Арапско-израелски конфликт

Арапско-израелскиот конфликт (арапски: الصراع العربي الإسرائيلي; хебрејски:.. הסכסוך הישראלי-ערבי) — конфликт составен од политички тензии, воени конфликти и спорови меѓу голем број арапски земји и Израел. Корените на тековниот арапско-израелски конфликт се должи на порастот на ционизмот и арапскиот национализам кон крајот на XIX век. Дел од спорот произлегува од спротивставените тврдења на Израел од една страна и арапските земји од друга страна околу територијата каде била создаден Израел во 1948 година. Територијата се смета од страна на еврејскиот народ како татковина на нивните предци, а од друга страна и истото го сметаат и пан-арапските движења, на чело со Палестина поддржани од муслиманските арапски земји[7].

Арапско-израелски конфликт

Инфилтрирани страни во Арапско-израелскиот конфликт
Датум 15 мај 1948–денес
(76 години, 7 месеци и 6 денови)
1948-1982
Место Близок Исток
Исход
Територијални
промени
*Воспоставување на Израел и Палестина (1948); Јорданска анексија на Западниот Брег;
Завојувани страни
* Израел

Поддржани од:
 United States (1973–)

 Палестински Протекторат (1948–59)

 Арапска Лига

Појасот Газа (2006–) Поддржани од :
 СССР (1967–91)[1]
 Иран (2006–2012)

Команданти и водачи
Жртви и загуби
≈22,570 воени смртни случаи[2]

≈1,723 цивилни жртви[3] ≈1,050 SLA militiamen deaths[4]

91,105 арапски смртни случаи[5]
Вкупно од двете страни:
74,000 воени смртни случаи
18,000 цивилни жртви
(1945–1995)[6]

Секташкиот конфликт меѓу палестинските Арапи и Евреи се појавил во почетокот на XX век, а во поголем обем започнал во 1947 година по кое продолжил и во наредната година, каде по нејзиниот крај Израел прогласил независност. Големите непријателства најчесто завршувале со договорите за прекин на огнот по Јомкипурската војна во 1973 година. Биле потпишани договори за мир меѓу Израел и Египет во 1979 година, што резултирале со повлекување на Израел од Синајскиот Полуостров и укинување на системот на воена власт во Западниот Брег и појасот Газа, во корист на израелската цивилна администрација и како последица на тоа едностранa анексија на Голанската Висорамнина и Источен Ерусалим.

Природата на конфликтот се префрлила во текот на годините во поголеми размери, и регионално од арапско-израелски конфликт на израелско-палестински конфликт, кој го достигнал својот врв во текот на 1982 година (Израелско-либанска војна (1982)). Во Осло било договорено создавање на национален палестинскиот орган во 1994 година, во контекст на израелско-палестинскиот мировен процес. Истата година Израел и Јордан постигнале мировен договор. Примирјето во голема мера се одржило помеѓу Израел и партијата Баас од Сирија, како и со Либан од 2006 година, но развојот на настаните во текот на граѓанската војна во Сирија ја реконструирале ситуацијата бидејќи била прогласена Сириска Арапска Република, а овде биле и силите на Хезболах и Сириската опозиција.

Конфликтот меѓу Израел и Хамас за Газа од 2014 година за прекин на огнот исто така се смета за дел од израелско-палестинскиот конфликт, а со тоа и на арапско-израелскиот конфликт.

Заднина

уреди

Религиозни аспекти на конфликтот

уреди

Некои групи кои се противат на мировниот процес се повикуваат на верски аргументи за нивните бескомпромисни позиции[8]. Современата историја на арапско-израелскиот конфликт е многу погодена од религиозните верувања на различните страни и нивните ставови за идејата за избраниот народ во нивната политика во однос на „Ветената земја“ и „Избраниот град“ Ерусалим[9].

Земјата на Ханан или Ерец Израел (Земја Израел) според хебрејската библија била место која Бог им ја ветил на децата на Израелитите. Ова исто така се спомнува во Куранот[10]. Во својот манифест од 1896 година, Еврејската држава, Теодор Херцл постојано се осврнува на концептот на ветената библиска земја[11]. Ликуд во моментов е една од најистакнатите израелски политички партии кои го вклучуваат библискиот приговор кон Ерец Израел во својата платформа[12].

Муслиманите, исто така, бараат право на тоа земјиште во согласност со Куранот[13]. Наспроти еврејското тврдење дека оваа земја им била ветена само на потомците на внукот на Аврам Јаков[14], тие тврдат дека на Ханан бил ветен на постариот син на Аврам, Исмаил, од кого Арапите водат потекло[13][15]. Освен тоа, муслиманите, исто така, посетуваат многу места посветени на Библиските Израелци, како што се Пештерата на Патријарсите и Храмовата Гора. Во изминатите 1400 години, муслиманите изградиле исламски знаменитости на овие древни израелски наоѓалишта, како што се Златната купола и џамијата Ал-Акса на Ридот на Храмот, најсвето место во јудаизмот. Ова ги довело двете групи во конфликт поради вистинското владение на Ерусалим. Муслиманското учење е дека Мухамед поминал низ Ерусалим на своето прво патување кон небото. Хамас, кој управува со појасот Газа, тврди дека целата земја на Палестина (сегашната израелска и палестинска територија) е исламска земја која мора да биде управувана од муслимани[16].

Христијанските ционисти често ја поддржуваат Државата Израел поради правото на предците на Евреите во Светата земја, како што на пример, напишал Апостол Павле во своето Послание до Римјаните, поглавје 11, во Библијата. Христијанскиот ционизам учи дека враќањето на Евреите во Израел е предуслов за Второто Христово пришествие[17][18].

Национални движења

уреди

Корените на современиот арапско-израелски конфликт лежат во порастот на ционизмот и арапскиот национализам што се појавил како одговор на ционизмот кон крајот на XIX век. Територијата што ја смета еврејскиот народ за своја историска татковина исто така се смета од страна на Панарабското движење како историско и моментално припаѓа на Палестинските Арапи. Пред Првата светска војна, Блискиот Исток, вклучувајќи ја Палестина (подоцна под Британски мандат), била под контрола на Отоманското Царство речиси 400 години. За време на затворените години на нивната империја, Османлиите започнале да го поддржуваат нивниот турски етнички идентитет, поддржувајќи го приматот на Турците во рамките на царството, што довело до дискриминација против Арапите[19]. Ветувањето за ослободување од Османлиите довело до тоа многу Евреи и Арапи да ги поддржат сојузничките сили за време на Првата светска војна, што довело до појава на широк арапски национализам. И арапскиот национализам и ционизмот го започнале својот формулативен почеток во Европа. Ционистичкиот конгрес бил основан во Базел во 1897 година, а „Арапскиот клуб“ бил основан во Париз во 1906 година.

Во доцниот XIX век, европските и блискоисточните еврејски заедници започнале сè повеќе да имигрираат во Палестина и да купуваат земјиште од локалните отомански земјопоседници. Населението од крајот на XIX век во Палестина достигнало 600.000 — главно муслимански Арапи, но исто така и значајни малцинства на Евреи, христијани, Друзи. Во тоа време, Ерусалим не се протегал надвор од ѕидот и имал население од само неколку десетици илјади. Колективни фарми, познати како кибуци, биле основани, како прв еврејски град во денешно време, Тел Авив.

