Ново Кралство
Новото Египетско Кралство, е период од древната египетска историја меѓу 16 век п.н.е. и 11 век п.н.е., и ги сочинувало Осумнаесеттата, Деветнаесеттата и Дваесеттата египетска династија. Новото Кралство се појавило по Вториот преоден период и по него следувал Третиот преоден период. Египет во ова време најмногу просперирал и го достигнал зенитот на својата моќ.[1]
Ново Египетско Кралство | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
околу 1550 п.н.е.–околу 1069 п.н.е. | |||||||||
Главен град | Tеба (Тива): (1550 п.н.е. - околу 1352 п.н.е.) - XVII династија и XVIII династија пред Ехнатон
Ехнатон: (околу 1352 п.н.е. - околу 1336 п.н.е.) - Ехнатон од XVIII династија Теба (Тива): (околу 1336 п.н.е. - 1279 п.н.е.) - XVIII династија и XIX династија пред Рамзес II Пер-Рамзес: (околу 1279 п.н.е. - околу 1069 п.н.е.) - XIX династија почнувајќи од Рамзес II и дваесеттата династија | ||||||||
Говорени јазици | Египетски, Нубиски | ||||||||
Вероисповед | Старо египетска религија | ||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||
Фараон | |||||||||
• околу 1550 п.н.е.-околу 1525 п.н.е. | Ахмос I (прв) | ||||||||
• околу 1099 п.н.е.-околу 1069 п.н.е. | Рамзес XI (последен) | ||||||||
Историја | |||||||||
• Основана | околу 1550 п.н.е. | ||||||||
• Престанала да постои | околу 1069 п.н.е. | ||||||||
|
Подоцнежниот дел од овој период, за време на Деветнаесеттата и Дваесеттата династија (1292-1069 пне) се нарекува Рамзесов период, по единаесетте фараони кои го зеле името Рамзес.
Радиојаглеродното датирање укажува дека Новото Кралство можеби се појавило неколку години порано од општо сметаната 1550 година п.н.е.. Датирањето укажува на почеток околу 1570-1544 година пне, при што средна година е 1557 година пне.[2]
Најверојатно како резултат од владеењето на Хиксите за време на Вториот преоден период, во Новото Кралство имало обиди да се создаде тампон зона меѓу Левантот и Египет и го достигнало најголемото територијално проширување. Слично на тоа, како одговор на нападите во 17 век од Кушанското Кралство, Новото Кралство сметало дека мора да се прошири на југ до Нубија и да контролира големи територии на Блискиот Исток. Египетските војски се бореле со хетските војски за контрола на територијата на денешна Сирија.
Осумнаесетта династија
уредиОд Осумнаесеттата династија потекнувале некои од најпознатите египетски фараони, вклучувајќи ги Ахмос I, Хатшепсут, Тутмос III, Аменхотеп III, Ехнатон и Тутанкамон. Кралицата Хатшепсут се концентрирала на зголемување на надворешната трговија со испраќање на трговски експедиции до земјата Пунт. Тутмос III (“египетскиот Наполеон”) ја зголемил египетската војска и ја користел успешно, консолидирајќи го кралството оставено од неговите претходници. Како Бонапартна ова, Египет го достигнал својот зенит за време на владеењето на Аменхотеп III.
Еден од најпознатите фараони од 18 династија бил Аменхотеп IV, кој си го променил името во Ехнатон во чест на Атон и ова верување во Атон често се смета за прв пример на монотеизам. Верскиот ентузијазам на Ехнатон се смета за причина поради која тој е избришан од египетската историја. За време на неговото владеење, египетската уметност од 14 век п.н.е. процветала и добила недостижно ниво на реалност.
Кон крајот на 18 династија, ситуацијата радикално се променила. Поради незаинтересираноста на Ехнатон за надворешните работи, Хетите постепено го прошириле своето влијание во Феникија и Канан и станале голема сила во меѓународната политика-сила со која и Сети I и неговиот син Рамзес II ќе треба да се справуваат за време на 19 династија.
Деветнаесетта династија
уредиРамзес II (“Велики”) барал да ги врати териториите на Левантот кои биле египетски за време на 18 династија. Неговите походи за освојување кулминирале со Битката кај Кадеш, каде тој ги предводел египетските војски против хетскиот крал Муваталиш II и паднал во првата стапица забележана во историјата, но Рамзес успеал да ги собере своите војници и да ја сврти битката во негова корист, благодарение на пристигнувањето на Не’арин. Исходот на битката не бил решен и двете страни тврделе дека биле победници по враќањето дома, што резултирало со мировен договор меѓу двете држави.
