влади преку слободни избори, кои ќе одговорат на волјата на народот“. Тоа е слично на одредбите од Атлантската повелба за „правото на сите луѓе да избираат форма на влада под која ќе живеат“. [8]

Клучни точкиУреди

Клучните точки на состанокот биле:

  • Договор да се стави приоритет на безусловното предавање на нацистичка Германија. По војната, Германија и Берлин ќе бидат поделени на четири окупирани зони.
  • Сталин се согласил Франција да има четврта окупациска зона во Германија доколку се формира за сметка на американската и британската зона.
  • Германија ќе биде демилитаризација и денацификација. На Конференцијата во Јалта, сојузниците одлучиле да преземат заштитни мерки против потенцијалното воено заживување на Германија, да се искорени германскиот милитаризам и нацистичкиот генералштаб, да се изврши денацификација на Германија, да ги казнат воените злосторници и да ја разоружаат и демилитаризираат Германија. [9]
  • Германските воени репарации делумно требало да бидат во форма на принудна работа . Присилната работа требало да се искористи за да се исправи штетата што Германија им ја нанела на своите жртви. [10]
  • Создавање совет за репарација со седиште во Советскиот Сојуз.
  • Се разговарало за статусот на Полска. Било договорено признавањето на комунистичката Привремена влада на Република Полска, која била инсталирана од Советскиот Сојуз „на поширока демократска основа“.[11]
  • Полската источна граница ќе биде по линијата Керзон, а на Полска ќе ѝ се надомести со територии на запад за сметка на Германија.
  • Сталин ветил дека ќе дозволи слободни избори во Полска.
  • Сталин се обврзал да учествува во Обединетите нации.
  • Сталин побарал на сите 16 советски социјалистички републики да им биде одобрено членство во ОН. Тоа било разгледувано, но 14 републики биле одбиени. Труман се согласил за членство на Украина и Белорусија, а го задржал правото, кое никогаш не било искористено, да бара уште два гласа за Соединетите држави.[12]
  • Сталин се согласил да се приклучи во борбата против Јапонија „за два или три месеци откако Германија ќе капитулира и ќе заврши војната во Европа“. Поради тоа, Советите ќе ги добијат јужниот дел на Сахалин и Курилските острови, пристаништето Далијан требало да биде интернационализирано, а советскиот закуп на Порт Артур ќе биде обновен. [13]
  • За бомбардирање на Јапонија, бил постигнат договор воздухопловните сили на американската армија Б-29 да ја користат базата во близина на устието на реката Амур во областа Комсомолск - Николаевск (а не во близина на Владивосток, како што било претходно предложено). Ова не се реализирало. Генералот Алексеј Антонов навел дека една од првите цели на Црвената армија ќе биде заземање на јужната половина од островот Сахалин и дека би била пожелна американска помош за одбрана на Камчатка.[14]
  • Нацистичките воени злосторници требало да се пронајдат и да им се суди на териториите на кои ги извршиле злосторствата. Нацистичките лидери требало да бидат погубени.
  • Требало да се формира „Комитет за расчленување на Германија“. Негова цел била да одлучи дали Германија ќе се подели на неколку нации. Следуваат примери на планови за поделба:

ПоследициУреди

 
Териториите окупирани од сојузниците (црвено) на 15 февруари 1945 година, четири дена по завршувањето на конференцијата
 
