Света Луција (англиски: Saint Lucia, француски: Sainte-Lucie) — островска држава во Средна Америка, поточно дел е од Карипските Острови Мали Антили. Источно до државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно од државата се наоѓа Карипското Море. Северно од Света Луција се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно се наоѓа Барбадос и јужно се наоѓа зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на земјата изнесува 620 км2 каде живеат околу 160.000 жители. Главен град на Света Луција е Кастри.

Света Луција
Saint Lucia  (англиски)
Знаме
Гесло"Земјата, Народот, Светлината"
ХимнаSons and Daughters of Saint Lucia
Синови и ќерки на Света Луција

Местоположба на Света Луција
Главен градКастри
14°1′N 60°59′W / 14.017° СГШ; 60.983° ЗГД / 14.017; -60.983
Најголем град главниот град
Службен јазик антилски креолски, англиски
Демоним Светолуциец
Уредување уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Генерален гувернер Невил Сенак
 •  Премиер Филип Пјер
Независност
 •  од Обединетото Кралство 22 февруари 1979 
Површина
 •  620 км2 (193-та)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  Попис 2009 173.765 
 •  Густина 298 жит/км2 (41-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $1.827 милијарди[1] 
 •  По жител $10.750[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $987 милиони[1] 
 •  По жител $9.907[1] 
ИЧР (2013) 0.714[2]
висок · 97ма
Валута Долар (XCD)
Часовен појас (UTC−4)
Се вози на лево
НДД .lc
Повик. бр. +1-758

Први колонизатори на Света Луција биле Французите. Тие потпишале договор со месното население во 1660 година. Во периодот од 1663 до 1667 година Света Луција била преземена од Велика Британија, но долг период владеењето на островот се менувал помеѓу Франција и Велика Британија. Во 1814 година Битанија конечно воспоставила целосна власт на островот. Својата независност Света Луција ја добила на 22 февруари 1979 година.[3] Света Луција е член на Комонвелтот на нации и на Франкофонијата.[4]

Потекло на поимот

уреди

Името на државата потекнува од Света Луција од Сиракуза. Ова име го дале Французите кога за првпат пристигнале на островот.

Историја

уреди

Географија и клима

уреди
 
Карта на Св. Луција.

Света Луција се наоѓа во Средна Америка и е дел од Малите Антили. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западо се наоѓа Карипското Море. На север од државата се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно е Барбадос и јужно е зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на Света Луција е620 км2 каде живеат околу 173.765 жители.

Вулканскиот остров Света Луција е со најмногу планини одошто кој и да било останат карипски остров. Највисок врв во Света Луција е Маунт Гими со 950 метри надморска височина. Главен град на државата е Кастри каде живее една третина од населението. Климата во Света Луција е тропска, со повремени ветрови. Околу брегот на Света Луција има неколку мали островчиња и карпи.

Политички систем

уреди

Света Луција е уставна монархија и на чело на државата е кралот Чарлс III. Кралот на островот е претставена од генералниот гувернер на Света Луција. Извршната власт во државата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Наромално, премиерот е водач на победничката партија на парламентарните избори за пратеници во собранието. Собранието на Света Луција има капацитет од 17 пратенички места. Покрај собранието, Света Луција има и сенат кој има капацитет од 11 членови. Судската власт, уставно, во Света Луција е назависна.

Административна поделба

уреди

Света Луција е поделена на 10 четврти, кои некогаш биле нарекувани области за време на британската власт. Тие се:

Место Четврт Население (2010)
1 Кастри 60.263
2 Гро Иле 22.647
3 Вје Фор 14.632
4 Мику 14.480
5 Денери 11.874
6 Суфриер 7.747
7 Лабори 6.507
8 Анс ла Реј 6.033
9 Шоазел 5.766
10 Канари 1.915
Извор:[5]

Население, јазик и религија

уреди
 
Суфриер.

Населението на Света Луција е со африканско потекло, односно 81% од населението. Исто така има значителен број мешано население кои претставуваат 11.9%, додека потоа следи индиска заедница со 2.4% и помала група на Европејци. Неспецифицирани жители бројат околу 3.1% од населението.

Службен јазик на државата е англиски јазик, но атилскиот креолски јазик е зборуван од околу 80% од населението, кој почнува да се користи за книжевноста, музиката и оди кон официјално користиење.[6] Овој јазик произлегол од францускиот јазик, и мешавина од африкански јазици и карипски јазици.

Околу 70% од населението на Света Луција се католици. остатокот се адвентисти, англиканци, евангелисти, растафаријани и баптисти.[7]

Верници во Света Луција
христијани
  
91,10 %
муслимани
  
0,10 %
без вера
  
6,00 %
хиндуисти
  
0,30 %
народна вера
  
0,50 %
други
  
2,00 %

Култура

уреди
 
Џез фестивал во Св. Луција.

Културата на Света Луција е под силно влијание на африкански, француски и англиски културни елементи. Познати фестивали во Света Луција се Ла Роз и Ла Маргарет. Исто така во Света Луција се одржува и традиционален карневал.

Во однос на населението и според Нобеловци од Света Луција, државата спаѓа во групата на земји со најголем број на добитници на Нобелова награда.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Saint Lucia“. International Monetary Fund. Посетено на 1 октомври 2009.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. "The Saint Lucia Constitution" (1978-Dec-20 effective 1979-Feb-22), Government of St. Lucia, December 2008, www.stlucia.gov.lc (see below: Наводи).
  4. „Undp.org“ (PDF). Посетено на 2010-03-04.
  5. Попис на населението и живеалиштата 2010. stats.gov.lc (април 2011) (англиски)
  6. „Kweyolphone Countries Take Stock of the Language's Growth“. Government of Saint Lucia. Архивирано од изворникот на 2012-04-02. Посетено на 2008-08-22.
  7. „Infoplease.com“. Infoplease.com. Посетено на 2010-03-04.

Надворешни врски

уреди