Кирил Петрушев
Кирил Петрушев (Богданци, 1895 – Скопје, 2 мај 1980) ― прв министер за внатрешни работи на Македонија, подоцна маргинализиран од политичкиот живот поради поддршката на Резолуцијата на Информбирото.
Кирил Петрушев | |
---|---|
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 16 април 1945 – 11 февруари 1946 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | ? |
Наследник | Цветко Узуновски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1895 Богданци, Солунски Вилает, Отоманско Царство |
Починал(а) | 2 мај 1980 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 84–85)
Националност | Македонец |
Партија | КПМ |
Животопис
уредиРани години
уредиПо Првата светска војна, тој се преселил во Бугарија, но во 1923 година, по Септемвриското востание, се вратил во Југославија. Активно се вклучувал во синдикалното движење.
За време на НОБ
уредиПо бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна е прогонуван и апсен. Се вклучува во НОВ. Станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и е дел од трочлената македонска делегација што во мај 1944 година заминува за островот Вис за да се сретне со Јосип Броз Тито. По враќањето во Македонија учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот. На 6 август е назначен за повереник за внатрешни работи,[1] а на 14 август Президиумот на АСНОМ го избира за член на Комисијата за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги.[2] Во 1944 година Петрушев станува и член на Комунистичката партија на Македонија.
По војната
уредиПри изборот на првата влада на Македонија на Третото заседание на АСНОМ на 16 април 1945 година, Петрушев е избран за министер за внатрешни работи.[3] На таа функција останува неполна година, до 11 февруари 1946 година, кога е преместен за министер за градежништво.[4] Набрзо, при изборот на новата влада на 18 април 1946 година е избран за министер за труд[5] и на таа функција останува до 26 октомври 1948 година, кога е разрешен.[6] Поради поддршка за Резолуцијата на Информбирото, Петрушев е исклучен од КПМ, ослободен од сите функции и пензиониран.
Наводи
уреди- ↑ Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 5 стр.
- ↑ Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги
- ↑ Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 50 стр.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија 12/1946, 100 стр.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија 33/1948, 1 стр.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |