Хрватска (хрватски: Hrvatska) или официјално Република Хрватска (Republika Hrvatska) — држава на Балканскиот Полуостров која е географски сместена на раскрсницата на патиштата за Средна Европа и Средоземјето. Главниот град на Хрватска е Загреб. Граничи со Словенија и Унгарија на север, со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на исток. Го зазема најголемиот дел на источниот брег на Јадранско Море. Во втората половина на 20 век претставува република во рамките на СФР Југославија, но прогласува независност во 1991. Хрватска е полноправен член на НАТО. Во јуни 2013 година и официјално беше примена како 28 земја-членка на Европската Унија.

Република Хрватска
Republika Hrvatska  (хрватски)
Знаме Грб
ХимнаLijepa naša domovino
Убава наша татковино

Местоположбата на  Хрватска  (темнозелена) – на Европскиот континент  (зелена и темносива) – во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Хрватска  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темносива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Хрватска  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темносива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Загреб
45°48′N 16°0′E / 45.800° СГШ; 16.000° ИГД / 45.800; 16.000
Службен јазик Хрватски1
Народности (2011)
Демоним Хрвати

(Хрват/Хрватка)

Уредување парламентарна република
 •  Претседател Зоран Милановиќ
 •  Премиер Андреј Пленковиќ
Основана
 •  Основана Прва половина
на VII век 
 •  Средовековно војводство 4 март 852 
 •  Признавање од Папата 21 мај 879 
 •  Воздигнување на ниво на кралство 925 
 •  Сојуз со Унгарија 1102 
 •  Приклучување кон
Хабсбуршката Империја
1 јануари 1527 
 •  Независност од Австроунгарија
29 октомври 1918 
 •  Приклучување кон Југославија (соосновач)
1 декември 1918 
 •  Прогласување на независност 25 јуни 1991 
Површина
 •  Вкупна 56.594 км2 (126-та)
 •  Вода (%) 1.09
Население
 •  Попис 2011 4,290,612 
 •  Густина 81 жит/км2 (115-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $78.090 милијарди[1] 
 •  По жител $17,683[1] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $60.589 милијарди[1] 
 •  По жител $13,720[1] 
Џиниев коеф. (2018)positive decrease 29.7[2]
низок · 17та
ИЧР (2021) 0.858[3]
многу висок · 40та
Валута евро (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .hr
Повик. бр. 385
1. Исто и италијанскиот во Истра и јазиците на други националности (српски, унгарски, чешки, словачки, итн.) во општинските заедници на националностите.

Административно, земјата е поделена на жупании и општини.

Историја

уреди

Постара историја

уреди
 
Доаѓање на Хрватите.

Први познати племиња на територијата на денешна Хрватска биле Илирите и Келтите во внатрешноста, како и Хистрите, Либурните, Јаподите и Далматите на јадранскиот брег. Во 4 век п.н.е. на јужен и среден Јадран се создале грчки колонии, а во I век п.н.е. територијата постепено станала дел од Римското Царство. Најроманизирани биле Истра и провинцијата Далмација, словенски Хрвати се населиле во 7 и 8 век, римски останале само островите, како и градовите во Далмација и Истра. Доселениците набрзо го примиле христијанството, а во Нин уште во 9 век е создадена првата хрватска бискупија. Спорот помеѓу Византија и државата на Франките на Карло Велики завршил со Мирот во Ахен (812 г.), со која далматските градови ги задржала Византија, а другите области ги добиле Франките. На јакнеењето на нивната власт безуспешно се обидел да се cпротистави кнезот Људевит Посавски (819—822 г.).

Првата хрватска држава

уреди
 
Башчанска плоча.

Во 9 век меѓу Цетина и Велебит, се создало јадрото на хрватската држава, од каде за време на владеењето на домашните кнезови од семејството наследници на кнезот Трпимир (845—864 г.) постепено се проширила на далматските градови (околу 1018—1107 г. под власта на Венецијанците). Најмоќен меѓу нив бил кнезот Томислав (910—928 г.), кој на Драва го запрел навлегувањето на Унгарците, кој, како византиски сојузник, успешно војувал со Бугарите и во 925 г. се крунисал за крал. По смртта на кралот Звонимир (1075-89 г.) дошло до остри внатрешни судири, што ги искористил унгарскиот крал Коломан со семејството Арпадовиќ и ја освоил цела Хрватска. Во 1102 г. во Биоград се крунисал за хрватски крал, а 1107 г. ги добил и далматинските градови. Оттогаш сè до 1918 г. Хрватска се развила како повеќе или помалку автономна државна творба во составот на унгарската држава, а разликите меѓу Славонија и Хрватска и областа на јужно од Гвозд (Велика Капела) постојано се зголемувал.

