Карло Велики (лат. Carolus Magnus, герм. Karl der Große, фр. Charlemagne; 2 април 742 - 28 јануари 814) — франкиски крал и цар на Светото Римско Царство. Мајка му била Бертрада а татко Пипин. Владеел со Кралството на Франките (подоцна царство) од 768 па сè до 814 година. Војувал против германски и словенски племиња.

Карло Велики
Rex Francorum (Крал на Франките)
Rex Langobardorum (Крал на Ломбардите)
Imperator Romanorum (Цар на Римјаните)
Карло Велики од Албрехт Дирер (1512)
На престол768 – 814
Крунисување25 декември 800
ПретходникПипин III
НаследникЛуј I
Почивалиште
ДинастијаКаролинзи
ТаткоПипин III
МајкаБертрада Ланска

Денес тој се смета не само како основач на двете монархии, француската и германската, туку и како татко на Европа: неговата империја ги обединила поголемиот дел од Западна Европа за првпат по пропаста на Западното Римско Царство.[1]

Крал на Франките

уреди

По смртта на Пипин Малиот во 768 година, неговите два сина – Карломан и Карло, ја поделиле Франкиската држава. Меѓу нив имало доста големи несогласувања, но Карломан умрел во 771 година, па така целото кралство останало во рацете на Карло. Тој воспоставува баланс меѓу царската и папската власт. Во 772 година Карло Велики ја освоил Саксонија, која станала дел од Франкиското кралство. Во средината на 8 век, Карло Велики испратил голем број на христијански мисионери во Саксонија, со цел да биде извршено покрстување на Саксонците.

На силните воени удари нанесени од страна на војските на Карло Велики, Саксонците побарале примирје, а Карло Велики го наметнал условот за примирјето да биде остварено, да се прифати христијанската религија од саксонска страна. За да можел полесно да управува со Саксонците, Карло Велики основал неколку бискупии: Бремен, Минстер и Оснабрик. Во истото време Карло Велики ги поразил и Лангобардите и ја освоил северна Италија. При тоа ја потврдил и својата заштита на папската власт. За Карловата биографија најмногу податоци има од германецот Ајнхард.

Карло своето детство го поминал во дворецот на својот татко во Алхен, град кој подоцна ќе стане негова престолнина. Во овој дворец, Карло научил да мечува, да лови и да плива (бил одличен пливач). Она што е интересно е што Пипин Малиот не ги школувал неговите синови, иако имал можност тоа да го стори во некој од многубројните манастирски училишта. Така Карло Велики до крајот на својот живот останал неписмен (еден од ретките европски владетели кои не биле образувани), но многу напори вложувал целиот свој живот да научи да пишува. Посебно го ценел образованието и културата, затоа во неговиот дворец ги повикал да работат најучените луѓе од цела Европа и така создадал еден богат културен центар – Дворска академија , од која ќе започне да се развива Каролиншката ренесанса( повторен процветот на образованието во Европа). По смртта на Пипин Малиот, Карло Велики ја наследил територијата на Австразија, северните делови на Неустрија и поголемиот дел од Аквитанија. Карломан пак ги добил териториите на јужна Неустрија, Бургундија, Прованса, Алзас и Алеманија. Меѓу Карло Велики и Карломан честопати доаѓало до бројни недоразбирања и расправии кои не прераснале во поголем конфликт, благодарение на нивната мајка, кралицата Бертрада фон Лун . Карло Велики ја поддржувал папската политика, додека брат му Карломан го поддржувал движењето на Лонгобардите .

