Антиохија
Антиохија (полн назив: Антиохија на Оронт; грчки: Αντιόχεια η επί Δάφνη, Αντιόχεια ή επί Ορόντου или Αντιόχεια η Μεγάλη; латински: Antiochia ad Orontem; арапски: انتاكيّة; турски: Antakya) е древен град кој се наоѓа на Блискиот Исток, 30 километри од морето на левата страна од реката Оронт.
Ἀντιόχεια ἡ ἐπὶ Ὀρόντου Предлошка:Grc | |
Карта на Антиохија во римско и рановизантиско време | |
Друг назив | Антиохија Сириска |
---|---|
Место | Антакија, Турција |
Координати | 36°12′17″N 36°10′54″E / 36.20472° СГШ; 36.18167° ИГД |
Вид | град |
Површина | 15 км2 |
Историја | |
Градител | Селевк I Победникот |
Изграденo | 300 п.н.е. |
Раздобје | старомакедонски период до среден век |
Култури | Грци, Римјани, Ерменци, Арапи, Турци |
Настани | Прва крстоносна војна |
Белешки за наоѓалиштето | |
Ископување | 1932–1939 |
Состојба | претежно потрупана |
Градот бил основан во 300 п.н.е. од Селевк I Никатор со името Антиохија. Овој град бил престолнина на Селевкидското царство до 64 п.н.е., кога бил преземен од страна на Римјаните и станал центар на провинцијата Сирија. Во рамките на Римското Царство тој е третиот по големина град по Рим и Александрија. Антиохија е важен центар на христијанството, седиште на една од првите четири патријаршии. Значењето на градот се намалило кога бил разрушен од страна на египетскиот султан Баибарс I.
Историја
уредиХристијанство
уредиПовеќемина истражувачи сметаат дека во Антиохија се случил еден фундаментален настан поврзан со христијанството, а тоа е пишувањето на Евангелието по Матеј.
Познато е дека во Антиохија прво се христијанизирале паганите.
Во „Дела на светите апостоли“ (11,25-26), за присуството на Апостол Павле и Апостол Варнава во Антиохија, пишува: „Во Антиохија, учениците, и тоа за првпат, беа наречени христијани“.
Во времето кога христијанската црква била прогласена како државна во Римското Царство, Антиохиската станала една од петте рани епископии познат како Пентархија.
Во времето на Крстоносните војни, градот станал седиште на Кнежевство Антиохија. Опсадата на градот траела во периодот од 21 октомври 1097 до 3 јуни 1098 година. Кнежевството опстојувало до 1268 година.
Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |