Стар век (антика) — дел од историјата,[1] која се занимава со проучување на човечката историја, вклучувајќи го времето на древниот период (т.е. почетокот на „историјата“ и крајот на „праисторијата“)[2] , раното средновековие во Европа и династијата Ќин во Кина[3]. Овој период опфаќа раната империја на Кина, царствата на Индија во период од 5000 години, клинестото писмо создадено од сумерите во околу XXX век п.н.е., која претставува и најстарата скрипта која била откриена до денес. Но стариот век во никој случај не треба да се поистоветува со праисторијата.

Стар век
Праисторија

Стар Близок Исток

Сумер · Акад · Египет · Вавилонија · Хитетска империја · Новоасирска империја · Урарту

Класична антика

Стара Грција · Медија . Ахемениди · Стара Грција · Тракија · Скитија · Античка Македонија · Хеленизација · Римска република · Римско Царство · Партија · Сасанидско Царство · Доцна антика

Источна Азија

Династија Шанг · Династија Џоу · Династија Чин · Династија Хан · Династија Џин

Историја на јужна Азија

Долна Индија · Ведски период · Махаџанападас · Мауриска империја · Гуптска империја

Америка

Ацтеки · Инки · Маи · Олмеци · Теночтитлан
Среден век

Под поимот „антика“ честопати се претежно се подразбира класичната антика на Стара Грција во 776 п.н.е., односно времето кога се одржала првата Олимпијада,[4] по што следи периодот на Македонската империја и царствата-наследници, наречен и „хеленски/елински“, под тешкото грчко влијание врз европската историска наука. Во оваа категорија спаѓа и основањето на Рим од 753 п.н.е., со кое се дало почетокот на древниот Рим. Датумот за завршувањето на стариот век според многу западни учени завршува со пропаѓањето на Западното Римско Царство во 476 година[5][6] или по смртта на царот Јустинијан I[7] или со ширењето на исламот[8] или времето кога живеел Карло Велики[9].

Проучување на стариот век

уреди

Едно од најголемите тешкотии за проучување на стариот век е фактот што само еден мал дел од тој период е документиран, и само мал дел од тие истории успеале да се задржат до ден денес[10] , односно како проблем се означувало фактот што имало само малку луѓе кои биле способни да ја пишуваат историјата во тоа време[11]. Дури и оние кои биле напишани, сепак не биле широко распространети низ познатиот свет.

Римското Царство создала една од најдревните култури во историјата на човештвото[12] , но многу творби од најпознатите историчари од тоа време, биле загубени. Таков е примерот со Тит Ливиј, римски историчар, кој живеел во I век п.н.е., кој ја напишал историјата на Рим во неговото дело „Од основањето на градот Рим“ (Ab Urbe condita) во 144 тома, од кој само 35 се зачувани до ден денес. Во целина, само мал дел од работата на сите големи римски историчари се зачувани.

Денешните историчари за проучување на стариот век главно се потпираат на две насоки: археологијата и проучување на историјата преку запишаните текстови.

Археологија

уреди

Археологија е наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување. Иако оваа наука вообичаено се поврзува со “старите работи", односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па сè до нашето совремие[13][14][15][16] . Во текот на проучувањето на древната историја, археолозите се служиле со најразлични раскопувања во остатоците на древните градови, барајќи информација за тоа како народите од тоа време живееле и по кој начин. Некои од најважните откритија на археолошкото учење вклучуваат:

Проучување на текстовите

уреди

Можеби поголемиот дел од она кое му е познато на денешниот свет за древните цивилизации доаѓа од натписите на древните историчари. Едни од најпознатите древни историчари се Херодот, Јосиф Флавијански, Тит Ливиј, Полибиј, Салустиј Крисп, Гај Светониј Транквил, Такит, Тукидид и Сема Ќен.

Хронологија

уреди

Праисторија

уреди

Праисторијата е поим кој најчесто се однесува на периодот од историјата на човештвото кога не постоела писмена историја. Во почетокот на човечките миграции[24] во Долниот палеолит народите се населиле главно во Евроазија. Во Средниот палеолит народот главно мигрирал од Африка покрај крајбрежјата кон Јужна Азија и Југоисточна Азија и Австралиските острови. Пред околу педесет илјади години, народот се населил од Азија на Блискиот Исток. Пред околу четириесет илјади години, во Европа се создале првите модерни народности.

Во околу X век п.н.е. започнало развој на селското стопанство, кое претставува и датумот за почетокот на древната епоха. Во VI век п.н.е. се создала кинеската цивилизација. Во V век п.н.е. кон крајот на неолитската цивилизација биле изработени првите примитивни запрежни велосопеди и започнале да се распространуваат пишените дела. Во IV век п.н.е. се развила Трипилската култура на територијата на денешните држави Украина, Молдавија и Романија. Во околу 3400 п.н.е. се развила сумерската цивилизација[25] со создавање на клинастото писмо на Блискиот Исток. Во околу XXVII век п.н.е. се создало Старото кралство на Египет.

Хронологија на стариот век

уреди

Бронзено време

уреди

Бронзената епоха е дел од трипериодниот систем. Овој систем го иследува неолитот во неколку региони во светот. Во XXIV век п.н.е. била создадена Акадската империја[26][27], во 22 век п.н.е. започнал т.н. Прв период на Стар Египет по течението на реката Нил и Блискиот Исток. Кон XXI век п.н.е. настапила сумерската ренесанса. Во XVIII век п.н.е. настапил т.н. Втор период на Стар Египет.

Во околу 1600 п.н.е. започнала да се развива Микенската цивилизација. Исто така, во околу 1600 п.н.е. бил даден почеток на династијата Шанг во Кина. Во тој период има докази дека било создаденокинеското писмо. Во околу 1600 п.н.е. била создадена хетитската цивилизација. Во периодот од XVI век п.н.е. до околу XI век п.н.е. било создадено Новото Египетско царство. Помеѓу 1550 п.н.е. и 1292 п.н.е. настапил т.н. Амарнски период на царството.

Железно време

уреди

Железната епоха е последниот период од трипериодниот систем. Датата за започнување на овој период е различна во зависност од географскиот регион. Во XIII век п.н.е. до 12 век п.н.е. траел т.н. Рамесидски период од историјата на Древен Египет. Во периодот околу 1200 п.н.е. се одвивала Тројанската војна[28]. Во околу 1180 п.н.е. се распаднала хитетската империја.

Во 1046 п.н.е. е година на започнување на владеењето на династијата Џоу на кралот Ву Џоу. Во периодот од X век п.н.е. до VII век п.н.е. опстојувала Новоасирското Царство. Во 800 п.н.е. зголемувањето на грчките градови-држави. Во 776 п.н.е. биле одржани првите Олимписки игри.

