Јонско Море
Јонското Море претставува дел на Средоземно Море, јужно од Јадранско Море. На запад граничи со јужна Италија, поточно со Калабрија и Сицилија, а на исток со југоисточна Албанија и со голем број на грчки острови, меѓу кои Крф, Закинтос, Кефалонија, Левкас и Итака. Овие острови заеднички се нарекуваат Јонски Острови, а други помали острови кои ги опфаќаат се: Строфадес, Сфагија, Скиза, Сапиенца и Китера. Морето е едно од најсеизмичките области во светот.
Постои фериботска линија меѓу Патра и Бриндизи и Анкона, а исто така голем број на бродови поминуваат преку Јонското Море на пат за или од Атина. Други, помали фериботски линии ги поврзуваат островите и копното.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |