Ромул Августул[б 1] — последниот цар на Западното Римско Царство, владеејќи од 31 октомври 475 до 4 септември 476 година. Бил син на Орест, началник од германско потекло. Орест во 475 година, станал противник на Јулиј Непот кој владеел од 474. Бидејќи како варварин не можел да седне на престолот, го препорачал својот син Ромул, додавајќи му го името Август. Така, последниот римски цар ги содржел во себе имињата на митолошкиот основач на Рим, и првиот принцепс кој ја создал империјата. Тој во голема мера не ни управувал со империјата, бидејќи за тоа бил надлежен татко му, а и самиот не се интересирал за политика. Познат е како Августул, кое во превод на македонски јазик би означувало малиот Август.

Ромул Августул
Роден 460
Починал по 511

Но, татко му бил убиен од страна на Одоакар кој ја опседнал Равена, место каде се наоѓал Ромул Августул. Одоакар не само што не го убил, туку го испратил малото момче кај свои роднини во Кампанија, каде го продолжил своето образование. Се смета дека починал околу 536 година, пред да се воспостави византиска власт во Рим.

Белешки

уреди
  1. Изворите не ја спомнуваат возраста кога станал цар, туку само дека тој се сметал за „млад“; неговиот точен датум на раѓање не е познат.[1]

Наводи

уреди
  1. Jones et al 1980, стр. 949–950.