Класична антика

уреди

Класичната антика е општ поим за долг период од културната историја, која главно се однесува на древните цивилизации на Стара Грција и Стариот Рим.

Ран стар век
уреди
 
Источната полутопка во 500 п.н.е.
Доцен стар век
уреди
 
Источната полутопка во 323 п.н.е.
 
Источната полутопка во 200 п.н.е.
 
Источната полутопка во 100 п.н.е.
По новата ера
уреди
 
Светот во почетокот на новата ера
 
Светот во околу 200 година
 
Светот во околу 300 година

Крај на класичната антика

уреди

Големи древни цивилизации

уреди

Југозападна Азија (Близок Исток)

уреди

Древниот Близок Исток се смета за лулка на цивилизацијата. Тој бил сред првите каде се развило земјоделството, овој простор го дал пишаното писмо, овде се развило грнчарството, првата централизирана власт, првата социијална стратификација, ропство и организирана војна, ги дал основите во областа на астрономијата и математиката.

Месопотамија

уреди

Сумерската е една од најраните познати цивилизации во светот, која се наоѓала во Јужна Месопотамија, односно долината на реките Тигар и Еуфрат (денешен Ирак). Таа се развила во градот Ериду од Убаидскиот период (VI век п.н.е.) преку Урукскиот период (IV век п.н.е.) и Династикскиот период (III век п.н.е.), сè до појавата на Вавилон во почетокот на II век п.н.е. Поимот Сумер се однесува на сите говорители на сумерски јазик. На практика, оваа цивилизација била првата во која се зазвило земјоделство|земјоделството. Сумер е првата светска цивилизација за која е потврдена писменоста и изградба на градови.

Вавилон била империја главно населена со аморити и се наоѓал на просторот на денешен јужен Ирак. Вавилон бил создаден кога Хамураби ги освоил на Сумер и Акад, со кое прекинала последната сумерска династија Исин. Тој бил прв крал на Вавилонското царство. Аморитите се семитски народ кој во Вавилон го користиле акадскиот јазик, кој користел клинесто писмо и кој води потекло од сумерскиот јазик. Името на јазикот доаѓа од градот Акад, главниот центар на месопотамската цивилизација. Сумерскиот јазик главно се користел за религиозни цели, и во тоа време не би “говорен јазик“. Во акадската и сумерската култура главна улога имала вавилонската цивилизација, чиј град Вавилон станал голем културен центар во империјата и светот. Градот се наоѓал до реката Еуфрат, на околу 90 км јужно од Багдад во денешен Ирак. Најраниот запис на Вавилон е обележан со дата и табла, за време на владеењето на Саргон од Акад.

По 1158 п.н.е. Месопотамија и Вавилон биле управувани од разни династии кога паднале под Асирија. Во времето на управувањето на царевите на Нововавилонското царство, кое било основано од Набопаласар (605 п.н.е.- 562 п.н.е.), халдејската династија го достигнала својот расцвет, а подоцна оваа развивање го продолжил и неговиот син Навуходонозор II.

Акад се наоѓал во централните и северните обласнти на Месопотамија. Империјата била населена од семитски премиња кои ја создале Акадската цивилизација, а градот Акад станал престолнина на империјата[29]. Оваа цивилизација се развивала паралелно со Сумерите. Жителите на Акад зборувале јазик различен од Сумерите. Населението се занимавало со земјоделство. Најголемате моќ ја достигнале во времето на кралот Саргон I (околу 2369-2314 година пр.н.е.). Тој успеал да ги обедини северните области и потоа да ги завладее и јужните краеви, а себеси се нарекол „крал на четирите страни на светот

Асирското царство настанало од градот Ашур на реката Тигар, на просторот на северна Месопотамија (денешен Ирак). Во 2400 п.н.е. царството бил значаен трговски центар, кој 2000 п.н.е. прераснал во центар на големото царство. Во 1900 п.н.е. се утврдуваат трговски колонии во Анадолија (денешна Турција). Од 1400 п.н.е. асирската армија ги освоила краевите и државите кон северот и западот, обезбедувајќи како територија, ѕака и трговија, робови, и плин за себе и за владетелите. Заблагодарувајќи на стравот од моногуте соседни земји кои го имале спрема асирската војска, Асирија успеала да се прошири по целата територија на Блискиот Исток.

Најголемата големина Асирското царство го достигнало во 12 век п.н.е. кога се завладеани териториите од Египет до Иран. Сепак, неколку децении подоцна и многу војни за превлат, новото царство и култура Вавилонија под водството на Набукодоносор (од југот на Месопотамија) ја асимилирала Асирија во своето царство.

Персија

уреди

Елам е името на древната цивилизација, која се наоѓала во денешен југозападен Иран. Архиолошките докази покажуваат дека Елам датира од 5000 п.н.е.[30][31][32][33][34][35][36]. Според наличните писмени документи, познато е дека цивилизацијата постоела во околу 3200 п.н.е. кое ја прави една од најстарите цивилизации на светот. Нејзината култура изиграла основна улога во изградбата на Гутианската империја, особено во времето на династија Ахемениди. Еламскиот јазик бил офоцијален во империјата.

Медеите се древен ирански народ. Имено најстариот запис за Персијците доаѓа од Асирија од написи од околу 844 п.н.е. кои ги нарекуваат Парсу[37] и ги лоцира во регионот на Езерото Урмија (денес во северозападен Иран блиску Турција), заедно со друга група - Медејци[38] . Следните два века, Персијците и Медејците повремено биле притока на Асирците. Регионот на Перс бил анектиран од Саргон I од Асирија околу 719 п.н.е. Конечно Медејците дошле до формирање на свое царство, а Персијците им биле потчинети. Најголем расцут на империјата медеите имале во времето на Кир Велики. Околу 653 п.н.е. Медејците потпаднале под власта на Скитите и Теспес, синот на Ахеменед, веројатно ги повел номадските Персијци да се населат во јужен Иран во ова време и така ја воспоставил првата организирана Персиска држава. Цирус II Велики ги обединил раситнетите групи околу 559 п.н.е. Во тоа време Персијците сѐ уште биле дел од Медејското царство управувано од Астиагес. Во 550 п.н.е. Цирус ги обединил Персијците и го поразил Астиагес, и со тоа Персија стекнала контрола врз Медеја. Во следните години, Цирус ја освоил Лидија во Мала Азија, ја проширил територијата во Средна Азија, и конечно го освоил Вавилон во 539 п.н.е.

Синот на Цирус, Камбис II, го анектирал Египет кон Ахеменидското Царство. Царството достигнало најголема експанзија под водство на Дариј I. Тој ги предводел освојувачките војски по долината на реката Инд, и во Тракија во Европа. Предводел и казнена експедиција против грчките градови која запрела со Маратонската битка. Неговиот син Ксеркс имал успеси и со Битката кај Термопилите, но потоа ја загубил поморската моќ по Битката кај Саламис и ја повлекол главнината од своите сили од Грција. Преостанатите конечно биле победени во 479 п.н.е. Дариј I го поделил царството на 23 сатрапии (покраини) раководени од сатрапи, вовел даночен систем за покраините, го презел асирскиот поштенски систем и го доразвил, исто така развил сопствена шпионска мрежа. Покрај тоа, го подобрил Кралскиот Пат (патот од Суса во Персија до Сардија во Мала Азија, на брегот на Средоземното Море, долг 2700 км) и со тоа ги поврзал краевите на царството. Ахеменидското Царство ги обединило народите и кралствата од сите поголеми цивилизации од тоа време во Југозападна Азија и Североисточна Африка.

Околу 250 п.н.е. Персија сепак се распаднала, и била освоена од Партија од исток и од Рим од запад.

Водачите на Партија, кои ја освоиле Персија од исток, припаѓале на иранско племе кое се населило таму во времето на Александар Македонски. Тие прогласиле независност од Селеците во 238 п.н.е., но нивните обиди да го обединат Иран останале неуспешни сѐ до доаѓањето на власт на Митриад I на престолот, околу 170 п.н.е. Партијската конфедерација се граничела со Рим по реката Еуфрат. Двете држави станале големи соперници, особено околу контролата на Ерменија. Војните биле многу чести, при што Месопотамија постојано служела како бојно поле. Овој период се одликувал со слабо политичко единство и постојани војни помеѓу едни вазали со други. Меѓусебните војни и војните со Римјаните постепено ја истоштиле земјата. Во 224 година Персискиот вазален крал се побунил и две години подоцна го освоил Ктеспион со што ставил крај на Партија. Со ова започнало и второто Персиско царство, раководено од Сасанидските кралеви. Тие биле од провинцијата Персис, од каде што била и првата Персиска империја и Ахеменидите.

 
Сасанидското Царство во 610.

Сасанидското Царство било основано од Ардашир I по победата над Партијскиот крал Артабанус IV. Тој повел востание против Партија во обид да ја возобнови славата на Персија и да ја озакони хеленизираната форма на Зороастриската религија која се практикувала во Југозападен Иран. По победата, се прогласил за шах на новото Персиско царство. За разлика од Партија, новото царство било мошне централизирано. Народот бил цврсто организиран во кастински систем: свештеници, војници, писари и обични луѓе. Зороастризмот станал официјална државна религија и се раширил надвор од Персија кон провинциите. Повремено имало и прогони на верници од други религии. Источната православна црква била особено прогонувана, но ова било делумно и поради нејзината поврзаност со Источното Римско Царство. Несторијанските христијани биле толерирани, а понекогаш и фаворизирани во царството. Војните и верската контрола кои првобитно го поттикнале развојот на царството, подоцна придонеле за негов пад. Источните региони биле освоени од Белите хуни во доцниот 5.век. Приврзаниците на некои секти се побуниле во истото време. Царот Косрау I подоцна успеал да ја консолидира Персија и ги освоил Антиохија и Јемен. Помеѓу 605 и 629 година Сасанидите го анектирале и Левант и Египет, а потоа се рашириле и во Анадолија.

Поради ширењето на Исламот и падот на Сасанидското Царство, Персијците потпаднале под власт на арапски владетели во тек на скоро 2 века, пред да можат повторно да се ослободат. Во овој период извесен број мали и бројно послаби арапски племиња мигрирале во Иран[39] Исто и некои турски племиња се населиле во Персија во периодот од 9-12 век.[40]. Исто и некои турски племиња се населиле во Персија во периодот од 9-12 век.

Арабија

уреди

За историјата на Арапскиот Полуостров пред појавата на исламот нема големи податоци. Документите кои датираат од тоа време главно се напишани од извори на други културни традиции, како египетски јазик, старогрчки јазик, персиски јазик, а подоцна и на арапски јазик.

Првите попознати документи датираат од VIII век п.н.е. и главно се однесуваат на Хадрамутското царство. Цивилизацијата Дилмун најпрвин се појавува прво на сумерските јазици, според кои цивилизацијата датира од кон крајот на IV век п.н.е., и кои биле откриени во храмот на божицата Инана во градот Урок.

Сабејците биле народ кој зборувале на стар јужноарапски јазик. Тие живееле на територијата на денешен Јемен, во југозападниот дел на Арапскиот Полуостров од околу 2000 п.н.е. Некои сабејци живееле и во кралство Д'мт, кое се наоѓало во северна Етиопија и Еритреја. Кралството во I век п.н.е. било завладеано од страна на Химиаритското царство.

Древното кралство Авсан, со неговата престолнина Агар Јахир. Ова царство се преврнало како едно од најзначајните мали царства на полуостровот. Престолнината била уништена од страна на Карибил Ватар.

Потеклото на Набатејското царство сè уште не е јасно. Според некои историчари, Ероним Стридонски ги посочува како наследници на Наваиотското племе, кое е споменето во првата книга на Мојсеј.

Петра и неговата историја најтесно е поврзана со Набатејците, но поради недостаток од пишани докази, може да се утврди од фрагментите во Библијата и од грчки и римски извори. Според Библијата, областа на Петра е населена од хоритите, но не е сигурно, дали самиот град се споменува во Стариот завет. Најстарите археолошкии остатоци од ископувањата датираат околу VI век пр.н.е. Иако е познато дека во стариот век бил главен град на Набатејците, нема многу сознанија за тоа како бил нарекуван од Семитите. Во елинистичкиот период бил познат под името Петра (карпа). Како дел од Источното Римско Царство, околу 630 Петра била освоена од муслиманите. За време на Ерусалимското Кралство она што останало од градот е заземено од кралот Болдвин I, а под контрола на крстоносците останува сè до 1189 година.

Северна Африка

уреди

Стар Египет

уреди
 

Цивилизацијата на Стар Египет била една од најразвиените во историјата на човештвото. Таа датира од 5000 п.н.е., која настанала во долината на големата река Нил, во Североисточна Африка. При излевањето на реката останувал плодоносен талог (тиња) кој бил мошне погоден за обработка и давал богати приноси на јачмен и жито. Кратко речено, реката Нил му давала живот на египетското население и затоа била сметана за божество. Најразвиен бил во времето на Новото кралство во II век п.н.е. опфаќајќи ја Нубија до јужна Сирија. Во тоа време, царството делумно се раширило и биле изградени многу објекти. Главен град бил Тива. Египќаните имале развиено сточарство, но сепак нивната главна стопанска гранка била полјоделството. За зголемување на производството, од особено значење била изградбата на системи за наводнување од насипи, брани и канали, со кои се осигурувало наводнувањето на полињата, но и одводнувањето на големите поплави.