Во текот на 1915-16, во текот на Првата светска војна, британскиот висок комесар во Египет, Сер Хенри МекМахон, тајно се поврзал со Хусеин Ибн Али, османлиски гувернер на Мека и Медина. МекМахон го убедил да започне арапски револт против Отоманското Царство, која во војната била во сојуз со Германија против Велика Британија и Франција. МекМахон ветил дека ако Арапите ја поддржат Британија во војната, британската влада ќе го поддржи формирањето на независна арапска држава под хашемитско владеење во арапските провинции на Отоманското Царство, вклучувајќи ја и Палестина. Арапскиот револт, предводен од Т. Е. Лоренс и синот на Хусеин Фајсал, бил успешен во поразот на Османлиите, а Британија ја презела контролата над поголемиот дел од оваа област.

Секташки конфликт во Палестина

уреди

Првите мандатни години и франко-сириската војна

уреди

Во 1917 година, Палестина била освоена од британските сили (вклучувајќи ја и Еврејската легија). Британската влада ја издала Балфоровата декларација, во која се вели дека „владата позитивно гледа на формирање во Палестина национален дом за еврејскиот народ“, но „дека ништо нема да се направи што би можело да ги наруши граѓанските и верските права на постојните нееврејски заедници во Палестина“. Декларацијата била издадена како резултат на верувањето на клучните членови на владата, вклучувајќи го и премиерот Дејвид Лојд Џорџ, дека еврејската поддршка е од суштинско значење за освојувањето на војната. Сепак, декларацијата предизвикала голема вознемиреност во арапскиот свет[20]. По војната, областа била под британско владеење како Британски мандат во Палестина. Областа што им била доделена на Британците во 1923 година, ги вклучила денешен Израел, Западниот Брег и појасот Газа. Трансјордан на крајот бил пренасочен во посебен британски протекторат - Емиратство Трансјордан, кој во 1946 година добил независност, со одобрување од Обединетите нации на крајот на британскиот мандат.

Голема криза меѓу арапските националисти се случила со неуспешното формирање на Арапското Кралство Сирија во 1920 година. Со катастрофалниот исход на француско-сириската војна, самопрогласеното Хашемитско Царство со својот главен град во Дамаск било поразено и хашемитскиот владетел побарал засолниште во Ирак. Кризата ја забележало првата конфронтација на националистичките арапски и еврејски сили, што се случила во Битката кај Тел Хаи во март 1920 година, но уште поважно падот на панарапското царство довело до воспоставување на локалната палестинска верзија на арапскиот национализам, со враќањето на Мухамед Амин ел Хусеини од Дамаск во Ерусалим кон крајот на 1920 година.

По овој момент продолжила еврејската емиграција во Палестина, додека имиграцијата се одвивала и во арапскиот сектор, со што биле донесени работници од Сирија и другите соседни области. Палестинските Арапи го виделе овој брз прилив на еврејски имигранти како закана за својата татковина и нивниот идентитет како народ. Покрај тоа, еврејската политика за купување земјиште и забрана за вработување на Арапи во еврејската индустрија и фарми во голема мера ги налутило палестинските арапски заедници[21]. Демонстрациите се одржале уште во 1920 година, протестирајќи се против тоа што Арапите сметале дека се нефер параметри за еврејските имигранти изнесени од британскиот мандат што владеел во Палестина во тоа време. Оваа незадоволство довело до појава на насилство подоцна истата година, кога Хусеини предизвикал немири во Ерусалим. Белата книга на Винстон Черчил од 1922 година се обидела да го увери арапското население, негирајќи дека создавањето на еврејска држава е намерата на Балфоровата декларација.

Настани од 1929 година

уреди

Во 1929 година, по демонстрацијата на политичката група на Владимир Жаботински на Западниот ѕид, во Ерусалим започнале немири и се прошириле низ Палестина. Арапите убиле 67 Евреи во градот Хеврон, во она што станало познато како масакрот во Хеврон.

 
Еврејски автобус опремен со заштита од фрлање на камења, стакло и гранати, кон крајот на 1930-тите

Во текот на неделата на немирите во 1929 година, најмалку 116 Арапи и 133 Евреи биле убиени[22], а 339 биле повредени[23].

1930-тите и 1940-тите

уреди

До 1931 година, 17% од населението на Палестина биле Евреи, што претставува зголемување од шест проценти од 1922 година[24]. Еврејската имиграција престаала за кратко време откако нацистите дошле на власт во Германија, предизвикувајќи еврејското население во британската Палестина да се удвои[25].

Во средината на 1930-тите, Из ад-Дин ал-Касам пристигнал од Сирија и ја основал т.н. Црната рака, анти-ционистичка и анти-британска милитантна организација. Тој регрутирал и организирал воена обука за селаните и до 1935 година биле ангажирани помеѓу 200 и 800 мажи. Војниците биле опремени со бомби и огнено оружје, кои ги убивале еврејските доселеници во областа, како и во ангажирање во кампања на вандализам на плантажите на еврејските доселеници[26]. До 1936 година, тензиите довеле до Арапскиот револт во Палестина (1936 — 1939)[27].

Како одговор на арапскиот притисок[28], властите на британскиот мандат значително го намалиле бројот на еврејски имигранти во Палестина. Овие рестрикции останале на сила до крајот на мандатот, период кој се совпаднал со нацистичкиот Холокауст и прогонувањето на еврејските бегалци од Европа. Како последица на тоа, повеќето еврејски учесници во Палестина се сметале за незаконски, предизвикувајќи понатамошни тензии во регионот. По неколку неуспешни обиди за решавање на проблемот дипломатски, Британците побарале од новоформираните Обединетите нации помош. На 15 мај 1947 година, Генералното собрание назначило комисија, составена од претставници од единаесет држави[29]. За да се направи неутрален комитет, ниту една од големите сили не била застапена.[30]. По пет недели, Комитетот го известило на Генералното собрание на 3 септември 1947 година[31]. Извештајот содржел мнозински и малцински план. Мнозинството предложило план за поделба со економска унија. Малцинството предложило Независна држава Палестина. Со само мали модификации, Планот за поделба со Економскиот сојуз бил оној за кој усвојувањето и имплементацијата бил препорачано во резолуцијата 181 (II) од 29 ноември 1947 година.[32]. Резолуцијата била усвоена со 33 гласа наспроти 13 против и 10 воздржани. Сите шест арапски држави, кои биле членки на ОН, гласале против. На теренот, арапските и еврејските Палестинци отворено се бореле за контрола на стратешките позиции во регионот. Неколку големи злосторства биле извршени од страна на двете страни[33].

Граѓанска војна во Палестина

уреди
 

Во неколку недели пред крајот на мандатот, Хагана започнала напади кои резултирале со освојување на целата територија доделена од страна на ООН на Еврејската држава, вклучувајќи ги градовите Тиберија, Хаифа, Сафад, Бејт Шеан и Јафа и создавајќи голем број бегалци

Во почетокот на 1948 година, Велика Британија ја објавила својата цврста намера да го прекине својот мандат во Палестина на 14 мај[34].

