Кинески Ѕид (трад. кин. 萬里長城, прост кин. 万里长城, Уанли Чангченг, бук. „10 илјади милји долг ѕид“) — низа на утврдувања кои биле изградени врз историските северни граници на античките кинески држави и Империјална Кина како заштита од разни номадски групи од евроазиската степа. Неколку ѕидови биле изградени уште во VII век п.н.е.,[2] што подоцна биле споени меѓусебе од Ќин Ше Хуанг (220–206 г.п.н.е.), првиот император на Кина. Слабо е зачуван овој ѕид на Ќин.[3] Подоцна, многу последователни династии изградиле и одржувале повеќе протегачки погранични ѕидови. Најпознатите делови на ѕидот биле изградени од династијата Минг (1368–1644 г.).

Кинески Ѕид
萬里長城 / 万里长城
Дел од Ѕидот граден од династијата Минг кај Џиншанлинг.
Карта на сите ѕидови конструкции.
Општи податоци
ВидУтврдување
ЗемјаКина
Координати40°41′N 117°14′E / 40.68° СГШ; 117.23° ИГД / 40.68; 117.23
Технички податоци
Големина21,196 kм (13,171 ми)[1]
Службен назив: Големиот Ѕид
Тип:Културен
Критериуми:I, II, III, IV, VI
Прогласено:1987 г.
Број438
Државно:Кина
Регион:Азиско-тихоокеански
Кинески ѕид
Традиционално 長城
Упростено 长城
Буквално: „Долгиот Ѕид“
друг кинески назив
Традиционално 萬里長城
Упростено 万里长城
Буквално: „10,000-Ли долг Ѕид“

Освен одбраната, другите цели на Кинескиот ѕид биле граничните контроли, што им дозволило да наметнат давачки за стоката што се превезувала по Патот на свилата, регулирање или поттикнување на трговијата, и контрола на имиграцијата и иселувањето.[4] Понатаму, одбранбените одлики на ѕидот биле подобрени со изградбата на набљудувачници (караули), касарни за војска, гарнизонски станици, сигнални простори за комуникација преку чад или оган, и простиот факт дека патеката на Кинескиот ѕид служела и како коридор за транспорт.

Пограничните ѕидови изградени од различните династии имаат повеќе текови. Заедно, тие се протегаат од полуостровот Љаодунг на исток до езерото Лоп на запад, од денешната кинеско-руска граница на север до реката Тао (Таохе) на југ; партикуларно по должината на замислен лак што грубо ја исцртува границата на монголската степа. Сеопфатно археолошко истражување, користејќи напредни технологии, заклучило дека ѕидовите изградени од династијата Минг се со должина од 8,650 км. Оваа должина е составена од 6,259 км изграден ѕид, 359 км составени од ровови и 2,232 км од природни одбранбени бариери како ридови и реки.[5] Друго археолошко истражување открило дека сиот ѕид, вклучувајќи ги сите негови гранки е долг 21,196 км.[6] Денес, одбранбениот систем на Кинескиот ѕид е генерално признат како еден од најимпресивните архитектонски подвизи во историјата.[7]

Имиња

уреди
 
Хуаjи ту, карта на Кина од 1136 г. Кинескиот Ѕид е нацртан на северниот раб.

Збирот на утврдувања познат како Кинески ѕид историски има бројни различни имиња и на кинески и на англиски јазик.

Во кинеската исторографија, изразот „Долг(и) Ѕид(ови)“ (長城, или 长城, „Чангченг“) се појавува во Записите на Големиот историчар на Сема Ќен, каде се однесувал на посебните големи ѕидови изградени помеѓу и северно од Завојуваните држави и до поунифицираната конструкција на Првиот Император.[8] Кинескиот знак , што значи град или тврдина, е фонентско-семантичко соединение на коренот (радикалот) „земја“ , и фонетскиот , чиј старокинески изговор е реконструиран како *деŋ.[9] Ова првично се однесувало кон бедемите кои ги опкружувале традиционалните кинески градови и се користело со проширено значење за овие ѕидови околу нивните држави; денес, сепак, наместо ова многу почесто се користи кинескиот збор за „град“.[10]

Подолгото кинеско име „Десет илјади милји долг ѕид“ (трад. кин. 萬里長城, прост кин. 万里长城, Уанли Чангченг) потекнува од описот на Сима Киан за ѕидот од „Записите на Г. И.“, иако тој не го именувал ѕидот како таков. Во историските текстови Книга на Сонг од 493 г.п.н.е., се цитира пограничниот генерал Тан Даоџи како го нарекува ѕидот „долгиот ѕид од 10,000 милји“, што е близу до модерното име, иако ова име ретко се среќава во предмодерните времиња.[11] Традиционалната кинеска милја (, „Ли“) често претставувала неправилно растојание кое имало за цел да ја прикаже должината на едно стандардно село и варирала во зависност од теренот, но обично била стандардизирана на растојание од околу една третина од англиската милја (540 м).[12] Со спроведувањето на метрификацијата во Кина во 1930 година, оваа милја станува точно еквивалентна на 500 м,[13] што би го претворило името на ѕидот да опише растојание од 5,000 км. Сепак, оваа употреба на „десет илјади“ (уан) е фигуративна на сличен начин како на грчкиот и англискиот миријад („милијарда“, т.е. број што не може да се изброи, „безброен“ или „неизмерен“).[14]

Поради поврзаноста на ѕидот со наводната тиранија на Првиот Император, кинеските династии по Ќин обично избегнувале да ги нарекуваат нивните сопствени додатоци на ѕидот едноставно именувајќи го „Долг Ѕид“.[8] Наместо тоа, во средновековните записи биле користени разни термини, вклучително и „граница (и)“ (, Саи),[15] „бедем(и)“ (, Јуан),[15] „бариера(и)“ (, Жанг),[15] „надворешните тврдини“ (, Уаибао),[11] и „граничниот(те) ѕид(ини)“ (трад. кин. , прост кин. , Биаанќианг).[8] Поетските и неформалните имиња за ѕидот ги вклучувале „Виолетова граница“ (, Зисаи) [11] и „Земјениот змеј“ (трад. кин. , прост кин. , Тулонг).[16] Само за време на периодот Ќинг, „Долгиот Ѕид“ станал главниот термин што се однесувал на многуте гранични ѕидови, без оглед на нивната локација или династичко потекло, што е еквивалентно на англискиот термин „Голем Ѕид“.[17]

Сегашното англиско име еволуирало од белешките за „Кинескиот ѕид“ од раните модерни европски патници.[17] До XIX век,[17] „Големиот Кинески Ѕид“ станал стандарден на англиски и француски јазик, иако другите европски јазици како германскиот јазик (вклучително и македонскиот) и натаму го нарекуваат „Кинески Ѕид“.[14]

Историја

уреди
 
Големиот Ѕид на Ќин се протега од Линтао до Љаодунг.
 
Големиот Ѕид на Хан е најдолг од сите ѕидови, протегајќи се од Мамиту во близина на Јуменгуан, до Љаодунг.

Рани Ѕидови

уреди

Кинезите веќе биле запознаени со техниките на градење ѕидови до времето на пролетниот и есенскиот период помеѓу VIII и V век п.н.е.[18] Во ова време, и во последователниот период на завојувани држави, државите Ќин, Уеи, Жао, Ќи, Хан, Јан и Џунгшан,[19][20] изградиле обемни утврдувања за да ги бранат своите граници. Изградени за да ги издржат нападите од мало оружје како мечеви и копја, овие ѕидови биле направени претежно од камен или со нагмечување земја и чакал помеѓу дрвени рамки.

Кралот Женг од Ќин, ги освоил последните негови противници и ја обединил Кина како Прв Император на династијата Ќин („Ќин Ши Хуанг“) во 221 г.п.н.е. Со намера да наметне централизирано владеење и да го спречи издигнувањето на феудалните господари, тој наредил уништувањето на деловите од ѕидовите што ја делеле неговата империја со поранешните држави. За да ја насочи империјата против народот Жангну на северот, тој наредил изградба на нови ѕидови за поврзување на преостанатите утврдувања долж северната граница на империјата. „Изгради и продолжи понатаму“ бил централен водечки принцип при конструирањето на ѕидот, што имплицирало дека Кинезите не подигнувале трајно стационирана граница.[21] Транспортирањето на големо количество материјали потребни за изградба било тешко, затоа градителите секогаш се обидувале да користат локални ресурси. Камењата од планините се користеле над планинските венци, додека разградена земја се користела за изградбата во рамнините. Нема преживеани историски записи кои укажуваат на точната должина и текот на ѕидовите на Ќин. Повеќето антички ѕидови се уништени низ вековите, а само неколку делови остануваат денес. Човечките загуби при изградбата не се познати, но според некои автори е проценето дека стотици илјади,[22] ако не и до еден милион работници загинале градејќи го ѕидот на Ќин.[23][24] Подоцна, Хан,[25] северните династии и Суи, ги поправиле, обновиле или прошириле деловите на Кинескиот Ѕид со големи загуби за да се одбранат од северните напаѓачи.[8] Династиите Танг и Сунг не презеле некои значајни напори во регионот.[8] Други династии неповрзани со Хан династијата, исто така, ги изградиле нивните погранични ѕидови: Жианбеи кои владееле со Северен Уеи, Китан кои владееле со Љао, и Џурченската Џин и Тангутска формирана Западна Жиа, која владеела врз огромни територии на Северна Кина низ вековите, сите овие изградиле одбранбени ѕидови, но тие сите се наоѓале на далечниот север од другите ѕидови како што денес ги знаеме, во рамките на кинеската провинција Внатрешна Монголија и во самата Монголија.[26]

Минг ера

уреди
 
Обемот на Минг империјата и нејзините ѕидови.
 