Египетската цивилизација развила свое специфично државно уредување, религија, архитектура, писмо и уметност. Според уредувањето, Стариот Египет бил робовладетелска држава. Како најзначајни пронајдоци од времето на Стариот Египет се: хартија, мастило, календар, часовник, геометрија, азбука, писмо, медицина, архитектура, книжество, моногамија, монотеизам. Египет постоел сè до 30 п.н.е. кога станал Римска провинција. Последна кралица е Клеопатра VII.

Североисточна Африка

уреди

Цивилизацијата на Кушитите настанала пред египетската култура. Таа се наоѓала во Нубија. Најголем подем имала под името кермска цивилизација. Нивната империја се проширила кон скоро цела централна и северна Африка. За првпат, во нивната цивилизација настанало масовните гробници и погреби. Многу од нивнитр богови, подоцна биле преземени од Стар Египет, како Амон Ра и Изида.

Аксумската империја било царство кое се наоѓало во североисточна Азија во 1 п.н.е. По распаѓањето на териториите заземени од арапите, земјите на Аксум едноставно се познати како Етиопија[41][42] . За нивното царство се смета дека било основано од страна на семитското племе Сабејци, кои го поминале Црвеното Море преку Јемен. Но, во денешно време оваа теза сè повеќе се отфрла, и се смета дека нивниот јазик геез нема никаква допирлива точка со сабеите. Својот расцут го достигнува во II и III век п.н.е. кога било едно од најголемите царства на светот по Персија, Рим и Кина. Во 325 година аксумитите го примиле христијанството, и станале првиот народ кон Вистинскиот Крст го насликал на своите монети.

Картагина

уреди

Картагина била стар град-држава на Средоземјето. Градот Картагина се наоѓал во близина на денешниот град Тунис, главен град на државата Тунис. Картагинците веројатно потекнуваат од доселени феникијци кои тука основале населено место, веројатно во 9 век п.н.е. Во својот зенит, државата се протегала долж брегот на Северна Африка, од Либија до денешен Мароко, потоа по јужниот брег на Пиринејскиот Полуостров, и по островите Сардинија, Корзика и Сицилија.

Картагинците биле големи непријатели на Римјаните и воделе серија меѓусебни војни познати како Пунски војни за превласт во Средоземјето во текот на II век п.н.е. и II век п.н.е.

Соперништвото завршило со конечен пораз на Картагина од Рим по тригодишна опсада на градот во 146 п.н.е. и целосно уништување на Картагина. Градот бил систематски запален и уништен, а целокупното население (околу 50.000) биле одведени во ропство.

Јужна Азија

уреди

Најраните докази за човечка цивилизација во Јужна Азија се наоѓаат на регионот Мехргарх (7000 п.н.е. до 3400 п.н.е.) во денешен Пакистан. Ова место се наоѓа во близина на Болон Пас, на запад од долината на река Инд и помеѓу денешните пакистански градови Куета, Калат и Сиби. Цивилизацијата била откриена во 1974 година од страна на археолошките екипи предводени од францускиот археолог Жан Франсоа Јарик. Испитувањата продолжиле дванаесет години. Според податоците, наовие простори имало цивилизација во околу 7000 п.н.е. Жителите на Мехргарх живееле во куќи изградени од кал, како главен производ ја одгледувале пченицата, одгледувале домашни животни. Жителите на покасниот период (од 5500 п.н.е. до 2600 п.н.е.) ставиле почеток на занаетот, производството и металната преработка. На некои места, оваа цивилизација е запишана како прва кај која се развило селското стопанство, како и за керамиката. Оваа цивилизација се смета како претходник на цивилизацијата на Долна Индија.

Цивилизацијата на Долна Индија (3300 п.н.е.- 1700 п.н.е.) е древна цивилизација, која опстојувала покрај реките Инд и Гагар, реон кој денеска се наоѓа во Пакистан. Некои слични населени места од овој тип биле откриени и во источен Авганистан, Бахреин, источен Иран, западна Индија и Туркменистан. Датата на раѓањето на Махавира и Буда во VI век п.н.е. го одбележуваат почетокот на новата ера во историјата на овој регион. Во текот на V век п.н.е., древните региони на Пакистан биле завладеани од страна на Ахменидите од страна на Дариј I во 522 п.н.е. Познато е и дека индискиот контигент војувал и со Ксеркес I.

Источна Азија

уреди

Кина

уреди

Историјата на Кина според традиционалните кинески записи започнува од пред 5000 години. Но, запишаната историја која е поддржана од археолошки докази започнува дури од пред XVI век п.н.е.[43]. Кина е една од најстарите континуирани цивилизации на светот. Кинеската држава започнала да се развива од т.н. град-држави во долината на Хоангхо. Годината 221 п.н.е. традиционално се зема како година во која се случило обединувањето на Кина и претворањето ѝ во големо царство. Главна заслуга за ова има царот Ќин Ше Хуанг. Кинеските династии развиле еден бирократски систем според кој на царот му овозможило да ја контролира целата територија на царството. Во времето на оваа династија бил изграден Кинескиот ѕид со помош на робовската класа. Во времето на династијата Ќин царството ја опфаќало денешна северна и источна Кина. Главна причина поради кој бил изграден ѕидот бил одбраната од непријателот.

Во 220 година царството Хан се распаднало на три кралства: Веј на север, Ву на југ и Шу на запад. Во 280 година царството се обединило под раководство на западната династија Ќин. Во следните години претстоела војна ма осумте принцови (291-306) и петте барбарски немири кое довело пропаѓање на Западен Ќин во 316 година. Наспроти тоа, династијата Источен Ќин набрзо се развивала и конечно во 382 година се соединила со северот под раководство на династијата Ќин. Во 420 година, војсководецот Сунг дошол на власт и ја основал својата династија Сунг. На север, Веј во 554 година се поделила на два дела: северен Чи и северен Џоу. Северен Џоу го поразил Северен Ќи во 577 година, но наскоро по ова тие биле завладеани од страна на војсководецот Јанг Чен, кој го освоил и југот и по ова основал династија Суи. Оваа династија (581-618) владеела кратко, околу 40 години, но успеала да ја обедини Кина и да ја прошири кинеската моќ кон истокот и да го освои Северен Виетнам.

Кина е една од најдревните цивилизации кој ја создал човекот. Кинескиот јазик, наречен и Синитски јазик има околу 1,2 милијарди говорници. Кинеското писмо се состои од знаци кои се логограми за пишување кинески, јапонски, корејски, и (порано) виетнамски. Неговите можни претходници се појавиле пред 8000 години, додека целосно писмо било развиено пред 3500 години во Кина. Ова е веројатно најстарото писмо во историјата на човештвото.

Јапонија

уреди

За првпат, Јапонија во пишените документи се јавува во 57 п.н.е. и тоа во книгата на Латер Хен[44] .

