Лао-це

(Пренасочено од Лао Це)

Лао-це (кинески: 老子 — важна фигура во кинеската филозофија, чие историско постоење е под знак прашање. Кинеската традиција смета дека тој живеел во 6 век п.н.е., но многу модерни историчари тврдат дека тој можеби живеел приближно во 4 век п.н.е., за време на Стоте Школи на Мислата и Периодот на Завојувани Држави. На него му се припишува најважното таоистичко дело, Тао Те Чинг ((道德經)), и тој претставува популарно божество во таоизмот (една од трите најголеми модерни религии во Кина)

Лао-це

Почесното име на Лао-це е стариот мајстор. Во својата книга Тао Те Чинг тој говори за принципот тао (што е апсолутен владетел на светот и животот). Проповедал дека секоја активност треба да биде во склад со принципот тао ако сака да биде успешна. Тоа се однесува на животот во семејството и во државата. Говорел дека сѐ во светот вечно кружи помеѓу јин и јанг - двете фундаментални спротивности.

За него почетокот на светот е ништото. Меѓутоа, за него тоа не е празнина, туку неодредено нешто, што чека осуштествување. Неопходен е човечкиот ум за тоа да се одреди и да се размножи. Значи, само во првата фаза тао е ништо, како неподвижен, а подоцна тоа е принцип на неподвижно движење.

Име уреди

Се смета дека презимето на Лао-це било Ли (李, пинјин: ), личното име Ер (耳, пинјин: Ěr, буквално уво), а прекарот Бо Јанг (伯阳, пинјин: Bó Yáng). Неговото посмртно име било Дан (聃, пинјин: Dān), па понекогаш се споменува и како Ли Дан (李 聃).[1][2][3]

Името Лао-це е почесна титула, при што Лао (老, пинјин: Lǎo) значи стар, а це (子, пинјин: zǐ) се додава на презимето како знак на почит кон ценетите филозофи. Според тоа, титулата Лао-це слободно може да се преведе како стар учител.

Лао-це е благороден и по следните имиња:

  • Стар Дан (老聃);
  • Стар благороден господин (老君, пинјин: Lǎo Jūn);
    • Стар благороден господин Ли (李老君, пинјин: Lǐ Lǎo Jūn);
  • Крајна возвишеност или превозвишен благороден господин (太上老君, пинјин: Tàishàng Lǎo Jūn).

Со последното име е прифатен како најголемо таоистичко божество на небото.

Биогрфија уреди

За Лао-це како историска личност нема многу доверливи податоци. Сè што се знае за неговиот живот е пренесено преку кинеската традиција и од неговата биографија во делото „Записи на историчарот“ (Шеѓи) од кинескиот историчар Сема Ќен, кое било пишувано од 109 до 91 г.п.н.е.

Според овие извори, Лао-це бил постар современик на Конфуциј. Роден е во префектурата Ку (苦, пинјин: Kǔ) во државата Чу (楚, пинјин: Chǔ) во денешната кинеска провинција Хунан. Според легендата, се родил седокос, поради тоа што претходно поминал осум (или дури и осумдесет) години во утробата на мајка си.

Работел како архивар во царската библиотека на династијата Џоу во Луојанг, тогашан престолнина на Кина. Според едно предание, кога ја напуштил државната служба, отишшол на воден бивол (зебуу) во државата Чин, а оттаму исчезнал во пустината. Стражарот на најзападната порта на државата Чин го замолил да го запише своето учење пред да замине во пустината Лао-це го послушал и така настанало делото Тао Те Чинг („Книфа за патот и доблеста“). Лао-це се смета дека делото го напишал за три дена, а отоа отишол во пустината по што за него ништо не се чуло.

Смрт уреди

Нема доверливи информации за неговата смрт, освен тоа дека живеел сто и шеесет или двесте години.