Дел од Големиот Кинески Ѕид
(април 1853 година, X, стр. 41).[27]
 
Кинескиот Ѕид во 1907 г.

Концептот за Кинескиот Ѕид повторно се оживеал во времето на Минг во XIV век,[28] и по поразот на армијата на Минг од страна на Оиратите во Битката кај Туму. Минг не успеал да добие јасна предност над монголските племиња по последователните битки, а долготрајниот конфликт му нанесувал штета на империјата. Минг усвоил нова стратегија за да ги задржи номадските племиња надвор со изградба на ѕидови долж северната граница на Кина. Признавајќи ја монголската контрола воспоставена во Ордоската пустина, ѕидот го следел јужниот раб на пустината наместо да го вклучи свиокот на Жолтата река.

За разлика од претходните утврдувања, конструкцијата на Минг била поцврста и посложена поради употребата на цигли и камен наместо раздградена земја. Се проценува дека се изградени до 25,000 стражарски кули на ѕидот.[29] Бидејќи монголските напади продолжиле периодично со текот на годините, Минг посветиле значителни ресурси за да ги поправат и зајакнат ѕидовите. Особено силни биле делниците во близина на главниот град на Минг, Пекинг.[23] Ќи Џигуанг помеѓу 1567 и 1570 г. исто така го поправил и засилил ѕидот, го поплочил надворешниот ударен дел од ѕидот со цигли и изградил 1,200 караули од превојот Шанхаигуан до Чангпинг за да ги одбие приближувачките монголски напаѓачи.[30] Во текот на 1440 – 1460-те години, Минг изградил и таканаречен „Ѕид на Љаодунг“. Со слична функција на Големиот Кинески Ѕид (и во извесна смисла и негово проширување со овој нов ѕид), но попрост во изградбата, овој ѕид ја затворил срцевината на земјоделските поседи на провинцијата Љаодунг, заштитувајќи ја од потенцијалните упади на Џурчомонголските Оријанганци од северозапад и Џианжу Џурченците од север. Додека во некои делови од Ѕидот на Љаодунг се користеле камења и цигли, поголемите делови од него всушност биле едноставни земјени насипи со ровови од двете страни.[31]

Кон крајот на Минг ерата, Кинескиот Ѕид помогнал во одбраната на империјата од Манчу инвазиите кои започнале околу во 1600 година. Дури и по загубата на сиот Љаодунг, војската на Минг силно го држела утврдениот Шанхајски премин, спречувајќи ги Манчусите да ја освојат кинеската срцевина. Манчусите конечно успеале да го надминат Кинескиот Ѕид во 1644 година, откако Пекинг веќе паднал во рацете на бунтовниците на Ли Зиченг. Пред ова време, Манчусите повеќе пати го преминале Кинескиот Ѕид, извршувајќи рации, но овој пат ова било за освојување. Портите на Шанхајскиот премин биле отворени на 25 мај од страна на командантниот Минг генерал, Ву Сангуи, кој склучил сојуз со Манчусите, во надеж дека ќе ги искористи за да ги протера бунтовниците од Пекинг.[15] Манчусите брзо го зазеле Пекинг и на крајот ги поразиле и династијата Шун основана од бунтовниците и преостанатиот отпор на Минг, воспоставувајќи ја власта на династијата Ќинг над цела Кина.[32]

Под власта на Ќинг, границите на Кина се протегале подалеку од ѕидовите и Монголија била припоена кон империјата, па градбата на Ѕидот била прекината. Од друга страна, таканаречената Врбова палисада, која следела линија слична на онаа на Ѕидот на Минг Љаодунг, била изградена од владетелите на Ќинг во Манџурија. Неговата цел, сепак, не била одбраната, туку спречување на миграцијата на кинеските Хан во Манџурија.[33]

Странски сведоштва

уреди

Ниту еден од Европејците кои ја посетиле Кина или Монголија во XIII и XIV век, како што се Џовани да Пјан дел Карпин, Вилијам од Рубрук, Марко Поло, Одорик од Порденоне и Џовани де' Марињоли, не го споменале Кинескиот Ѕид.[34][35]

