Друштво на народите

Друштвото на народите или Лига на народите — поранешна меѓународна организација основана за време на Париската мировна конференција по завршувањето на Првата светска војна. Организацијата била првата постојана меѓународна организација чија основна мисија била да одржува мир во светот.[1] Нејзините примарни цели вклучувале спречување војна преку колективна безбедност и разоружување и решавање на меѓународните спорови преку преговори и арбитража[2]. Други прашања во овој и во други сродни договори вклучувало работни услови, правично постапување со домородното население, трговија со дрога и луѓе, трговија со оружје, глобално здравје, воени заробеници и заштита на малцинства во Европа[3]. Најголемо проширување организацијата го достигнала од 28 септември 1934 година до 23 февруари 1935 година, кога имала 58 членки.

League of Nations
Société des Nations  (француски)
Sociedad de Naciones  (шпански)
Знаме Грб
Местоположба на League of Nations
Главен градЖеневаШвајцарија[a]
а. ^ The headquarters were based from 1 November 1920 in the Palais Wilson in Geneva, Switzerland, and from 17 February 1936 in the purpose built Palace of Nations also in Geneva.

Дипломатската филозофија на Друштвото на народите претставувала фундаментална промена на мислења за претходните сто години. Лигата немала свои вооружени сили и зависела од Големите сили за спроведување на своите одлуки, да се држи до своите економски санкции, или да обезбеди војска кога е потребно. Меѓутоа, Големите сили често се противеле да го направат тоа. Санкциите можело да им наштетат на членовите на Друштвото, па затоа тие биле подготвени да се усогласат со нив. За време на Втората италијанско-абисинска војна, Друштвото ги обвинило италијанските војници кои нишанеле по медицински шатори на Црвениот крст, а Бенито Мусолини на тоа одговорил: „Друштвото е многу добро кога врапчиња викаат, но не е воопшто добро кога орлите паѓаат[4].

По одреден број на значајни успеси и некои рани неуспеси во текот на 1920-тите години, се покажало дека друштвото е неспособно да се заштити од агресијата на Сили на Оската во текот на 1930-тите години. Германија се повлекла заедно со Јапонија, Италија, Шпанија и други. Почетокот на Втората светска војна покажало дека друштвото не успеало во својата примарна цел, а тоа е спречување на идни светски војни. По крајот на Втората светска војна друштвото било заменето од Организацијата на обединетите нации (ООН), наследувајќи неколку организации и агенции основани од него.

Потекло

уреди

Концептот за мирна заедница на народи бил предложен уште во 1795 година, во делото на Имануел Кант, Вечен мир: филозофска скица[5], каде ја истакнал идејата за едно друштво на народи да контролира конфликт и да промовира мир помеѓу државите[6]. Кант за основањето на мирна светска заедница, а не во смисла на глобална влада, но со надеж дека секоја држава ќе се прогласи за слободна држава која ги почитува своите граѓани и им посакува добредојде на странските посетители како блиски рационални суштества, со што се промовира мирно општество во целиот свет.[7]. Меѓународна соработка за промовирање на колективната безбедност потекнува од Европскиот концепт кој се развил по Наполеоновите војни во 19 век, во обид да се задржи статус кво меѓу европските држави и така да се избегне војната[8][9]. Во овој период исто така се забележал развојот на меѓународното право, со првите Женевски конвенции кои вовеле закони за хуманитарна помош за време на војна и со меѓународните Хашки конвенции од 1899 и 1907 година кои ги регулирале правилата за војна и мирното решавање на меѓународни спорови[10][11].

Мировните активисти Вилијам Рандал Кремер и Фредерик Паси во 1889 година ја формирале Интерпарламентарната унија (ИПУ), која е претходник на Друштвото на народите. Во домен организацијата била меѓународна, со една третина од членовите на парламентите (во 24 земји кои имале парламенти) кои служеле како членки на ИПУ од 1914 година. Нејзините цели биле да ги охрабрат владите да ги решат меѓународните спорови на мирен начин. Биле одржани годишни конференции за да им помогнат на владите да ја подобрат постапката за меѓународна арбитража. Структурата на организацијата се состоела од совет на чело со претседател, што подоцна се одразило во структурата на Друштвото[12].

На почетокот на XX век, два силни блока произлегле од сојузништвата на европските Големи сили. Токму овие сојузништва на почетокот на Првата светска војна во 1914 година ги повлекле во конфликт сите поголеми европски сили. Ова била првата голема војна во Европа помеѓу индустријализираните земји, а првпат во Западна Европа каде што последиците од индустријализација (на пример, масовното производство) биле посветени на војната. Резултатот од оваа индустријализирана војна бил на тогашно невидено ниво на жртви: осум и пол милиони војници загинале, а се проценува дека 21 милион биле повредени и имало околу 10 милиони цивилни жртви.

До завршувањето на војната во ноември 1918 година, таа имала големо влијание врз социјалните, политичките и економските системи во Европа и нанела физичка и психичка штета. Се зголемило антивоеното расположение низ светот. Првата светска војна била опишана како „војна за да стави крај на сите војни“, а нејзините можни причини биле интензивно истражувани.

Утврдените причини биле во трка за вооружување, сојузи, тајна дипломатија, како и слободата на суверени држави да влезат во војна од сопствена корист. Предложено решение било создавањето на меѓународна организација чија цел би била да ги спречи идните војни преку разоружување, отворена дипломатија, меѓународна соработка, ограничувањата на правото за водење војна и казните кои ја направиле војната непривлечна.

Друштвото на народите во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Christian, Tomuschat (1995). The United Nations at Age Fifty: A Legal Perspective. Martinus Nijhoff Publishers. стр. 77. ISBN 9789041101457.
  2. „Covenant of the League of Nations“. The Avalon Project. Посетено на 30 August 2011.
  3. See Article 23, „Covenant of the League of Nations“., „Treaty of Versailles“. and Minority Rights Treaties.
  4. Jahanpour, Farhang. „The Elusiveness of Trust: the experience of Security Council and Iran“ (PDF). Transnational Foundation of Peace and Future Research. стр. 2. Посетено на 27 June 2008.
  5. Kant, Immanuel. „Perpetual Peace: A Philosophical Sketch“. Mount Holyoke College. Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 16 May 2008.
  6. Skirbekk & Gilje 2001, стр. 288.
  7. Kant, Immanuel (1795). „Perpetual Peace“. Constitution Society. Архивирано од изворникот на 2019-09-30. Посетено на 30 August 2011.
  8. Reichard 2006, стр. 9.
  9. Rapoport 1995, стр. 498–500.
  10. Bouchet-Saulnier, Brav & Olivier 2007, стр. 14–134.
  11. F.S Northedge, The League of Nations: Its Life and Times, 1920–1946 (1986) p 10
  12. „Before the League of Nations“. The United Nations Office at Geneva. Архивирано од изворникот на 2008-12-09. Посетено на 14 June 2008.
  13. Discogs, Simple Minds – Sons And Fascination / Sister Feelings Call (пристапено на 15 април 2021)

Надворешни врски

уреди