Романови
Династијата Романови била втора династија која владеела со Русија, од 1613 до абдикацијата на царот Николај II на 15 март 1917, како резултат на Февруарската револуција.
Романови се истакнале како болјари на Големото Московско Кнежевство, подоцна Царство Русија. Во 1613, земскиот собор ја понудил руската круна на Михаил Романов. Тој стапил на престолот како Михаил I, и станал првиот цар на Русија од династиијата Романови. Неговиот внук Петар I од царството воспоставил империја, и ја трансформирал земјата во континентална сила преку серија на војни и реформи.
Семејно дрво
уредиРоманови како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Големата кнегина“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[1]
- „Анастасија“ (англиски: Anastasia) - американски филм од 1956 година, во режија на Анатол Литвак (Anatole Litvak).[2]
Наводи
уреди- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 277-278.
- ↑ HRT, Anastasia, američki film (пристапено на 12.1.2020)