Северноафриканскиот патник Ибн Батута, кој исто така ја посетил и Кина за време на династијата Јуен околу 1346 година, слушнал за Кинескиот Ѕид, веројатно пред да пристигне во Кина.[35] Тој напишал дека ѕидот е „шеесетдневно патување“ од Зеитун (модерен Ќуанжу) во неговиот патепис Подарок за оние што размислуваат за чудата на градовите и за чудесноста на патувањето“. Тој го поврзал со легендата за ѕидот споменат во Куранот,[36] за кој се вели дека Ѓул-Ќарнајн (најчесто поврзан со Александар Велики), го изградил за да ги заштити луѓето кои се во близина на земјата на изгрејсонцето од дивјаците на Гог и Магог. Сепак, Ибн Батута не можел да најде никој што го видел или знаел за некој што го видел, што сугерирало на тоа дека иако во тоа време имало остатоци од ѕидот, тие не биле значајни.[35]

Наскоро, откако Европејците со брод стигнале до Минговска Кина на почетокот на XVI век, во Европа започнале да кружат извештаи за Кинескиот Ѕид, иако ниеден Европеец не го имал видено уште еден век. Можеби еден од најраните европски описи на ѕидот и на неговото значење за одбраната на земјата од „тартарите“ (т.е. Монголците), може да биде оној содржан во „Азија“ на Жоао де Барош во 1563 година.[37] Другите рани извештаи од западните извори ги вклучуваат оние на Гаспар да Круз, Бенто де Гои, Матео Ричи и епископот Хуан Гонсалес де Мендоса,[11] последниот од нив опишувајќи го како „врвно и моќно дело“ на архитектурата, во 1585 година, иако тој не го видел.[38] Во 1559 година, во своето дело „Трактат за Кина и соседните региони“, Гаспар да Круз нуди рана дискусија за Кинескиот Ѕид.[11] Можеби првата забележана инстанца на еден Европеец, кој всушност, влегол во Кина преку Кинескиот Ѕид се случила во 1605 година, кога португалскиот језуит, Бенто де Гои стигнал до северозападниот премин Џиају од Индија.[39] Раните европски извештаи биле претежно скромни и емпириски, тесно одразувајќи го современото кинеско разбирање на ѕидот,[11] иако подоцна тие полека се претвориле во хиперболи,[11] вклучувајќи го погрешното, но сеприсутно тврдење дека Ѕидовите на Минг биле истите оние што биле изградена од Првиот Император во III век п.н.е.[11]

Кога Кина ги отворила своите граници за странските трговци и посетители по поразот во Првата и втората опиумска војна, Кинескиот Ѕид станал главна атракција за туристите. Патописите од подоцнежниот XIX век дополнително ја зголемиле репутацијата и митологијата на Кинескиот Ѕид.[11]

 
Главните делови на Кинескиот Ѕид, кои постојат и денес, изградени од династијата Минг.
 
Кинескиот ѕид на династијата Хан во близина на Јуменгуан.
 
Кинескиот Ѕид на династијата Минг во Џиншанлинг.

Не постои консензус за дефиниција за тоа што претставува „Голем Ѕид“, што го отежнува одредувањето на целосниот тек на Кинескиот Ѕид.[17] Одбранбените линии содржат повеќе делови од бедеми, насипи и ровови, како и поединечни тврдини.

Кинескиот Ѕид на Хан

уреди

Утврдувањата на Хан започнуваат од преминот Јумен и Јанг, југозападно од Дунхуанг, во провинцијата Гансу. Урнатините на најоддалечените гранични премини на Хан се наоѓаат во Мамиту (трад. кин. 迷途, прост кин. 迷途, Мамиту, бук. „коњи што си го губат патот“) во близина на преминот Јумен.

Кинескиот Ѕид на Минг

уреди

Превојот Џиају, кој се наоѓа во провинцијата Гансу, е западниот крај на Големиот Ѕид на Минг. Од превојот Џиају, текот на ѕидот води дисконтинуирано по Хекси коридорот и во пустините на Нингсја, каде влегува во западниот раб на јамката на Жолтата река кај Јинчуан. Тука, првите големи ѕидови подигнати за време на династијата Минг ја пресекле пустината Ордос до источниот раб на јамката на Жолтата река. Овде, кај Пиантоу превојот (трад. кин. , прост кин. , Пиаантоугуаан) во Жинжоу, Шангси покраината, Кинескиот Ѕид се дели на две како „Надворешниот Кинески Ѕид“ (трад. кин. 長城, прост кин. 长城, Уаи Чангченг) кој се протега по должината на границата на Внатрешна Монголија со Шангси во провинцијата Хебеи и „Внатрешниот Кинески Ѕид“ (трад. кин. 長城, прост. кин. 长城, Неи Чангченг) кој се протега југоисточно од преминот Пианту околу 400 км, минувајќи низ значајни превои како Пингсинг и Јанмен, пред да се спои со „Надворешниот Кинески Ѕид“ кај Сихаије (四海), во Пекиншкиот Јанќинг округ.