Кореја

уреди

Гојосеон било првото корејско царство. Според Самгук Јуша или Спомените на трите кралства, и други записи од средноверовната корејска епоха, Гојосеон бил основан во 2333 п.н.е. од легендарниот цар Дангун.

Трите кралства на Кореја (Баекџи, Когурјо и Сила) станале едни од највлијателните царства во регионот на Манџурија. Од своја страна, трите кралства биле големи соперници во поглед на развојот на економијата и воената политика. Коргујо и Сила биле посилни држави во текот на ерата на трите кралства. Во времето на кинеската династија Суи, Коргујо ја поддржувала својата регионална власт, и на неколкупати успевала да ја порази големата кинеска империја. Една од трите царства на Кореја, Сила, постепено се раширила на територијата на Кореја во 678 година и се преврнала во најголем фактор на царството. Единствената Сила се распаднала во 9 век.

Виетнам

уреди

Според легендата, историјата на Виетнам започнува пред повеќе од 4000 години. Но, единствените извори кои постојат денеска пишуваат дека историјата на Виетнам започнува одприлика пред околу 2700 години. Најголемиот дел од својата историја, од 111 п.н.е. до X век, Виетнам бил под директна контрола на Кина. Виетнам својата автономија ја стекнал во X век. Донгшонската култура се развила во бронзената епоха на долината на Црвената река во Северен Виетнам.

Монголија

уреди

Територијата на Монголија била владеана од различни номадски империи, вклучувајќи ги и Сјунгу, Руран, Сјенбеј, Гоктурките и други. Монголското Царство било основано од Џингис Кан во 1206. Монголија била населена повеќе од 800.000 години. Неолитски населби биле пронајдени во Дорнод Провинција[45]. Подоцна, се пронајдени и населени места од бакарното време и наоѓалиштата се пронајдени во западна Монголија[45]. За време на бронзеното време, западна Монголија била под влијание на карасукската култура. За тоа сведочат голем број пронајдоци што датираат од VII и VIII век п.н.е. Исто така се пронајдени и наоѓалишта и пронајдоци од железното време што датираат од V до VI век п.н.е.[45].

 
Монголското Царство

Основањето на Хуну државата (Хүн улс) во Монголија во III век п.н.е. го обележува зачетокот на државотворноста на Монголија. Основачот на хунската империја бил Тумен. Во 200 п.н.е. династија Хан од Кина испратила воен поход на територијата за да го присвои ханатот. Како и да, силите на ханот и воената формација издржале седум дена од воениот притисок. Царот Гао бил принуден да се предаде и бил потпишан договор во 198 п.н.е. со кој териториите северно од Кинескиот Ѕид требало да припаднат на Хуну ханатот а териториите јужно од Кинескиот Ѕид да потпаднат под власта на династијата Хан. Сјенбеите кои биле под власт на Хуну се побуниле во 93 п.н.е. со што завршила доминацијата на Хуну во Монголија. Жижи Чанју, водачот на северен Хуну се движел кон запад со неговиот народ, оснивајќи ја Големата Миграција. Неговите следбеници и наследници се префрлиле во Европа во V век предводени од Атила и биле познати како Хуни. Сјенбеите успешно се одбраниле од нападите од династија Хан во 167 и ги освоиле териториите на Северна Кина во 180. Друга гранка на народ одделен од Сјенбеите биле џуџанците (Нирун улс буюу Жужань) и била обединети од страна на Мугулју. Шелун ја презел титулата Каган во 402 година и со тоа територијата ја означил како Џуџански ханат. Тоба водела повеќе војни против џуџанскиот ханат. Алтајските Турци се побуниле во 552 и со тоа го основале Турскиот Ханат. Џуџанскиот ханат бил конечно поразен во 555 од Турците. Дел од Џуџенскиот ханат останал на територијата на денешна Монголија. Делот што останал во Монголија станал потомок ма татарските племиња.

Средоземна Европа

уреди

Етрурија

уреди
 

Етрурците се древни племиња кои во првото илјадолетие п.н.е. го населиле северозападниот дел на Апенинскиот Полуостров. Тие создале цивилизација, која подоцна била прифатена како претходничка на Римското Царство. Етрурците кон крајот на VIII век п.н.е. се обединиле во сојуз од дванаесет град-држави. Во околу VI век п.н.е. ја зазеле провинцијата Кампанија. Во периодот од V век п.н.е. до III век п.н.е. биле покорени од страна на Рим.

Во времето на големото државно обединување, Етрурија се простирала од Средна и Северна Италија, по реките Арно и Тибер и дел од Кампанија. Некои автори сметаат дека потеклото на етрурците води од Мала Азија. Пред создавањето на Рим, тие биле највлијателниот народ во тој регион. Етрурците достигнале голема култура во сите области на животот. Од етрурците, римјаните научиле многу работи, како градењето на згради, создавање на системи за наводнување, градење патишта, храмови. За градба, користеле тула од кал, за статуите на гоговите користиле теракота и бронза. Писменоста на етрурците е блиска до архаичната форма на старогрчката писменост. Од нивното писмо се зачувани околу 10000 натписи. За разлика од грците, етрурците на жената и одавале големо внимание. Тие биле поспособни за управување на општествениот живот на цивилизацијата.

Феникија

уреди

Феникија е древна држава коа се наоѓала на бреговите на Средоземното Море, односно на територијата на денешните држави Либан и Сирија. По потекло произлегуваат од хананците, кои се споменети во Библијата. Феникијците создале една развиена цивилизација во која во преден план доминирало занаетчиството, морската трговија, Феникиската писменост. Најголем расцут оваа цивилизација имала во периодот од 1200 п.н.е. до 800 п.н.е. Во IV век п.н.е. Феникија била заземена од страна на Персија, а во 332 п.н.е. од страна на Александар Македонски.

Класична Антика

уреди

Античка Македонија

уреди

Античка Македонија било античко кралство на територијата на денешна Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, во северниот дел на денешна Грција. Се граничело со кралството Епир на запад и областа Тракија на исток.[46] Во даден временски период Македонија била најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро цел познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја. старите Македонци живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика I. За време на кралот Филип II, (359336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на Пајонците, Тракијците и Илирите. Ова ги придодало кон кралството битолската и гевгелиската област (во параметри на денешна Македонија). Синот на Филип, Александар Македонски (336323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз персиското царство, вклучувајќи го и Египет, Блискиот, Далечниот Исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало накратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите.

 
Македонската империја во времето на Александар Велики

И покрај распадот на царството во помали кралства раководени од генералите на Александар, Македонија останала многу привлечна територија. За кратко време била владеена од страна на Деметер I (294288 п.н.е.), но потоа започнала граѓанска војна. Антипатер и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смррта на Касандар во 297 п.н.е..

