Олимп
Олимп | |
---|---|
Олимп гледан од Литохоро | |
Висина | 2.919 м |
Место | Грција |
Прво освојување | 1913 |
Олимп (грчки: Όλυμπος) — планина што се наоѓа во Грција помеѓу Егејска Македонија и Тесалија, сместена неколку километри западно од Солунскиот Залив. Таа е највисоката планина во Грција (2917 м), во етничка Македонија и втора на Балканскиот Полуостров по Рила (2925 м). Често се нарекува и Дом на боговите[1]. Уште од најстаро време Олимп бил граница меѓу Македонците и Грците.
Поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината, богатството на растенија,еден дел со површина од 4 000 хектари, во 1938 година е прогласен за национален парк. Тој е и најстариот национален парк во Грција. Од 1981 година планината е под протекторат на УНЕСКО.
Местоположба
уредиНаоѓа се во јужниот дел на Балканскиот Полуостров крај брегот на Егејско Море, оддалечена на околу 100 км југозападно од Солун. Олимп изнесува околу 600 км2. Од исток на запад планината има должина 25 км, а од север на југ 28 км. Ги дели рамнините на Пиерија (Егејска Македонија) и Тесалија. Исто така и административно денес планината е поделена меѓу покраините Тесалија и Централна Македонија, околија Пиерија.
Релјеф и земјишни облици
уредиПозначајни врвови
уредиНа планината постојат 46 врвови повисоки од 2000 метри и 47 повисоки од 1000 метри. Најзначајни врвови на Олимп се:
- Митика(Μύτικας) - 2917 м - највисок во Грција и втор на Балканот по Мусала.
- Сколио (Skolio) - 2905 м [2][3]
- Стефани (Stefani) - 2910 м [4]
- Скала (Skala) - 2866 м
- Свети Антон (Agios Antonis) - 2815 м
- Пророк Илија (Profitis Ilias) - 2803 м
- Тумба (Toumba) - 2785 м
Од повеќето од овие врвови се гледа голема површина - Пиерија на север, Солунскиот Залив на исток, на југ планината Кишава (Оса) и рамнината на Тесалија, а на запад до Пинд.
Геолошки состав
уредиФлора и фауна
уредиОвде се забележани повеќе од 1700 видови растенија, што е околу 25% од целата флора на Грција. Голем е бројот на ендемските видови. Исто така има 32 видови цицачи, како дивокоза и диви свиња. Бројот на видовите птици е 108, клучувајќи и некои редки видови како Црн мршојадец (Aegypius monachus), Брадест мршојадец (Gypaetus barbatus), Еребица камењарка (Alectoris graeca), Шумски був (Strix aluco), Жолтоклуна галка (Pyrrhocorax graculus), Дрозд камењар (Monticola saxatilis), Снежно врапче (Montifringilla nivalis), Скалес лазач (Tichodroma muraria), Шареногуша завирушка (Prunella collaris) итн.[1]
Клима и туризам
уредиПланината има доста посетители. Во зимскиот период, температурата се движи од -17 до -5 °C, а лете од -2 до 3 °C. По падините на планината е развиено и сточарството.
Наводи
уреди- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992.
- ↑ University of California, England) (1921). The Alpine Journal Vol 34 1921-1922. London : Longmans, Green and Co.
- ↑ „ΓΥΣ | Αρχική“. www.gys.gr. Посетено на 2023-05-31.
- ↑ University of California, England) (1921). The Alpine Journal Vol 34 1921-1922. London : Longmans, Green and Co.
Поврзано
уреди- Олимп (Марс) - истоимена планина на планетата Марс, највисока во Сончевиот Систем