Турски освојувања

уреди
 
Никола Зрински.

Во битката на Крбавското Поле (9.9.1493 г.) Турците ја поразиле војската на хрватското благородништво, со што во следните 100 години се отворил пат за пробивање во Средна Европа. По поразот на Унгарците кај битката Мохач (29.8.1526 г.). Хабсбурговците ги оствариле своите наследни права на унгарскиот престол, а Хрватскиот сабор во 1527 г. го избрал надвојводата Фердинанд за хрватски крал. Фердинанд ја укинал дотогашната поделба на Хрватското кралството на Славонија и Хрватска со Далмација, а во 1558 г. се здружиле двата одвоени сабора. Турците во тој период ја освоиле областа меѓу Уна, Корана и Глина, така што навлегле сè до долна Купа. По повлекувањето на хрватското население пред нивните освојувања, Турците во населените области населиле нехрватско, главно православно население од внатрешноста на Балканот. Хабсбурговците во средината на 16 век на поголемиот дел на Хрватска ја создале Воена Краина, која била непосредно подредена на владетелот, а за воените прашања на Воениот совет во Грац, така што другиот дел на автономна Хрватска претставувала т.н. „остатоци на остатоците од некогашното славно хрватско кралство“ (околу 10.000 км2)

Под Хабсбурзите (1538–1918)

уреди
 
Јосип Јелачиќ.

Поразот на Турците во Битката кај Сисак (22.6.1593 г.) значел почеток на нивното повлекување од хрватската територија. Со Мирот во Варшава (1664 год.) престанале нивните упади, но австриските владетели не сакале да ја укинат Воена Краина и продолжиле со војната против Турците. Сојузништвото на унгарското и хрватското благородништво, што го воделе Никола Зрински и Фран Крсто Франкопан, завршило со нивното соборување од власт (1671 год.), а Хабсбурговците во Хрватска сè повеќе го воведувале апсолутизмот. По Мирот во Сремски Карловац (1699 г.) Турците се повлекле од повеќето хрватски територии. Хабсбуршката Монархија го продолжила порано почнатото населување на православните бегалци во пограничните области на Хрватска кон Османлиското Царство, во Лика, Кордун, Бановина и во делови на Славонија, а исто така и Венецијанската Република во Далматинска Загора. Марија Терезија во 1799 г. со укинувањето на Кралскиот совет во Загреб целосно ја укинала хрватската автономија, а за време на Јосип Втори Хрватска и правно станала дел од Унгарија. Кога со Мирот во Кампоформија (1797 год.) е распуштена Венецијанската Република, Далмација станала наследна земја на Хабсбурговците и не се обединила со Хрватска. Исто така, во 1808 год. укината е и автономијата на Дубровничката Република.

Географија

уреди
 
Карта на Хрватска.
 
Плитвички езера.

Хрватска се наоѓа во Југоисточна Европа меѓу Средна Европа и Средоземјето. Се дели на три региони: низинска, планинска и приморска Хрватска. Повеќе од половина од територијата се рамнини и ритчиња на Панонскиот базен на север (низинска Хрватска). На исток се низинските покраини Срем и Барања, кои кон запад продолжуваат во Славонија и во широките рамнини покрај Сава и покрај Драва. Во западниот дел на Славонија среде рамнината се издигаат шумовити планини (Папук 953 м, Псуњ 984м), а меѓу нив е ридестата Пожешка Котлина. Кон запад планините се спуштаат во широка, малку повлажна рамнина покрај Илова, Чешма и Лоњ, над кои на север се издига околу 60 км долгата Билогора (309м) и на југ Мославачка Гора (489м). На крајниот северозапад се наоѓа рамничарското Меѓумурје меѓу Драва и Мура, како и ридестото Хрватско Загорје, кои достигнуваат до најисточните шумовити падини на Предалпските Планини (Жумберачка Гора 1181 м, Иванчица 1059 м, Медведница 1035м). Рамнината продолжува по течението на Купа кон југозапад во Карловачкиот базен, кој кон југ постепено преминува во нискиот карст на Кордун со Петрова Гора (512м), а на југоисток во ниските планини на Банија (Зринска Гора 616м). Планинска Хрватска опфаќа дел од Динарските Планини и претставува голема географска преграда меѓу континентална и средоземна Хрватска. Поголем дел се наоѓа на надморска височина меѓу 500 и 1000 м; карактеристична е насоченоста од северозапад кон југоисток. Преовладуваат мезозојски варовници така што поголемиот дел од релјефот добил особеност на карст, шумовит е и многу ретко населен. На северозапад е планинскиот Горски Котар со пространи шуми (Белоласица 1533 м, Велики Рисњак 1528м), кон југоисток пространата висорамнина Лика (500—700м), со Личко 465км2, Гатцко 80км2 и Крбавско Кршко Поле 67км2, како и 145 км долгиот планински венец Велебит којшто ја одвојува од Јадранското Море (Вагански врв 1758м). Во продолжение на сообраќајниот многу важен премин од Лика и долината на Уна кон Книн по должината на границата од Босна и Херцеговина се издигнува 80 км долгиот и карпест планински венец Динара со највисокиот врв во Хрватска Динара 1831 м. Во приморска Хрватска преовладуваат многу варовници меѓу кои е тесниот појас на еоценски флиш (сред. Истра, Винодол, Равни Котари, Конавле) и карстните полиња во внатрешноста на Далмација, на пример Имотско 95км2, Сињско 64км2, Петрово 57км2, Вргорачко 37км2 и Дицмо 35км2. Бидејќи повеќето варовнички планини се издигаат веднаш над брегот (Велебит, Мосор, Биоково), приморјето е многу тесно, пошироко е само на полуостровот Истра (3130км2), во заднината на Задар и Шибеник (Равни Котари), како и по делтата на Неретва. Во Јадранското Море на Хрватска и припаѓаат 718 поголеми и помали острови (67 населени) коишто, исто така, се ридести, изградени од креден варовник и карстни. Поголеми острови се: Крк (406км2), Црес (406км2), Брач (395км2), Хвар (300км2), Паг (285км2), Корчула (276км2), Дуги Оток (114км2), Млет (100км2), Раб (91км2) и многу други. На Хрватска и припаѓа поразгранетиот и многу живописен дел од источниот брег на Јадранското Море (1777км2).

Клима

уреди
 
Риека

Приморскиот дел на Хрватска има карактеристична средоземна клима со жешки и суви лета, со топли зими така што најмногу врнежи има во октомври и ноември. Особено зиме чести се бурите, студен и силен ветер што дува во налети преку планинските превалци кон морето. Планинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и свежи лета, а во највисоките области планинска клима, со многу врнежи на планинските предели. Во Горски Котар има над 3000 мм врнежи во година. Најмногу врнежи има во октомври и во ноември, а снежната покривка се задржува 50-60 дена. Низинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и топли лета, со најмногу врнежи во мај и јуни и во октомври и во ноември. Количеството врнежи се намалува од 3 кон исток, а снежната покривка се задржува 25-40 денови.

Политички систем

уреди
 
Плоштадот Свети Марко во Загреб – од лево кон десно: Бански двори, официјално седиште на Владата на Хрватска, црквата Свети Марко и Парламентот на Хрватска

Од прифаќањето на уставот од 1990 година, Хрватска има демократски систем на владеење. Помеѓу 1990 и 2000 година државата била со полупретседателски систем, додека од 2000 година е парламентарна држава.

На чело на државата е претседателот кој е избран за мандат од пет години и има право да се кандидира само двапати. Тој е врховен командант на хрватската војска и со советот на Собранието го назначува премиерот на Хрватска.

Собранието на Хрватска е еднодомно и има од 100 до 160 члена. Пратениците се избрани на избори за мандат од четири години. Хрватската влада е управувана од премиерот на Хрватска заедно со кабинетот министри назначени за различни сектори. Извршната власт е задолжена за донесување на закони, имплементирање на закони и водење на внатрешна и надворешна политика.

Административна поделба

уреди

Хрватска е поделена на 21 жупанија (региони) и Град Загреб.

Жупанија Седиште Површина (км2) Население според
пописот од 2011
  Бјеловарско-билогорска Бјеловар 2 652 119 743
  Бродско-посавска Славонски Брод 2 043 158 559
  Дубровничко-неретванска Дубровник 1 783 122 783
  Истарска Пазин 2 820 208 440
  Карловачка Карловац 3 622 128 749
  Копривничко-крижевачка Копривница 1 746 115 582
  Крапинско-загорска Крапина 1 224 133 064
  Личко-сењска Госпиќ 5 350 51 022
  Меѓимурска Чаковец 730 114 414
  Осиечко-барањска Осиек 4 152 304 899
  Пожешко-славонска Пожега 1 845 78 031
  Приморско-горска Риека 3 582 296 123
  Сисачко-мославинска Сисак 4 463 172 977
  Сплитско-далматинска Сплит 4 534 455 242
  Шибенско-книнска Шибеник 2 939 109 320
  Вараждинска Вараждин 1 261 176 046
  Вировитичко-подравска Вировитица 2 068 84 586
  Вуковарско-сремска Вуковар 2 448 180 117
  Задарска Задар 3 642 170 398
  Загрепска Жупанија Загреб 3 078 317 642
  Град Загреб Загреб 641 792 875

Стопанство

уреди

Приватизацијата во Хрватска и создавањето на слободен пазар започнале во 1990 година. Како резултат на војната инфраструктурата ослабела, а најмногу страдал туризмот. Од 1989 до 1993 БНП паднал до 40%. Со завршувањето на војната започнала обновата на хрватската економија.

Во 2000 година хрватската економија забележала висок развој и закрепнување. Започнале странски инвестиции и развој на туризмот.

Население и јазик

уреди
 
Население на Хрватска.

Хрватска е нерамномерно населена. Најгусто е населено поширокото подрачје на Загреб и подрачјето на Сплит, каде густината на населението преминува 250 жители на 1 км2, Меѓумурје со 150 жит./км2 и Хрватско Загорје со над 120 жит./км2, а најретко е населена планинска Хрватска, Кордун, Внатрешноста на Далмација и повеќето јадрански острови (помалку од 20 жит./км2.

 
Демографија на Хрватска.

За поморскиот дел на Хрватска карактеристични се стари градови со малку население, само некои се развиле во индустриски центри и пристаништа. Во внатрешноста на Далмација и во карсните предели пред сè населени се карсните полиња, каде преовладуваат збиени села или села покрај патот, а другите делови се населени многу ретко. И градовите во тој дел останале многу мали.

Во панонскиот дел на Хрватска населеноста е слична како и во другите земји во Средна Европа. Повеќето денешни градови се создале уште во средниот век околу замоците или поважните премини на реките.

Поголеми градови во Хрватска се: Загреб (692 000), Сплит (175 000), Риека (144 000), Осиек (90 000), Задар (70 000), Пула (59 000), Славонски Брод (59 000), Карловац (49 000), Сисак (37 000), Шибеник (37 000), Дубровник (30 500) и Вуковар (30 000).

Религија

уреди
Религија во Хрватска[4]
религија проценти
Римокатолицизам
  
86,6 %
Православие
  
4,1 %
Други
  
9,3 %

Според пописот од 2001 година мнозинството од Хрватите (87,8%) припаѓаат на Римокатоличката црква. Православните христијани го сочинуваат околу 4,4 отсто од населението, муслиманите околу 1,3 проценти, а протестанти околу 0,3 проценти од населението. 5,2% од Хрватите не се верници или агностици.[5]

Римокатоличката црква добива државна финансиска поддршка и други надоместоци утврдени во договорот помеѓу Владата на Хрватска и на Ватикан. Браковите кои се спроведени од страна на верските заедници, кои пак имаат постигнато договори со државата се официјално признати, со кое се елиминира потребата од регистрирање на граѓанските бракови во регистарот.

Култура во Хрватска

уреди

Културата на Хрватска се заснова на долга, бурна и разнолика историја од која зачувани многу споменици, уметнички и научни дела. Хрватска има седум споменици во списокот на Светското наследство на УНЕСКО и осум национални паркови. Краватата, популарен елемент на облеката, потекнува од Хрватска. Хрватска на светот му дала многу великани: книжевници, музичари, , , и . Како најважни може да се споменат тројцата добитници на Нобеловата награда: Иво Андриќ за книжевност, Владимир Прелог и Лавослав Ружичка за хемија.