Историја

уреди

Арапско-израелски конфликт (1948)

уреди

На 14 мај 1948 година, денот на кој истекол Bританскиот мандат за Палестина, Еврејскиот Народен Совет се собрал во Музејот во Тел Авив и одобрил прогласување и формирање на еврејска држава во Ерец Израел, која да биде позната како Израел. Декларацијата ја изработил Давид Бен-Гурион, извршниот шеф на Светската ционистичка организација[35].

Немало споменување на границите на новата држава, освен тоа што се наоѓа во Ерец Израел. Во официјална програма од Генералниот секретар на Лигата на арапски држави до Генералниот секретар на ОН на 15 мај 1948 година, Арапската лига јавно нагласила дека арапските влади сметаат дека „се принудени да интервенираат со единствена цел за враќање на мирот и безбедноста и воспоставување на законот и редот во Палестина“. Понатаму во Клаузула 10 се вели дека: „Владите на арапските држави во оваа фаза го потврдуваат гледиштето што постојано го објавуваше во претходните прилики, како на конференцијата во Лондон и пред Обединетите нации, бидејќи единственото фер и праведно решение за проблемот на Палестина е создавањето на Обединетата држава Палестина врз основа на демократските принципи ...“.

Тој ден, армиите на Египет, Либан, Сирија, Јордан и Ирак ги нападнале териториите каде штотуку завршил британскиот мандат, давајќи го почетокот на Арапско-израелската војна од 1948 година. Израелските одбранбени сили ги прогониле арапските народи од дел од окупираните територии, со што ги прошириле своите граници надвор од оригиналната поделба на Специјалниот совет на ОНН за Палестина. До декември 1948 година, Израел го контролирала најголемиот дел од Британска Палестина западно од реката Јордан. Останатиот дел од мандатот се состоел од Јордан, област која се нарекува Западен Брег (контролирана од Јордан) и појасот Газа (контролиран од Египет). Пред и за време на овој конфликт, 713.000[36] Палестински Арапи побегнале од своите матични земји како палестински бегалци, делумно, поради ветувањето од арапските водачи дека ќе можат да се вратат кога војната ќе заврши со победа, а исто така делумно и поради нападите врз палестинските села и градови од страна на израелските сили и еврејските милитантни групи[37]. Многу Палестинци побегнале од областите кои денеска се наоѓаат во Израел како одговор на масакрите на арапските градови од милитантните еврејски организации како Иргун и Лехи (група). Војната завршила со потпишувањето на Договорот за примирје од 1949 година меѓу Израел и секој од своите арапски соседи.

Статусот на еврејските граѓани во арапските држави се влошил за време на конфликтот. Анти-еврејски немири избувнале низ целиот арапски свет во декември 1947 година, а еврејските заедници биле особено погодени во Алеп и британски Аден, со стотици мртви и повредени. Во Либија, Евреите биле лишени од државјанство, а во Ирак нивниот имот бил запленет. Египет протерал поголеми дел од странските заедници, вклучувајќи ги и Евреите, по Суецката војна во 1956 година[38], додека Алжир ги лишел француските граѓаните, вклучувајќи ги и Евреите, на државјанство по независноста во 1962 година. Во текот на дваесет години, околу 850.000 Евреи од арапските земји емигрирале во Израел и во други земји[39].

1949 — 1967

уреди

Како резултат на победата на Израел во Арапско-израелската војна од 1948 година, сите арапи кои останале на погрешната страна на линијата за прекин на огнот, не биле во можност да се вратат во своите домови во она што станало држава Израел. Исто така, сите Евреи на Западниот Брег или во Газа биле протерани од нивните територии и домови во Израел. Денешните палестински бегалци се потомци на оние што заминале, одговорноста за нивниот егзодус е прашање на спор помеѓу израелската и палестинската страна[40][41]. Морис заклучил дека „решавачката причина“ за напуштањето на палестинските Арапите на нивните населби биле претежно поврзани со дејствијата на еврејските сили (физички протерувања, воени напади врз населбите, страв дека ќе бидат заробени во борбите, паѓање на блиските населби и пропаганден потфат), додека напуштањето поради наредбите на арапското раководство било одлучувачко во само шест од 392 депопуларни арапски населби што ги анализирал. Повеќе од 700.000 Евреи се иселиле во Израел меѓу 1948 и 1952 година, со приближно 285.000 од нив од арапските земји[42][43].

Во 1956 година, Египет го затворил Тиранскиот теснец на израелски брод и го блокирал Акапскиот Залив, спротивно на Цариградската конвенција од 1888 година. Многумина тврделе дека тоа е исто така кршење на договорот за примирје од 1949 година[44][45]. На 26 јули 1956 година, Египет го национализирал Суецкиот Канал и го затворил каналот за израелските превозници[46]. Израел одговорил на 29 октомври 1956 година, со инвазија на Синајскиот Полуостров со поддршка од Велика Британија и Франција. За време на Суецката криза, Израел го окупирал Појасот Газа и Синајскиот полуостров. САД и ООН наскоро направиле голем притисок за прекин на огнот[46][47]. Израел се согласил да се повлече од египетската територија. Египет се согласил за слободата на навигацијата во регионот и демилитаризацијата на Синај. Биле распоредени и силите за итни случаи под покровителство на ООН, за надгледување на разоружувањето[48]. УНЕФ бил распореден само на египетската страна на границата, бидејќи Израел одбил да им дозволи да влезат на својата територија[49].

Израел ја завршил работата со Националниот Водовод, огромен инженерски проект дизајниран да го пренесе израелското распоредување на водите на реката Јордан кон југ од земјата во остварувањето на сонот на Бен-Гурион за масовно еврејско населување на пустината Негев. Арапите одговориле со обидот да ги пренасочат главните води на Јордан, што довело до растечки конфликт меѓу Израел и Сирија[50].

ПЛО (Палестинска ослободителна организација) за првпат била формирана во 1964 година, под повелба која вклучува обврска за „ослободување на Палестина [која] ќе го уништи ционистичкото и империјалистичкото присуство ...“.

На 19 мај 1967 година, Египет ги протерал набљудувачите на УНЕФ[51], и распоредил 100.000 војници на полуостровот Синај[52]. Египет повторно го затворил Тиранскиот теснец за израелски бродови[53][54], враќајќи го регионот на начин како што бил во 1956 година, кога Израел бил блокиран.

На 30 мај 1967 година, Јордан потпишал заеднички пакт за одбрана со Египет. Египет ги мобилизирал Синајските единици, преминувајќи ги линиите на ООН (откако ги избркале граничните набљудувачи на ОН) и ги мобилизирал на израелската јужна граница. На 5 јуни Израел започнал напад врз Египет. Израелските воздухопловни сили (ИАФ) ги уништиле повеќето египетски воздухопловни сили во изненадувачки напад, потоа се свртеле кон исток за да ги уништат воздушните сили на Јордан, Сирија и Ирак[55]. Овие настани биле клучни во победата на Израел во Шестдневната војна[52][54]. На крајот на војната, Израел добил контрола над Синајскиот полуостров, појасот Газа, Западниот брег (вклучувајќи го и Источен Ерусалим), фармите Шеба и Голанските височини. Резултатите од војната влијаат врз геополитиката на регионот до ден-денес.

