Навуходонозор II

Навуходонозор II (или Набукодоносор II) (о. 630 - о. 561 п.н.е.) — најголемиот владетел на Нововавилонското Царство. Ја започнал кариерата во војска како чиновник и дошол на престолот по смртта на својот татко (610). Ја нападнал Јудеја и го освоил Ерусалим. Обновил неколку патишта и храмови во Вавилон. Се верува дека за својата жена Семирамида ги изградил висечките градини во Вавилон.