Меѓународна организација за стандардизација

Меѓународната организација за стандардизација, кратенка: ISO (англ. International Organization for Standardization) е најголемата организација во светот која се занимава со развој и публикација на доброволни меѓународен стандард|меѓународни стандарди.

International Organization for Standardization
Organisation internationale de normalisation
Международная организация по стандартизации [1]
Логото на ISO на англиски
Земји-членки на организацијата
Основана23 февруари 1947
ВидНВО
ЦелМеѓународна стандардизација
СедиштеЖенева, Швајцарија
Членство161 членка
Службени јазицианглиски, француски и руски
Мреж. местоwww.iso.org

ISO е независна, невладина организација составена од националните тела за стандардизација на 161 земја, по еден од секоја земја, меѓу кои и Република Македонија. Системот го координира Генерален секретаријат со седиште во Женева.

ISO е мрежа која гради мостови помеѓу јавниот и приватниот сектор. Од една страна, многу од нејзините членки-институти се дел од владината структура во своите земји, или се востановени со закон. Од друга страна, некои членки се исклучиво приватни, како индустриски асоцијации или сл.

Во Република Македонија надлежниот орган кој воспоставува и контролира ISO стандарди е Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ).

Наводи

уреди
  1. Трите службени јазици на ISO стојат во почетокот на предговорот на PDF-документот: ISO/IEC Водич 2:2004 Стандардизација и сродни активности — Општи поими (англиски)