1 јуни (настани)
шаблон на Викимедија
1880 | Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на. банката „Јејл“ во Њу Хевен. |
1941 | Втора светска војна: Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка. |
1953 | Во Женева е основана Европската организација за јадрени истражувања. |
1992 | Во Скопје е поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народната музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година. |
1994 | Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава. |
1994 | ЈАР по 33 години се врати во Британскиот комонвелт. |
1994 | Во Скопје е поставен камен - темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација. |
1998 | Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница „ТАТ” е осудена на казна затвор од 8 години. |
2005 | Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако. |
2008 | На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места. Изборите беа проследени со насилства и употреба на огнено оружје, при што едно лице го загуби животот, а повеќемина беа ранети.
|