1 јуни


1880  Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на. банката „Јејл“ во Њу Хевен.
1941  Втора светска војна: Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.
1953  Во Женева е основана Европската организација за јадрени истражувања.
1992  Во Скопје е поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народната музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.
1994  Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.
1994  ЈАР по 33 години се врати во Британскиот комонвелт.
1994  Во Скопје е поставен камен - темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.
1998  Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница „ТАТ” е осудена на казна затвор од 8 години.
2005  Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако.
2008  На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места. Изборите беа проследени со насилства и употреба на огнено оружје, при што едно лице го загуби животот, а повеќемина беа ранети.



2 јуни


1739  Во Стокхолм е основана Кралската шведска академија на науките.
1924  Конгресот на САД им го признач правото на државјанство на сите Индијанци.
1945  Комисијата за јазик и правопис дефинитивно го усвои проектот на македонскиот правопис, кој е озаконет со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија од 7 јуни 1945 година.
1946  Во Италија со референдум е прогласена Република. Затоа 2 јуни е прогласен за национален празник на Италија.
1966  На Месечината се спушти првиот американски вселенски бродСервејер-1“, без човечки екипаж.
2004  Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов.


3 јуни


1098  Прва крстоносна војна: Крстоносците го зазеле градот Антиохија.
1326  Потпишан Договорот од Новогород со кој се дефинирани новите граници помеѓу Русија и Норвешка.
2006  Црна Гора и формално објавува независност од Србија, со што завршува нивното 88-годишно живеење во заедничка држава.


4 јуни


781 п.н.е.  За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето.
1896  Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“.
1917  Доделени се првите Пулицерови награди во САД.
1920  Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и населението.
1944  Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим.
1989  Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството.
1989  Солидарност“ победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа.
2010  Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама.


5 јуни


1827  Во турско-грчката војна, турската војска го освоила Акропол и влегла во Атина.
1944  Втора светска војна: Над 1.000 британски бомбардери исфрлиле преку 5.000 тони бомби над Нормандија, во подготовка на десантот следниот ден - Денот Д.
1947  Во говорот пред Харвардскиот универзитет, државниот секретар на САД Џорџ Маршал предлага економска помош за обнова на западна Европа - зачеток на тн. Маршалов план.
1968  Претседателскиот кандидат во САД Роберт Кенеди е застрелан во Лос Анџелес од палестинецот Сирхан Сирхан и умрел следниот ден.
1972  Во Стокхолм е одржана Првата конференција на ОН за животна средина. Оттогаш 5 јуни е прогласен за Светски ден за заштита на животната средина.
1992  Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија.


6 јуни


1944  Втора светска војна - Денот Д: Над 155.000 американски, британски и канадски војници се истоваруваат на плажите на Нормандија. Започнува операцијата Оверлорд за продор на сојузниците во западна Европа.


7 јуни


7 јуни (настани)

8 јуни


1783  Вулканот Лаки на Исланд започнува осуммесечна ерупција во која загинале 9.000 лица и предизвикал седумгодишен глад во Европа и Америка.
1942  Втората светска војна: Јапонски подморници ги бомбардирале Сиднеј и Њукасл во Австралија.
1949  Џорџ Орвел го објавил романот „1984“.
1986  Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија, наспроти обвинувањата за злосторства, кои како нацистички офицер наводно ги вршел во Втората светска војна.


9 јуни


68  Римскиот цар Нерон извршил самоубиство за да ја избегне смртната казна со која му била изречена од Римскиот сенат.
1534  Жак Картие станал првиот европеец кој пловел по реката Сент Лоренс.
1815  Завршил Виенскиот конгрес на кој е прекроена картата на Европа по поразот на Наполеон.
1967  На петтиот ден од Шестдневната војна Израел ја окупирал Голанската Висорамнина во Сирија и стигнал до Суецкиот Канал на територијата на Египет.
1999  По 78-дневно бомбардирање, СР Југославија потпишалa мировна спогодба со НАТО.


10 јуни


1786  Во покраината Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе.
1793  Паркот на растенијата (Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот.
1940  Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија.
1940  Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија.
1940  Втора светска војна: германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ламанш.
1941  Втора светска војна: Авионот на заменикот на Хитлер, Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987 г. кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст.
1942  НОВ: Почнала Битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од Усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили.
1943  Дирекцијата на бугарската полиција во Софија им наредила на обласните началници на полицијата строго сроведување на наредбата на Владата за конфискација на целиот имот на партизаните и нивните семејства, како и на поддржувачите на партизаните во Македонија.
1967  Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија.