Рамзес II исто така е познат по тоа што имал многу деца од различни жени и конкубини; гробовите кои ги изградил за своите синови (од кои многу надживеал), биле сместени во Долината на Кралевите , место што се смета за најголем погребен комплекс во Египет.
Неговите директни наследници продолжиле со воените походи, но поради се потешките домашни проблеми–што довеле до качување на Аменмес (узурпатор) на престолот – им било се потешко да ја задржат власта делотворно без никакви инциденти.
Дваесетта династија
уредиПоследниот “велик” фараон од Новото Кралство се главно се смета дека е Рамзес III, фараон од Дваесеттата династија кој владеел неколку децении по Рамзес II.
Во осмата година од неговото владеење, Морските народи го нападнале Египет и на копно и од вода. Рамзес III ги поразил во две големи и познати битки на копно и на вода. Тој тврдел дека ги направил поданици и ги населил во јужен Ханаан иако постојат докази дека тие насилно навлегувале во Ханаан. Нивното присуство во Ханаан, придонело во создавањето на нови држави како Филистија во овој регион, по пропаѓањето на Египетското Кралство. Тој исто така морал да се бори против нападите на либиските племиња во два походи во западната делта на Нил во шестата и единаесеттата година од неговото владеење.[3]
Големите трошоци од овие битки полека ја испразниле касата на Египет и придонеле во постепеното намалување на Египетското Кралство во Азија. Тежината на овие проблеми е нагласена со фактот дека првиот штрајк забележан во историјата се случил во 29 година од владеењето на Рамзес III, кога храната не им била доставена за омилените и најпознати градители на гробници во селото Деир ел Медина.[4] Нешто во воздухот ја попречувало светлината да навлезе до земјата и со ова се забавил растот на дрвјата насекаде во траење од две децении сè до 1140 година п.н.е..[5] Еден предложена причина е ерупцијата на вулканот Хекла на Исланд, но датирањето останува оспорувано.
По смртта на Рамзес III постоеле бескрајни расправии меѓу неговите наследници. Тројца од неговите синови ќе владеат како Рамзес IV, Рамзес VI и Рамзес VIII. Сепак во ова време Египет се соочувал со серија суши, мало надоаѓање на вода од Нил, глад, граѓански немири и официјална корупција. Моќта на последниот фараон Рамзес XI, толку се намалила, што на југ свештениците на Амун во Теба станале де факто владетели на Горен Египет, додека Смендес го контролирал Долен Египет дури и пред смртта на Рамзес XI. Потоа Смендес ја основал Дваесет и првата династија во Танис.
Наводи
уреди- ↑ Shaw, Ian, уред. (2000). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. стр. 481. ISBN 0-19-815034-2.
- ↑ Christopher Bronk Ramsey et al., Radiocarbon-Based Chronology for Dynastic Egypt, Science 18 June 2010: Vol. 328. no. 5985, pp. 1554-1557.
- ↑ Nicolas Grimal, A History of Ancient Egypt, Blackwell Books, 1992. p.271
- ↑ William F. Edgerton, "The Strikes in Ramses III's Twenty-Ninth Year," JNES 10, no. 3 (July 1951), pp. 137-145.
- ↑ Frank J. Yurco, "End of the Late Bronze Age and Other Crisis Periods: A Volcanic Cause," in Gold of Praise: Studies on Ancient Egypt in Honor of Edward F. Wente, ed: Emily Teeter & John Larson, (SAOC 58) 1999, pp. 456-458.
Слики
уреди-
Абу Симбел
-
Храмот Абу Симбел на Рамзес II
-
Детали од храмот Абу Симбел на Рамзес II
-
Храмот на Нефертари кај Абу Симбел
-
Колосите од Мемнон
-
Кралицата Ахмос-Нефертари
-
Тутмос III
-
Џиновска статуа на Рамзес II
-
Хатшепсут како Сфингата
-
Queen Hatshepsut's Temple
-
Тије
-
Ехнатон
-
Ехнатон
-
Биста на Нефертити
-
Кралот Тутанакамон