Клинесто писмо
Клинесто писмо е едно од најстарите писма. Го создале Сумерите во доцниот 4 милениум п.н.е., како пиктограмски систем.[2]
Клинесто писмо | |
---|---|
Тип | и слоговно |
Период | ок. 3100 п.н.е. – 2 век н.е.[1] |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Регион | Сумер |
Јазици | Сумерски, акадски, еблански, еламски, хетски, хуритски, лувиски, урартски, палајски, арамејски, староперсиски |
Сродни писма | |
Матични системи | |
Изведени системи | Нема |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Xsux, 020 , Cuneiform, Sumero-Akkadian |
Уникод | |
Уникоден назив | Cuneiform |
| |
Клинестото писмо се пишувало на глинени плочки, во кои се втиснувале знаците со парче трска (стилус). Отисоците имале форма на клин, по што писмото го добило името.
Историја
уредиСистемот на пишување со клинесто писмо се користел пред повеќе од три милениуми во Сумер; а последната употреба е забележана во 75 година.
Клинестото писмо претрпело битни промени со текот на времето. Сликата што следи го прикажува развојот на знакот САГ „глава“.
Опис по стадиуми:
- го прикажува пиктограмот како што е цртан околу 3000 г. п.н.е.
- прикажува ротиран пиктограм, каков што се употребувал околу 2800 г. п.н.е.
- прикажува апстрактен глиф во архаични монументални натписи, околу 2600 г. п.н.е.
- го прикажува знакот како што е пиуван во глина во исто време како и стадиум 3
- го претставува доцниот трет милениум п.н.е.
- староасирскиот знак од раниот втор милениум, како што го користеле Хетитите
- поедноставен знак каков што го пишувале асирските писари во раниот прв милениум п.н.е. сè до изумирањето на писмото.
Период на првото писмо
уредиКлинестото писмо се развило од сликовито пра-писмо кое постоело во доцниот четврт милениум пред нашата ера, од блискиот источен систем за водење сметководство. Месопотамскиот „прото“ период го опфаќа периодот од 35 век до 32 век п.н.е. Првиот документ напишан на сумерски датира од 31 век п.н.е., најден во Џемдет Наср, Ирак.
На почеток, пиктографските знаци биле цртани на глинени плочи во вертикални колони со остра обична црвена трска или биле резбани во камен. Овој прв стил на пишување ја немал карактеристичната форма на клин.
Знаците што укажувале на имиња на богови, земји, градови, садови, птици, дрвја, итн., се познати како „определувачки“, а биле сумерски знаци на предметните термини, додадени како водич за читателот. Имињата продолжиле да се пишуваат на чисто „логографски“ начин.
Првиот сумерскиот крал чие име се појавило на глинените плочки бил Енмебарагеси од Киш. Од околу 2900 г. п.н.е., голем дел од пиктографските знаци почнале да ја губат својата првобитна функција, со тоа што еден знак можел да има различни значења во зависност од контекстот. Бројот на знаци се намалил од 1500 на 600 знаци, а пишувањето станало фонолошко. Според тоа, употребата на клинетото писмо се создала од попримитивен систем на пиктографско писмо, некаде во бронзено време.
Архаична клинеста форма
уредиКон средината на третиот милениум пред нашата ера, правецот на пишување се сменил кон лево-десно, и колоните станале хоризонтални наместо вертикални, со што пиктограмите биле свртени за 90° во правец на стрелките на часовникот. Исто така почнала да се употребува формата налик на клин („клинеста форма“). Со овој развој, пишувањето станало побрзо и полесно.
Плочките на кои се пишувало можеле да бидат испечени со што се зачувувале подолго, или можеле да бидат рециклирани ако текстот не бил важен за чување. Повеќето од глинените плочки најдени од археолозите биле во зачувана форма само затоа што гореле при пожари настанати при напади на војските.
Ова писмо било користено и на комеморативните стели, како и на записите за постигнувањата на владетелот во чија чест бил подигнат споменик.
Говорниот јазик содржел бројни хомофони, а на почетокот зборовите кои имале сличен изговор биле пишувани со ист симбол, како на пример „живот“ [тил] и „стрела“ [ти]. Откако Семитите ја освоиле јужна Месопотамија, некои од знаците биле изменети, од пиктограми во слогограми, најверојатно за да се појасни при пишувањето. Зборовите кои звучеле слично, добиле посебни знаци, па сега слогот „гу“ добил четиринаесет различни симболи. Зборовите со слично значење, но различен изговор, биле пишувани со ист симбол. На пример, зборот „заб“ [зу], „уста“ [ка] и „глас“ [гу] биле сите исто запишувани со симболот за „глас“.
Со комбинирање на знаците се доаѓало до вистинското значење што треба да се пренесе, а за таа цел се додавале геометриски шеми или дополнителен симбол. Со тек на време, клинестото писмо добивало сложена и посебна форма. Некои симболи добивале повеќе значења, така што комбинирани означувале посебно значење.
Пишаниот сумерски јазик се користел до првиот век од нашата ера, додека говорниот јазик изумрел околу 18 век п.н.е.
Акадско клинесто писмо
уредиАрхаичното клинесто писмо го користеле во Акад од 23 век п.н.е. и до 20 век п.н.е. еволуирало во „старо асирко клинесто писмо“, со бројни измени во правописот. Семитските јазици користеле исти знаци. Во тој период, пиктограмите биле редуцирани, и биле сведени на пет основни клинести форми: хоризонтална, вертикална, две дијагонални, и вертикална или аголна според слоговите. Знаците кои се пример за овие основни клинести форими се:
Надворешни врски
уреди„Клинесто писмо“ на Ризницата ? |
- Акадски фонт
- Појава и развој
- Клинесто писмо од Вавилон Архивирано на 19 април 2014 г.
Наводи
уреди- ↑ Adkins 2003, p. 47.
- ↑ Египетските хиероглифи се појавиле во истиот период, и не се знае точно кое од двете писма е прво. Видете: Visible Language. Inventions of Writing in the Ancient Middle East and Beyond Архивирано на 26 август 2021 г., Oriental Institute Museum Publications, 32, Chicago: University of Chicago, p. 13, ISBN 978-1-885923-76-9