11 јуни


1994  Виетнам воспостави дипломатски односи со Република Македонија.


12 јуни


1691  Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III.
1798  Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.
1812  Наполеон Бонапарт, француски цар, на чело на „Големата армија“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија.
1898  Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година.
1944  Кај селото Стрмашево, Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред „Бенковски“. Во оваа борба загина и Коце Стојановски - Металец, истакнат борец и револуционер.
1945  Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.
1946  Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле.
1964  Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата.
1976  При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.
1991  Борис Елцин е избран за претседател на Русија.
1993  Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
1997  Република Македонија и Република Џибути воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2001  Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства.
2016  Најмалку 50 луѓе биле убиени и 53 други повредени во напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Напаѓачот бил убиен од полициските сили.


13 јуни


313  Римските совладетели Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните.
1894  Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола - Солун.
1944  Втора светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети „Фау-1“ (V-1).
1956  Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.
1973  Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот.
1983  Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот Систем.
1993  Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада.
2017  Излегол последниот број на дневниот весник „Дневник“.


14 јуни


1777  Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД.
1789  Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки.
1800  Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.
1940  Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнув стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц.
1941  СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови.
1962  Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција.
1982  Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор.
1985  Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците.
1993  Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.
1996  Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.


15 јуни


1752  Бенџамин Френклин, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот.
1919  Во директен лет од Њуфаундленд, Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
1920  На Конгресот во Хаг е основана Светската конференција на трудот.
1967  Жорж Помпиду е избран за претседател на Франција.
1994  Израел и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, и формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.
1994  Република Македонија и Република Боливија воспоставиле дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи.


16 јуни


1671  Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки.
1779  Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар.
1943  Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.
1960  Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава.
1963  Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.
1997  Република Македонија и Кувајт воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1999  Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.


17 јуни


1944  Основана е Република Исланд, со што завршила унијата меѓу таа островска земја и Данска.
1947  Прогласена е независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија.
1967  Владата на Народна Република Кина објави дека изврши прва експлозија на атомска бомба.
1971  САД и Јапонија потпишаа спогодба со која островот Окинава ѝ е вратен на Јапонија.
1990  Основана е политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.


18 јуни


1583  Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.
1821  Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин.
1940  Втора светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур.
1940  Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.
1953  Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб.
1965  Во Алжир е извршен воен преврат брз државата. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.
1996  Венјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.
1997  Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.
2000  Башер ел-Асад е избран за водач на владеачката сириска партија Баас, по смртта на претседателот Хафез ел-Асад.


19 јуни


1819  Американскиот пароброд „Савана“ пристигнал на пристаништето во Ливерпул. Ова е првиот брод на водена пареа кој преминал Атлантикот.
1862  Конгресот на САД донел решение за укинување на ропството на својата територија.
1913  Започнало Тиквешкото востание — организиран масовен народен вооружен отпор против српската окупација на Македонија и посрбувањето.
2014  Филип VI бил крунисан за крал на Шпанија.


20 јуни


1936  По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работници на Македонија.
1963  САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете велесили во критични ситуации.
1979  Во издание на НИП „Нова Македонија“, редакција „Вечер“, излезе првиот број на енигматскиот забавник „Котелец“.
1996  Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка.


21 јуни


1818  Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот.
1935  Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.
1963  Франција ги повлече поморските сили од НАТО.
1990  Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна.
1994  Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.
1994  Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија.
1996  Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.


22 јуни


217 п.н.е.  Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во Битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет).
168 п.н.е.  Четврта македонско-римска војна: Во Битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија.
1633  Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената.
1815  Наполеон абдицирал по вторпат по поразот во Битката кај Ватерло.
1889  Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години.
1941  Втора светска војна: Почеток на операцијата „Барбароса“ — Германија го нападна СССР.
1976  Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна.
1978  Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон.


23 јуни


1633  Светиот суд во Рим го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија (подоцна сменета во куќен притвор), а неговите дела ги забрани како опасни за христијанството.
1868  Кристофер Латам Шолс добил патент за машината за пишување.
1894  Во Париз основан Меѓународниот олимписки комитет, по иницијатива на баронот Пјер де Кубертен.
1958  Холандската протестантска црква ги прифати жените за свештеници.