1967 — 1973

уреди
 
Египетските сили го премуваат Суецкиот Канал на 7 октомври 1973 година

На крајот од август 1967 година, арапските водачи се состанале во Картум како одговор на војната, за да разговараат за арапската позиција кон Израел. Тие постигнале консензус дека не треба да има признавање, мир и преговори со Државата Израел[56].

Во 1969 година, Египет ја започнал т.н. Војна на исцрпување, со цел да го исцрпи Израел да го предаде Синајскиот Полуостров[57]. Војната завршила по смртта на Гамал Абдел Насер во 1970 година. Откако Садат ја презел функцијата, тој се обидел да изгради позитивни односи со САД, надевајќи се дека ќе изврши притисок врз Израел да ја врати земјата, со протерување на 15.000 руски советници од Египет[58].

На 6 октомври 1973 година, Сирија и Египет извеле изненаден напад врз Израел на Јом Кипур, најсветиот ден од еврејскиот календар. Израелската војска била фатена и неподготвена и требало да поминат околу три дена за целосно мобилизирање[59][60]. Ова ги принудило другите арапски држави да испратат војници за да ги зацврстат позициите на Египќаните и Сиријците. Покрај тоа, овие арапски земји се согласиле да спроведат ембарго на нафтата на индустриските нации, вклучувајќи ги САД, Јапонија и земјите од Западна Европа. Овие земји од ОПЕК ја зголемиле цената на нафтата четирипати и го искористиле како политичко оружје за да добијат поддршка против Израел[61] Јомкипурската војна довела до индиректна конфронтација меѓу САД и Советскиот Сојуз. Кога Израел ја започнал војната, СССР се заканил со воена интервенција. Соединетите Држави, претпазливи за јадрена војна, обезбедиле прекин на огнот на 25 октомври[59][60].

1974 — 2000

уреди

Египет

уреди
 
Бегин, Картер и Садат на договорот од Камп Давид

Следејќи ги Договорите за Камп Давид од крајот на 1970-тите, Израел и Египет потпишале мировен договор во март 1979 година. Според неговите услови, Синајскиот Полуостров се вратил во египетски раце, а Појасот Газа останал под израелска контрола, за да биде вклучен во идната палестинска држава. Договорот, исто така, предвидувал слободен проток на израелските бродови преку Суецкиот Канал и признавање на Тиранскиот теснец и Акапскиот Заливк ако меѓународни патишта.

Јордан

уреди

Во октомври 1994 година, Израел и Јордан потпишале мировен договор, кој предвидувал заедничка соработка, крај на непријателствата, одредување на границата меѓу Израел и Јордан и решавање на други прашања. Конфликтот меѓу нив чинел околу 18,3 милијарди долари. Неговото потпишување е исто така тесно поврзано со напорите за создавање на мир меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација (ПЛО), претставувајќи ја Палестинската национална власт (ПНА). Тој бил потпишан на јужниот граничен премин Араба на 26 октомври 1994 година и го направил Јордан само втората арапска земја (по Египет) кој потпишал мировен договор со Израел.

Ирак

уреди

Израел и Ирак се постојани непријатели од 1948 година. Ирак ги испратил своите војници да учествуваат во Арапско-израелската војна од 1948 година, а подоцна го поддржале Египет и Сирија во Шестдневната војна во 1967 година и во војната Јом Кипур во 1973 година.

Во јуни 1981 година, Израел ги нападнал и ги уништи новоизградените ирачки јадрени објекти во операцијата Опера.

За време на Заливската војна во 1991 година, Ирак упатил 39 ракети кон Израел, во надеж дека ќе го обедини арапскиот свет против коалицијата која сакала да го ослободи Кувајт. По налог на САД, Израел не одговорил на овој напад со цел да се спречи поголемо избувнување на војната.

Либан

уреди

Во 1970 година, по проширена граѓанска војна, кралот Хусеин ја протерал Палестинската ослободителна организација од Јордан. Септември 1970 година е познат како Црниот септември во арапската историја. Тоа бил еден месец кога хашемитскиот крал Хусеин од Јордан го вратил владеењето на монархијата врз земјата[62]. Насилството резултирало со смрт на десетици илјади луѓе, од кои огромното мнозинство биле Палестинци[63]. Вооружениот конфликт траел до јули 1971 година со протерувањето на ПЛО и илјадници палестински борци во Либан. ПЛО се преселило во Либан, од каде што извел неколку напади во Израел. Во 1978 година, Израел ја започнал операцијата Литани, во која заедно со армијата на Јужен Либан ги принудил на ПЛО да се повлечат северно од реката Литани. Во 1981 година избувнал уште еден конфликт помеѓу Израел и ПЛО, кој завршил со договор за прекин на огнот кој не го решил суштината на конфликтот. Во јуни 1982 година, Израел го нападнал Либан. Во рок од два месеци ПЛО се согласил да се повлече од таму.

Во март 1983 година, Израел и Либан потпишале договор за прекин на огнот. Меѓутоа, Сирија го притиска претседателот Амин Пјер Гемајел да го поништи примирјето во март 1984 година. До 1985 година, израелските сили се повлекле на јужниот појас на Либан, долг 15 километри, по што конфликтот продолжил во помал обем, со релативно малку жртви на двете страни. Во 1993 и 1996 година, Израел започнал големи операции против шиитските сили на Хезболах. Во мај 2000 година, новоизбраната влада на Ехуд Барак одобрила повлекување од Јужен Либан, исполнувајќи го предизборното ветување да го стори тоа. Избрзаното повлекување довело до итен колапс на Армијата на Јужен Либан, а многу членови биле или уапсени или побегнале во Израел.

Во 2006 година, како одговор на прекуграничната рација на Хезболах, Израел започнал воздушни напади врз упориштата на Хезболах во јужниот дел на Либан, започнувајќи ја Либанската војна во 2006 година. Неубедливата војна траела 34 дена и резултирала со создавање на тампон-зона во Јужен Либан и распоредување либански војници јужно од реката Литини за првпат од 1960-тите. Израелската влада под Ехуд Олмерт била жестоко критикувана од Виноградската комисија.

Палестина

уреди

1970-тите биле обележани со голем број големи, меѓународни терористички напади, вклучително и масакрот на аеродромот Лод и масакрот во Олимпијадата во Минхен во 1972 година, како и заложничката драма во 1976 година, со над 100 еврејски заложници од различни националности, киднапирани и задржани во Уганда.

Во декември 1987 година започнала Првата интифада. Првата интифада била масовно палестинско востание против израелското владеење на Палестинските територии[64]. Побуната започнала во бегалскиот камп Џабалија и многу бргу се проширила низ Газа и на Западниот Брег. Палестинските акции се движеле од граѓанска непослушност кон насилство. Покрај општите штрајкови, бојкот на израелските производи, графити и барикади, палестинските демонстрации, кои вклучувале фрлање на камења од страна на младите против израелските одбранбени сили, го привлекле меѓународното внимание на Интифада. Тешката реакција на израелската армија над демонстрантите, со жива муниција, тепање и масовни апсења, довело до меѓународна осуда. ПЛО, која дотогаш никогаш не била признаена како водач на палестинскиот народ од Израел, била поканета на мировни преговори следната година, откако го признал Израел и се откажала од тероризмот.

