Тансу Чилер
Тансу Чилер (турски: Tansu Penbe Çiller) (9 октомври 1946 во Истанбул} е турски политичар и Премиер на Турција во периодот од 1993 до 1996 година. Таа е единствената жена, која досега била на функцијата премиер на Турција.
Тансу Чилер Tansu Çiller | |
---|---|
![]() | |
Премиер на Турција | |
На должноста 25 јуни 1993 – 6 март 1996 | |
Претседател | Сулејман Демирел |
Претходник | Сулејман Демирел |
Наследник | Месут Јилмаз |
Лични податоци | |
Роден(а) | 23 октомври 1944 Истанбул, Турција |
Партија | Демократска партија |
Сопружник | Озер Чилер |
Установа | Универзитет Богазичи |
Во текот на нејзиното управување, на 31 декември 1995 година стапил во сила царинскиот сојуз помеѓу Турција и ЕУ. Во нејзино време била модернизирана турската армија и истата се претворила во една од најсилните војски во светот. Успеала да ги убеди САД и ЕУ дека Курдската работничка партија треба да биде вклучена во списокот на меѓународните терористички организации.