Особено познати се деловите на Кинескиот Ѕид околу општината Пекинг: тие често биле обновувани и денес редовно ги посетуваат туристи. Кинескиот Ѕид во Бадалинг во близина на Жангџиакоу е најпознатиот тек на ѕидот, затоа што ова е првиот дел што е отворен за јавноста во Народна Република Кина, како и изложбениот тек за странските великодостојници.[40] Кинескиот Ѕид во Бадалинг, забележал скоро 10 милиони посетители во 2018 година, а во 2019 година се воспоставила дневна граница од 65,000 посетители.[41] Јужно од Бадалинг се наоѓа преминот Џујонг; кога го користеле Кинезите за да ја заштитат својата земја, овој дел од ѕидот имал многу чувари за одбрана на кинескиот главен град Пекинг. Направен е од камен и цигли од ридовите, овој дел од Кинескиот Ѕид е 7.8 м висок и 5 м широк.

Една од највпечатливите делови на Кинескиот Ѕид на Минг е на местото каде што се искачува на екстремно стрмните падини во Џиншанлинг. Таму протега 11 км, висината му се движи од 5 до 8 м, и е широк 6 метри на дното, стеснувајќи се на 5 м на врвот. Уангџинг Лоу (трад. кин. , прост кин. , Уангџинг Лоу) е еден од 67-те Џиншанлинг караули, на 980 м надморска височина. Југоисточно од Џиншанлинг е Кинескиот ѕид на Мутианју кој се возвишува низ високи и остри планини од југоисток кон северозапад за некои 2.25 км. Поврзан е со преминот Џујонгуан на запад и Губеикоу на исток. Овој дел бил еден од првите што биле реновирани по немирите во Културната револуција.[42]

На работ на заливот Бохаи се наоѓа превојот Шанхај, кој се смета за традиционален крај на Кинескиот Ѕид и „Првиот премин под небото“. Делот од Ѕидот во превојот Шанхај што се среќава со морето е именуван како „Стара змејска глава“. 3 км северно од Шанхајскиот премин е Џиаошанскиот Кинески ѕид (трад. кин. 焦山長城, прост кин. 长城, Џиааошаан Чангченг), местото на првата планина од Кинескиот Ѕид.[43] 15 км североисточно од Шанхајгуан е Џиуменкоу (трад. кин. , прост кин. ), што е единствениот дел од ѕидот кој е изграден како мост.

Во 2009 година, 180 километри претходно непознати делови на Ѕидот Минг, сокриени од ридовите, рововите и реките, биле откриени со помош на инфрацрвени дострели и GPS уреди.[44] Во март и април 2015 година, девет делови со вкупна должина од повеќе од 10 км, за кои се верува дека се дел од Кинескиот Ѕид, биле откриени долж границата на автономниот регион Нингсја и провинцијата Гансу.[45]

Одлики

уреди
 
Кинескиот Ѕид кај Мутианју, близу Пекинг.

Пред употребата на цигли, Кинескиот Ѕид главно бил изграден од разградена земја, камења и дрво. За време на Минг, во многу области на ѕидот многупати се користеле тули, како и материјали како плочки, вар и камен. Големината и тежината на тулите им ја олеснила работата отколку работата со земја и камен, па градењето се забрзало. Дополнително, тулите можеле да имаат поголема тежина и да издржат подобро од разградената земја. Каменот можел да се држи под сопствената тежина подобро од тулите, но бил потежок за употреба. Следствено, камењата исечени во правоаголни форми биле користени за темелите, внатрешните и надворешните рабови и порти на ѕидот. Парапетите биле поставени на највисоките делови во најголемиот дел на ѕидот, со што одбранбените празнини биле нешто повисоки од 30 см висок, и околу 23 см широки. Преку парапетите, чуварите можеле да ја прегледаат околната земја.[46] Комуникацијата помеѓу армиските единици по должината на Ѕидот, вклучително и можноста да се повикаат засилувања и да се предупредат гарнизони за непријателски движења, била од голема важност. Сигналните кули биле изградени на врвовите на ридовите или на други високи точки долж Ѕидот заради нивната видливост. Дрвените порти можеле да се користат како стапица против оние што минувале низ нив. Касарните, шталите и оружјата биле изградени близу до внатрешната површина на ѕидот.[46]

Состојба

уреди
 
Кинескиот Ѕид во туристичка сезона.

Додека делови северно од Пекинг и во близина на туристичките центри се зачувани, па дури и опсежно реновирани, на многу други локации ѕидот е непоправен. Ѕидот понекогаш обезбедувал извор на камења за изградба на куќи и патишта.[47] Делови од Ѕидот се исто така склони кон графити и вандализам, додека тулите со натписи биле извадени и продавани на пазарот до 50 ренминби.[48] Некои делови се уништени за да се направи место за изградба или рударство.[49] Во извештајот од 2012 година на Националната администрација за културно наследство се вели дека 22% од Кинескиот Ѕид на Минг исчезнал, додека 1961 км ѕид се однесени.[50] Повеќе од 60 км од ѕидот во провинцијата Гансу може да исчезне во следните 20 години, поради ерозија од песочните бури. На некои места, висината на Ѕидот е намалена од повеќе од 5 м на помалку од 2 м. Исчезнале разните квадратни кули за разгледување кои ги карактеризираат најпознатите слики на ѕидот. Многу западни делови од ѕидот се изградени од кал, наместо од тула и камен, и затоа се поподложни на ерозија.[51] Во 2014 година, дел од ѕидот близу границата на Љаонинг и провинцијата Хебеи бил поправен со бетон. Ова било многу критикувано.[52]

Видливост од вселената

уреди
 
Кинескиот Ѕид кај Бадалинг.
 
Сателитска слика на дел од Кинескиот Ѕид во северниот дел на Шангси, кој води дијагонално од долу лево, кон горе десно, и не треба да се меша со поистакнатата река што тече од горе лево, кон десно долу. Регионот на сликата е 12 x 12 км.

Од Месечината

уреди

Поимот дека ѕидот може да се види од Месечината (385.000 км) е добро познат, но неверојатен мит.

Една од најраните познати наводи на митот дека Кинескиот Ѕид може да се види од Месечината се појавува во писмото напишано во 1754 година од англискиот антиквар Вилијам Стукели. Стукели напишал дека: „Овој моќен ѕид [Хадријански Ѕид] долг 130 км во должина е надминат само од Кинескиот Ѕид, што прави значителна фигура на копнениот свет и може да се препознае и од Месечината.“[53] Тврдењето го споменал и Хенри Норман во 1895 година, каде што тој нагласил „покрај староста, тој ужива репутација на единствено дело на човечки раце на Земјината топка, видливо од Месечината“.[54] Прашањето за „каналите“ на Марс било истакнато кон крајот на XIX век и можело да доведе до верувањето дека долгите, тенки предмети се видливи од вселената. Тврдењето дека Кинескиот Ѕид е видлив од Месечината се појавува и во стрипот Верувале или не, на Рипли! од 1932 г.[55]

Тврдењето дека Кинескиот Ѕид е видлив од Месечината е разоткриен многу пати[56] (очигледната ширина на Кинескиот Ѕид од Месечината би била иста со онаа на човечката коса гледана на 3 км далечина),[57] но ова сè уште е вкоренето во популарната култура.[58]

Од нискоземската орбита

уреди

Поконтроверзно е прашањето дали ѕидот е видлив од нискоземската орбита (надморска височина од 160 км). НАСА тврди дека е едвај видлив, и тоа под скоро совршени услови; не е позабележителен од многу други вештачки предмети.[59]

Ветеранот американски астронаут Џин Кернан изјавил: „Во Земјината орбита од 160 до 320 км височина, Кинескиот Ѕид е, навистина, видлив со голо око “. Ед Лу, научен службеник на Експедиција 7 во меѓународната вселенска станица, додал дека „помалку е видлив од многу други предмети. И, мора да знаете каде да барате“.

Во октомври 2003 година, кинескиот астронаут Јанг Лиуеи изјавил дека не бил во можност да го види Кинескиот Ѕид. Како одговор, Европската вселенска агенција (ЕВА) објавиле соопштение за печатот известувајќи дека од орбитата помеѓу 160 и 320 км, Кинескиот Ѕид е видлив со голо око.[57]

