Државен совет на Кина
Државниот совет (кинески: 国务院; пинјин: Guówùyuàn) или Централна народна влада/управа (中央人民政府) е кабинетот на Народна Република Кина.[1] Во него членуваат раководителите на управните органи и служби, на чело со премиерот кој е негов претседавач.[2] Сегашниот состав брои 35 члена: премиерот, еден извршен вицепремиер, тројца вицепремиери, петмина државни советници (од кои двајца се министри) и уште 25 министри и началници на поважни служби.[3] Во политиката на Кина, владата претставува една од трите меѓусебно поврзани ограноци на власта: другите две се Комунистичката партија на Кина (КПК) и Народноослободителната армија (вооружените сили на Кина). Државниот совет е надлежен и за работата на покраинските управи и спроведувањето на државната политика на тоа ниво. Советот е организациски „сраснат“ со номенклатурата на КПК, со што нема остра граница помеѓу партијата и државата.
Државен совет на НР Кина | |
---|---|
中华人民共和国国务院 | |
Амблем на НР Кина | |
Податоци за органот | |
Основан | 27 септември 1954 |
Претходник | Совет за државна управа на Централната народна управа |
Надлежност | Влада на НР Кина |
Седиште | Џунгнанхај, Пекинг |
Раководители | Ли Кеќанг ((премиер)) Џанг Гаоли, Љу Јендунг, Ванг Јанг, Ма Кај (вицепремиери) |
Мрежно место | |
english.gov.cn |
Народна Република Кина |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Идеологија
Право
|
|
Организација
уредиДржавниот совет се среќава еднаш на шест месеци. Во меѓувреме со него раководи политбиро што се состанува еднаш неделно. Во постојаниот комитет членуваат премиерот, еден извршен вицепремиер, тројца вицепремиери и уште петмина државни советници (од кои еден е Генерален секретар на Државниот совет, а двајца се министри).
Вицепремиерите и државните советници ги предлага премиерот, а ги назначува претседателот со одобрение од Националното народно собрание (ННС). Имаат право на два последователни мандата од по 5 години.
Секој вицепремиер е задолжен за извесни области од управата, а секој државен советник има функции определени од премиерот. Генералниот секретар стои на чело на Општата служба која е задолжена за секодневните работи на советот. Овој генерален секретар има релативно мали овластувања, далеку од моќта на Генералниот секретар на КПК.
Секое министерство е задолжено за еден сектор. Комисиите имаат повисок ранг од министерствата и се задолжени за планирање, осмислување и надгледување на соодветните активности на разните управни органи. Службите се занимаваат со работите од постојана тековност. Бироата и управите имаат понизок статус од министерствата.
Покрај министерствата (вкупно 25), постојат и 38 владини организации во непосредна надлежност и кои одговараат на самиот Државен совет. Раководителите на овие организации присуствуваат на пленарните седници, но не редовно.
Државниот совет формално одговара на Националното народно собрание и неговиот (ННС) Постојан комитет (ПК) при извршувањето на најразлични управни функции на државно и локално ниво, и номинално дејствува со овластување од ННС. Познат е барем еден случај кога ННС има одбиено иницијатива на Државниот совет, како и неколку случаи каде советот има повлечено или темелно изменето предлози поради отпор во ННС.
Советот и Комунистичката партија на Кина се мошне преплетени. Со ретки исклучоци, државните советници се високорангирани членови на КПК и како такви, тие имаат големо влијание и во партиската, и во државната политика. Овој систем се разликува од оној на СССР, каде партијата владеела со државниот апарат.
Кон крајот на 1980-тите постоеле обиди за раздвојување на партијата и државата, каде партијата би носела одлуки, а Државниот совет би ги извршувал. Во рок од неколку години ваквите иницијативи биле напуштени.
Како главен управен орган на владата, главна функција на советот е да ја создава управната политика, да издава решенија и налози и да врши надзор врз спроведувањето на истите. Покрај ова, советот прави нацрти што ги поднесува на ННС и постојаниот комитет, ги изготвува државните планови и буџетот и ги доставува на ННС за разгледување и гласање. Во Државниот совет се доставуваат и разгледуваат идеите и иницијативите од сите подрачја и степени на управата, со особен нагласок на економско осовременување.
Државниот совет е надлежен а Министерството за одбрана, но не и Народноослободителната армија, врз која е надлежен Централниот воен комитет.