 
Јицак Рабин, Бил Клинтон и Јасер Арафат на церемонијата на потпишување на Договорот од Осло на 13 септември 1993 година

Во средината на 1993 година, израелските и палестинските претставници учествувале во мировните разговори во Осло, Норвешка. Како резултат на тоа, во септември 1993 година, Израел и ПЛО го потпишале Договорот од Осло, познат како Декларација за принципи или Осло I. Според договорот, Израел ја признала Палестинската ослободителна организација како легитимен претставник на палестинскиот народ, додека пак таа го признала правото на државата Израел да постои и се откажала од тероризмот, насилството и желбата за уништување на Израел.

Договорот од Осло II бил потпишан во 1995 година и ја детализирал поделбата на Западниот Брег во областите А, Б и Ц. Според договорот, областа А претставува земја под целосна палестинска цивилна контрола. Во областа А, Палестинците исто така се одговорни за внатрешната безбедност. Договорите во Осло остануваат важни документи во израелско-палестинските односи.

2000 — 2009

уреди

Втората интифада го принудило на Израел да размисли за својот однос и политика кон Палестинците. По серијата самоубиствени бомбашки напади и напади, израелската армија ја започнала т.н. Операција Одбранбен штит, која била најголемата воена операција што ја спровел Израел по Шестдневната војна[65].

Како што се интензивирало насилството меѓу израелската армија и палестинските милитанти, Израел го проширил својот безбедносен апарат околу Западниот Брег со повторно земање многу делови од териториите во областа А. Израел воспоставил комплициран систем на блокади на патиштата и контролните пунктови околу големите палестински области за да го одврати насилството и да ги заштити израелски населби. Сепак, од 2008 година, Израелските одбранбени сили полека започнале да ја пренесуваат власта на Палестинските безбедносни сили[66][67][68].

Тогашниот премиер на Израел, Ариел Шарон, започнал во 2003 година политика на отцепување од Појасот Газа. Оваа политика била целосно спроведена во август 2005 година[69]. Најавата на Шарон за ослободување од Газа предизвикало огромен шок за неговите критичари и од левите и од десните партии. Официјалните најави за евакуација на седумнаесет населени места во Газа и уште четири на Западниот Брег во февруари 2004 година го означил првиот пресврт за движењето на доселениците од 1968 година. Овој настан ја поделил неговата партија. Тој бил силно поддржан од министерот за трговија и индустрија Ехуд Олмерт и министерот за имиграција и апсорпција Ципи Ливни, но министерот за надворешни работи, Силван Шалом, и министерот за финансии, Венјамин Нетанјаху, остро го осудиле тоа. Исто така било неизвесно дали ова е само почеток на понатамошна евакуација[70].

На 16 март 2003 година, Рејчел Кори, американски мировен активист, била прегазена во маалото Ел–Салам во Рафах откако се обидела да го спречи уништувачкиот поход на ционистичкиот воен булдожер кон куќата на еден Палестинец[71]. Кори стоела во конфронтација со булдожерите три часа облечена во светлопортокалова јакна, носејќи микрофон[71]. Иако израелската влада ја негирала одговорноста за инцидентот и ја прогласила нејзината смрт како несреќа, неколку извештаи од очевидци велат дека израелскиот војник кој управувал со булдожерот намерно ја прегазил[71][72].

Во јуни 2006 година, милитантите на Хамас се инфилтрирале во близина на израелската страна на Појасот Газа и го киднапирале израелскиот војник Гилад Шалит. Двајца војници од ИОА биле убиени во нападот, додека Шалит бил ранет. Три дена подоцна, Израел започнал операција за ослободување на Шалит[73]. Тој бил заложник на Хамас, кој му забранил на Меѓународниот црвен крст да го види, до 18 октомври 2011 година, кога бил разменет за 1.027 палестински затвореници[74][75].

Во јули 2006 година, борците на Хезболах ја преминале границата од Либан во Израел, нападнале и убиле осум израелски војници и киднапирале уште двајца како заложници, по кое започнала Израелско-либанска војна од 2006 година, што предизвикала големо уништување на Либан[76]. Спогодбата за прекин на огнот преку ОН стапила на сила на 14 август 2006 година, официјално завршувајќи го конфликтот[77]. Во конфликтот загинале повеќе од илјада Либанци, и над 150 Израелци[78][79][80][81][82][83][84], сериозно била оштетена либанската инфраструктура и како последица на конфликтот биле раселени околу еден милион Либанци[85] и 300.000-500.000 Израелци, иако повеќето биле во можност да се вратат во своите домови[86][87][88]. По прекинот на огнот, некои делови од Јужен Либан останале непогодни поради израелските неексплодирани кластерни бомби[89].

По последиците од Битката кај Газа, каде што Хамас ја презел контролата врз Појасот Газа во насилната граѓанска војна со соперникот Фатах, Израел ја завршил економската соработка со палестинското раководство. Израел и Египет наметнале блокада на појасот Газа од 2007 година. Израел тврдел дека блокадата е неопходна за да се ограничат палестинските ракетни напади од Газа и да се спречи Хамас да шверцува напредни ракети и оружја способни да ги погодат неговите градови[71].

На 6 септември 2007 година, во операцијата Orchard, Израел бомбардирал источен сириски комплекс, кој, наводно, бил изграден со јадрен реактор со помош од Северна Кореја[90]. Израел, исто така, ја бомбардирал Сирија во 2003 година.

Во април 2008 година, сирискиот претседател Башар ал-Асад изјавил за весник во Катар дека Сирија и Израел дискутираат за мировен договор една година, а Турција е на пат да се согласи. Ова било потврдено во мај 2008 година од портпаролот на премиерот Ехуд Олмерт. Освен за мировен договор, се дискутирало и за иднината на Голанската висорамнина. Претседателот Асад кажал дека „нема да има директни преговори со Израел додека не ја презеде функцијата новиот американски претседател“.

Говорејќи во Ерусалим на 26 август 2008 година, тогашниот американски државен секретар Кондолиза Рајс ја критикувала зголемената израелска изградба на населби на Западниот Брег како штетна за мировниот процес. Коментарите на Рајс биле објавени во врска со извештаите дека израелската градби на спорната територија се зголемиле во голема мера[91].

Кревкото шестмесечно примирје меѓу Хамас и Израел истекло на 19 декември 2008 година[92], а обидите за продолжување на примирјето не успеало поради обвинувањата за кршење на примирјето од двете страни[93][94][95][96]. По истекот, Израел започнал напади во тунел за кој се сомневал дека се користи за киднапирање на израелски војници, убивајќи неколку борци на Хамас[97]. По ова, Хамас продолжил со ракетни напади врз израелските градови, со исфрлање на над 60 ракети на 24 декември. На 27 декември 2008 година, Израел започнал војна против Хамас. Бројни организации за човекови права го обвиниле Израел и Хамас дека извршиле воени злосторства[98].

