3 век п.н.е.
| ||||||||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | |||
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | |||
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |||
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 | |||
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 | |||
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 | |||
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 | |||
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 | |||
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 | |||
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
3 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 300 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 201 г. п.н.е. Овој историски период и припаѓа на класичната антика.
Во Средоземното Море, првите неколку децении од овој век се одликуваат со баланс на силите меѓу хеленистичките кралства на исток и големата трговска сила на Картагина на запад. Балансот бил нарушен со појавата на конфликт меѓу Картагина и Римската република.[1] Во следните децении, Картагина била прво понижена, а потоа уништена од Римјаните во Првата и Втората пунска војна. По Втората пунска војна, Рим станал најмоќната сила во западното Средоземје.
Во Индија, Ашока управувал со Мауријската империја. Во Тамилакам (јужна Индија), династиите Пандиа, Чола и Чера од класичниот период го доживеале својот подем.[2]
Во Кина, завршувал Периодот на завојуваните држави, откако Џин Ши Хуанг ги освоил другите држави и ја воспоставил краткотрајната Џин династија, која била првата кинеска империја по која во истиот век следела долготрајната Хан династија.[3] На Корејскиот полуостров, започнал протоисторискиот период. Во Монголија, Хунну биле на врвот од својата моќ.
Настани
уреди- 299 п.н.е.: Самнитите искористиле шанса додека Рим бил ангажиран на Ломбардската низина и ја започнале Третата самнитска војна со платеници од Галија и помошта на нивните сабињански и етрурски сојузници.
- 298 п.н.е.: Самнитите ги победиле Римјаните под водство на Луциј Корнелиј Скипион Барбат во Битката кај Камерина, која била првата битка од Третата самнитска војна.
- 293 п.н.е.: Кинеската држава Цин со победата во Битката кај Јик ја намалила заканата од државите Веи и Хан.
- Римските војски навлегле длабоко во самнитска територија и ги освоиле самнитските градови Тауразија, Бовијан Ветус и Ауфиден.
- Агатокле, кралот на Сиракуза, Сицилија, им помогнал на италијанските Грци против италското племе Брутијци.
- Птоломеј I Сотер конечно го довел бунтовниот регион Кирена под своја контрола. Власта ја препуштил на својот посинок Магас.
- Биндусара го наследил својот татко Чандрагупта Маурија како император на Мауријанската империја.
- Бил изграден театарот во Епидаур (со подоцнежни додатоци).
- 285 п.н.е.: Бил завршен Светилникот во Александрија.
- 281 п.н.е.: Антиох I Сотер, по атентатот на неговиот татко Селевк I Победникот, станал император на Селевкидската империја.
- 281 п.н.е.: Ахајскиот сојуз бил основан во Грција.
- 280 п.н.е.: Кралот Пир епирски ја нападнал Италија во обид да ги потчини Римјаните и да создаде нова империја со која тој би владеел.
- 280 п.н.е.: Изградбата на Колосот од Родос била завршена.
- 279 п.н.е.: Сингидунум и Таурунум, денешните Белград и Земун, биле основани од страна на Скордисците.
- Откако не успеал да ги порази Римјаните, кралот Пир епирски се повлекол од Италија.
- Миграција на Гали во Македонија, Тракија и Галатија.
- 273 п.н.е. - 232 п.н.е.: Ашока Велики владеел со Мауријската империја.
- 265 п.н.е.: Калингската војна се водела помеѓу Ашока Велики и кралство Калинга.
- 264 п.н.е.: Првата пунска војна се водела помеѓу Картагина и Римската република.
- 261 п.н.е.: Антиох II Теос, по смртта на својот татко, станал цар на Селевкидската империја.
- 260 п.н.е.: Битката на Чангпинг се водела помеѓу државата Цин и државата Џао во Кина и завршила со решителна победа на Цин.
- 260 п.н.е.: Ашока ги запишал Указите на Ашока.
- 258 п.н.е.: Ан Донг Вонг ја урнал династијата Хонг Банг во Виетнам.
- 257 п.н.е.: Династијата Тајц го освоила Виетнам.
- 243 п.н.е.: Изненадувачки напад врз македонскиот гарнизон во Коринт. Ширење на Ахајскиот сојуз.
- 241 п.н.е.: Првата пунска војна завршила со поразот на Картагина. Рим барал големи репарации и ги анектирал Сицилија и Корзика.
- 230 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Хан.
- 230 п.н.е.: Симука прогласил независност од власта на Мауријанците и ја основал Сатавахана империјата.
- 229 п.н.е.: Првата илирска војна завршува со победа на Римјаните.
- 229 п.н.е.: Последните тирани на Пелопонез абдицирале, Аргос се приклучил на Ахајскиот сојуз, а Атина била ослободена од македонскиот гарнизон.
- 227 п.н.е.: Обидот за атентат на Јин Ченг, кралот на државата Цин, од страна на Џинг Ке од Јан бил неуспешен.
- 225 п.н.е.: Римјаните во Битката кај Теламон ја победиле голема галска армија.
- 225 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Веи.
- 223 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Чу.
- 222 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Јан и Жао.
- 222 п.н.е.: Со поразот на Спарта во Битката кај Селасија завршила Клеоменовата војна.
- 221 п.н.е.: Со освојувањето на државата Чи, Чин Ше Хуанг ја обединил цела Кина во една империја во која бил вклучен и северен Виетнам, формирајќи ја династијата Цин.
- 218 п.н.е.: Започнала Втората пунска војна. Ханибал Барка со својата војска ги преминал Алпите и го нападнал средишниот дел на Рим.
- 216 п.н.е.: Ханибал славно ги победил римските легии во Битката кај Кане.
- 214 п.н.е.: Чин Ше Хуанг на кинеската династија Цин ја наредил изградбата на Кинескиот ѕид.