Главни функционери
уреди- Кабинет на Ли Кеќанг
Функција | Функционер | Период |
---|---|---|
Премиер | Ли Кеќанг | 2013- |
Вицепремиери | Џанг Гаоли (I) | 2013- |
Љу Јендунг (II) | 2013- | |
Ванг Јанг (III) | 2013- | |
Ма Кај (IV) | 2013- | |
Генерален секретар | Јанг Ѓинг | 2013- |
Министер за финансии | Лу Џивеј | 2013- |
Министер за надворешни работи | Ванг Ји | 2013- |
Министер за одбрана | Чанг Ванќуен | 2013- |
Министер за образование | Јуен Гуејжен | 2013- |
Министер за трговија | Гао Хученг | 2013- |
Претседател на НК за здравство и планирање на семејството | Ли Бин | 2013- |
Претседател на НК за развој и реформи | Си Шаоше | 2013- |
Министер за транспорт | Јанг Чуантанг | 2013- |
Министер за граѓански работи | Ли Лигуо | 2013- |
Министер за труд и социјала | Јин Вејмин | 2013- |
Управник на Народната банка на Кина | Џоу Сјаочуан | 2013- |
Организациска структура
уредиОпшта служба на Државниот совет
уреди- Општа служба на Државниот совет
Министерства и комисии на Државниот совет
уреди- Министерство за надворешни работи
- Министерство за одбрана
- Национална комисија за развој и реформи
- Министерство за образование
- Министерство за наука и технологија
- Министерство за индустрија и информатика
- Министерство за малцински работи
- Министерство за државна безбедност
- Министерство за јавна безбедност
- Министерство за надзор
- Министерство за граѓански работи
- Министерство за правда
- Министерство за финансии
- Министерство за труд и социјала
- Министерство за земјишта и ресурси
- Министерство за заштита на околината
- Министерство за домување и урбано-рурален развој
- Министерство за транспорт
- Министерство за водостопанство
- Министерство за земјоделство
- Министерство за трговија
- Министерство за култура
- Национална комисија за здравство и планирање на семејството
- Народна банка на Кина
- Национална ревизорска служба
Посебна организација во непосредна надлежност на Државниот совет
уредиОрганизации во непосредна надлежност на Државниот совет
уреди- Општа и царинска управа
- Државна даночна управа
- Државна управа за производство и трговија
- Општа управа за контрола на квалитетот, инспекција и карантин
- Државна управа за радио, филм и телевизија
- Општа управа за печат и издаваштво (Национална управа за аторски права)
- Државна управа за спорт
- Национална статистичка служба
- Државна управа за шумарство
- Државна управа за безбедност при работа
- Државна служба за интелектуална сопственост
- Национална управа за туризам
- Национална управа за верски работи
- Советничка служба на Државниот совет
- Управа за владини служби при Државниот совет
- Национално биро за спречување на корупција
Управни служби на Државниот совет
уреди- Служба за дијаспора
- Служба за хонгконшки и макајски работи
- Служба за законодавни работи
- Истражувачка служба на Државниот совет
- Служба за тајвански работи (воедно и установа на КПК), под надлежност на ЦК на КПК
- Информативна служба на Државниот совет (воедно и установа на КПК), под надлежност на ЦК на КПК
- Служба „610“
Установи во непосредна надлежност на Државниот совет
уреди- Новинска агенција Сјинхуа
- Кинеска академија на науките
- Кинеска академија на општествените науки
- Кинеска академија на инженерството
- Центар за развојни истражувања
- Национална училишна управа
- Кинеска сеизмолошка управа
- Кинеска метеоролошка управа
- Регулаторна комисија за банкарството на Кина
- Регулаторна комисија за хартии од вредност на Кина
- Регулаторна комисија за осигурување на Кина
- Регулаторна комисија за државна електродистрибуција
- Национален совет за социјалниот фонд
- Национален природонаучен фонд
- Државна архивска управа (воедно и установа на КПК) — во надлежност на Општата служба на ЦК на КПК
Државни управи и служби во надлежност на министерствата и комисиите
уреди- Државно биро за писма и повици — во надлежност на Општата служба на Државниот совет
- Државна управа за жито — во надлежност на Националната комисија за развој и реформи
- Национална управа за енергетика — во надлежност на Националната комисија за развој и реформи
- Државна управа за наука, технологија и воена индустрија — во надлежност на Министерство за индустрија и информатика
- Државна монополска управа (Национално кинеско тутунско претпријатие) — во надлежност на Министерството за индустрија и информатика
- Државна управа за странски стручњаци — во надлежност на Министерството за труд
- Државно биро за државни службеници — во надлежност на Министерството за труд
- Државна океанска управа — во надлежност на Министерството земјиште и ресурси
- Управа за цивилно воздухопловство (CAAC) — во надлежност на Министерството за транспорт
- Државно биро за земјомер и картографија — во надлежност на Министерството за земјиште и ресурси
- Државно поштенско биро — во надлежност на Министерство за транспорт
- Државна управа за културно наследство — во надлежност на Министерството за култура
- Државна управа за храна и лекови — во надлежност на Министерствота за здравство
- Државна управа за традиционална кинеска медицина — во надлежност на Министерството за здравство
- Државна девизна управа — во надлежност на Народната банка на Кина
- Државна управа за безбедност во јагленокопи — во надлежност на Државната управа за безбедност при работа
- Национална управа за заштита на државни тајни (воедно и установа на КПК) — во надлежност Општата служба на ЦК на КПК
- Државна криптографска управа (воедно и установа на КПК) — во надлежност на Општата служба на ЦК на КПК
- Кинеска национална вселенска управа — име резервирано од Министерство за индустрија и информатика
- Управа за атомска енергетика на Кина — име резервирано од Министерство за Industry and Information Technology
- Државна јазична комисија — име резервирано од Министерство за образование
- Национална управа за атомска безбедност — име резервирано од Министерство за заштита на околината
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ http://english.peopledaily.com.cn/data/organs/statecouncil.shtml
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-14. Посетено на 2013-07-14.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-24. Посетено на 2013-07-14.
Надворешни врски
уреди- Државен совет на НР Кина Архивирано на 29 февруари 2012 г. — службена страница (англиски)
- Организациска структура на Државниот совет на НР Кина Архивирано на 28 мај 2014 г. (англиски)