Во 2009 година Израел направил замрзнување на населувањето од 10 месеци на Западниот Брег. Потоа, државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, го пофалил проектот како „невиден гест“ кој би можел „да помогне во оживувањето на разговорите за Блискиот Исток“[99][100].

По последниот круг мировни разговори меѓу Израел и Палестинската власт, 13 палестински милитантни движења предводени од Хамас започнале терористичка кампања со цел да ги попречат и да ги нарушат преговорите[101]. Нападите врз Израелците се зголемиле од август 2010 година, откако 4 израелски цивили биле убиени од страна на милитантите на Хамас. Палестинските милитанти ја зголемиле честотата на ракетните напади насочени кон Израелците. На 2 август, милитантите на Хамас исфрлиле седум ракети од типот Катјуша во Еилат и Акаба, при што загинал еден јордански цивил и биле повредени 4 други лица[102].

По овој настан се случиле уште неколку наизменични борби, вклучувајќи и 680 ракетни напади врз Израел во 2011 година[103]. На 14 ноември 2012 година, Израел го убил Ахмед Џабари, водач на военото крило на Хамас, отпочнувајќи ја операцијата Облачен столб[104]. Хамас и Израел се согласиле преку египетскиот посредник за прекин на огнот на 21 ноември[105].

Палестинскиот центар за човекови права соопштил дека за време на операцијата биле убиени 158 Палестинци, од кои: 102 биле цивили, 55 биле милитанти, а еден полицаец, како и 30 деца и 13 жени[106][107]. Бецелем изјавила дека според првичните наоди, кои се однесувале само на периодот помеѓу 14 и 19 ноември 102 Палестинци биле убиени во Појасот Газа, од кои 40 биле цивили. Според израелските извори, 120 борци и 57 цивили иле убиени[108]. По ова следела меѓународна вознемиреност, при што многумина го критикувале Израел[109]. Протести се одржале на стотици универзитетски кампуси низ САД и пред израелскиот конзулат во Њујорк[110]. Дополнителни протести се одржале низ Блискиот Исток, низ цела Европа и во делови од Јужна Америка[110].

Меѓутоа, владите на САД, Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Австралија, Белгија, Бугарија, Чешка и Холандија изразиле поддршка за правото на Израел да се брани и/или ги осудиле ракетните напади на Хамас врз Израел[111][112][113][114][115][116][117][118][119][120][121].

По ескалацијата на ракетните напади од страна на Хамас, Израел започнал операција во Појасот Газа на 8 јули 2014 година[122].