- 208 п.н.е.: Чеу Ву Де го победил виетнамскиот крал Ан Донг Вонг.
- 207 п.н.е.: Чеу Ву Де ја основал Чеу династија во Виетнам.
- 206 п.н.е. - 202 п.н.е.: Граѓанска војна меѓу бунтовниците Чу и Хан во Кина по падот на династијата Цин.
- 202 п.н.е.: Римјани ја поразиле Картагина, со што завршила Втората пунска војна. Картагина ги изгубила сите свои територии освен главниот град, а Римјаните и наметнале тешки репарации.
- Индиски трговци редовно ја посетувале Арабија.
- Скитите го окупирале Согдијана, во денешен Узбекистан.
- Била основана кинеската Хан династија (202 п.н.е. - 220 н.е.).
Личности
уредиПолитика и влада
уреди- Апиј Клавдиј Цек, римски државник
- Арат од Сикион, грчки државник
- Арсиноја II, птоломејска кралица и совладетел на Египет
- Ашока, мауријски владетел на Индија
- Бај Ци, кинески генерал
- Биндусара, владетел на Мауријската империја
- Ванг Џианг, кинески генерал
- Гау Цеу, кинески цар и основач на Хан династијата
- Гај Латуциј Катул, римски генерал
- Диодот I, прв владетел на Грчко-бактријско кралство
- Занг Лиан, кинески стратег и државник
- Илемчетчениј, владетел на јужна Индија
- Квинт Фабиј Максим Верукос, римски генерал и политичар
- Ксантип од Картагина, грчки генерал
- Ксијан Јуи, кинески бунтовнички генерал против династијата Цин
- Лиан По, кинески генерал
- Ли Бинг, кинески администратор и инженер
- Ли Му, кинески генерал
- Ли Си, кинески канцелар на Цин династијата
- Лу Бувеи, кинески трговец и канцелар на династијата Цин
- Лин Ксијангру, кинески политичар
- Магон Барка, картагински генерал
- Маниј Куриј Дентат, римски генерал
- Марко Атилиј Регул, римски генерал
- Марко Клавдиј Марцел, римски генерал
- Марко Порциј Катон Постариот, римски државник и писател
- Масиниса, крал на Нумидија
- Мен Тиан, кинески генерал
- Маудун, поглавар на Хунну
- Птоломеј I, фараон на Египет
- Птоломеј II, фараон на Египет
- Пир Епирски, крал на Епир
- Публиј Корнелиј Скипион Африканец, римски генерал и политичар
- Сјао Хе, кинески државник и канцелар на династијата Хан
- Филип V Македонски, крал на Македонија
- Хамилкар Барка, картагински генерал и политичар
- Хан Ксин, кинески генерал
- Ханибал Барка, картагински генерал и политичар
- Ханон II Велики, картагински политичар
- Хаздрубал Барка, картагински генерал
- Чеу Ву Де, кинески воен командант кој го покорил виетнамското кралство Ау Лак
- Џаосјан-ван, кинески крал на државата Цин
Литература
уреди- Аполониј од Родос, грчки поет
- Арат од Солиј, грчки поет
- Гнеј Невиј, римски поет
- Калимах, грчки поет и критичар
- Менандар, грчки комедиограф
- Менип, грчки сатиричар
- Плавт, најпознатиот писател на комедии во римската книжевност
- Сун Јуј, кинески поет
- Теокрит, грчки поет
- Ќи Јуен, кинески книжевник и државник
Наука и филозофија
уреди- Аполониј од Пергам, грчки математичар
- Аркесилај, грчки филозоф
- Архимед, грчки математичар, физичар и инженер
- Аристрах од Самос, грчки астроном и математичар
- Аристил, грчки астроном
- Берос, хеленистичко-вавилонски историчар и астроном
- Деметриј од Фалерон, грчки филозоф и оратор
- Дикеарх, грчки филозоф и научник
- Епикур, грчки филозоф
- Ератостен, грчки математичар, географ и астроном
- Евклид, грчки математичар, геометар
- Зенодот, грчки граматичар и книжевник
- Зенон од Китиум, грчки филозоф и основач на стоичката филозофија
- Конон од Самос, грчки астроном
- Манетон, хеленистичко-египетски историчар
- Менг-Це, кинески филозоф
- Пирон, грчки филозоф
- Сјин-це, кинески конфуцијански филозоф
- Теофраст, грчки филозоф
- Тимон од Флиунт, грчки филозоф
- Филон од Византион, грчки физичар и инженер
- Хан Феј, кинески филозоф
Откритија
уреди- Ератостен точно го пресметал пречникот на Земјата со камили и сенки.
- Играта Го (или Веиќи), која е мислена, стратегиска игра станува длабоко вкоренета во кинеската култура, а се смета дека потекнува уште од II милениум п.н.е.
- Во 293 г. п.н.е. бил пронајден првиот римски сончев часовник.
- Архимедов навој била пумпа која се користела за подигање на течности на повисоко ниво
- Бил пронајден музичкиот инструмент хидраулис, кој е претходник на оргулите, од страна на Ктесибиј, грчки инженер кој работел во Александрија.
- Кинескиот царот Хан Гаоџу открил елабориран механички куклен театар во ризницата на претходниот владетел Чин Ше Хуанг.
- Огромниот Ду Цејанг Јан систем за наводнување во Кина бил изграден од Ли Бин во кинеската провинција Сечуан, во 256 г. п.н.е.
- Била изградена гробницата „Гробот на мирот“ во Черветери.
- Кинеската свила за првпат стигнала на европскиот пазар.
- Армиларни сфери, стара астрономска направа за мерење на координати на небесните тела, се користела како наставна алатка по астрономија.