По смртта на Карломан, неговите територии не преминуваат во власт на неговиот син, туку со поддршка од племствата ги добива Карло Велики. За да ги смири односите со Лангобардите, се оженил со Дезидерија - ќерката на Лангобардскиот крал Дезидерат. Трпеливиот однос на Карло Велики кон Лангобардите не траел многу долго. По скратеното право на децата на Карломан да бидат наследници на неговиот имот, нивната мајка (сопругата на Карломан) ја помолила жената на Карло Велики да им ја врати власта, но во исто време и римскиот Папа Адријан I побарал помош од Карло за борба против Лангобардите. Карло Велики го искористил ова барање на папата со цел да ја зајакне и докаже власта пред племството, но и за да го сврти вниманието на јавноста од наследниците на Карломан. Франкиската војска со месеци стоела пред ѕидините на Лангобардиската престолнина – Павија (недалеку од денешниот град Милано) но без успех. Кралот Дезидериј ја затворил тврдината и пружал силен отпор. Карло Велики со своето доаѓање во Италија, ја искористил и приликата да се сретне со римскиот папа Адријан I , којшто му ја врачил титулата ,,Римски патрициј “ , со што папата станал зависен од положбата на франкискиот крал.

Карло Велики повторно се вратил во Лангобардија со цел да ја заврши војната. Тој дури побарал од својата жена Дрезеида, да го замоли својот роден брат да се предаде на неговата власт. Во почетокот на јули 774 година паднала Лангобардиската престолнина. Дрезидериј бил симнат од престолот и бил протеран во манастир, Карло Велики ја добил титулата – крал на Франките и Лангобардите.

Лангобардската железна круна

уреди

По враќањето на Карло Велики во Франкија, избил повторно бунт од страна на Лангобардите предводени од синот на Дезидериј– Алдафиз. Карло Велики повторно се вратил во Италија и успеал да ги победи сите побуненици, но во меѓувреме и баварскиот војвода Тасило го искористил војувањето на Карло Велики во Италија, па дигнал бунт против него. Тасило набрзо бил фатен и затворен, а Карло ја укинал титулата баварски војвода. Наскоро Лангобардското Кралство, Карло Велики ќе му го отстапи на неговиот син Пипин кој ќе владее под раководството на својот татко.

По покорувањето на Лангобардија, Карло Велики се здобил со нови искушенија. Слично на Баварците и Саксонците кренале побуна против Карло Велики. Ајнхард пишува дека војната против Саксонците била една од најдолгите, најжестоките и најкрвавите војни на Карло Велики воопшто. Првите Карлови битки започнале во 722 година. франскиската војска најпрво ја зазела територијата на племето Ангаријци, односно местото Ересбург. Но веднаш потоа Саксите влегле во Хесен во 774 година и го опљачкале манастирот во Девентереск. Жестокоста на Карловите војници била прекумерна, дотогаш невидена воена агресија на тлото на Европа, така што Саксите започнале да молат за примирје. Карло се согласил на примирје под услов Саксите да го прифатат христијанството како нивна религија. До нови непријателства дошло во 778 година кога Саксите го избрале Видукинд човек од аристократијата) за нов водач на воената побуна. Видукинд започнал да ги прекршува мировните договори и започнал сам да објавува нови закони спротивни на мировните договори. Карло Велики повторно воено интервенирал и Видукинд доживеал катастрофален пораз во 785 година. Видукинд се предал и преминал на Карловата страна, се покрстил во исто време, а Карло Велики му станал кум и го обдарил со скапи дарови.

Големи проблеми на Карло Велики му создавале и словенските племиња Бодриџи и западните Авари. Карло најпрво ги покорил Бодриџите, ја опустошил нивната земја и ги натерал да ја признаат неговата власт. Војната со Аварите не била така едноставна. Аварите дури успеале да го заземат франскиот град Фрујадул. Воените операции започнале во 795 година кога Карло Велики успеал да ја искористи неслогата меѓу аварските племства и лесно успеал да ги порази. Со потчинувањето на Баварија, Франките дошле до границите на Аварскиот каганат, формиран кон средината на 6 век во Панонската Низина. за време на војната на Карло Велики против Лангобардското кралство во Италија, Аварите застанале на страната на Лангобардите, а во 782 година заедно со Баварците, навлегле на териториите на франкиската држава во северните делови на Италија.