Книжевност

уреди
 
Мисал по законот на римскиот двор

Почетоците на хрватската писменост досегаат во среден вексредниот век. Хрватите пишувале на глаголица, босанчица и латиница. Симбол на почетокот на хрватската книжевност е Башќанската плоча. Летописот на попот Дукљанин е најстар хрватски летопис. Важен и Записот на попот Мартинц на глаголица. Во 14 век се развила лирската поезија, главно со верски карактер. Носители на книжевниот живо главно биле свештеници. Најстара божикна песна преведена од латински јазик. Еден од најстарите запис на латиница е побожната Шибенска молитва настаната околу 1347 година. Хрвоевиот мисал е најубавиот и најбогато илустрираниот ракопис на глаголица во хрватскиот среден век. Мисал по законот на римскиот двор печатен во 1483 година е првата хрватска инкунабула испечатена 28 години по Гутенберговата Библија и прв мисал во Европа кој не бил печатен со латинични букви.[6]

Хуманизмот бил најизразен во крајбрежните градови. Најважни хрватски хуманисти се Иван Чешмички, Јурај Шижгориќ, Антун Вранчиќ и Илија Цријевиќ. Богатството на хрватската ренесансна книжевност може да се согледа по бројноста и разноликоста на книжевните облици. Марко Марулиќ се нарекува татко на хрватската книжевност, а негови најважни дела се Јудита на хрватски и Давидијада на латински јазик. Петар Хекторовиќ го напишал патописот Рибарење и рибарско приговарање, а Петар Зораниќ првиот хрватски роман Планини. Најзначајни поети биле Шишко Менчетиќ, Џоре Држиќ, Мавро Ветрановиќ, Брне Карнарутиќ и Ханибал Луциќ. Најважниот ренесансен комедиограф бил Марин Држиќ, а најпознати комедии му се Дундо Марое, Новела од Станец и Скуп.

Во барокот условен од турските освојувања и расцепканоста на земјата делуваат четири регионални книжевни круга. Главен и најплодоносен е дубровничкиот. Најважен претставник е Иван Гундулиќ со делата Солзи на синот расипник, Дубравка и Осман. Други претставници се Иван Буниќ Вучиќ, Јуније Палмотиќ и Игњат Ѓурѓевиќ. Следи далматинскиот книжевен круг, па книжевноста на Банска Хрватска и Славонија. Никола Зрински, Фран Крсто Франкопан, Катарина Зринска, Јурај Хабделиќ и Антун Канижлиќ се најважните претставници. Во хрватската книжевност на 18 век преовладува барокот, просветителствоот и класицизмот, а се јавуваат и некои карактеристики на предромантизмот. Исклучително голем популарност постигнува Разговор угоден на народот словенски од Андрија Качиќ Миошиќ. Од тоа раздобје треба да се споменат Матија Петар Катанчиќ, Матија Антун Рељковиќ и Титуш Брезовачки.

 
Мирослав Крлежа

Романтизмот се јавува за време на хрватската книжевна преродба кој траела од 1813 до 1860 година, а го карактеризирала национално будење. Људевит Гај станал предводник на преродбените настојувања, а останати претставници се Павао Штос, Станко Ваз, Димитрија Деметер, Иван Мажураниќ и Петар Прерадовиќ. Протореализмот се нарекува и Шеноино време по најважниот автор на тоа раздобје Аугуст Шеноа. Неговата појава го симболизира продорот на хрватската уметност на зборот во широките читателски маси. Хрватскиот реализам траел од 1881 до 1890, а најважни претставници се Еуген Кумичиќ, Анте Ковачиќ, Ксавер шандор Ѓалски, Јосип Козарац, Вјенцеслав Новак и Силвие Страхимир Карњчевиќ.

Хрватскиот модернизам траел од 1892 до 1916. Најзначајни книжевници од тоа раздобје се Антун Густав Матош, Иво Војновиќ, Динко Шимуновиќ, Фран Галовиќ, Драгутин Домјаниќ, Владимир Видриќ, Иван Козарац и Владимир Назор. Во 1900 година, во Загреб било основано Друштво на хрватските писателиДруштвото на хрватските писатели. Најважни претставници на хрватската книжевност во раздобјето 1914 до 1929 се Иво Андриќ и Антун Бранко Шимиќ. Најбитен писател на 20 век е Мирослав Крлежа. Претставници на новата генерација се Тин Ујевиќ, Добриша Цесариќ, Драгутин Тадијановиќ, Иван Горан Ковачиќ. Најважни претставници на втората модерна се писателите собрани околу магазинот „Круг“ како Слободан Новак, Јосип Пупачиќ, Влатко Павлетиќ и Владо Готовац, а им се придружиле Јуре Каштелан и Весна Парун. Во постмодерната делувале Иво Брешан, Иван Аралица и Павао Павличиќ. Во анкета од 2009 година меѓу граѓаните на Хрватска за најпознат хрватски поет бил прогласен Тин Ујевиќ, следат Добриша Цесариќ, Весна Парун, Драгутин Тадијановиќ и Антун Бранко Шимиќ.[7]

