Гро Харлем Брунтланд
Гро Харлем Брунтланд (родена Гро Харлем, 20 април 1939) е норвешки политичар и поранешен премиер на Норвешка (1981, 1986-89 и 1990-96) и поранешен Генерален директор на Светската здравствена организација од 1998 до 2003 година. Таа е исто така позната по тоа што претседаваше со Брунтландската комисија која го презентираше Брунтландскиот извештај за одржлив развој.
Гро Харлем Брунтланд | |
---|---|
22-ри премиер на Норвешка | |
На должноста 3 November 1990 – 25 October 1996 | |
Монарх | Олаф V |
Претходник | Јан Сјусе |
Наследник | Турбјорн Јагланд |
На должноста 9 мај 1986 – 16 октомври 1989 | |
Монарх | Олаф V |
Претходник | Коре Вилок |
Наследник | Јан Сјусе |
На должноста 4 февруари 1981 – 14 октомври 1981 | |
Монарх | Олаф V |
Претходник | Одвар Нурдли |
Наследник | Коре Вилок |
Генерален директор на Светската здравствена организација | |
На должноста 13 мај 1998 – 21 July 2003 | |
Генерален секретар | Кофи Анан |
Претходник | Хироши Накаџима |
Наследник | Ли Чон Ук |
Водач на Лабуристичката партија на Норвешка | |
На должноста 12 септември 1979 – 25 октомври 1996 | |
Претходник | Реиулф Стин |
Наследник | Турбјорн Јагланд |
Министер за животната средина | |
На должноста 1 јули 1974 – 19 март 1979 | |
Премиер | Трјугли Братели Одвар Нурдли |
Претходник | Тор Халворсен |
Наследник | Ролф Артур Хансен |
Лични податоци | |
Роден(а) | Гро Харлем 20 април 1939 Берум, Норвешка |
Партија | Лабуристичка |
Сопружник | Арн Олаф Брунтланд |
Деца | 4 |
Установа | Универзитетот на Осло Харвард |
Потпис |
Образована како лекар, Брунтланд се приклучи на Лабуристичката партија и влезе во владата во 1974 година како министер за животната средина. Таа стана првиот женски премиер на Норвешка на 4 февруари 1981 година, но даде оставка на 14 октомври 1981; таа се врати како премиер на 9 мај 1986 година и служела до 16 октомври 1989 година. Таа конечно се врати за нејзиниот трет мандат на 3 ноември 1990 година. Од 1981 до 1992 година таа беше водач на Лабуристичката партија. По нејзината неочекувана оставка во 1996 година, таа стана меѓународен водач за одржливиот развој и јавното здравство и служела како Генерален директор на Светската здравствена организација и како Специјален пратеник за климатските промени на ОН од 2007 до 2010 година.[1] Таа исто така е и заменик претседател на Старешините и поранешен заменик претседател на Социјалистичката интернационала.
Брунтланд припаѓала на умереното крило на нејзината партија и го поддржувала норвешкото членство во Европската Унија во текот на референдумот во 1994 година. Како премиер, Брунтланд стана широко позната како "мајка на нацијата."[2] Брунтланд ја доби наградата Карло Велики во 1994 година како и многу други признанија и награди.
Наводи
уреди- ↑ „UN Secretary-General Ban Ki-moon Appoints Special Envoys on Climate Change“. United Nations. 2007. Посетено на 2007-08-03.
- ↑ Gro Harlem Brundtland
Дополнителна литература
уреди- Wilsford, David, ed. Political leaders of contemporary Western Europe: a biographical dictionary (Greenwood, 1995) pp 49–56.
- Skard, Torild (2014). „Gro Harlem Brundtland“. Women of Power: Half a Century of Female Presidents and Prime Ministers Worldwide. Bristol: Policy Press. ISBN 9781447315780.
- Brundtland, Gro Harlem (2002) "Madam Prime Minister: A Life in Power and Politics". New York: Farrar, Straus and Giroux, ISBN 0-374-53002-5, primary source
Надворешни врски
уреди- Гро Харлем Брунтланд на Ризницата ?
- Мисли поврзани со Гро Харлем Брунтланд на Викицитат