Шпанска колонизација на Америка

Европска колонизација
на Америка
Историја на Америка
Британска колонизација
Корландска колонизација
Данска колонизација
Холандска колонизација
француска колонизација
Германска колонизација
Скандинавска колонизација
Португалска колонизација
Руска колонизација
Шкотска колонизација
Шпанска колонизација
Шведска колонизација
Деколонизација

Шпанската колонизација на Америка се однесува на населувањето и воспоставувањето над поголемиот дел од западната полутопка политичка власт која била иницирана од страна на шпанските конквистадори. Почетокот на овој процес започнува со доаѓањето на Кристорер Колумбо во 1492. Во текот на три века, Шпанското Царство успеало да ги колонизира Средна Америка, поголемиот дел од Јужна Америка, Мексико, регионот Југозапад кој денеска е во составот на САД, Карибите и бреговите на Северна Америка од страната на Тихиот океaн, до Алјаска [1]. Во почетокот на 19 век, шпанските територии во Америка започнале да се одлелуваат од империјата каде бле создадени поголем број на независни држави. Ова придонело Шпанија да ги загуби сите колонии во Америка во 1825 година. Останатите шпански колонии, Куба и Порторико биле окупирани од страна на САД пошпанско-американската војна (1898), завршила ерата на шпанското владеење на Америка.

Знамето на шпанските конквистадори со круната на Кастилја на црвено знаме, користено од Ернан Кортес, Франсиско Писаро и други

Ерата на Кристофер Колумбо

уреди

По неуспехот на Колумбо да го убеди кралот на Португалија да ја спонзорира неговата експедиција, тој се обратил кон Кралство Кастиља и Кралство Арагон, односно кон нивните кралеви Изабела I Кастиљска и Фернандо II Арагонски, во кое и успеал.

Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот Свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави.[2]

Шпанците биле првите Европејци кои стигнале до Апалачките Планини, до реката Мисисипи, Големиот Кањон[3] и до прериите западно од Мисисипи. Во 1540 година, Де Сото презел истражувачка експедиција, а Франциско Васкес де Коронадо повел 2.000 Шпанци и Индијанци од Мексико низ денешната граница меѓу Аризона и Мексико и стигнал до централен Канзас.[4]

Покрај Сент Аугустин, Шпанците ги основале и градовите Санта Фе, Албукерк, Сан Антонио, Тусон, Сан Диего, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Освојување на Мексико

уреди
 
Карта на Шпанска Америка

Шпанското освојување на Мексико е еден од најзначајните моменти во историјата на Америка. Најзначаен конкистадор од тоа освојување бил Ернан Кортес. Империјата својот најголем подем го достигнала во времето на император Ахуцоти од 1486 до 1502 година. Неговиот наследник Монтезума II бил само на 17 години кога Ернан Кортес со својата војска пристигнал на Мексиканскиот Залив во 1519 година. Независно од некои претходни битки меѓу Шпанците и Ацтеките, Ернан Кортес пред вратите на Тенохтитлан пристигнал на 8 ноември 1519 година.

Монтезума II го подготвувал градот за пречек на Шпанците, сметајќи го Кортес за Богот Кецалкоатл. Кортес имал свои барања, кои ги добил заедно со многу количество злато. На паганските места каде се наоѓале крв или некои пагански идоли, Кортес поставувал христијански симболи. По ова, Кортес го заробил Монтезума II и го држел како заробеник како осигурување доколку би дошло до побуна од Ацтеките. За него тој барал откуп во злато. Огромни количества на злато му биле донесени на Кортес. Кортес добил вест дека гувернерот на Куба, Веласкес испратил голема војска под раководство на Панфилиј де Нарвез. Веласкес сакал да го уапси Кортес и да го осуди поради непослушност. Кортес бргу реагирал, водејќи борба со приврзаниците на Веласкес, и притоа заробувајќи ги. По ова, тој повторно се вратил во Тенохтитлан.

Ацтеките организирале побуна против шпанското освојување на градот и заробувањето на императорот. Тогаш биле убиени голем дел од ацтечката војска. Тогаш Ацтеките ја опседнале палатата каде се наоѓале Шпанците. Кортес барал од Монтезума II да му нареди на својот народ да се повлече, но народот не го послушал, па во еден од нападите, императорот бил повреден, и по неколку дена починал. Шпанците биле принудени да бегаат од градот, земајќи колку што можат од златото.

По ова, Шпанците успеале некако да се повлечат до Тлаксалите. Кортес им предложил да направат сојуз преку кој ќе го освојат Тенохтитлан. Од своја страна, Тлаксалите барале да не плаќаат даноци на Шпанците кога ќе го освојат градот. Но, кога Шпанците го освоиле градот, Кортес не го почитувал договорот.

Освојување на Перу

уреди

Во почетокот на 16 век, Шпанците Франсиско Писаро успеале да ја заземат Империјата на Инките. Тие ја искористиле неодамнешната граѓанска војна во империјата (меѓу фракции на браќата: Атахуалпа и Хусчар). Така, при т.н. трето патување на Писаро во Перу, Атахуалпа бил заробен и следната година погубен. Така во 1542 било создадено Поткралството Перу кое опстојувало до 1824.

Борба за независност

уреди

Во времето на Шпанската војна за независност, Шпанија била окупирана од страна на Наполеон Бонапарт. Во меѓувреме во 1809 година биле потпишани три договори во Сукре, Ла Пас и во Кито според кој била претпоставена идната независност на латинските земји. Во 1820 година, скоро сите колонии, освен Куба и Порторико биле “ослободени“ со помош на Британската Империја со кое било ставено крај на шпанското влијание на овие простори.

Во 1898 година, Соединетите Американски Држави ја добиле шпанско-американската војна и ги окупирале Куба, Порторико и Филипини. Шпанското населување во регионот повторно продолжило но не со исто темпо. Во почетокот на XX век Америка примила голем број на емигранти, главно сиромашни луѓе и политички азиланти од Шпанија. По 1970, протоколот станал обратен, односно Шпанците кои живееле во Америка започнале да се враќаат во Шпанија.

Наводи

уреди
  1. Sources about the presence of Spaniards in Alaska, British Columbia and Oregon: Study of the Instituto Cervantes, Study of the Fundació d'Estudis Històrics de Catalunya Архивирано на 3 септември 2014 г.. In fact, New Spain formally ruled the Southwestern part of what today is the British Columbia (Source Архивирано на 15 декември 2018 г.)
  2. „United States“. The Columbia EncGAYyclopedia (6. изд.). 2007.
  3. Pyne, Stephen J. (1998). How the Canyon Became Grand. New York, New York: Penguin Books. стр. 4-7. ISBN 0670881104.
  4. „Coronado, Francisco Vasquez de“. The Columbia Encyclopedia (6. изд.). 2007.

Надворешни врски

уреди