Лирој Чиао, кинеско-американски астронаут, направил фотографија од Меѓународната вселенска станица на која се гледа Ѕидот. Било толку неизвесно што фотографот не бил сигурен дека навистина го сликал. Врз основа на фотографијата, Кина Денес подоцна објавиле дека Кинескиот ѕид може да се види од „вселената“ со голо око, под поволни услови за гледање, ако некој точно знае каде да го бара.[60][57]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „China's Great Wall Found To Measure More Than 20,000 Kilometers“. Bloomberg. June 5, 2012. Посетено на June 6, 2012.
  2. The New York Times with introduction by Sam Tanenhaus (2011). The New York Times Guide to Essential Knowledge: A Desk Reference for the Curious Mind. St. Martin's Press of Macmillan Publishers. стр. 1131. ISBN 978-0-312-64302-7. Beginning as separate sections of fortification around the 7th century B.C.E and unified during the Qin Dynasty in the 3rd century B.C.E, this wall, built of earth and rubble with a facing of brick or stone, runs from east to west across China for over 4,000 miles.
  3. Great Wall of China. Large parts of the fortification system date from the 7th through the 4th century BC. In the 3rd century BC Shihuangdi (Qin Shi Huang), the first emperor of a united China (under the Qin dynasty), connected a number of existing defensive walls into a single system. Traditionally, the eastern terminus of the wall was considered to be Shanhai Pass (Shanhaiguan) on the coast of the Bohai (Gulf of Zhili), and the wall's length—without its branches and other secondary sections—was thought to extend for some 6,690 kм (4,160 ми).
  4. Shelach-Lavi, Gideon; Wachtel, Ido; Golan, Dan; Batzorig, Otgonjargal; Amartuvshin, Chunag; Ellenblum, Ronnie; Honeychurch, William (June 2020). „Medieval long-wall construction on the Mongolian Steppe during the eleventh to thirteenth centuries AD“. Antiquity (англиски). 94 (375): 724–741. doi:10.15184/aqy.2020.51. ISSN 0003-598X.
  5. „Great Wall of China 'even longer'. BBC. April 20, 2009. Посетено на April 20, 2009.
  6. „Great Wall of China even longer than previously thought“. Canadian Broadcasting Corporation. June 6, 2012. Посетено на June 6, 2012.
  7. „Great Wall of China“. History. April 20, 2009.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Waldron 1983.
  9. Baxter, William H. & al. (September 20, 2014). „Baxter–Sagart Old Chinese Reconstruction, Version 1.1“ (PDF). Ann Arbor: University of Michigan. Посетено на January 22, 2015.
  10. See Lovell 2006, p. 25
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 11,7 11,8 Waldron 1990.
  12. Byron R. Winborn (1994). Wen Bon: a Naval Air Intelligence Officer behind Japanese lines in China. University of North Texas Press. стр. 63. ISBN 978-0-929398-77-8.
  13. „The Weights and Measures Act (1929)“. The Legislative Yuan of the Republic of China. Архивирано од изворникот на April 25, 2014.
  14. 14,0 14,1 Lindesay, William (2007). The Great Wall Revisited: From the Jade Gate to Old Dragon's Head. Beijing: Wuzhou Publishing. стр. 21. ISBN 978-7-5085-1032-3.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Lovell 2006.
  16. Waldron 1988.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Hessler 2007.
  18. 歷代王朝修長城 (кинески). Chiculture.net. Посетено на October 24, 2010.
  19. 古代长城 – 战争与和平的纽带 (кинески). Newsmth.net. Архивирано од изворникот на 2019-11-25. Посетено на October 24, 2010.
  20. 万里长城 (кинески). Newsmth.net. Архивирано од изворникот на 2019-11-25. Посетено на October 24, 2010.
  21. Burbank, Jane; Cooper, Frederick (2010). Empires in World History: Power and the Politics of Difference. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. стр. 45.
  22. Slavicek, Mitchell & Matray 2005.
  23. 23,0 23,1 Evans 2006.
  24. „Defense and Cost of The Great Wall“. Paul and Bernice Noll's Window on the World. стр. 3. Посетено на July 26, 2011.
  25. Coonan, Clifford (February 27, 2012). „British researcher discovers piece of Great Wall 'marooned outside China'. The Irish Times. Посетено на February 28, 2012.
  26. Waldron 1983; Haw 2006.
  27. „Part of the Great Wall of China“. The Wesleyan Juvenile Offering: A Miscellany of Missionary Information for Young Persons. X: 41. April 1853. Посетено на February 29, 2016.
  28. Karnow 2008.
  29. Szabó, Dávid & Loczy 2010.
  30. „Great Wall at Mutianyu“. Great Wall of China. Архивирано од изворникот на March 9, 2013.
  31. Edmonds 1985.
  32. Elliott 2001.
  33. Elliott, Mark C. "The Limits of Tartary: Manchuria in Imperial and National Geographies". Journal of Asian Studies 59, no. 3 (2000): 603–646.