Наводи

уреди
  1. Pollack, Kenneth, M., Arabs at War: Military Effectiveness, University of Nebraska Press, (2002), pp. 93–94, 96.
  2. Memorial Day / 24,293 fallen soldiers, terror victims since Israel was born. Haaretz. Посетено на 28 July 2014.
  3. Memorial Day / 24,293 fallen soldiers, terror victims since Israel was born. Haaretz Посетено на 28 July 2014.
  4. Hamzeh, Ahmad Nizar (1 January 2004). „In The Path Of Hizbullah“. Syracuse University Press – преку Google Books.
  5. Total Casualties, Arab-Israeli Conflict. Jewish Virtual Library.
  6. Buzan, Barry (2003). Regions and powers. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-89111-0. Посетено на 21 April 2009.
  7. „The Palestinian National Charter – Article 6“. Mfa.gov.il. Посетено на 19 January 2013.
  8. Weinberger, Peter E. (May 2004). „Incorporating religion into israeli-palestinian peacemaking: recommendations for policymakers“ (PDF). Center for World Religions, Diplomacy, and Conflict Resolution, Institute for Conflict Analysis and Resolution, George Mason University. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 June 2011.
  9. Avi Beker, The Chosen: The History of an Idea and the Anatomy of an Obsession, New York: Palgrave Mcmillan, 2008
  10. Сура 17, „Ноќното патување“, ajet 103
  11. The State of the Jews, Theodor Hertzl, 1896, Translated from the German by Sylvie D'Avigdor, published in 1946 by the American Zionist Emergency Council. The original German title, "Der Judenstaat", literally means "The Jews' State". „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 24 December 2007. Посетено на 24 May 2010. 25 October 2009.
  12. „Likud – Platform“. Knesset.gov.il. Архивирано од изворникот на 6 October 2008. Посетено на 4 September 2008.
  13. 13,0 13,1 'Jerusalem in the Qur'an', Masjid Dar al-Qur'an, Long Island, New York. 2002
  14. Ginzberg, Louis (1909). Legends of the Jews Vol II : Esau's Campaign Against Jacob (Translated by Henrietta Szold) Philadelphia: Jewish Publication Society.
  15. Book of Jubilees 20:13
  16. „The Avalon Project : Hamas Covenant 1988“. Avalon.law.yale.edu. 18 August 1988. Посетено на 4 May 2012.
  17. „Seven Major Prophetic Signs Of The Second Coming“. Gracethrufaith.com. 31 December 2011.
  18. Review of On the Road to Armageddon: How Evangelicals Became Israel's Best Friend
  19. Fraser, T.G. The Middle East: 1914–1979. St. Martin's Press, New York. (1980) Pg. 2
  20. Segev, Tom (2000): One Palestine, Complete, pp. 48–49, Abacus, ISBN 0-349-11286-X.
  21. Lesch, Ann M. and Tschirgi, Dan. Origins and Development of the Arab-Israeli Conflict. Greenwood Press: West Port, Connecticut. (1998). Pg.47,51
  22. San Francisco Chronicle, 9 August 2005, "A Time of Change; Israelis, Palestinians and the Disengagement"
  23. NA 59/8/353/84/867n, 404 Wailing Wall/279 and 280, Archdale Diary and Palestinian Police records.
  24. Lesch, Ann M. and Tschirgi, Dan. Origins and Development of the Arab-Israeli Conflict. Greenwood Press: West Port, Connecticut. (1998). Pg. 47
  25. Smith, Charles D. Palestine and the Arab Israeli Conflict: A History With Documents. Bedford/St. Martin's: Boston. (2004). Pg. 129
  26. Segev, Tom (1999). One Palestine, Complete. Metropolitan Books. стр. 360–362. ISBN 0-8050-4848-0.
  27. Lesch, Ann M. and Tschirgi, Dan. Origins and Development of the Arab-Israeli Conflict. Greenwood Press: West Port, Connecticut. (1998). Pg.
  28. „The Struggle against Jewish Immigration to Palestine“. Middle Eastern Studies. 1 July 1998. Архивирано од изворникот на 12 January 2012. Посетено на 20 April 2010.
  29. A/RES/106 (S-1) Архивирано на 6 август 2012 г. of 15 May 1947 General Assembly Resolution 106 Constituting the UNSCOP: Retrieved 12 May 2012
  30. Smith, Charles D. Palestine and the Arab Israeli Conflict: A History With Documents. Bedford/St. Martin's: Boston. (2004). Pg. 186
  31. „UNITED NATIONS: General Assembly: A/364: 3 September 1947: Retrieved 10 May 2012“. United Nations. Архивирано од изворникот на 3 June 2012.
  32. „A/RES/181(II) of 29 November 1947“. United Nations. 1947. Архивирано од изворникот на 24 May 2012. Посетено на 12 May 2012.
  33. Fraser, T.G. The Middle East: 1914–1979. St. Martin's Press, New York. (1980). Pg. 41
  34. Stefan Brooks (2008). „Palestine, British Mandate for“. Во Spencer C. Tucker (уред.). The Encyclopedia of the Arab-Israeli Conflict. 3. Santa Barbara, California: ABC-CLIO. стр. 770. ISBN 978-1-85109-842-2.
  35. „Declaration of Establishment of State of Israel: May 14, 1948“. Mfa.gov.il. Архивирано од изворникот на 16 January 2013. Посетено на 19 January 2013.
  36. GENERAL PROGRESS REPORT AND SUPPLEMENTARY REPORT OF THE UNITED NATIONS CONCILIATION COMMISSION FOR PALESTINE, Covering the period from 11 December 1949 to 23 October 1950, GA A/1367/Rev.1 23 October 1950
  37. „The Palestinian Diaspora“. Global Exchange. Архивирано од изворникот на 2015-09-05. Посетено на 12 December 2012.
  38. Gorman, Anthony (2003). Historians, State and Politics in Twentieth Century Egypt: Contesting the Nation. Psychology Press. стр. 174–5. ISBN 9780415297530.
  39. Hoge, Warren (5 November 2007). „Group seeks justice for 'forgotten' Jews“. The New York Times. Посетено на 7 June 2015.
  40. Erskine Childers, "The Other Exodus", The Spectator, 12 May 1961, reprinted in Walter Laqueur (ed.) The Israel-Arab Reader: A Documentary History of the Middle East Conflict,(1969) rev.ed. Pelican, 1970 pp. 179–188 p.183.
  41. Morris, Benny (2004). The Birth of the Palestinian Refugee Problem Revisited (2. изд.). Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-679-42120-3.
  42. '1942–1951' Архивирано на 11 октомври 2008 г., Jewish Agency for Israel.
    - During the first four years of statehood, the country had to struggle for its existence, while simultaneously absorbing over 700,000 immigrants.
  43. Aliyeh to Israel: Immigration under Conditions of Adversity[мртва врска] – Shoshana Neumann, Bar-Ilan University, page 10. Asia: Yemen – 45,127 (6.7), Turkey – 34,647 (5), Iraq – 124,225 (18), Iran – 25,971 (3.8), Syria and Lebanon – 3,162 (0.5), Eden – 3,320 (0.5); Africa: Morocco, Tunisia and Algeria – 52,565 (7.7), Libya – 32,130 (4.6) (Keren-Hayesod, 1953). Note: The numbers add up to 286,500 (without Turkey, see also: History of the Jews in Turkey). [мртва врска]
  44. Sachar, Howard M. (1976). A History of Israel: From the Rise of Zionism to Our Time. New York: Alfred A. Knopf. p. 455. ISBN 0-394-48564-5
  45. „Background Note: Israel“. US State Department. Архивирано од изворникот на 13 March 2007. Посетено на 4 March 2007.
  46. 46,0 46,1 „1956: Egypt Seizes Suez Canal“. British Broadcasting Service. 26 July 1956. Архивирано од изворникот на 17 March 2007. Посетено на 4 March 2007.
  47. „UN GA Resolution 997“. Mideast Web. Архивирано од изворникот на 17 December 2002. Посетено на 4 March 2007.
  48. Israel – MSN Encarta. Архивирано од изворникот на 31 October 2009.
  49. „First United Nations Emergency Force (Unef I) – Background (Full Text)“. United Nations.
  50. „The Disaster of 1967“. Посетено на 12 January 2013.
  51. „UN: Middle East – UNEF I, Background“. United Nations. Архивирано од изворникот на 27 March 2007. Посетено на 4 March 2007.
  52. 52,0 52,1 Lorch, Netanel (2 September 2003). „The Arab-Israeli Wars“. Israeli Ministry of Foreign Affairs. Архивирано од изворникот на 9 March 2007. Посетено на 4 March 2007.
  53. 'Egypt Closes Gulf Of Aqaba To Israel Ships: Defiant move by Nasser raises Middle East tension', The Times, Tuesday, 23 May 1967; pg. 1; Issue 56948; col A.
  54. 54,0 54,1 „The Disaster of 1967“. The Jordanian Government. Архивирано од изворникот на 19 February 2007. Посетено на 4 March 2007.
  55. Morris, Benny (2001). Righteous victims : a history of the Zionist-Arab conflict, 1881–2001 (1 Vintage Books. изд.). New York: Vintage Books. стр. 316–318. ISBN 0-679-74475-4.
  56. „President Mubarak Interview with Israeli TV“. Egyptian State Information Service. 15 February 2006. Архивирано од изворникот на 28 September 2007. Посетено на 4 March 2007.
  57. „Israel: The War of Attrition“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот на 22 February 2007. Посетено на 3 March 2007.
  58. US Department of State. "1973 MILESTONES: 1969–1976"[мртва врска], 31 October 2013. Посетено на 2 July 2014.
