Гаврило Принцип (25 јули [ст. ст. 13 јули] 1894[1] — 28 април 1918) — член на Млада Босна, југославска организација која барала крај на австроунгарската власт во Босна и Херцеговина. Тој го убил надвојводата Франц Фердинанд на Австрија и неговата сопруга Софи Хотек во Сараево на 28 јуни 1914 година, продолжувајќи еден синџир на настани кои довеле до почетокот на Првата светска војна.[2] Принцип и неговите соучесници биле уапсени, вмешувајќи го српското националистичко тајно друштво познато како Црна Рака, што довело Австроунгарија да издаде демарш на Србија познат како Јулски ултиматум.[3] Ова се користело како изговор за австроунгарската инвазија на Србија, која потоа доведе до Првата светска војна.[4]

Гаврило Принцип
Гаврило Принцип во неговата затворска ќелија во Терезин

Роден(а)25 јули 1894(1894-07-25)
Обљај, австриско-окупирана Босна и Херцеговина, де јуре Отоманско Царство
Починал(а)28 април 1918(1918-04-28) (23 години)
Терезин, Бохемија, Австроунгарија
Причина за смртТуберкулоза
ПочивалиштеГробницата на Свети Марко, Сараево
Познат(а) почлен на движењето Млада Босна и за неговото учество во атентатот на надвојводата Франц Фердинанд, искрата на Првата светска војна
Потпис

Принцип беше југословенски националист поврзан со движењето Млада Босна која главно беше составена од Срби, но исто така и од Бошњаци и Хрвати.[5] За време на неговото судење, тој изјавил: "јас сум југословенски националист со цел обединување на сите Југословени, не ми е важно во каков вид на држава, но таа мора да биде ослободена од Австрија."[1]

Принцип починал на 28 април 1918 година од туберкулоза предизвикана од лошите затворски услови, поради кои загубил и рака.

Ран живот

уреди
 
Родителите на Гаврило Принцип, Марија и Петар, во 1927 година.

Гаврило Принцип е роден во изолираното селце Обљај, во близина на Босанско Грахово, на 23 јули 1894 [с.с. 13 јули]. Тој беше второ од деветте деца на неговите родиели, од кои шест починале уште како новороденчиња. Мајката на Гаврило, Марија, сакаше да го именува по нејзиниот брат Шпиро, но тој беше именуван Гаврило по инсистирање на локалниот православен свештеник, кој тврдел дека именувањето на болно бебе по Архангел Гаврил ќе му помогне да опстане.[1]

Српското семејство живеело во северозападниот дел на Босна многу векови[6] и биле припадници на српската православна христијанска вера.[7] Родителите на Гаврило, Петар и Марија (со моминско име Мичич), биле сиромашни земјоделци кои опстојувале од малото парче на земја кое го поседувале.[8] Тие припаѓале на групата на христијански селани познати како кметови кои често биле угнетувани од страна на муслиманските земјопоседници.[9] Петар, кој инсистирал на "строга коректност", никогаш не пиеше или се заколна дека нема да пие и беше исмејуван од страна на неговите соседи поради тоа.[8] Во неговата младост, тој се бореше во Херцеговското востание против Отоманското Царство.[10] По револтот, тој продолжил да работи како земјоделец во граховската долина, каде што тој работел околу 4 акри на земја и беше принуден да даде една третина од неговите приходи на сопственикот. Бидејќи не можел да израсне доволно жито за да го нахрани неговото семејство, тој бил принуден да земе и друга работа. Тој транспортирал пошта и патници низ планините кои ја одделувале северозападна Босна од Далмација, со цел да го надополни својот приход.[9]

И покрај опозицијата на неговиот татко, Принцип првично почна да присуствува на основно училиште во 1903 година, на возраст од девет. Тој ја надминал тешката прва година и станал доста успешен во неговите студии, за кои тој беше награден со збирка на српска епска поезија од страна на директорот на неговото училиште.[10] На возраст од 13 години, Принцип се пресели во Сараево, каде неговиот постар брат Јован имал намера да го запише во австроунгарското воено училиште.[10] Додека Принцип да пристигне во Сараево, Јован се предомислил откако еден пријател го советувал да не го направи Гаврило "џелат на сопствениот народ". Принцип наместо тоа присуствувал на трговско училиште.[7] Јован ја платил неговата школарина со парите кои тој ги заслужил вршејќи рачен труд, превозувајќи трупци од шумите околу Сараево до мелниците во рамките на градот.[9] По три години на студии, Гаврило се преместил во локалната гимназија. [7] Во 1910 година, тој почнал да му се восхитува на Богдан Жерајич, босанскосрпски револуционер кој се обидел да изврши атентат на Маријан Варешанин, австроунгарскиот гувернер на Босна и Херцеговина, пред да си го одземе сопствениот живот.[9] Во 1911 година, Принцип се приклучил на Млади Босна, друштво кое сакало да ја одвои Босна од Австроунгарија и да се обединат со соседното Кралство Србија.[7] Бидејќи локалните власти им забраниле на студентите да формираат организации и клубови, Принцип и другите членови на Млада Босна се сретнувале во тајност. За време на нивните средби, тие дискутирале за книжевноста, етиката и политиката.[9]

 
Членови на Млада Босна, околу 1911 година.
 
Трифко Грабеж, Милан Циганович и Принцип во Калемегдан, Белград, Мај 1914.