  34. Ruysbroek, Willem van (1900) [1255]. The Journey of William of Rubruck to the Eastern Parts of the World, 1253–55, as Narrated by Himself, with Two Accounts of the Earlier Journey of John of Pian de Carpine. Translated from the Latin by William Woodville Rockhill. London: The Hakluyt Society.
  35. 35,0 35,1 35,2 Haw 2006.
  36. Qur'an, XVIII: "The Cave". English translations hosted at Wikisource include Maulana Muhammad Ali's, E.H. Palmer's, and the Progressive Muslims Organization's.
  37. Barros, João de (1777) [1563]. Ásia de João de Barros: Dos feitos que os portugueses fizeram no descobrimento dos mares e terras do Oriente. V. Lisbon: Lisboa. 3a Década, pp. 186–204 (originally Vol. II, Ch. vii).
  38. Lach, Donald F (1965). Asia in the Making of Europe. I. The University of Chicago Press. стр. 769.
  39. Yule 1866.
  40. Rojas 2010.
  41. Askhar, Aybek. „Limit placed on number of visitors to Great Wall“. China Daily. Посетено на 10 August 2020.
  42. Lindesay 2008.
  43. „Jiaoshan Great Wall“. TravelChinaGuide.com. Посетено на September 15, 2010. Jiaoshan Great Wall is located about 3 kм (2 ми) from Shanhaiguan ancient city. It is named after Jiaoshan Mountain, which is the highest peak to the north of Shanhai Pass and also the first mountain the Great Wall climbs up after Shanhai Pass. Therefore Jiaoshan Mountain is noted as "The first mountain of the Great Wall".
  44. „Great Wall of China longer than believed as 180 missing miles found“. The Guardian. Associated Press. April 20, 2009. Посетено на April 18, 2015.
  45. „Newly-discovered remains redraw path of Great Wall“. China Daily. April 15, 2015. Архивирано од изворникот на April 18, 2015. Посетено на April 18, 2015.
  46. 46,0 46,1 Turnbull 2007.
  47. Ford, Peter (November 30, 2006). New law to keep China's Wall looking great. Christian Science Monitor, Asia Pacific section. Retrieved March 17, 2007.
  48. Wong, Edward (June 29, 2015). „China Fears Loss of Great Wall, Brick by Brick“. The New York Times. Посетено на July 1, 2015.
  49. Bruce G. Doar: The Great Wall of China: Tangible, Intangible and Destructible. China Heritage Newsletter, China Heritage Project, Australian National University
  50. Wong, Edward (June 29, 2015). „China Fears Loss of Great Wall, Brick by Brick“. The New York Times. Посетено на July 1, 2015.
  51. „China's Wall becoming less and less Great“. Reuters. August 29, 2007. Посетено на August 30, 2007.
  52. Ben Westcott; Serenitie Wang (2016-09-21). „China's Great Wall covered in cement“.
  53. The Family Memoirs of the Rev. William Stukeley (1887) Vol. 3, p. 142. (1754).
  54. Norman, Henry, The Peoples and Politics of the Far East, p. 215. (1895).
  55. "The Great Wall of China Архивирано на 22 декември 2017 г., Ripley's Believe It or Not, 1932.
  56. Urban Legends.com website. Accessed May 12, 2010.
    "Can you see the Great Wall of China from the moon or outer space?", Answers.com. Accessed May 12, 2010.
    Cecil Adams, "Is the Great wall of China the only manmade object byou can see from space?", The Straight Dope. Accessed May 12, 2010.
    Snopes, "Great wall from space", last updated July 21, 2007. Accessed May 12, 2010.
    "Is China's Great Wall Visible from Space?", Scientific American, February 21, 2008. "... the wall is only visible from low orbit under a specific set of weather and lighting conditions. And many other structures that are less spectacular from an earthly vantage point—desert roads, for example—appear more prominent from an orbital perspective."
  57. 57,0 57,1 57,2 López-Gil 2008.
  58. "Metro Tescos", The Times (London), April 26, 2010. Found at The Times website. Accessed May 12, 2010.
  59. „NASA – Great Wall of China“. Nasa.gov. Посетено на July 31, 2010.
  60. Markus, Francis. (April 19, 2005). Great Wall visible in space photo. BBC News, Asia-Pacific section. Retrieved March 17, 2007.

Користена литература

уреди

Дополнителна литература

уреди
  • Arnold, H.J.P, "The Great Wall: Is It or Isn't It?" Astronomy Now, 1995.
  • Beckwith, Christopher I. (2009): Empires of the Silk Road: A History of Central Eurasia from the Bronze Age to the Present. Princeton: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-13589-2.
  • Luo, Zewen, et al. and Baker, David, ed. (1981). The Great Wall. Maidenhead: McGraw-Hill Book Company (UK). ISBN 0-07-070745-6
  • Man, John. (2008). The Great Wall. London: Bantam Press. 335 pages. ISBN 978-0-593-05574-8.
  • Michaud, Roland and Sabrina (photographers), & Michel Jan, The Great Wall of China. Abbeville Press, 2001. ISBN 0-7892-0736-2
  • Schafer, Edward H. (1985) The Golden Peaches of Samarkand. Berkeley: University of California Press. ISBN 978-0-520-05462-2.
  • Yamashita, Michael; Lindesay, William (2007). The Great Wall – From Beginning to End. New York: Sterling. 160 pages. ISBN 978-1-4027-3160-0.

Надворешни врски

уреди