Мавзолеј во Халикарнас

Мавзолејот од Халикарнас (грч. Μαυσωλεῖον Ἁλικαρνασσεύς), е еден од седумте сведски чуда, кој бил надгробен споменик на карискиот крал Мавсол. Бил изграден на површина од 33 х 39 м, а висок 50 м. Слично како големата пирамида во Египет, и ова место претставува гроб на еден од античките владетели. Сепак, Мавзолејот се разликувал од пирамидите по многу работи- помеѓу останатото, убавината на овај објект е таа која е поголема од неговата величина, убавината возбудува милиони луѓе од времето на изградба па сè до денес. Мавзолејот се наоѓа во градот Бодрум (во старогрчка доба Халикарнас), на брегот на Егејското Море, во југозападниот дел на денешна Турција.

Мавзолејот од Халикарнас

Историја

уреди

Кога Персијците го прошириле своето античко царство опфаќајки ја и Месопотамија, Северна Индија, Сирија, Египет и Мала Азија, нивниот владетел веќе не бил во можност да го контролира своето огромно царство без помош од локалните управители и владетели — страпи. Како и многуте други провинции, во кралството Карија во западниот дел на Мала Азија (денешна Турција) била толку оддалечена од персиската престолнина така што практично била самостојна. Од 337—353 г. п.н.е. , карискиот крал Мавзол ја преместил својата престолнина во градот Халикарнас. Проектот за изградба на неговата гробница бил доделен на неговата жена и неговата сестра Артемида и се претпоставува дека неговата градба започнала уште за време кога кралот бил жив.

Градењето на Мавзолејот било завршено околу 350 г. п.н.е., три години по смртта на Мавзолејот и година дена посмртта на неговата сестра. Во текот на 16 век Мавзолејот опстојувал во одлична состојба сè додека силен земјотрес не го оштетил неговиот кров и колонадите (столбовите). Почетокот на 15 век Витезите на светиот Јован го окупирале и освоиле Халикарнас и изградлите огромен крсташки замок. Кога одлучиле да го зацврстат и утврдат во 1494 година, го искористиле материјалот од кој бил изграден до тогаш значајно оштетениот Мавзолеј. До 1522 година скоро секоја цигла од Мавзолејот била изделена и искористена за изградба на разни градби.

Денес, масивниот крстачки замок и понатаму постои во Бодрум, а обработените камења и мермерни блокови на Мавзолејот се зачувани заедно со повеќето внатрешни мермерни декорации на кој е прикажана битката помеѓу Старите Грци и Амазонки. На самата локација каде што некогаш се наоѓал Мавзолејот денес можат да се видат само остатоци од неговите темели. Централниот дел на Мавзолејот, на издигнатиот подијум поплочено е со мермер и опкруќено со колонади (столбови) во јонски стил. Колонадите го потпирале пирамидниот кров исто така украсен со статуи и кипови. На врвот од кровот се наоѓале статуи кој претставувале кочии кој ги влечат четири коња. Вкупната висина на Мавзолејот била 45 м, од што во централниот подиум со гробницата бил висок 20 м, 12 м биле високи стубовите, 7 м пирамидниот кров и 6 м статуата со коњите на врвот на кровот. Убавината на градбата не била само во неговата структура, туку и во декорациите и статуите со кој беа украсувани неговите ѕидови на разните нивоа од градбата, од подот до самиот кров. На градбата се наоѓала и неколку десетици статуи од луѓе, лавови, коњи и други животни во природна величина и обем. Овие пак биле направни од четири грчки скулптатори — Бриаксос, Леохарес, Скопас и Тимотеус, при што секој од нив украсувал по една од статуите на Мавзолејот.

Посебно место во историјата му припаѓа на оваа градба не само поради бројните статуи на луѓе и животни, туку и поради тоа што таа не била посветена на ниеден од боговите на стара Грција. Денес по името на оваа градба сите големи и раскошни гробници се нарекуваат Mавзолеи.

Литература

уреди
  • Kristian Jeppesen, et al. The Maussolleion at Halikarnassos, 6 vols.

Надворешни врски

уреди