Синот на Деметер Антигон II (277239 п.н.е.) успешно го вратил мирот и просперитетот и успешно ја одбранил Македонија од галациската инвазија, но изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак воспоставил стабилна монархија и благодарение на него, новата династија Антигониди. Неговиот наследник Антигон II (239221 п.н.е.) ги искористил овие предности и ја проширил власта на Македонија ширум регионот. Под водство на кралот Филип V (221179 п.н.е.) и неговиот син Персеј (179168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на римската република. За време на II век п.н.е. и I век п.н.е. Македонија била во неколку војни со Рим. Ова резултирало со пораз на Македонија, отстранувањето на Антигонидите и распадот на македонското кралство. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е. но бил поразен следната година и македонија потпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија.

Стара Грција

уреди

Поимот „Стара Грција“ се однесува на делот од грчката историја кој траел од грчкото Темното време (околу 1100 п.н.е.) и инвазијата на Дорците, до 146 п.н.е. и римското освојување на Грција по Битката кај Коринт. Општо прифатено е дека старогрчката култура ја претставува самата основа на културите на западните цивилизации. Грчката култура имала големо влијание над Римското Царство, која пренела различни верзии од неа во многу делови од Европа. Цивилизацијата на Старите Грци извршила големо влијание на јазикот, политиката, образовните системи, филозофијата, науката и уметностите.

Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3.000 м). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделство. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според грчкиот историчар Тукидид (460-369 п.н.е.), најстари жители на Елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од XIV век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (XVI-XIII п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Елада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.

Со развојот на производствените сили елинското општество сè повеќе се раслојувало на богати и сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над сиромасите создале државен апарат, но планинската природа на Грција не давала можност за економско и политичко обединување на Хелените. Тука не се создала единствена држава, како на стариот исток, туку се создале повеќе мали држави (околу 100). Тие ја опфаќале територијата на еден град со околината, и се наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги задоволувал потребите на своето население, и затоа секоја држава ја чувала својата самостојност и била против обединување во една држава. Полисите често војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и судија. Тој се советувал со советот на старешини и со народното собрание. Најзначајни градови-држави биле: Атина, Спарта, Теба, Коринт, Мегара и други.

Во Грција немало доволно обработлива земја, што предизвикало голема пренаселеност во градовите и појава на глад. Во периодот од VII век п.н.е. -VI век п.н.е. била извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море и на исток кон Мраморно Море и Црно Море.

Стар Рим

уреди
 
Римското Царство низ вековите

Римската држава била создадена на Апенинскиот Полуостров. Во стариот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Греција (Голема Грција).

Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата Рим бил основан во 753 година п.н.е но според археолошките податоци порано околу X век п.н.е.

Во најстариот период Рим имал родовско уредување. Родовите биле составени од патријахални семејства - фамилии, на чие чело стоел патер. Десет рода сочинувале братство, а десет братства сочинувале племе или триба. Вкупно имало три триба. Населението го сочинувале слободни и неслободни луѓе. Слободните се делеле на патриции и плебејци. Патриции биле богати луѓе, кои уживале големи привилегии и ги заземале сите положби во државната управа. Од нивните редови биле избирани конзули и сенатори. Плебејците воделе потекло од потчинетото население на Лациј и на Етрурците. Се заземале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Плаќале даноци на државата, служеле војска, но немале политички права и не учествувале во работата на народното собрание. Бракот меѓу патрициите и плебејците бил забранет со закон. Неслободното население го сочинувале робови, кои во овој ран период во римската држава не биле бројни.

Според традицијата постоеле седум кралеви. Последните три кралеви биле етрурски, бидејќи во VII век п.н.е. Лациј бил освоен од Етрурците. Со нивното владеење не биле задоволни римските патриции, кои во 509 п.н.е. го симнале од престолот и го протерале последниот крал (Тарквиниј Гордиот) и прогласиле република. Римјаните започнале да водат војни за проширување на својата држава најпрвин во Италија а подоцна и надвор од нејзините граници.

Во IV век п.н.е. Рим водел војна со Галите во Северна Италија, кои во 390 п.н.е. го нападнале и го ограбиле градот Рим. Единствено тврдината на ритчето Капитол не била освоена, иако била опседнувана цели шест месеци. Во исто време Рим војувал и со италските племиња во Средна Италија. Најжесток отпор му пружиле Саминтите, со кои морал да води три војни. Дури по третата семитска војна (298-290), Рим станал господар на средна Италија. Потоа Римјаните ги насочиле своите сили кон Јужна Италија каде што се наоѓале многу колонии на Хелените. Меѓу нив се истакнал и градот Тарент со кого Рим дошол во судир. На овој град во војна му помагал епирскиот крал Пир. На крајот римјаните победиле, го потчиниле Тарент и цела Јужна Италија и се претвориле во една од најголемите и најсилните држави на Средоземното Море.

Доцна антика

уреди

Доцна антика е груба периодизација за периодот од новата ера помеѓу 300 - 600 година, употребена од историчарите и научниците за да се опише интервалот помеѓу класичната антика и средниот век воглавно во Европа и средоземниот свет. Тоа е временскиот период помеѓу пропаста на Западното Римско Царство од III век натаму, сè до Исламското освојување, и повторното формирање на Источна Европа под името Византиско Царство. Терминот Spätantike, буквално „доцна антика“, бил употребен од германските историчари од моментот кога ја популаризирал Алојз Ригли во раниот XIX век.

Религија и филозофија

уреди
noframe
noframe

Новите филозофски правци имале голе замав како на истокот така и на западот во околу VI век п.н.е. Во истото време се појавиле различни религиозни правци во целиот свет. Меѓу најраните религии од тоа време се: Индуизам, Будизам, Џаинизам во Индија и Зороастрианизам во Персија. Од аврамски религии|аврамските религии се развил јудаизам|јудаизмот кон 188 п.н.е.

Индија

уреди

Хиндуизам

уреди

Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Хиндуизмот верува во еден Бог кој повеќепати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда, и други. Ова учење верува во реинкарнација, односно селување на душата после смртта во друга личност.

Будизам

уреди

Будизмот се заснова на учењето од Гаутама Буда, или често наречен само Буда кој живеел во V век п.н.е. во североисточна Индија. Будизмот го признава Буда како свет учител кој помагал на луѓето да ги надминат нивните страдања според законите на карма преку разбирањето на Четирите Величествени Вистини а со тоа реализирајќи ја вистинската природа на феноменот и избегнување на кругот на страдања и како краен стадиум е препородувањето познато како Самсара.

