Шандунг
Шандунг () ― крајбрежна покраина во Народна Република Кина и дел од регионот Источна Кина.[3]
Шандунг 山东 | |
---|---|
Покраина | |
Од горе надолу: Поглед од Јужната порта на рајот на Планината Таи, планината Илјада Буди во Џинан, панорама на Кингдао, Храмот на Конфуциј во Ќуфу | |
Карта која ја покажува местоположбата на Шандунг | |
Држава | Кина |
Главен град | Џинан |
Најголем град | Ќингдао |
Управа | |
• Вид | Покраина |
Површина[1] | |
• Вкупна | 157.100 км2 (60,700 ми2) |
Ранг | 20-то |
Најг. вис. (Таишан) | 1.545 м |
Население (2020)[2] | |
• Вкупно | 101,527,453 |
• Ранг | 2ро |
• Густина | 0,00.065/км2 (0,0.017/ми2) |
• Ранг | 5-то |
Мреж. место | SD.gov.cn |
Шандунг имал значајна улога во кинеската историја уште од почетокот на кинеската цивилизација по долниот тек на Жолта Река. Бил главен културен и верски центар за таоизмот, кинескиот будизам и конфучијанизмот. Планината Таишан во Шандунг е најобожавана планина во таоизмот и едно од верски најдолго обожуваните места во светот.[4] Будистичките храмови сместени на планините јужно од Џинан (главниот град на покраината) порано биле меѓу најпознатите будистички места во Кина.[5] Градот Куфу е родно место на Конфуциј, а подоцна се смета за центар на конфучијанизмот. Конфучијанизмот се развил од т.н. Сто школи на мислата според учењето на кинескиот филозоф Конфуциј.[6]
Местоположбата на Шандунг, на крстосницата на древните и современите трговски патишта север-југ и исток-запад, придонеле тој да стане важен економски центар. По периодот на политичка нестабилност и економски неприлики кои започнале кон крајот на 19 век, Шандунг во последните децении доживеал брз раст. Таму живеат преку 100 милиони жители, и Шандунг се наоѓа на шесто место според бројот на население меѓу административните единици во светот и на второ место меѓу покраините во Кина.[7] Шандунг во 2021 година имал БДП од 8,3 трилиони CNY (на трето место меѓу кинеските покраини во тој сегмент), односно 1,3 трилиони американски долари, што е еднакво на БДП на Мексико.[8][9]
Наводи
уреди- ↑ „Doing Business in China - Survey“. Ministry Of Commerce - People's Republic Of China. n.d. Архивирано од изворникот на 2015-10-16. Посетено на 2013-08-05.
- ↑ „Communiqué of the Seventh National Population Census (No. 3)“. National Bureau of Statistics of China. 2021-05-11. Посетено на 2021-05-11.
- ↑ Tian Xia; Bai Bo (2005). Atlas of World Heritage―China. Long River Press. стр. 70. ISBN 9781592650606.
- ↑ „Mount Taishan“. UNESCO World Heritage Convention. n.d. Посетено на 2019-09-30.
- ↑ Kelly, Margaret (уред.). China. Fodor's Travel Publications. стр. 157. ISBN 9781400017317.
- ↑ Berling, Judith A. (n.d.). „Confucianism“. Asia Society. Посетено на 2022-08-09.
- ↑ „Main Data of the Seventh National Population Census“. National Bureau of Statistics of China. 2021-05-11. Архивирано од изворникот на 2021-05-11.
- ↑ „Decoding China's 2021 GDP Growth Rate: A Look at Regional Numbers“. China Briefing News (англиски). 2022-02-07. Посетено на 2022-09-15.
- ↑ „GDP (current US$) - Mexico | Data“. data.worldbank.org. Посетено на 2022-09-15.
Надворешни врски
уреди- (на кинески) Shandong Government website
- (на англиски and кинески) Complete Map of the Seven Coastal Provinces from 1821-1850
- Shandong Article Encyclopædia Britannica
Оваа статија место во Кина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија поврзана со Кина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |