Урук
Урук бил древен град во Сумер, подоцна Вавилон, сместен источно од денешниот тек на реката Еуфрат, на линија на древниот канал Нил, во област со мочуришта, околу 230 километри југозападно од Багдад. Сè уште постои непотврдена теорема дека Ирак го добил своето име од Урук. Овој град имал околу 80.000 жители кои живееле во 6 километри квадратни, опкружени со ѕид. Во тоа време, ова го правело најголем град во светот. Бил еден од најстарите и најважните градови во Сумер. Претставувал претстолнина на Гилгамеш, главниот јунак на истоимениот еп. За ѕидовите се тврди дека се изградени по наредба на Гилгамеш, или поверојатно, неговиот претходник Енмеркар, на кого му се препишува и изградбата на храмот Eanna, посветен на богинката Inanna (Иштар). Овој град одиграл важна политичка улога од најраните времиња. Неговата важност е до 2004. година пред нова ера, кога тешко страда во борбрата на Вавилонците против Еламитите. Овие судири се прикажани во епот за Гилгамеш, при што истиот претставува извор на податоци од тоа време.