Џаинизам

уреди

Џаинизамот е древна религија која потекнува од Индија. Џаинизмот е основан во VI век п.н.е. Го основал Махавира (околу 540 п.н.е. - 468 година п.н.е.). Џаинистите не веруваат во ниту еден Бог. Нивната вера се заснова на ненасилството кон сите живи суштества или ахимси. Џаинистите веруваат во циклусот на повторно раѓање. Според ова верување, добрите луѓе повторно ќе се родат, но како награда ќе добијат повисок ранг во животот.

Персија

уреди

Зороастрицизам

уреди

Зороастризмот е религија и филозофија основана врз учењата на пророкот Заратустра и важи за една од најстарите дуалистички религии. Главното верување се темели на два бога: Ахура Мазда, односно добриот дух и Ангра Маини, односно лошиот дух. Нејзиниот симбол е ликот на Ахура со крилја. Верата е основана во Персија (денешен Иран), пред околу 1000 години п.н.е. Долго време била доминантна религија во Персија сè до VII век. Својот пропаст го доживува во времето на Сасанската династија. Зороастриската етика се состои од добри мисли, добри зборови и добри дела. Луѓето по својата смрт го преминуваат мостот што води во пеколот. Ако верниците во текот на својот живот биле лоши, мостот ќе се сруши и тие ќе пропаднат во пеколот. Наспроти нив, праведниците ќе го пронајдат патот до Светлоста.

Кина

уреди

Таоизам

уреди

Таоизмот е популарна вера кај Кинезите. Се претпоставува дека негов основоположник е Лао Це. Всушност, таоизмот претставува еден вид на мистичен пантеизам. Во таоизмот сè потекнува од тао (кинескиот прав пат) и сè ќе се врати таму со текот на времето. Во таоизмот се негуваат култот кон духовите, природата и предците. Оваа филозофија е фантастична и нејасна, наспроти трезвеното конфуцијанско учење.

Конфуцијанство

уреди

Конфуцијанството е религија што ја основал кинескиот филозоф Конфуциј во кинеската покраина Шандунг. Неговото подучување било во врска со моралот, добродетелта, природата и општественото уредување. Конфуцијанството не се заснова врз верата во некој бог, туку врз следење на Тао (патот), и учи дека мудроста на живеењето се состои од урамнотежениот живот, кој е во склад со природата. Значително место зазема култот кон предците и верата во духови.

Близок Исток

уреди

Јудаизам

уреди

Јудаизмот е една од првите запишани монотеистички вери и една од најстарите религиозни традиции кои се применуваат денес. Вредностите и историјата на Евреите се голем дел од основата на другите аврамски религии како самартјанството, исламот и христијанството.

Митологија

уреди

Месопотамска митологија

уреди

Месопотамска митологија е заедничко име за митологиите на Сумерците, Акадијците, Асирците и Вавилонците од земјата меѓу реките Тигар и Еуфрат во Ирак. Сумерците практикувале политеизам со антропоморфни божества или божици кои ги претставувале силите или присуството во светот, многу налик на подоцнежната старогрчка митологија. Според оваа митологија, божествата најпрво ги создале луѓето како нивни слуги но ги ослободиле откако повеќе не можеле да манипулираат со нив.

Египетска митологија

уреди

Египетската митологија опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во Стар Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како „нетер“ (бог) и „нетерет“ (божица). Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата. На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето. Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет.

Римска митологија

уреди

Римската митологија може да се рече дека се состои од две фази: првата, кога Римјаните имале автентични верувања и божества, и подоцнежната втора фаза кога речиси целосно ги пресликале грчките богови во својата митологија. Римската ритуална пракса разликувала две класи на божества - главни, кои биле 30 на број, за секој од нив имале фиксна дата од календарот кога го славеле неговиот ден, и нови, за кои подоцна решиле дека треба да ги прославуваат, поради некој настан или потреба. Покрај овие две класи, постоеле и многу помошни божества кои „служеле“ за определени работи, нпр. жетва, орање и сл. Речиси за секоја работа постоело „помошно“ божество кое се повикувало на помош кога таа работа се изведувала.

Рано христијанство

уреди

Почетоците на христијанството започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет апостоли. Христијанството е аврамска религија. Таа се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Божји Син. Огромен дел од христијанските верници веруваат во Светото Тројство, кое се состои од три оделни лица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Раното христијанство се однесува на периодот кога религијата била распространувана во грчко-римскиот свет и надвор од него во периодот од I век до неговото воведувањето како државна религија од страна на Константин I Велики во Римското Царство во 313 година и Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Раното христијанство може да биде распределено на два периоди: апостолски период, кога апостолите проповедале на различни места, и поаспостолски период кога религијата била распространувана од страна на бискупите на новата црква.

Америка

уреди

Ацтеки

уреди

Ацтеки е термин кој се користи за некои етнички групи од централно Мексико, односно оние групи кои зборувале Наватл. Од XII век, долината на Мексико претставувало јадро на Ацтечката цивилизација. Таму се наоѓала и престолнината на Ацтеките, Тенохтитлан. Ацтеките се индијански народ кој претежно живее во Мексико. Во својот врвен расцут, ацтечката култура била богата со митолошки и религиозни традиции, како и постигнување на забележителни архитектурни и уметнички постигнувања. Особено традиционален елемент од ацтечката култура е преносот на човечки жртви. Во 1521 година, со Шпанската колонизација на Америка, Ернан Кортес, заедно со голем број на месни сојузници го завладеале Тенохтитлан и ја поразиле Ацтекската империја која тогаш била под раководство на Монтезума II.

Древна технологија

уреди

Староегипетска технологија

уреди

Најпознати древни градби од времето на Стар Египет се:

Древна индиска технологија

уреди

Древна кинеска технологија

уреди
 
Кинески Ѕид

Најпознати древни градби од времето на Кина се:

Старогрчка технологија

уреди
 
Статуа на Зевс во Олимпија

Најпознати древни градби од времето на Стара Грција се:

Римска технологија

уреди

Најпознати древни градби од времето на Стар Рим се:

