Пердика I
Пердика I — крал на Македонија кој владеел од 700 п.н.е. до 678 п.н.е.. Пердика е познат како прв крал кој ги обединил поголемиот дел од македонските племиња.
Пердика I | |
---|---|
Крал | |
На престол | 700 п.н.е. - 678 п.н.е. |
Наследник | Аргеј I |
Династија | Аргеади |
Според легендата раскажана од Херодот, Пердика заедно со своите браќа, Аероп и Гаван, работеле кај некој крал од Горна Македонија. Секој ден за ручек жената на кралот месела леб. Лебот кој бил наменет за Пердика секогаш бил најголем. Кралот мислел дека Пердика има нешто со неговата жена. Кога требало да им плати за тоа што го сработиле тој ги повикал во својата одаја. Во неа имало само еден прозорец низ кој влегувала сончевата светлина. Кралот им дал една торба и им рекол да соберат од светлината колку што сакаат. Тогаш Пердика го извадил својот меч и со мечот направил еден круг на земјата каде што паѓал зракот. Од таа земја ставил во торбата и му кажал на кралот дека тој ќе направи свое кралство големо колку сонцето.
Така Пердика направил свое кралство, ги обединил македонските пемиња и го поразил кралот кај кого работел.
Претходник Тирима |
Крал на Македонија 700 п.н.е.–678 п.н.е. |
Наследник Аргеј I |
Оваа статија поврзана со античка Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |