Сократ
Сократ (4 јуни, 470 п.н.е. — 399 п.н.е), (грчки: Σωκράτης) — старогрчки (атински) филозоф, една од најзначајните икони на западната филозофска традиција. Тој не предложил никакво конкретно знаење или политика. Тој покажал како аргументот, дебатата и расправата можат да им помогнат на луѓето да ги разберат тешките проблеми. Повеќето прашања со кои се занимавал биле само политички на површината. Под нив, тие всушност биле морални прашања за тоа како треба да се живее.[2]
Сократ | |
---|---|
Мермерна глава на Сократ | |
Роден(а) | ок. 470 п.н.е[1] Алопеке, Атина |
Починал(а) | 399 п.н.е (отприлика 71 г.) Атина |
Причина за смрт | Отров |
Период | Античка филозофија |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Класична грчка филозофија |
Претежна дејност | Епистемологија, етика, теологија |
Значајни идеи | Сократов метод |
Животопис
уредиСократ е роден во Атина. Го напуштил занаетот на татка си (каменорежач) и сиот свој живот го посветил на филозофијата. За него се знае дека имал една ќерка со куртизаната Лагиска.[3] Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски вели дека децата на Сократ повеќе личела на мајката, т.е. биле глупави.[4]
Сократ никогаш не напишал нешто. Сето она што го знаеме за Сократ е од она што другите луѓе го напишале за него. Нашиот главен извор за Сократ е од списите на неговиот ученик Платон. Некои од дијалозите на Платон, како што се „Критон“ и „Федон“, се лабаво засновани врз факти. Тие не се пишани записи, туку уметнички пресоздавања на Сократ.[2]
Меѓу учениците на Сократ биле и двајца млади атински благородници: Алкибијад и Критија, кои подоцна станале политичари и биле осудени поради завера против републиката и за учество во аристократската олигархија (т.н. Триесетмина) која Спартанците ѝ ја наметнале на Атина. Оттука, тројца граѓани — Мелет, Анит и Ликон, покренале обвиненија против Сократ, а на крајот од судењето тој бил осуден на смрт.[5]
Сократов метод
уредиСократ одел меѓу луѓето, разговарал со нив, ги терал на размислување, едностојно им поставувал прашања, а на одговорите други прашања. За него основен проблем е човекот, пред сѐ; неговото однесување во етичката сфера и во политичката. Тој решително им се спротивставувал на софистите, а пред сѐ, на нивниот реализам и субјективизам, сметајќи дека човекот можел да пронајде знаења кои важат општо и нужно. Сократ ги воодушевувал младите, но кај влијателните, авторитетите и власта, предизвикувал незадоволство од подбивот на кој ги излагал. Аристотел, исто така, тврдел дека овој метод не е погоден за етиката.
Сократ му поставувал прашања на кои собеседникот одговарал, но така вешто ги поставувал прашањето, што го принудувал соговорникот да признае дека не го знае она за кое на почетокот тврдел дека го знае, зашто инаку би се судрил со логичките закони. Тоа е оној дел од методичката процедура која се викала иронија. Вториот дел од постапката се состои во тоа што собеседникот со прашањата постепено, одејќи од блиското кон подалечното да дојде до дефиниција на поимот за кој се спори и со тоа да се постигне вистинско знаење. Овој создавачки дел од вештината се темели на изреката: „Познај се самиот себеси“.
Постојат некои клучни принципи за овој вид настава:
- Наставникот и ученикот мора да се согласат на темата на предавањето.
- Ученикот мора да се согласи да се обиде да одговори на прашањата на наставникот.
- Наставникот и ученикот мора да бидат подготвени да го прифатат кој и да било разумен одговор.
- Прашањата на наставникот мора да се изложуваат на грешки во размислувањето или верувањата од страна на учениците. Со други зборови, наставникот мора да мисли побрзо и попрецизно од учениците, да ги открива грешките во размислувањето на ученикот, а потоа да формулира прашања коишто учениците не можат да одговорат, ако не ги исполнуваат условите на мисловниот процес.
Филозофија
уредиСократ не напишал ништо, но неговата филозофија е зачувана во делата на Платон („Дијалози“) и Ксенофонт („Спомени“). Со својот метод, наречен сократовски, тој поставувал прашања на кој собеседникот одговарал, но така вешто му го поставувал прашањето што го принудувал самиот него, за она што на почетокот тврдел дека го знае да признае дека не знае, зашто инаку би се судрил со логичките закони. Тоа е оној дел од методичката процедура која се викала иронија. Вториот дел од постапката се состои во тоа што собеседникот со прашањата постепено, одејќи од блиското кон подалечното да дојде до дефиниција на поимот за кој се спори и со тоа да се постигне вистинско знаење. Овој создавачки дел од вештината се темели на изреката: „Познај се самиот себеси“. При тоа Сократ играл улога на „акушер “ кој помагал да се раѓаат здрави духовни „деца“ - суждениjа. Сократ ги воодушевувал младите, но кај влијателните, авторитетие и власта предизвикувал незадоволство од подбивот на кој ги излагал.
Исто така, Сократ сметал дека знаењето е добро а незнањето е зло. Тој бил противник на демократијата и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното што Сократ го придонел во филозофијата. Од Сократ потекнуваат повеќе школи: мегарската, киничката и киренската.
Смртта на Сократ
уредиОбвинувањата
уредиВо 399 година п.н.е., кога Сократ бил старец, тројца граѓани — Мелет, Анит и Ликон — покренале обвиненија против Сократ. Веднаш потоа се одржало судење. Во Стара Атина постапката била доста поразлична од денешната. Од граѓаните било составено жири од 500 мажи. И обвинувачите и обвинетиот морале да одржат говори лично пред поротата. Вината или невиноста била донесувана од мнозинството гласови. Немало предвидена казна ако пресудата била „виновна“. И обвинувачот и обвинетиот држеле говори предлагајќи каква казна треба да биде. Повторно се гласало.[6]
Против него имало две обвиненија. Општата тема била дека Сократ е закана за општеството. Првото обвинение било за ерес — неверување во боговите. Веројатно имало за цел да предизвика предрасуди кај поротниците. Всушност, Сократ ги почитувал сите правилни постапки на религијата од неговото време. Обвинението било успешно искористено против друг филозоф, Анаксагора.[6]
Второто обвинение било дека тој ја расипал младината со своите учења. Што се мисли под ова? Очигледно, ова не било за неговиот личен однос со неговите ученици. Се работело за начинот на кој Сократ влијаел врз нивните политички ставови. Во неговиот круг биле вклучени голем број десничарски аристократи, чии идеи сега ги отфрлиле повеќето граѓани. Сјајниот Алкибијад, некогаш голем водач на Атина, сега се сметал за предавник.[6]
Судскиот процес
уредиКритон, пријател на Сократ, незаконски им платил на затворските чувари да му дозволат на Сократ да избега. Сократ, сепак, решил да не избега. Кога му се судело, тој одржал долг говор за да се одбрани од тврдењата изнесени од атинската влада. Ја имаме верзијата на Платон за тоа како Сократ се бранел во „Апологија“. Започнува:
„Не знам каков ефект имаа моите обвинувачи врз вас, господа, но од моја страна бев занесен од нив — нивните аргументи беа толку убедливи. Од друга страна, аргументите беа толку оскудни, што едвај еден збор од она што го рекоа беше вистина“.[7]
Пресудата
уредиКога од Сократ било замолено да предложи казна, тој рекол дека владата треба да му дава бесплатни вечери до крајот на животот за сето добро што го направил за општеството. Судот одржал гласање помеѓу давање парична казна на Сократ или негово осудување. Пресудата била да му се даде смртна казна на Сократ.
Смртта
уредиСократ не се плашел од смртта. Тој не се обидел да ја избегне смртта извинувајќи се за своите постапки, бидејќи сметал дека е морално исправно да се држи до неговите начела. На Сократ му било наредено да испие чаша отров (бучумиш). Тој го испил и починал бргу.
Платон за судењето и смртта на Сократ
уредиПостојат неколку дијалози на Платон кои директно се занимаваат со судењето на Сократ и периодот до неговата смрт. Тие, по редослед на настаните, се:
- Апологија, или Извинувањето — Ова се однесува особено на одбраната на Сократ на неговото судење. Се смета за точна во суштина, а можеби и детално.
- Критон — Ова се однесува на месецот помеѓу неговото судење и неговата смрт. Тука, Сократ му објаснил на својот пријател Критон, зошто нема да избега и да им дозволи на неговите пријатели да ги подмитат чуварите.
- Федон — Ова е подоцнежнo дело. Напишано е како од очевидец, на последниот ден од животот на Сократ. Во делото, Федон од Елида известува пред група пријатели за тоа што рече Сократ на неговиот последен ден. Ова се нарекува „пријавен дијалог“ или еден дијалог внатре во друг. Федон е подолг од другите две дела.
Значење и влијание
уредиВо прологот на „Гаргантуа“, Франсоа Рабле го нарекува Сократ „неоспорен кнез на филозофите“.[8] Од друга страна, во делото „Ecce Homo“, Фридрих Ниче го смета Сократ за орудие на грчкото распаѓање и го нарекува „декадент“.[9] Во својата комедија „Облаци“, Аристофан се потсмева со Сократ, велејќи дека еднаш фатил болва и ѝ ја ставил ногата во растопен восок и така ѝ направил папуча, а потоа ѝ ја собул оладената папуча и на тој начин ја измерил должината на скокот на болвата.[10] Во 1971 година, италијанскиот режисер Роберто Роселини го снимил филмот „Сократ“ во кој се прикажани неговото судење и смртта.[11]
Наводи
уреди- ↑ Kraut, Richard (16 August 2017). „Socrates“. Encyclopedia Britannica. Encyclopedia Britannica, Inc. Архивирано од изворникот 20 October 2017. Посетено на 20 November 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Платон. Последните денови на Сократ (The last days of Socrates). Превод и вовед од Хју Треденик. Пингвин, Лондон
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 118-119.
- ↑ Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 32.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 357-358.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Платон. Последните денови на Сократ (The last days of Socrates). Превод и вовед од Хју Треденик. Пингвин, Лондон - стр. 17
- ↑ Платон. Последните денови на Сократ (The last days of Socrates). Превод и вовед од Хју Треденик. Пингвин, Лондон - стр. 19
- ↑ Fransoa Rable, Gargantua. Beograd: Rad, 1963, стр. 7.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 84-85.
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 117-118.
- ↑ HRT, Sokrat, talijanski film (пристапено на 22.12.2019)