28 јуни (настани)
шаблон на Викимедија
1098 | Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во Битката кај Антиохија. |
1389 | Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Османлиите. |
1914 | Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна. |
1919 | Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна. |
1948 | Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот. |
1967 | Израел го анектира Источен Ерусалим. |
1989 | На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 години од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар. |
1993 | Република Македонија станува членка на УНЕСКО. |
2001 | Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот. |