10 век п.н.е.
< 11 век п.н.е. | 10 век п.н.е. | 9 век п.н.е. > | |||||||
100 | 99 | 98 | 97 | 96 | 95 | 94 | 93 | 92 | 91 |
90 | 89 | 88 | 87 | 86 | 85 | 84 | 83 | 82 | 81 |
80 | 79 | 78 | 77 | 76 | 75 | 74 | 73 | 72 | 71 |
70 | 69 | 68 | 67 | 66 | 65 | 64 | 63 | 62 | 61 |
60 | 59 | 58 | 57 | 56 | 55 | 54 | 53 | 52 | 51 |
50 | 49 | 48 | 47 | 46 | 45 | 44 | 43 | 42 | 41 |
40 | 39 | 38 | 37 | 36 | 35 | 34 | 33 | 32 | 31 |
30 | 29 | 28 | 27 | 26 | 25 | 24 | 23 | 22 | 21 |
20 | 19 | 18 | 17 | 16 | 15 | 14 | 13 | 12 | 11 |
10 | 9 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
10 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 1000 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 901 г. п.н.е.
На Блискиот Исток, овој период следи по колапсот на доцното бронзено доба, а со него почнува раното железно доба.[1] Грчкиот мрачен век кој почнал во 1200 година п.н.е. продолжил. Новоасирското Царство било основано кон крајот на 10 век п.н.е.[1] Индија се наоѓала во железно доба, а ведскиот период сѐ уште траел.[2] Во Кина на власт била династијата Џоу.[3] Бронзеното доба во Европа продолжило со Културата на полињата со урни (градење на некрополи со урни на рамно поле без надземна конструкција). Десеттиот век пред нашата ера во Јапонија се нарекува Џомон период, за време на кој таа била сѐ уште била населена од заедници на ловци–собирачи.
Настани
уреди- 1000 п.н.е.: Во Индија во железното доба владееле неколку кралства: Панчала, Куру, Видеха и Џенепеда.
- 993 п.н.е.: Фараонот Аменемоп го наследил Псусеннес I како крал на Египет.
- 993 п.н.е.: Архип, архонтот на Атина починал по 19-то владеење и бил наследен од синот Терсипус.
- 984 п.н.е.: Осоркон Постариот го наследил фараонот Аменемоп како крал на Египет.
- 982 п.н.е.: Во својата Книга на промените, филозофот и историчарот Шао Јун го обележува периодот од 1197 - 982 г. п.н.е. како Крај на првиот период.
- 978 п.н.е.: Сиамун го наследил Осоркон Постариот како крал на Египет.
- 967 п.н.е.: Соломон станал крал на Израелитите според Книгата на кралевите.
- 967 п.н.е.: Тиглат Пилесер II станал крал на Асирија.
- 965 п.н.е.: Починал Давид, кралот на древните Израелити.
- 962 п.н.е.: Соломон станал крал на Израил по смртта на својот татко кралот Давид (традиционална дата).
- 959 п.н.е.: Псусеннес II го наследил Сиамун како крал на Египет.
- 957 п.н.е.: Соломон ја завршил изградбата на Првиот храм (познат и како Соломонов храм) во Ерусалим.
- околу 953 п.н.е.: Можна дата за основање на Рим.[4]
- 952 п.н.е.: Терсипус, кралот на Атина, починал по 41 години владеење и бил наследен од својот син Форбант.
- 947 п.н.е.: Починал Му Ван или Му од Џоу кралот од кинеската династија Џоу.
- 946 п.н.е.: Кунг од Џоу станал крал на династијата Џоу во Кина.
- 945 п.н.е.: Починал Псусеннес III последниот крал на 21-та династија. Го наследил Шошенк I, основачот на 22-та династија.
- 935 п.н.е.: Починал кралот Кунг од Џоу, од кинеската Џоу династија.
- 935 п.н.е.: Починал Тиглат Пилесер II, кралот на Асирија.
- 925 п.н.е.: Починал Соломон, кралот на древните Израелити.
- околу 925 п.н.е.: Израилското царство се поделило на кралството Јудеја и кралството Израил.
- 924 п.н.е.: Осоркон I го наследил својот татко Шошенк I како египетски крал.
- 922 п.н.е.: Форбант, архонтот на Атина, починал по 30-годишно владеење и го наследил неговиот син Мегакло.
- 912 п.н.е.: Адад-нирари II го наследил својот татко Ашур-дан II како крал на Асирија.
- 911 п.н.е.: Починал Абијах, кралот на Јудеја.
- 910 п.н.е.: Камил Ксаши го убил кралот Бароксов од Гудеј династијата, со што бил ставен крај на кралството Пунт, старо околу 2000 години.
- 909 п.н.е.: Јеробоам I, првиот крал на северното еврејско кралство Израил, починал и бил наследен од неговиот син Надав.
- 900 п.н.е.: Во Индија, за време на Ведската цивилизација, Јаджваналкаја (повеќе учители) ги напишале Шатапатха брахмана (прозен текст), кој опишува ведски ритуали, историја, митологија, движење на сонцето и месечината.
- околу 900 п.н.е.: Се издигнала Виланованската култура во северна Италија.
- околу 900 п.н.е.: Бил основан градот Анурадапура во Шри Ланка.
- 900 п.н.е.: Кралството Куш било основано во Нубија.
Доцен 10 век п.н.е.:
- Од овој период потекнува фигурината Кентаур, од археолошкото наоѓалиште Лефканди, во Евбеја. Сега се наоѓа во Археолошкиот музеј на Еретриа во Грција.
- Била основана Спарта.
- Кралството Етиопија го основал Менелик I, кој според легендата бил син на Соломон и царицата од Саба.
- Први постојни докази за писмен арамејски јазик.
- Најраната позната населба во Плимут, Англија, датира од овој период.
- Церемонијални златни капи – археолошки артефакт од овој период во Средна Европа.
Личности
уреди- Давид, крал на Израелитите (1040 п.н.е. - 970 п.н.е.)
- Полулегендарниот ахав „Змијски `Рбет“ од Паленке (денешно јужно Мексико) (967 п.н.е. - ?)
- Соломон, крал на Израелитите
- Заратустра, древен персиски пророк (приближна дата е од 1000 г. п.н.е. до 600 г. п.н.е.)
Суверени држави
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 10–95.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 299–306.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 307–315.
- ↑ „"Roma più vecchia di due secoli"“. rainews. Посетено на 2018-09-16.