Наука

уреди
 
Никола Тесла

Многу значајни научници и пронаоѓачи потекнуваат од Хрватска. Славољуб Едуард Пенкала бил пронаоѓач на механичката писалка, а Никола Тесла го измислил генераторот на наизменична струја, трансформаторот и вртливото магнетно поле. Тесла го нарекуваат човек кој го измислил дваесеттиот век. Фауст Вранчиќ го измислил падобранот, а Иван Вукиќ торпедото. Иван Вучетиќ ја измислил дактилоскопијата, систем за идентификација со помош на отпечатоците прстте. Антун Лучиќ е заслужен за изумот на првиот нафтен извор. Најзначајни научници се Руѓер Бошковиќ, Драгутин Горјановиќ-Крамбергер, Андрија Мохоровичиќ и Милутин Миланковиќ. Иван Лучиќ се нарекува татко на хрватската историографија, а останати важни историчари се Јурај Раткај, Иван Кукуљевиќ Сакциснки, Фрањо Рачки, Тадија Смичиклас, Вјекослав Клаиќ и Фердо Шишиќ.

Уметност

уреди

Хрватска дала значајни вајари како Јурај Далматинац и Иван Мештровиќ, сликари Влахо Буковац, Мато Целестин Медовиќ, Иван Генералиќ, Јулије Кловиќ, Јозо Кљаковиќ, Едо Муртиќ, Крсто Хегедушиќ, Иван Рабузин и многу други.

Хрватска кујна

уреди

Хрватската кујна е разнолика и е позната како кујна на области, бидејќи секоја област на Хрватска има своја посебна кулинарска традиција. Нејзините корени датираат од дамнешните времиња. Разликите во изборот на храна и начините на готвење се најзабележителни во континенталните и во крајбрежните области. Копнената кујна е повеќе карактеризирана од кујната на Словените и контактите со соседните култури—унгарска и турска, со користење на маст за готвење и зачини, како црн пипер, пиперка и лук. Крајбрежната област го носи влијанието на грчката и римската кујна, како и на подоцнежната средоземната кујна, посебно италијанската (особено венецијанскaта). Крајбрежните кујни користат маслиново масло и билки и зачини како што се рузмарин, жалфија, лаворов лист, оригано, риган, цимет, каранфилче, мускатно оревче, лимон и кора од портокал. Народното традиционално готвење е засновано на креативни варијации на неколку основни состојки (житарици, млечни производи, месо, риба, зеленчук, ореви) и процедури во готвењето (варење, пржење, печење), додека буржоаската кујна вклучува повеќе комплицирани процедури и употреба на избрани билки и зачини. Сувомесните производи се дел од хрватската кулинарска традиција во сите области. Храната и рецептите од другите поранешни југословенски земји се исто така популарни во Хрватска.

Хрватска како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Хрватскиот народен препород“ (Hrvatski narodni preporod) - слика на хрватскиот уметник Влахо Буковац од 1895 година.[8]
  • „Панорама на Карловац“ (Panorama Karlovca) - слика на хрватскиот уметник Јаков Шашел од 1874 година.[8]
  • „Хотел Загорје“ - книга на писателката Ивана Симиќ Бодрожиќ.[9]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Croatia“. International Monetary Fund. Посетено на 2011-04-21.
  2. „First Results“. Посетено на 21 July 2017.
  3. Human Development Report 2021-22: Uncertain Times, Unsettled Lives: Shaping our Future in a Transforming World (PDF). hdr.undp.org. United Nations Development Programme. 8 September 2022. стр. 272–276. ISBN 978-9-211-26451-7. Архивирано (PDF) од изворникот 8 September 2022. Посетено на 8 September 2022.
  4. „4. Population by ethnicity and religion“. Census of Population, Households and Dwellings 2011. Croatian Bureau of Statistics. Посетено на 2012-12-17.
  5. Population by religion, by towns/municipalities (Central Bureau of Statistics)
  6. Misal po zakonu rimskoga dvora, 1483. Архивирано на 14 ноември 2013 г., nsk.hr
  7. 'Po anketi najpoznatiji hrvatski pjesnik Tin Ujević' Архивирано на 13 јануари 2018 г., monitor.hr, 5. svibnja 2009., pristupljeno 13. siječnja 2018.
  8. 8,0 8,1 Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
  9. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.

Надворешни врски

уреди
Влада
Општи информации
Слики
Туризам
Други

Поврзано

уреди