Доминика (англиски: Dominica, француски: Dominique) или официјално Државна Заедница Доминика (англиски: Commonwealth of Dominica, француски: Communauté de la Dominique) — независна островска држава во Средна Америка, дел од карипските острови Мали Антили. Соседи на Доминика се зависните француски територии Гваделуп на север и Мартиник на југ. Источно од Доминика се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно се наоѓа Карипското Море. Вкупната површина на Доминика е 754 км2 каде живеат околу 72.500 жители. Главен град на државата е Розо, додека службени јазици се англиски, француски и антилски креолски јазик.

Државна Заедница Доминика
Commonwealth of Dominica
Communauté de la Dominique
Знаме Грб
Гесло"Après Bondie, C'est La Ter" (Антилски креолски)
"After God is the Earth"
"Après le Bon Dieu, c'est la Terre"
„После Господ е земјата“
ХимнаIsle of Beauty, Isle of Splendour
Местоположба на Доминика
Главен градРозо
15°18′N 61°23′W / 15.300° СГШ; 61.383° ЗГД / 15.300; -61.383
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски, француски, антилски креолски
Народности  86.8% црнци, 8.9% мешани, 2.9% кариби, 0.8% белци, 0.7% други (2001)[1]
Демоним Доминикиец
Уредување Република
 •  Претседател Николас Ливерпул
 •  Премиер Рузвелт Скерит
Независност од Велика Британија 
 •  Датум 3 ноември 1978 
Површина
 •  Вкупна 754 км2 (184-та)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 72.660 (195-та)
 •  Попис 2003 71.727 
 •  Густина 105 жит/км2 (95-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $745 милиони[2] 
 •  По жител $10,177[2] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $362 милиони[2] 
 •  По жител $4,948[2] 
ИЧР (2013) 0.717[3]
висок · 93та
Валута Источнокарипски долар (XCD)
Часовен појас (UTC–4)
Се вози на лево
НДД .dm
Повик. бр. +1-767

Доминика често е наречена „природен остров на Карибите“ поради својата природа. Доминика е најмлад остров во Карибите, па дури и денес тлото се оформува преку вулканските активности. Доминика е економија која е зависна од туризмот и земјоделството.

За првпат островот бил посетен од еден Европеец на 3 ноември 1493 година кога пристигнал Кристофер Колумбо. Неколку години по доаѓањето на Колумбо островот бил изолиран. Локалните староседелски народи се населиле на островот откако островот потпаднал под европска контрола. На почетокот Доминика била под француска контрола, но во 1763 година Велика Британија ја презела контролата и во 1805 Доминика станала колонија. На островот биле донесени голем број африкански робови и во 1838 година Доминика станала првата британска карипска колонија каде законодавната власт била во рацете на жители со африканско потекло. Од 1958 до 1962 година Доминика била дел од Западноиндиската Федерација, а во 1978 година станала независна држава.

Потекло на поимот

уреди

Денешното име на Доминика е поврзано со Кристофер Колумбо. Имено, Кристофер Колумбо пристигнал на островот во недела на 3 ноември 1493 година и го именувал островот по денот кога пристигнал т.е. „недела“ или на латински „dominica“.

Историја

уреди

Географија и клима

уреди
 
Карта на Доминика.

Доминика е островска држава, дел од карипските острови Мали Антили. Вкупната површина на Доминика изнесува 754 км2 каде живеат околу 72.660 жители. Главен град на државата е Розо.

Поголем дел од територијата на Доминика е покриена со шума. Доминка има голем број водопади, извори и реки. Поради уникатните растенија и животни кои се карактеристични за Доминика, делови од државата се заштитни зони. Најголеми градови во Доминика се Розо и Портсмут.

На Доминика живее националната птица која е прикажана и на знамето. Таа е империјалниот папагал.

Политички систем

уреди
 
Премиерот Рузвелт Скерит.

Доминика е парламентарна демократија во рамките на Комонвелтот на народите од 1979 година и член на Франкофонијата. За разлика од околните карипски држави, Доминика е една од ретките републики. Шеф на државата е претседателот. Извршната власт е во рацете на премиерот и кабинетот на министри.

Законодавното тело на Доминика е еднодомно собрание кое е составено од 30 пратеници. 21 пратеник се избрани преку избори, додека девет се сенатори кои можат да бидат назначени од претседателот или избрани од останатите пратеници.

Доминика е член на повеќе меѓународни организации како на пример Карипската Заедница, Организацијата на Источнокарипски држави и слично.

Административна поделба

уреди

Доминика е поделена на 10 парохии, и тоа:

  1. Сент Ендру
  2. Сент Дејвид
  3. Сент Џорџ
  4. Сент Џон
  5. Сент Џозеф
  6. Сент Лук
  7. Сент Марк
  8. Сент Патрик
  9. Сент Пол
  10. Сент Питер

Население, јазик и религија

уреди
 
Територијата на староседелското население.

Населението на Домоника е составено од различни етнички и расни групи. Покрај Индијците во Доминика живеат и мешано население, белци и луѓе со азиско потекло. Доминика е единствената држава во источните Карипски Острови каде сè уште има староседелски население. Во Доминика има 3.000 староседелци кои живеат во осум села во источниот дел на државата. Тие имаат специјална територија која им била доделена во 1903 година.[4]

Околу 80% од населението на Доминика се католици, но има и мала група протестанти. Покрај нив има и мала група муслимани.

Верници во Доминика
Христијани
  
94,40 %
Муслимани
  
0,50 %
Без Религија
  
1,5 %
Будисти
  
0,10 %
Народна Религија
  
3,00 %
Други
  
1,70 %

Англискиот јазик е службен јазик, а покрај него се зборува и француски јазик и антилски креолски јазик. Поради историските причини и опколеноста од франкофонски држави, населението зборува француски, но во последно време опаѓа бројот на луѓе кои го зборуваат.

Стопанство

уреди
 
Розо, трговскиот центар на Доминика.

Во 2008 година, Доминика имала најмал БДП по глава на жител од сите источнокарипски држави.[5][6] Државата имала финансиска криза во 2003 и 2004 година, но во 2005 економијата забележала пораст од 3.5% а во 2006 година од 4%. Порастот на економијата била како резултат на производството на банани, услуги, како и туризмот.

Во економијата на Доминика доминираат бананите и останатите земјоделски култури и околу една третина од работната сила на Доминика е вработена во земјоделството.

Култура

уреди
 
Доминикански бенд.

Доминика е дом на различно етнички групи и култури. Островот бил населен од староседелското население уште од пред доаѓањето на Европејците, па дури и денес живеат таму. Тие низ историјата претрпеле различни угнетувања, па така има река наречена масакр која е посветена на убиените луѓе од страна на француските и британските власти.

Музиката и танцот се важен културен елемент во државата. На денот на независноста се одржуваат церемонии каде се изведуваат различни танци и музички точки.

Наводи

уреди
  1. „Dominica Ethnic groups 2001 Census“. Архивирано од изворникот на 2016-01-30. Посетено на 2010-04-22.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Dominica“. International Monetary Fund. Посетено на 2010-04-21.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. The Carib Indians
  5. „(Dominica 07/08, U.S. State Dept.)“.
  6. "(World Bank 'At A Glance')“ (PDF).

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди