Зоолошка градина
Зоолошка градина, зоолошки парк, менаџерија или зоо — објект во кој животните се чуваат во кафези, се прикажуваат на јавноста и може да се размножуваат. Изразот зоолошка градина се однесува на зоологија, дел од биологијата кој се занимава со проучување на животни и е изведен од грчките зборови зоон (ζῷον, „животно“) и логос (λóγος, „изучување“). Кратенката „зоо“ (на англиски се чита „зу“) за првпат била користена во Зоолошките градини на Лондон кои се отвориле како научно-истражувачки објект во 1828 година, а за јавноста во 1847.[1] Бројот на големи збирки на животни во отворени за јавноста низ целиот свет сега е над 1000, од кои околу 80% се сместени во градови.[2]
Зоолошката градина како тема во уметноста и во популарната култураУреди
- „Обратно“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
- „Во зоолошката градина“ — расказ на македонската писателка Оливера Николова.[4]
- „Во зоолошката градина“ (англиски: At the Zoo) — песна на американското поп-рок дуо Сајмон и Гарфанкел (Simon & Garfunkel) од 1968 година.[5]
- „Зоолошка станица“ (англиски: Zoo Station) — песна на ирската рок-група „У2“ (U2) од 1991 година.[6]
БелешкиУреди
- ↑ "ZSL's history" Архивирано на 28 февруари 2008 г., Zoological Society of London.
- ↑ "Zoo," Encyclopaedia Britannia, 2008.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 38.
- ↑ Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 15-16.
- ↑ Discogs, Simon & Garfunkel – Bookends (пристапено на 24.9.2018)
- ↑ Discogs, U2 – Achtung Baby (пристапено на 30.6.2019)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |