18 јуни (настани)
шаблон на Викимедија
1583 | Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот. |
1821 | Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин. |
1940 | Втора светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур. |
1940 | Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“. |
1953 | Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб. |
1965 | Во Алжир е извршен воен преврат брз државата. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела. |
1996 | Венјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција. |
1997 | Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата. |
2000 | Башер ел-Асад е избран за водач на владеачката сириска партија Баас, по смртта на претседателот Хафез ел-Асад. |