Медеја
Медеја (грчки: Μήδεια) е жена од старогрчката митологија. Таа била ќерка на кралот Ејет од Колхида,[1] внука на Кирка, правнука на богот на сонцето Хелиос, а подоцна сопруга на јунакот Јасон, со кого имала две деца. Во драмата на Еврипид Медеја, Јасон ја остава Медеја кога Креонт, кралот на Коринт му ја нуди својата ќерка за жена.[2] Трагедијата зборува за тоа како Медеја се осветила на својот сопруг за предавството. Талентот за правење магии го добила од божицата Хеката.
Митот
уредиБожиците Хера и Атина ја избрале Медеја да му помогне на Јасон, кој бил избран меѓу 50 јунаци да заплови кон Колхида по златното руно. Тоа руно му припаѓало на нејзиниот татко Ејет, кој не сакал да се откаже од него. Итрите Хера и Атина распламтеле љубов во срцето на Медеја за Јасон.
Кога Јасон дошол на Колхида, тој се најавил кај кралот Ејет и замолил да го добие златното руно. Ејет ветил дека ќе му го даде ако успее да ора со железен плуг ставен на огнените бикови на Хефест, и да сее со забите на светиот змеј од богот Ареј. Само Медеја можела да му помогне да го исполни тоа.
Откако го зеле златното руно, Јасон и другарите ја зеле со себе и Медеја. Се вратиле во Јолк, каде се венчале. Медеја му се осветила на кралот Пелиј, кој во отсуство на Јасон, го убил целото негово семејство. Пред неговите ќерки покажала магија: исекла на парчиња стар овен, и потоа го претворила во младо јагне. Ќерките на кралот сакајќи да го подмладат татка си, го исекле на парчиња, но Медеја одбила да го оживее. Поради ова, синот на кралот ги протерал Медеја и Јасон во Коринт.
Во Коринт, кралот Креонт му ја понудил на Јасон својата ќерка, а овој прифатил. Медеја во напад на љубомора, на идната невеста ѝ подарила фустан кој според една верзија бил отровен, а според друга пламнал во оган. Невестата и нејзиниот татко се убиени и во двете верзии. На својот сопруг Јасон, пак, му се осветила со тоа што ги убила своите деца што ги родила од него, но според друга верзија, децата умреле по несреќен случај. Сепак, децата се умрени, а Медеја заминува на огнена кочија во Атина. Таму на кралот Егеј му родила син, но кралот ја протерал затоа што се обидела да го отруе Тезеј.[3] Со својот син заминала за Азија, а подоцна се вратила на Колхида, каде го убила својот стрико кој ја презел власта од Ејет, нејзиниот татко.
Медеја како тема во уметноста и во популарната култура
уредиНаводи
уреди- ↑ Colchis was on the site of modern Georgia in the Caucasus.
- ↑ Glauce is known as Creusa in Seneca's Medea and in Propertius 2.16.30.
- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 289 = 290.
- ↑ Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, Сид. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 12-13.
- ↑ Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 92.