  59. 59,0 59,1 „Israel: The Yom Kippur War“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 3 March 2007.
  60. 60,0 60,1 Arab-Israeli War of 1973. Encarta Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 31 October 2009. Посетено на 4 March 2007.
  61. Smith, Charles D. (2006) Palestine and the Arab-Israeli Conflict, New York: Bedford, p. 329.
  62. Shlaim. Avi. Lion of Jordan; The life of King Hussein in War in Peace, 2007, pg. 301.
  63. Massad, Joseph Andoni. "Colonial Effects: The Making of National Identity in Jordan", pg. 342.
  64. "Uprising by Palestinians against Israeli rule in the West Bank and Gaza Strip territories", Intifada, Microsoft Encarta.
  65. Harel, Amos; Avi Isacharoff (2004). The Seventh War. Tel Aviv: Yedioth Aharonoth Books and Chemed Books and it had a very big conflict. стр. 274–275. ISBN 978-965-511-767-7.
  66. „PA security forces seize 17 bombs, transfer them to IDF“. The Jerusalem Post.
  67. „UN: Israel has dismantled 20 percent of West Bank checkpoint“. The Jerusalem Post. Associated Press. 16 June 2010.
  68. Katz, Yaakov. „Israel sets up trial program to expedite PA export process“. The Jerusalem Post.
  69. "Special Update: Disengagement – August 2005", Israeli Ministry of Foreign Affairs.
  70. Shindler, Colin. A History of Modern Israel, Cambridge University Press, Cambridge, 2008, pg. 314
  71. 71,0 71,1 71,2 71,3 „Profile: Rachel; Corrie:“. BBC News. 28 August 2012.
  72. „Rachel Corrie's death: 'it's a no brainer that this was gross negligence'. Архивирано од изворникот на 2012-09-06. Посетено на 2018-02-22.
  73. Ravid, Barak (12 October 2011). „Gilad Shalit to be returned to Israel within a week – Israel News | Haaretz Daily Newspaper“. Haaretz. Посетено на 19 January 2013.
  74. „Who are the deadly terrorists Israel refuses to release for Shalit?“.
  75. Ravid, Barak (18 March 2009). „Israel to publish Hamas prisoner list“. Haaretz. Архивирано од изворникот на 2011-12-08. Посетено на 19 January 2013.
  76. Israel (country), Microsoft Encarta Encyclopedia., 2007, p. 12. Archived 31 October 2009.
  77. "Lebanon truce holds despite clashes", CNN
  78. Lessons of the 2006 Israeli-Hezbollah War, By Anthony H. Cordesman, William D. Sullivan, CSIS, 2007, page 16
  79. „Lebanon Sees More Than 1,000 War Deaths“. AP via Usti.net. Архивирано од изворникот на 6 February 2012. Посетено на 25 November 2011.
  80. guardian.co.uk (14 September 2006). "Amnesty report accuses Hizbullah of war crimes". Retrieved 16 July 2008.
  81. Reuters via The Epoch Times (6 August 2006). "No Let Up in Lebanon War". Retrieved 16 July 2008.
  82. Associated Press via CHINAdaily (30 July 2006). "Rice postpones trip to Beirut"[мртва врска]. Retrieved 16 July 2008.
  83. Sarah Martin and Kristele Younes, Refugees International (28 August 2006). "Lebanon: Refugees International's Statement for Donors' Conference". Retrieved 16 July 2008. Архивирано на 17 мај 2008 г.
  84. Human Rights Watch (August 2006). "Fatal Strikes: Israel's Indiscriminate Attacks Against Civilians in Lebanon". Retrieved 5 April 2007.
  85. Lebanon Higher Relief Council (2007). "Lebanon Under Siege". Retrieved 5 March 2007. Архивирано на 26 април 2009 г.
  86. Israel Ministry of Foreign Affairs (12 July 2006). "Hizbullah attacks northern Israel and Israel's response". Retrieved 5 March 2007.
  87. „Middle East crisis: Facts and Figures“. BBC News. 31 August 2006. Архивирано од изворникот на 19 July 2008. Посетено на 13 July 2008.
  88. „Israel says it will relinquish positions to Lebanese army“. USA Today. 15 August 2006.
  89. 'Million bomblets' in S Lebanon“. BBC News. 26 September 2006. Посетено на 13 July 2008.
  90. „Statement by the Press Secretary“. The White House. 24 April 2008. Архивирано од изворникот на 17 May 2008.
  91. Sengupta, Kim (27 August 2008). „Rice calls for Israel to stop building in West Bank“. The Independent. London. Посетено на 7 April 2010.
  92. „TIMELINE – Israeli-Hamas violence since truce ended“. Reuters. 5 January 2009. Архивирано од изворникот на 2009-01-18. Посетено на 2018-02-22.
  93. „Hamas 'might renew' truce in Gaza“. BBC. 23 December 2008. Посетено на 1 January 2010.
  94. „Israel Rejected Hamas Ceasefire Offer In December“. Huffington Post. 9 January 2009.
  95. Anthony H. Cordesman, 'THE "GAZA WAR": A Strategic Analysis,' Center for Strategic & International Studies, February 2009 Архивирано на 18 април 2009 г. p.9
  96. 'Israeli Airstrike on Gaza Threatens Truce with Hamas,' Fox News, November 4, 2008“. Fox News Channel. 4 November 2008.
  97. Derfner, Larry (30 December 2008). „Larry Derfner (US News): Why the Gaza War Between Israel and Hamas Broke Out Now“. U.S. News & World Report.
  98. "Demands grow for Gaza war crimes investigation" UK Guardian, 13 January 2009.
  99. Rozen, Laura (25 November 2009). „Clinton praises Netanyahu West Bank settlement moratorium (UPDATED) – Laura Rozen“. Politico.Com. Посетено на 4 May 2012.
  100. „Palestinians blast Clinton for Israel praise“. CNN. 1 November 2009.
  101. „Hamas targets Israeli-Palestinian talks by killing four Israelis“. The Christian Science Monitor.
  102. Blomfield, Adrian (2 August 2010). „Jordanian national killed in multiple militant rocket strike“. The Daily Telegraph. London.
  103. „IDF Spokesperson“. Idf.il. Посетено на 19 January 2013.
  104. Henderson, Barney (14 November 2012). „Hamas military chief killed in Gaza air strike“. The Daily Telegraph. UK.
  105. „Full text: Terms of Israel-Palestinian cease-fire“. The Washington Post. Посетено на 22 November 2012.
  106. „Gaza and Israel begin to resume normal life after truce“. BBC News. 22 November 2012. Архивирано од изворникот на 28 November 2012. Посетено на 28 November 2012.[348] The UN has given a figure of 103 dead civilians.
  107. „Israeli strikes kill 23 in bloodiest day for Gaza“. The News International. 19 November 2012. Архивирано од изворникот на 2014-11-08. Посетено на 19 January 2013.
  108. „After eight days of fighting, ceasefire is put to the test“. The Times of Israel. 21 November 2012. Посетено на 22 November 2012.
  109. „Gaza-Israel war rages amid international protests – video“. The Guardian. London. 21 November 2012. Посетено на 19 January 2013.
  110. 110,0 110,1 „Global anti-Israel protests staged as fears of Gaza ground invasion escalate“. RT. Посетено на 12 December 2012.
  111. Lazaroff, Tovah (16 November 2012). „Ashton, Merkel say Israel has right to defend itself“. The Jerusalem Post.
  112. Department of State (14 ноември 2012). "Gaza Rocket Attacks". Соопштение за печат.  посет. 14 ноември 2012 г
  113. „Foreign Secretary statement on Gaza and southern Israel“. UK: Foreign & Commonwealth Office. Посетено на 15 November 2012.
  114. al-Mughrabi, Nidal (14 November 2012). „UPDATE 8-Rockets hits near Tel Aviv as Gaza death toll rises“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 18 November 2012.
  115. (16 ноември 2012). "Gillard condemns attacks on Israel". Соопштение за печат.  посет. 16 ноември 2012 г
  116. „Les ministres européens mettent en garde Israël quant à l'escalade de la violence à Gaza“ [European ministers warn Israel about escalade of violence in Gaza] (француски). EurActiv. 16 November 2012. Архивирано од изворникот на 6 June 2013. Наводот journal бара |journal= (help)
  117. „Foreign minister Nikolay Mladenov commenting on the situation in southern Israel and the Gaza Strip“. Ministry of Foreign Affairs (Bulgaria). 15 November 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-27. Посетено на 16 November 2012.
  118. Foreign Affairs and International Trade (14 ноември 2012). "Canada Condemns Hamas and Stands with Israel". Соопштение за печат.  посет. 15 ноември 2012 г
  119. Statement of MFA on Israel and the Gaza Strip, Ministry of Foreign Affairs of the Czech Republic 15 November 2012 Архивирано на 23 мај 2013 г.
  120. Timmermans condemns rocket attacks on Israel from Gaza Архивирано на 20 јули 2015 г., Government of the Netherlands 13 November 2012
  121. „Russia condemns 'disproportionate' strikes on Gaza“. The Daily Star. Lebanon. 15 November 2012. Посетено на 15 November 2012.
  122. „Israel and Hamas Trade Attacks as Tension Rises“. The New York Times. 8 July 2014.


  Статијата Арапско-израелски конфликт е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.