9 век п.н.е.
век
< 10 век п.н.е. | 9 век п.н.е. | 8 век п.н.е. > | |||||||
100 | 99 | 98 | 97 | 96 | 95 | 94 | 93 | 92 | 91 |
90 | 89 | 88 | 87 | 86 | 85 | 84 | 83 | 82 | 81 |
80 | 79 | 78 | 77 | 76 | 75 | 74 | 73 | 72 | 71 |
70 | 69 | 68 | 67 | 66 | 65 | 64 | 63 | 62 | 61 |
60 | 59 | 58 | 57 | 56 | 55 | 54 | 53 | 52 | 51 |
50 | 49 | 48 | 47 | 46 | 45 | 44 | 43 | 42 | 41 |
40 | 39 | 38 | 37 | 36 | 35 | 34 | 33 | 32 | 31 |
30 | 29 | 28 | 27 | 26 | 25 | 24 | 23 | 22 | 21 |
20 | 19 | 18 | 17 | 16 | 15 | 14 | 13 | 12 | 11 |
10 | 9 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
9 век п.н.е. — век кој започнал 1 јануари 900 п.н.е. и завршил на 31 декември 801 п.н.е.. Тоа беше период на големи промени за неколку цивилизации. Во Африка, Картагина е основана од страна на Феникијците. Во Египет, тешка поплава го покрива подот на луксорскиот храм, а неколку години подоцна започнува граѓанска војна.
Овој век е поврзан со почетокот на железното време во Средна Европа и со ширењето на пракелската халштатска култура и прагалскиот јазик.
Настани
уреди- 895 п.н.е.: починува Сиао од Џоу, кралот на династијата Џоу во Кина.
- 894 п.н.е.: Ји од Џоу станува крал на династијата Џоу во Кина.
- 892 п.н.е.: Мегакло, крал на Атина, умира по 30-годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Диогнет.
- 891 п.н.е.: Тукулти-Нинурта II го наследува неговиот татко Адад-нирари II како крал на Асирија.
- 889 п.н.е.: Такелот I го наследува неговиот татко Осоркон I како крал на Египет.
- 884 п.н.е.: Ашурнасирпал II го наследува неговиот татко Тукулти-Нинурта II како крал на Асирија.
- 879 п.н.е.: починува Ји од Џоу, кралот на династијата Џоу во Кина.
- 878 п.н.е.: Ли од Џоу станува крал на династијата Џоу во Кина.
- 874 п.н.е.: Осоркон II го наследува Такелот I како крал на дваесет и втората династија на Египет.
- 874 п.н.е.: Ахав станува цар на Царството на Израел (приближен датум).
- 872 п.н.е.: Паршва, 23-тиот Тиртханкара на Џаинизмот е роден..[1]
- 872 п.н.е.: исклучително висока поплава од Нил го покрива подот на Луксорскиот храм.
- 865 п.н.е.: Кар Калманесер е освоен од страна на асирскиот кралот Шалманесер III.
- 864 п.н.е.: Диогнет, архонт на Атина, умира по 28-годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Ферекле.
- 860 п.н.е.: кралството на Урарту е обединето.
- 858 п.н.е.: Арама станува крал на Урарту.
- 858 п.н.е.: Шалманесер III го наследува Ашурнасирпал II како крал на Асирија.
- 854/3 п.н.е.: Битка кај Каркар — нерешителен ангажман помеѓу асирскиот крал Шалманесер III и воена алијанса на кралот на Дамаск и помали сили, вклучувајќи го и принцот на Тир. (854 или 853 п.н.е.)
- 850 п.н.е.: Такелот II го наследува Осоркон II како крал на Египет.
- 850 п.н.е.: Срединиот мумунски керамички период започнува во корејскиот полуостров.
- 845 п.н.е.: Ферекле, архонтот на Атина, умира по 19-годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Арифрон.
- 842 п.н.е.: Шалманесер III ја уништува територијата на Дамаск; Царството на Израел и феникијските градови испраќаат почит.
- 841 п.н.е.: починува Ли од Џоу, кралот на династијата Џоу во Кина.
- 841 п.н.е.: според Записите на големиот историчар, оваа година е првата година од последователното годишно датирање на кинеската историја.
- 840 п.н.е.: започнува Гопалската династија во Непал, првата династија која владее во земја наречена Непал без обзир на денешните географски граници.
- 836 п.н.е.: Шалманесер III од Асирија води експедицијата против Табарените.
- 836 п.н.е.: Граѓанска војна избива во Египет.
- 827 п.н.е.: Суан од Џоу станува крал на династијата Џоу во Кина.
- 825 п.н.е.: Такелот II, кралот на Египет, умира. Престолонаследникот Осоркон III и Шошенк III, синовите на Такелот, водат битка за престолот.
- околу 825 п.н.е.: Арифрон, крал на Атина, умира по 20-годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Теспиеј.
- 823 п.н.е.: починува Шалманесер III, крал на Асирија. Тој е наследен од страна на неговиот син Шамаши-Адад V.
- 820 п.н.е.: Пигмалион го освојува престолот на Тир.
- 817 п.н.е.: Педубастис I се декларира како крал на Египет, основајќи ја дваесет и третата династија.
- 814 п.н.е.: Картагина е основана од страна на Дидона (традиционален датум).
- 811 п.н.е.: Адад-нирари III го наследува неговиот татко Шамаши-Адад V како крал на Асирија.
- 804 п.н.е.: Адад-нирари III од Асирија го освојува Дамаск.
- 804 п.н.е.: починува фараонот Педубастис I.
- околу 800 п.н.е.: етрурска цивилизација.
- Почетокот на железното време во Средна Европа, ширење на пракелтската халштатска култура и прагалскиот јазик.
- Аденската култура се појавува во денешен североисточен САД.
Значајни лица
уреди- Илија, пророк од 9 век п.н.е. кој е споменат во Стариот завет (Танах) на Библијата.
- 872 п.н.е.: Паршва, 23-тиот Тиртханкара на Џаинизмот е роден.[1]
- Шалманесер III, крал на Асирија (858 п.н.е.–824 п.н.е.)
Пронајдоци и откритија
уреди- Првите натписи на јужноарапското писмо се пронајдени во Акеле Гузај[2]
- 9 век п.н.е.—Олмеците градат пирамиди.
- Појавата на Брахманскиот период на Ведскиот Санскрит, веројатно создавање на Шатапатха-брахмана и почетокот на упанишадските и ведантските традиции на Хиндуизмот.
Во делата на фантастиката
уреди- Во Highlander, бесмртниот Хуан Санчес Вила-Лобос Рамирес (Шон Конери) е роден во Египет, во 896 пн.е..
- Во Вистинска крв, вампирот познат како Расел Еџингтон е роден околу 850 п.н.е. и е претворен во вампир околу 800 п.н.е..
Суверени држави
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Zimmer 1952.
- ↑ Fattovich, Rodolfo, "Akkälä Guzay" in Uhlig, Siegbert, ed. Encyclopaedia Aethiopica: A-C. Wiesbaden: Otto Harrassowitz KG, 2003, p. 169.
Наводи
уреди- Zimmer, Heinrich (1952), Joseph Campbell (уред.), Philosophy of India, London: Routledge & Kegan Paul Ltd,
Not in copyright