Старите и новите граници на Полска, 1945 година – Креси со светло црвено

Биполарниот свет создаден во Јалта со поделбата на Европа на источен и западен блок опстојувал повеќе од 40 години - од говорот на Черчил во Фултон на 5 март 1946 година до распадот на СССР во декември 1991 година. Системот од Јалта почнал да пропаѓа уште во 1980-тите со почетокот на перестројката во СССР во март 1985 година. Земјите од Централна и Источна Европа во 1989 година почнале да го отфрлаат комунистичкиот систем. На 3 октомври 1990 година Германија била обединета.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Diana Preston, Eight Days at Yalta: How Churchill, Roosevelt and Stalin Shaped the Post-War World (2019) pp 1–23.
  2. David G. Haglund, "Yalta: The Price of Peace." Presidential Studies Quarterly 42#2 (2012), p. 419+. online
  3. Donald Cameron Watt, "Britain and the Historiography of the Yalta Conference and the Cold War." Diplomatic History 13.1 (1989): 67–98. online
  4. Black et al. 2000
  5. Berthon & Potts 2007
  6. Couzigou, Irène (October 2015). „Yalta Conference (1945)“. Max Planck Encyclopedia of Public International Law [MPEPIL]: Rn. 13 – преку Oxford Public International Law.
  7. Fenby, Jonathan (2012). The General; Charles de Gaulle and the France he saved. Skyhorse. стр. 282.
  8. „Soviet Satellite States“. schoolshistory.org.uk. Архивирано од изворникот на March 2, 2019. Посетено на March 1, 2019.
  9. Lewkowicz, Nicolas (2008). The German Question and the Origins of the Cold War. Milan: IPOC. стр. 73. ISBN 978-88-95145-27-3.
  10. Pavel Polian. Against Their Will: The History and Geography of Forced Migrations in the USSR. Central European University Press 2003 ISBN 963-9241-68-7 pp. 244–49
  11. Osmańczyk, Edmund (2003). Encyclopedia of the United Nations and International Agreements: T to Z. стр. 2773. ISBN 978-0-415-93924-9.
  12. „United Nations“. U.S. Department of State. Посетено на 2014-09-22. Voting procedures and the veto power of permanent members of the Security Council were finalized at the Yalta Conference in 1945 when Roosevelt and Stalin agreed that the veto would not prevent discussions by the Security Council. In April 1945, new U.S. President Truman agreed to General Assembly membership for Ukraine and Byelorussia while reserving the right, which was never exercised, to seek two more votes for the United States.
  13. "Agreement Regarding Japan," Protocol Proceedings of the Crimea Conference (February 11, 1945). Online.
  14. Ehrman 1956.

ИзвориУреди

  • Berthon, Simon; Potts, Joanna (2007), Warlords: An Extraordinary Re-creation of World War II Through the Eyes and Minds of Hitler, Churchill, Roosevelt, and Stalin, Da Capo Press, ISBN 978-0-306-81538-6
  • Black, Cyril E.; English, Robert D.; Helmreich, Jonathan E.; McAdams, James A. (2000), Rebirth: A Political History of Europe since World War II, Westview Press, ISBN 978-0-8133-3664-0
  • Cook, Bernard A. (2001), Europe Since 1945: An Encyclopedia, Taylor & Francis, ISBN 0-8153-4057-5
  • Ehrman, John (1956). Grand Strategy Volume VI, October 1944 – August 1945. London: HMSO (British official history). стр. 96–111.
  • Grenville, John Ashley Soames (2005), A History of the World from the 20th to the 21st Century, Routledge, ISBN 978-0-415-28954-2
  • LaFeber, Walter (1972), America, Russia, and the Cold War, John Wiley and Sons, ISBN 978-0-471-51137-3
  • Miscamble, Wilson D. (2007), From Roosevelt to Truman: Potsdam, Hiroshima, and the Cold War, Cambridge University Press, ISBN 978-0-521-86244-8
  • Roberts, Geoffrey (2006), Stalin's Wars: From World War to Cold War, 1939–1953, Yale University Press, ISBN 978-0-300-11204-7
  • Truman, Margaret (1973), Harry S. Truman, William Morrow & Co., ISBN 978-0-688-00005-9
  • Wettig, Gerhard (2008), Stalin and the Cold War in Europe, Rowman & Littlefield, ISBN 978-0-7425-5542-6
  • Kennedy, David M. (2003), The American People in World War II Freedom from Fear, Part Two, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-516893-8

Дополнително читањеУреди

Надворешни врскиУреди

44°28′04″N 34°08′36″E / 44.46778° СГШ; 34.14333° ИГД / 44.46778; 34.1433344°28′04″N 34°08′36″E / 44.46778° СГШ; 34.14333° ИГД / 44.46778; 34.14333