Акадскиот јазик (lišānum akkadītum) бил семитски јазик (дел од пошироката афроазиската група јазици) кој се зборувал во древна Месопотамија, особено од асирците и вавилонците. Ова е најраниот семитски јазик, кој користел клинесто писмо кое води потекло од сумерскиот јазик, кој е несроден изолиран јазик. Името на јазикот доаѓа од градот Акад, главниот центар на месопотамската цивилизација.

Акадски
lišānum akkadītum
Застапен воАсирија и Вавилонија
ПодрачјеМесопотамија
Јазично семејство
ПисмоСумеро-акадско клинесто писмо
Статус
Службен вонајпрвин Акад (северна Месопотамија); лингва франка на Блискиот Исток и Египет во доцното Бронзено и раното Железно доба.
Јазични кодови
ISO 639-2akk
ISO 639-3akk
Натпис на акадски јазик на обелиск на Маништушу

Варијанти

уреди

Акадскиот јазик се дели на неколку варијанти врз основа на географија и историски период:

  • Староакадски — 2500 – 1950 п.н.е.
  • Старовавилонски/Староасирски — 1950 – 1530 п.н.е.
  • Средновавилонски/Средноасирски — 1530 – 1000 п.н.е.
  • Нововавилонски/Новоасирски — 1000 – 600 п.н.е.
  • Доцновавилонски — 600 п.н.е. – 100 н.е.

Писмо

уреди
Месопотамија
 
Еуфрат · Тигар
Градови / Царства
Сумер: Урук · Ур · Ериду
Киш · Лагаш · Нипур
Акадско Царство: Акад
Вавилон · Изин · Суза
Асирија: Ашур · Нинива
Дур-Шарукин · Нимруд
Вавилонија · Халдејско Царство
Елам · Аморити
Хурити · Митани
Касити · Урарту
Хронологија
Кралеви на Сумерија
Кралеви на Асирија
Кралеви на Вавилонија
Јазик
Арамејски
Сумерски · Акадски
Еламски · Хуритски
Митологија
Енума Елиш
Гилгамеш · Мардук
Енлил · Енки
Нинурта · Нинлил

Акадските писари го пишувале својот јазик користејќи клинесто писмо, кое било претходно измислено од сумерците (клинести знаци втиснати во мокра глина). Акадските писари го користеле клинестото писмо за изразување на (а) сумерски логограм (сликовити знаци со значење на цели зборови), (б) сумерски слогови, (в) акадски слогови, или (г) фонетски комплементи. Клинестото писмо било на многу начини несоодветно за акадскиот јазик: меѓу останатите пропусти била и невозможноста да запише важни семитски фонеми, како глотални запрки, фарингиали и емфатични согласки. Покрај ова, клинестото писмо е слоговно — согласка плус самогласка сочинува една пишана единица — често несоодветна за еден семитски јазик сочинет од трисогласни корени (т.е. три согласки минус самогласките).

Фонологија

уреди

Колку што можеме да видиме од правописот на акадското клинесто писмо, во акадскиот јазик се губат еколку протосемитски фонеми. Протосемитските глотални и фарингални запирки , *ʿ и фрикативите *h, *ḥ, се губат како согласки, или по пормена на звучноста или ортаграфски, но од нив произлегува самоглсната одлика e непозната во протосемитскиот јазик. Меѓузабните и безвучните латерални фрикативи (, *ṣ́) се споиле со сибилантите (шушкавите самогласки) како кај хананските јазици, со тоа останувајќи на 19 согласни фонеми:

b p d t ṭ š z s ṣ l g k q ḫ m n r w y.
Согласки Звучни Безвучни Емфат. Носни Течни / Лизг.
Лабијални плозиви b [b] p [p] m [m] w [v]
Забни плозиви d [d] t [t] [tˁ] n [n] r [r], l [l]
Шушкави z [z] s [s], š [ʃ] [sˁ]
Палатална апроксиманта y [j]
Веларни плозиви g [g] k [k] q [kˁ]
Увуларна фрикатива [χ]

Има четири самогласки, со карактеристични самогласни должини:

a, e, i, u, ā, ē, ī, ū

Акадска граматика

уреди
 
Таблицata на потопот од епот за Гилгамеш на акадски јазик.

Акадскиот е флексивен јазик, и како семитски јазик, е граматички многу сличен на класичниот арапски. Разликувал два рода (машки и женски), кои се јавуваат и во заменките за второ лице (ти-маш., ти-жен.) и глаголските конјугации; три падежа за именки и придавки (номинатив, акузатив и генитив); три броја (еднина, двоина и множина); и уникатни глаголски конјугации за секоја заменка од прво, второ и трето лице.

Деклинацијата на акадските именки се одвива според род, број и падеж. Постојат три рода; машки, женски и заеднички. Заедничкиот род се јавува само во неколку именки. Постојат три падежи (номинатив, акузатив и генитив) и три броја (еднина, двоина и множина). Деклинацијата на предавките е идентична на онаа кај именките.

Акадските глаголи имаат тринаесет разни основи. Трите основни модификации на едноставната основа (I, или Grundstamm, G-Stamm) се удвојуваат на втората буква од основата (II или Doppelungsstamm, D-Stamm), š-наставка (III или Š-Stamm) или n-наставка (IV или N-Stamm). Втората група се прави со инфиксирање на слогот ta помеѓу првите две букви од коренот, создавајќи генерално рефлексивна група основи. Овие две групи од по четири основи се најчести во акадскиот јазик. третата група се прави со инфиксирање на слогот tan помеѓу првите две букви од коренот. Финаллната основа користи како š-настаквка, така и удвојување на втората буква од коренот.

Акадските глаголи обично имаат трисогласен корен, иако постојат такви и со две и четири согласки. Постојат три времиња: сегашно, историско минато (претерит) и пермансив. Сегашното време се користи за свршени дејствија, а преперитот за несвршени, додека пермансивното време изразува услов и обично зема честичка.

Акадскиот јазик, за разлика од арапскиот, има главно правилни множини (т.е. нема расчленета множина), иако некои зборови од машки род имаат женска множина. По ова, тој е сличен на хебрејскиот јазик.

Зборовен редослед

уреди

Редоследот на акадската реченица бил од типот подмет+прирок+глагол (ППГ), што го разликува од речиси сите други стаи семитски јазици како арапскиот и библискиот хебрејски, кои обично имаат реченици во обликот глагол-подмет-прирок (ГПП). Според една хипотеза се смета дека овој редослед е резултат на влијанијата од сумерскиот јазик, кој го има истот тој редослед. Според доказите, говирниците на овие два јазика биле во влиски односи и живееле во заедничко општество речиси 500 години, така што најверојатно се создал јазичен сојуз. Редоследот на зборовите се променил во периодот помеѓу 1 милениум п.н.е. и 1 милениум н.е., можеби под влијаније на арамејскиот јазик.

Акадска книжевност

уреди

Наводи

уреди
  • Bussmann, Hadumod (1996). Routledge Dictionary of Language and Linguistics. New York: Routledge. ISBN 0-415-20319-8
  • Caplice, Richard (1980). Introduction to Akkadian. Rome: Biblical Institute Press. (1983: ISBN 88-7653-440-7; 1988, 2002: ISBN 88-7653-566-7)
  • Huehnergard, John (2005). A Grammar of Akkadian (Второ издание). Eisenbrauns. ISBN 1-57506-922-9
  • Marcus, David (1978). A Manual of Akkadian. University Press of America. ISBN 0-8191-0608-9
  • Mercer, Samuel A B (1961). Introductory Assyrian Grammar. New York: F Ungar. ISBN 0-486-42815-X
  • Soden, Wolfram von (1952). Grundriss der akkadischen Grammatik. Analecta Orientalia 33. Roma: Pontificium Institutum Biblicum. (Трето изд.: ISBN 88-7653-258-7)

Надворешни врски

уреди