Стево Теодосиевски

Стево Теодосиевски (16 април 1924 - 9 април 1997) — познат македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист.[1]

Стево Теодосиевски
Животописни податоци
Роден(а)16 април 1924 Кочани
Македонија Република Македонија
Починал(а)9 април 1997 Скопје
Македонија Република Македонија
ЖанровиНародна
Занимањамузичар
Инструментихармоника
Период на активност1950 - 1997

Добитник на многу награди и признанија:

Роден е во 1924 г. во Кочани. На почетокот на 1950-тите години работи како корепетитор на програмата на Радио Скопје. Во 1954 година ја запознава Есма Реџепова која подоцна ќе му стане животна сопатничка. Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живеат и работат во Белград, а потоа се враќаат во Скопје. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.

Ансамблот „Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг - плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.

Стево Теодосиевски почина во Скопје на 9 април 1997 година.

Наводи

уреди
  1. Dimitrijevski, Aleksandar. "Esma Redjepova and Stevo Teodosievski - Building Unique Idiom at the Crossroad of Roma and other Balkan Music Cultures" стр. 4,5. - [1] Архивирано на 24 јануари 2011 г.