По низа претрпени провокации, Франките во 791 година започнале офанзива против Аварите со што започнала франско-аварската војна, која со прекини траела до 803 година. Франките биле потпомогнати од некој јужнословенски племиња како Карантанците и Хрватите. Франките при освојувањето на Аварскиот каганат се здобиле со богат плен и многу злато. Алкуин, забележал во писмена форма дека Франките биле сиромашни сè до победата над Аварите и освојувањето на Рингот , по што одеднаш многу се збогатиле. По уништувањето на Аварската држава во Панонија , Карло Велики ја вклучил оваа територија во рамките на неговата држава како Панонска марка (провинција). Карло без своја воља морал да влезе во војна со Арабискиот калифат во Шпанија, каде што и неговиот дедо Карло Мартел војувал со муслиманите, коишто ги загрозувале границите на неговото кралство. Лично кралот Карло Велики со својата огромна војска тргнал во воен поход во 778 година се упатил кон Пиринеите и претрпел огромен воен пораз во близина на Сарагоса, каде што сепак успеал да побегне од бојното поле.

Нова офанзива презел во бретонската провинција, каде што неговиот војсководач Роланд успеал да ја порази војската на Арапите, но и самиот загинал во таа битка. Паралелно со овие воени походи, Карло Велики ја освоил и Истра во 788 година. Последната етапа во борбата против муслиманите во Шпанија била во 796 година, кога Карло Велики повел голема офанзива и ја презел власта на целиот Пиринејски Полуостров до реката Ебро , ширејќи ги повторно границите на своето кралство и создавајќи уште една нова провинција-Шпанија.

 
Подемот на Франкиското Царство од 481 до 814 г.

Цар на Светото Римско Царство

уреди

На врвот од својата моќ, Карло Велики сакал да ја приграби царската круна. Воздигнувањето на франкиското кралство во царство не била лесна задача. Тоа било посакувана желба од многу други претходни франски кралеви, но никогаш успешно не била резлизирана. Карло Велики речиси половина Европа ја организирал во една единствена и стабилна држава, што дирекно одело во полза на римската црква.

По смртта на римскиот папа Адријан I во 795 година, на чело со Римокатоличката црква дошол папа Лав III. За него се зборувало дека водел несвештенски живот, полн со проневери во службата и честопати придружуван од жени, што било сосема спротивно на католичките догми. Карло Велики за првпат стапил во контакт со римскиот папа Лав III во 796 година, преку едно писмо коешто лично му било испратено на папата од страна на Карло Велики, со коешто се повикувал римскиот папа да започне да води христијанско-морален живот и да не ги прекршува барањата на црковниот живот. Со тоа писмо, Карло Велики си дал за право не само да изврши влијание, туку и дирекно да докаже дека може да се вмеша во црковната политика на Рим. На тој начин Карло Велики создал добри односи со новиот римски папа, само со една цел, тој да му помогне да ја приграби царската круна.

Во Рим опозиционите црковни кругови сè повеќе ги зголемувале тензиите околу новиот папа Лав III и тој ќе биде физички нападнат од нивна страна, после една литургија во април 799 година . Во оваа завера учествувале и едни од најголемите црковни големци во Рим, при што Лав III бил спасен од војводата од Сполента, којшто го скрил во својот замок поради опасноста за негово убиство од страна на опозиционерите. Папата Лав III со писмо му се обратил на Карло Велики од кого побарал помош и поддршка за негово повторно враќање на власт во Рим. Овде Карло Велики настапувал како арбитар, заминал во Падеброн од каде што го повикал папата на договор. Од овде Карло Велики испратил кардинали во Рим со цел да ја докажат невиноста на римскиот папа и да докажат дека папата работел според канонските правила на црквата и не направил никакви прекршувања на законите. По наредба на Карло Велики сите заговорници против папата Лав III биле затворени, а папата повторно во 800 година се вратил во Рим со нова свечена заклетва. На Божиќ 25 декември 800 година, во црквата Св. Петар во Рим , Карло Велики бил крунисан за цар на франскиската држава и Светото Римско Царство.

