Пиринејски Полуостров
Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпан. и пор. Península Ibérica) е сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.
![]() Сателитска слика на Пиринејскиот Полуостров. | |
Географија | |
---|---|
Место | Западна Европа |
Координати | 43°N 4°W / 43° СГШ; 4° ЗГД |
Површина | 581.471,1 км2 |
Највисока кота | Муласен |
Управување | |
Најголема населба | Андора ла Веља |
Најголема населба населба | Гибралтар |
Најголема населба | Лисабон |
Најголема населба | Мадрид |
Најголема населба | Фон-Роме-Одејо-Вија |
Демографија | |
Демоним | пиринејски |
Население | ~53 милиони |
Етнички групи | Андорци, Гибралтарци, Португалци, Шпанци |
Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат ни него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.
Држави и територииУреди
- Шпанија, зазема најголем дел од Иберија
- Португалија, го зазема западниот дел
- Андора, мала минорна државичка која се граничи со Франција и Шпанија
- Гибралтар, британска територија која се наоѓа во најјужниот дел
ЈазициУреди
- Андора
- Гибралтар
- Португалија
- португалски
- мирандски (официјално признаен)
- Шпанија
- баскиски
- шпански (наречен и кастилјански)
- Каталонски (наречен и валенсиски)
- галициски
- астурски (официјално признаен)
- окситански (локално: арански, официјално признаен)
Предримски јазициУреди
На Пиринејскиот Полуостров пред римското владеење се говореле следиве јазици:
ИсторијаУреди
Во 711 година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик ибн-Зијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г, и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи.
Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, сè до завршувањето на Наполеоновите војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелиља), територијата Гибралтар и Андора.
ПоврзаноУреди
„Пиринејски Полуостров“ на Ризницата ? |