Зимски олимписки игри 1980

XIII Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1980
XIII Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1980
Град домаќин Лејк Плесид, САД
Број на држави 36
Број на спортисти 1072 (840 мажи и 232 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 38
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 24 февруари 1980
Стадион

XIII Зимски олимписки игри се одржале од 13 февруари13 до 24 февруари 1980 година во Лејк Плесид, САД. Меѓународниот олимписки комитет разгледувал две кандидатури за изборот на град-домаќин, но непосредно пред гласањето, градот Ванкувер ја подвлекол кандидатурата. ПО вторпат, Зимските олимписки игри се одржале во Лејк Плесид, по игрите во 1932.

Игрите останале одбележани по враќањето на НР Кина на Олимписките игри. Имено, Кинезите долго време ги бојкотирале игрите, поради тоа што МОК дозволувал Република Кина да учествува како самостојна земја.

На игрите, била воведена технолошка новина, а тоа била употребата на вештачки снег.

Краток преглед

уреди
  • Ингемар Стенмарк од Шведска доминирал во техничките дисциплини во алпско скијање, освојувајќи злато во слалом и велеслалом. Во женска конкуренција, Хани Венцл од Лихтенштајн, исто така освоила две злата во техничките дисциплини (слалом и велеслалом). Со овој нејзин успех, нејзината земја станала најмалата којашто некогаш освоила златен медал на Олимписките игри.
  • Во нордиска комбинација, Улрих Велинг од Источна Германија и во уметничко лизгање, Ирина Роднина од Советскиот Сојуз ги освоиле третите златни медали во своите дисциплини на Олимписките игри.
  • Биатлонецот Александр Тихонов го освоил својот четврти златен медал на четвртите последователни Зимски олипмписки игри. Сите златни медали ги освоил како дел од штафетата на својата земја.
  • Советскиот натпреварувач во скијачко трчање, Николај Зимјатов, освоил три златни медали во скијачко трчање.
  • Ерик Хајден од САД доминирал во брзо лизгање, освојувајќи 5 златни медали. Тој победил во трките на 500, 1.000, 1.500, 5.000 и 10.000 m, притоа поставувајќи 4 Олимписки и еден светски рекорд. Овој потфат, до денес останал не надминат во овој спорт.
  • Робин Кузинс од Велика Британија освоил златен медал во уметничко лизгање во машка конкуренција.
  • Во драматичен двобој во трката на 15 км во скијачко трчање, Швеѓанецот Томас Васберг го победил Финецот Јуха Мието за само 0,01 s. Ова е најмлаата разлика во овој спорт на олимписките игри досега. По игрите, била донесена одлука од страна на Меѓународна скијачка организација, според која времето во натпреварите на Олимписките игри да се мери во стотинки.
  • На турнирот во хокеј на мраз, хокеарската репрезентација на САД успеала да ја победи хокеарската репрезентација на Советскиот Сојуз во клучниот натпревар со 4-3. Драматичниот натпревар меѓу овие две репрезентации се смета за еден од најдраматичните во историјата на спортот и денес истиот е познат под епитетот „Чудо на мразот“. За овој натпревар, во 2004 година бил снимен филм насловен „Чудо“.

Спортови

уреди

Медали биле доделени во 38 дисциплини во 6 спортови.

Земји-учеснички

уреди

На игрите учествувале 1072 спортисти од 36 земји. Претседателот на САД Џими Картер најавил уште пред игрите дека ќе ги бојкотира Летните олимписки игри во Москва, но сепак тоа немало голем ефект, бидејќи натпреварувачите од Советскиот Сојуз учествувале на игрите.

Своето прво учество го забележале Кипар, НР Кина и Костарика. Спортистите од Република Кина, учествувале како претставници на „Кинески Тајпеј“.[1] Боливија се вратила на Зимските олимписки игри по пауза од 24 години.

Освојувачи на медали

уреди
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР 10 6 6 22
2   Источна Германија 9 7 7 23
3   САД 6 4 2 12
4   Австрија 3 2 2 7
5   Шведска 3 0 1 4
6   Лихтенштајн 2 2 0 4
7   Финска 1 5 3 9
8   Норвешка 1 3 6 10
9   Холандија 1 2 1 4
10   Швајцарија 1 1 3 5

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Kiat.net“. Архивирано од изворникот на 2012-06-17. Посетено на 2010-02-11.

Надворшни врски

уреди