Надворешни односи

уреди

Карло Велики имал посебен однос кон Византија. Тој не сакал спорот со Византија да го решава по воен пат, туку по пат на дипломатија. Правел напори да се ожени со византиската принцеза Ирина, но тоа не му успеало поради моќта на византиските аристократи и протерувањето на принцезата Ирина од Византија. Византија му ја доделила и признала титулата василевс , но само како цар на Западното царство, не и на Византија. Треба да се каже дека и кралевите на Шкотска го признавале Крало Велики за свој цар, а самите се сметале за негови поданици. Крало Велики се вмешал и во англиската политика, каде сакал да има влијание на власта на кралот Норумбириј Индулф во 808 година. Во истото време презел и воени интервенции во Моравија против Чесите и во Далмација против јужните Словени. Последниот Карлов поход бил против Данците кои ги започнале своите освојувања кон западна Европа.

 
Саркофагот на Карло Велики по порачка на Фридрих II

Смрт

уреди

Последните години од своето владеење Карло го избрал за своја престолнина градот Ахен и посветил многу внимание на зацврстувањето на границите на своето царство. Особено внимание посветил на зацврстување на источните граници со цел да ги запре нападите на словенските племиња: Љутичи, Чеси, Моравци и Лужички Срби. За таа цел на север, кај Шлевзвиг била формирана Данската марка ( провинција) . Таа требала да ги одвои Данците од словенските племиња кои заедно напаѓале врз франкиските територии. Од Елба до Дунав, стотици километри се протегала границата за заштита од словенските напади. Потоа на териториите по средното течение на реката Дунав , била формирана Панонската или Источната марка, а на југ за заштита на северна Италија била формирана Фурланската марка. Биле зацврстени и другите граници на државата – така во северозападните делови на државата била формирана и Бретонската марка, а во североисточните делови на Пиринејскиот Полуостров , Шпанската марка.

Новиот цар вршел големо влијание и надвор од границите на своето царство. Багдатскиот калиф Харун ал Рашид настојувал со него да склучи сојуз против Византија. За свој цар го сметале и кралевите на Шкотска, коишто се сметале за негови поданици, а сето тоа криело и една друга политика – политичка поддршка на Карло Велики на Шкотите во битките против владетелите на Англија. Меѓутоа и покрај овие успеси на надворешен план, империјата на Карло Велики однатре била слаба и неотпорна, бидејќи била создадена од освоени територии кои вклучувале голем број на народи со различни јазици, традиции и култури, како : Франки, Галоримјани, Баварци, Лангобарди, Саксонци, Баски, Авари и голем број на словенски народи и други помали племиња. Со текот на времето било се потешко да се задржат освоените територии , во вакви услови било неминовно распаѓањето на огромната империја. Тоа и ќе се случи само триесетина години по смртта на Карло I Велики .

Карло Велики уште за време на својот живот сакал да ја подигне власта на своите синови. Откако ја освоил Лангобардија, го прогласил неговиот син Пипин за крал на Лангобардија, којшто владеел со оваа територија под раководство на својот татко. По смртта на Пипин, крал на Лангобардија станал неговиот син внукот на Крало Велики) Бернард. Останатиот дел од територијата Крало Велики му го остапил на својот син Луј I, кој станал негов директен наследник и бил крунисан за цар на Франкиската држава и Светото Римско Царство.

Потоа Крало Велики се повлекол во дворецот во Алхен, каде што ги поминал последните месеци од својот живот во тешка болест. Починал на 28 јануари 814 година. Луј I Побожниот не успеал да го задржи обединето Франкиското Царство, при поделбата на Царството меѓу неговите синови: Карло, Лудвиг, Лотар и Пипин и така настануваат нови меѓусебни војни и разединување на Франкиската држава од нивна страна.

Карло Велики во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Рише, Предговор xviii, Пјер Рише се осврнува: „Тој уживал извонредна судбина, и со долготрајноста на неговото владеење, неговите освојувања, законодавство и легендарниот углед, тој оставил длабок белег врз историјата на западна Европа.“
  2. John Cale – Vintage Violence (пристапено на 22.5.2022)