24 јуни


972  Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.
1441  Формиран е Колеџот Итон.
1497  Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд, Канада - прво европско откритие на регионот по Викинзите.
1509  Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал.
1793  Усвоен првиот републикански устав во Франција.
1859  Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино, Северна Италија. Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот крст.
1861  Од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат „Зборникот народни умотворби“ на браќата Миладиновци.
1894  Бил извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно, кој се борел за ограничување на синдикалните права.
1901  Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз.
1910  Јапонија ја освојува Кореја.
1918  Гигантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз.
1940  Франција и Италија потпишуваат примирје.
1944  Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
1945  Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва.
1947  Прв познат случај на средба со НЛО. Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон, забележува девет светлечки дискови во форма на чинии.
1983  Јасер Арафат протеран од Дамаск.
1990  Основана е Работничката партија, левичарска политичка партија во Република Македонија.
1991  Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
1996  Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди.
1999  Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена „Лејла“ е продадена на аукција за 497.500 долари.


25 јуни


1876  Се одвива Битката кај Литл Биг Хорн во која умира Џорџ Армстронг Кастер.
1950  Започнува Корејската војна.
1991  Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија.
1998  На пазарот лансиран е оперативниот систем Microsoft Windows 98.
2009  Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката, починал во Лос Анџелес поради предозираност со анестетици на 50-годишна возраст.


26 јуни


1541  Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франсиско Писаро.
1819  Патентиран е велосипедот.
1941  Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија.
1945  На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишале Повелбата за основање на Обединетите Нации.
1948  Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР.
1948  Вилијам Шокли го патентирал транзисторот.
1959  Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите езера.
1960  Мадагаскар, претходно под управа на Франција, стекнал независност.
1963  Џон Ф. Кенеди го одржал својот најпознат говор - „Ich bin ein Berliner“.
1976  Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, во тоа време највисоката градба во светот.
2000  Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното научно откритие - картата на човечките гени.
2015  Врховниот суд на САД ги озаконил истополовите бракови на ниво на цела држава.


27 јуни


1858  Со мирот во Тјенѓин завршил првиот дел на Втората опиумска војна.
1931  Руско-американскиот авиоконструктор Игор Сикорски го патентирал хеликоптерот.
1941  Унгарија и Финска му објавија војна на СССР.
1950  Во ФНРЈ е донесен Законот за работничко самоуправување.
1950  Студена војна: САД решиле да интервенираат во Корејската војна.
1954  Првата атомска централа во светот е отворена во Обнинск, СССР.
1967  Првиот банкомат во светот е пуштен во работа во Лондон.
1979  Мухамед Али го објавува своето повлекување од боксот.
1991  Започнала десетдневната војна за независност, во која Територијалната одбрана на Словенија ја принудила ЈНА на повлекување.


28 јуни


1098  Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во Битката кај Антиохија.
1389  Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Османлиите.
1914  Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна.
1919  Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.
1948  Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот.
1967  Израел го анектира Источен Ерусалим.
1989  На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 години од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар.
1993  Република Македонија станува членка на УНЕСКО.
2001  Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот.


29 јуни


1838  Крунисана е британската кралица Викторија.
1880  Франција го анектира Тахити.
1888  Првата позната снимка на класична музика - Хендловиот ораториум Израел во Египет.
1914  Јина Гусева се обидува да го убие Григориј Распутин во неговиот дом во Сибир.
1948  Југославија е исклучена од Коминформот. Започнуваат прогони на идеолошките приврзаници на СССР во Југославија, тнр. период на Информбирото.
2002  Судири меѓу Северна и Јужна Кореја доведуваат до смрт на четири јужнокорејски морнари и до потопување на севернокорејски брод.
2005  Канада станува трета земја во светот, по Холандија и Белгија, која го признава бракот помеѓу припадници од ист пол.
2011  Тувалу ја признава Република Македонија под уставното име.


30 јуни


1905  Алберт Ајнштајн го издава своето дело За електродинамиката на движечките тела во кое ја предложува специјалната теорија за релативноста.
1908  Во Сибир, во областа Тунгузија се случува познатата Тунгуска експлозија со јачина 1000 пати поголема од атомските бомби фрлени врз Јапонија.
1934  Ноќта на долгите ножеви“ - започнува насилното елиминирање на политичките соперници на Адолф Хитлер во Германија.
2002  Бразил ја освојува својата петта светска фудбалска титула.


31 јуни


31 јуни (настани)