Наводи

уреди
  1. Crawford, O. G. S. (1927). Antiquity. [Gloucester, Eng.]: Antiquity Publications [etc.]. (cf., History education in the United States is primarily the study of the written past. Defining history in such a narrow way has important consequences ...)
  2. „ancient-history“. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2009-05-22.
  3. Foster, S. (2007). Adventure guide. China. Hunter travel guides. Edison, NJ: Hunter Publishing. Page 6-7 (cf., "Qin is perceived as 'China's first dynasty' and [... developed] writing.)
  4. антика - Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Clare, I. S. (1906). Library of universal history: containing a record of the human race from the earliest historical period to the present time; embracing a general survey of the progress of mankind in national and social life, civil government, religion, literature, science and art. New York: Union Book. Page 1519 (cf., Ancient history, as we have already seen, ended with the fall of the Western Roman Empire; [...])
  6. United Center for Research and Training in History. (1973). Bulgarian historical review. Sofia: Pub. House of the Bulgarian Academy of Sciences]. стр/ 43. (cf. ... in the history of Western Europe, which marks both the end of ancient history and the beginning of the Middle Ages, is the fall of the Western Empire.)
  7. Robinson, C. A. (1951). Ancient history from prehistoric times to the death of Justinian. New York: Macmillan.
  8. Breasted, J. H. (1916). Ancient times, a history of the early world: an introduction to the study of ancient history and the career of early man. Boston: Ginn and Company.
  9. Myers, P. V. N. (1916). Ancient history. New York [etc.]: Ginn and company.
  10. Gardner, P. (1892). New chapters in Greek history, historical results of recent excavations in Greece and Asia Minor. New York: G.P. Putnam's Sons. Page 1+.
  11. Nadin, M. (1997). The civilization of illiteracy. Dresden: Dresden University Press.
  12. Harris, W. V. (1989). Ancient literacy. Cambridge, Mass: Harvard University Press. (cf. ... extent of literacy in the Roman Empire has been investigated, previous writers have generally concluded that a high degree of literacy ...)
  13. Petrie, W. M. F. (1972). Methods & aims in archaeology. New York: B. Blom
  14. Gamble, C. (2000). Archaeology the basics. London: Routledge.
  15. Wheeler, J. R. (1908). Archaeology [a lecture delivered at Columbia University in the series on science, philosophy and art, 8 јануари 1908]. New York: Columbia University Press.
  16. Barton, G. A. (1900). Archaeology and the Bible. Green fund book, no. 17. Philadelphia: American Sunday-School Union 1816 Chestnut Street.
  17. Watkin, David (4th ed. 2005). A History of Western Architecture. Laurence King Publishing. стр. 14. ISBN 978-1856694599. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)"The Great Pyramid...is still one of the largest structures ever raised by man, its plan twice the size of St. Peter's in Rome"
  18. 'Earliest writing' found BBC News, 4 мај 1999.
  19. Basham, A. L. 1968. Review of A Short History of Pakistan by A. H. Dani (with an introduction by I. H. Qureshi). Karachi: University of Karachi Press. 1967 Pacific Affairs 41(4) : 641-643.
  20. Mohenjo-Daro An Ancient Indus Valley Metropolis
  21. S. R. Rao (1985). Lothal. Archaeological Survey of India, 30–31.
  22. Zarmati, Louise (2005). Heinemann ancient and medieval history: Pompeii and Herculaneum. Heinemann. ISBN 1-74081-195-X. Архивирано од изворникот на 2006-09-04. Посетено на 2009-05-23.
  23. Jane Portal and Qingbo Duan, The First Emperor: China's Terracotta Arm, British Museum Press, 2007, p. 167
  24. H. Liu, F. Prugnolle, A. Manica, F. Balloux, A Geographically Explicit Genetic Model of Worldwide Human-Settlement History. The American Journal of Human Genetics, Volume 79 , Issue 2 , Pages 230 - 237
  25. Diamond 1999, стр. 218
  26. akkadian, angelfire.com
  27. Wells, H. G. (1921). The outline of history, being a plain history of life and mankind. New York: Macmillan company. Page 137.
  28. Strauss, Barry S. (2006) The Trojan War: A New History. Simon & Schuster ISBN 0-7432-6441-9
  29. Mish, Frederick C., Editor in Chief. “Akkad.” Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary. 9th ed. Springfield, MA: Merriam-Webster Inc., 1985. ISBN 0-87779-508-8, ISBN 0-87779-509-6 (indexed), and ISBN 0-87779-510-X (deluxe).
  30. http://www.answers.com/topic/jiroft-civilization , During two seasons of excavation, Caldwell unearthed 7 different sections of the massive 7000 year old village. He also discovered the oldest known center for copper smelting and bread baking ovens in the world.
  31. http://cpprot.te.verweg.com/2005-June/000718.html Архивирано на 11 мај 2008 г. , Iran recently sent an appeal to a Belgian court asking for the return of nine boxes of smuggled ancient artifacts and a 2800-year-old pin stolen from the exposition "7000 Years of Persian Art".
  32. https://web.archive.org/web/20041103032727/http://www.iran-daily.com/1383/2126/html/panorama.htm , The Municipality of Shoush (Susa) accepted a proposal by the cityÕs Cultural Heritage Department for the transfer of an under-construction passenger terminal from the 7,000-year-old city, but conditioned destruction of the terminal to demolition of other constructions and residential units in the area.
  33. Jiroft Iran - Jiroft archaeology museum - GLOBOsapiens.net
  34. "Persia 7000 years of civilisation" by David Abbasi (Siyavash AWESTA), The discovery in Iran of a civilisation old of 7000 turns all the archaeological data’s ups and down.
  35. http://www.solcomhouse.com/iran.htm Архивирано на 4 јануари 2010 г. , The south-western part of Iran was part of the Fertile Crescent where most of humanity's first major crops were grown. 7000 year old jars of wine excavated in the Zagros Mountains and ruins of 7000 year old settlements such as Sialk are further testament to this.
  36. http://www.stonepages.com/news/archives/001705.html , Archaeologists believe that Jiroft was the origin of Elamite written language in which the writing system developed first and was then spread across the country and reached Susa. The discovered inscription of Jiroft is the most ancient written script found so far.
  37. Hammond, N. G. L.; M. Ostwald (1988-11-24). The Cambridge Ancient History Set: The Cambridge Ancient History Volume 4: Persia, Greece and the Western Mediterranean, c.525-479 BC: Persia, Greece and ... C.525-479 B.C. Ed.J.Boardman, Etc v. 4. John Boardman, D. M. Lewis (eds.) (2. изд.). Cambridge University Press. стр. 15. ISBN 0521228042.
  38. Parpola, Simo. „Assyrian Identity in Ancient Times and Today“ (PDF). Assyriology (англиски). Journal of Assyrian Academic Studies. стр. 3. Етнонимите како „Арапски“ (Arbāyu), „Медејски“ (Mādāyu), „Египетски“ (Muşurāyu) и „Урарски“ (Urarţāyu) се од доцниот осми век п.н.е. наваму, и ги носат Асиризирани влијателни луѓе на високи позиции.
  39. Zarinkoob, pp. 355-357
  40. Zarinkoob, pp. 461, 519
  41. Stuart Munro-Hay, Aksum: An African Civilization of Late Antiquity. Edinburgh: University Press, 1991, pp.57.
  42. Paul B. Henze, Layers of Time: A History of Ethiopia, 2005.
  43. Henry Cleere. Archaeological Heritage Management in the Modern World. 2005. Routledge. p. 318. ISBN 0-415-21448-3.
  44. 後漢書, 會稽海外有東鯷人 分爲二十餘國
  45. 45,0 45,1 45,2 Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), pp. 14-20
  46. "Macedonia" - Britannica 2006