Во Чуанг Це постои приказна за смртта на Лао-це. Кога Лао-це починал, неговиот пријател Чин Ши започнал да ги криткува сите оние кои ги оплакувале другите покојници, говорејќи им:

„Тоа е кршење на начелата на природата и засилување на човечките чувства, заборавање на оној којшто го примивме. Тоа древните мудреци го нарекувале казна за нарушување на начелата на природата. Кога учителот дојде, тоа беше она што можеше да се роди. Кога тој си отиде, едноставно го следеше текот на природата. Оние кои се тивки во дадена прилика и го следат природниот тек, не може да се зафатат со тага или радост. Нив, девните мудреци ги сметале за божји луѓе кои се ослободувале од ропството.“[4]

Тао Те Чинг уреди

Лао-це, традиционално се смета за автор на делото Тао Те Чинг (道德经, пинјин: Dào Dé jīng; во буквален превод „Книга за патот и доблеста“), иако авторството на делото било спорно низ историјата.[5][6][7] Книгата се смета за прво и најважно таоистичко дело, но некои сметаат дека таоизмот настанал со учењето на Чуанг-це.

Основниот принципн на таоизмот е надразумниот, квантитативно и квалитативно неопишливиот и неопфатливиот пат (Тао, 道, пинјин: Dào). Тој дури нема ни име,[а] но од него произлегуваат сите работи кои имаат име.

Тао што може да се искаже не е вечниот Тао.
Името што може да се именува, не е вечното име.
Безименото е почеток на Небото и Земјата.
Именуваното е мајка на сè што постои.[б]

Овие познати први стихови од „Тао Те Чинг“ тврдат дека Тао е неопислив, т.е. безимен, дека е зад сè, и го надминува говорот (именувањето). Преку изразот Тао се опишува состојбата на постоење пред времето и просторот, односно апстрактната космогонија. Оној, кој ги спознава законите на вселената е просветлен. Кој ги спознава законите на вселената и делата поврзани со нив, се вели дека манифестира просветлување.

Како најважни два закони за вселената се посочени, претворањето на две екстремни својства во едно во еден миг и дека за да се оствари некоја цел, потребно е да се започне со остварување на нејзината спротивност.

Сите работи настануваат од патот и од него „добиваат“ доблест (Те, 德, пинјин: Dé), која ги прави тоа што се. Природното и спонтано дејствување е следење на својата доблест без напор. Таквото дејствување се нарекува „ву веј“ (无为, букв. недејствување, поточно непретерано дејствување. Со тоа, човек треба своето работење да го ограничи на нужно и природно и едноставноста да биде раководно начело во животот. Сите зла на светот не потекнуваат од тоа што е премалку направено, туку поради тоа што премногу е направено.

Односите со Конфуциј уреди

 
Лао-це и Конфуциј

Во делото „Записи на историчарот“ од Сема Ќен опишана е средба меѓу Лао-це и Конфуциј.

Додека Лао-це работел како архивар во царската библиотека, Конфуциј се сретнал со него и обајцата разговарале за ритуалате на обожување на предците. Лао-це на Конфуциј му го рекол следното:

„Коските на луѓето за коишто зброуваш, одамна прав се сторија и само нивните зборови остануваат. Ако времето е погодно за човекот, ќе биде успешен; ако не е, нема да биде. Успешниот трговец го сокрива своето богатство (од другите), а доблесниот и благороден човек се прави малку наудрен. Со тоа, би требало да се одрекнеш од својата гордост, своите желби, својата суета и своите посакувања. За тебе се бескорисни.“

По нивната средба, Конфуиј на учениците им рекол:

„Знам како птиците летаат, како рибите пливаат и како животните трчаат. Но, она што трча може да биде фатено во замка, она што плива може да биде уловено со трскака, а она што лета може да биде соборено со стрела. А кој знае како змејовите јаваат на ветрите и се издигаат низ облаците до небото? Денес се сретнав со Лао-це и можам да го споредам само со змеј.“

Белешки уреди

  • а Пат е поим којшто мора да се употреби, за да може за неименуваното нешто да се зборува.
  • б Во оригинал: 道可道,非常道。名可名,非常名。

无名天地之始,有名万物之母。

Наводи уреди

  1. Luo (2004), стр. 118
  2. Kramer (1986), стр. 118
  3. Kohn (2000), стр. 2
  4. Fung Ju-Lan, Istorija kineske filozofije, Nolit, Beograd, 1977, стр. 124-138
  5. Simpkins & Simpkins, 1999, стр. 11-13
  6. Morgan, 2001, стр. 223
  7. Hornstein, 2002, стр. 403-404

Надворешни врски уреди