Во 1912 година Принцип беше избркан од училиштето бидејќи бил вклучен во демонстрација против австроунгарските власти.[10] Еден студент кој беше сведок на инцидентот тврдел дека "Принцип одел од клас во клас, заканувајќи им се со неговиот боксер на сите момчиња кои не сакале да дојдат на новите демонстрации."[11] Принцип го напуштил Сараево по кратко време откако бил избркан и тргнал кон Белград на пат од 280 километри на нога. Според еден сведок, тој клекнал на колена и ја бакнал земјата по преминувањето на границата во Србија. Во Белград, Принцип доброволно се приклучил на српските герилски групи, борејќи се против отоманските Турци, под водство на мајорот Војислав Танкосич.[9] Танкосич беше член на Црна Рака, основното конспиративно друштво во Србија во тоа време.[7]

Првично, Принцип беше одбиен од канцеларијата за вработување во Белград поради неговиот мал раст. Разбеснет, тој го пронашол Танкосич кој исто така му рекол дека тој е премногу мал и слаб.[12] Понижен, Принцип се вратил во Босна и престојувал таму со неговиот брат во Сараево. Тој ги помина наредните неколку месеци патувајќи од Сараево до Белград и назад. Во Белград тој се сретнал со Живојин Рафајлович, еден од основачите на српската четничка организација, кој го испратил (заедно со 15 други членови на Млада Босна) во четничкиот тренинг центар во Врање.[13] Таму тие се сретнале со училишниот менаџер Михајло Стеванович-Цупара. Тој живеел во куќата на Цупара, која денес се наоѓа на улицата Гаврило Принцип во Врање. Принцип вежбал како да пука и како да користи бомби и нож, по што обуката беше завршена и тој се вратил во Белград.[14]

Во 1913 година, додека Принцип престојувал во Сараево, Австроунгарија прогласила вонредна состојба, наметнала директна воена контрола врз цивилните функции на владата, ја презеде контролата на сите училишта и ги забранила сите српски културни организации.[9]

Убиството на надвојводата Франц Фердинанд

уреди
 
Мапа која го прикажува правецот на атентатот.
 
Латинскиот Мост

На 28 јуни 1914 во Сараево, Гаврило Принцип учествувал во атентатот на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд и неговата сопруга, војвотката Софи Хотек од Австрија. Императорот на Австроунгарија, царот Франц Јосиф, му кажал на неговиот внук престолонаследник да ја надгледува воената обука во Босна. Франц Фердинанд знаеше дека посетата ќе биде опасна; неговиот чичко, царот Франц Јосиф, самиот бил предмет на атентат од страна на Црна Рака во 1911 година.[15]

Пред 10 часот наутро во недела, кралската двојка пристигна во Сараево со воз.[16] Тие требале тогаш со автомобил да отидат во градот. Во предниот автомобил биле Фехим Чурчич, градоначалникот на Сараево и д-р Едмунд Герде, комесарот на полицијата на градот.[17] Франц Фердинанд и Софи беа во вториот автомобил со Оскар Почорек и полковник-грофот Франц фон Харах.[18] Горниот дел од возилото беше отворен со цел да се овозможи добар видик на народот на патниците.[18]

Шесте конспиратори биле наредени долж еден правец. Тие биле распоредени долж Апелскиот кеј, секој со инструкции да се обиде да го убие Франц Фердинанд кога кралскиот автомобил ќе се доближи до нивната позиција. Првиот конспиратор кој го видел кралскиот автомобил беше Мухамед Мехмедбашич. Стоејќи покрај австроунгарската банка, Мехмедбашич фатил трема и му дозволи на автомобилот да помине без да преземе акција. Мехмедбашич подоцна рече дека еден полицаец стоел зад него и тој стравувал дека ќе биде уапсен пред да добие шанса да ја фрли неговата бомба. Во 10:15, кога шест автомобили поминале покрај централната полициска станица, деветнаесет-годишниот студент Недељко Чабринович фрлил граната на автомобилот на престолонаследникот. Возачот забрзал кога го виде објектот фрлен кон него, но бомбата имаше одложување од 10 секунди и експлодирала под четвртиот автомобил. Двајца од патниците, Ерик фон Меризи и грофот Александар фон Бус-Валдек, биле сериозно повредени. Околу десетина гледачи исто така биле погодени од фрагменти на бомбата.[1] Откако бомбата на Чабринович го промаши автомобилот, петте други конспиратори, вклучувајќи го и Принцип, ја изгубиле можноста да го нападнат поради насобраниот народ и големата брзина на автомобилот. За да не биде фатен, Чабринович проголтал цијанидна таблета и скокнал во реката Миљацка за да биде сигурен дека ќе умре. Сепак, рокот на цијанидната таблета бил поминат и таа единствено го направила болен, а реката била само 10 cm длабока.[19] Тој бил извлечен надвор од реката и приведен од страна на полицијата.

Франц Фердинанд подоцна одлучил да отиде во болницата и да ги посети жртвите од нападот на Чабринович. Со цел да го избегне центарот на градот, генералот Оскар Почорек одлучил дека кралскиот автомобил треба да отиде директно по Апелскиот кеј до болницата на Сараево. Сепак, Почорек заборавил да го информира возачот Леополд Лојка за оваа одлука. На патот кон болницата Лојка продолжил на десно кон улицата Франц Јосиф. Принцип стоел во близина на кафеаната на Мориц Шилер кога тој го забележал автомобилот минувајќи покрај него. Откако станале свесни за грешката, возачот ја запрел колата и почнал да се враќа назад. При ова имало застој на моторот, со што Принцип ја добил својата шанса. Принцип зачекорил напред, го извадил својот пиштол FN Model 1910[20] и на оддалеченост од околу 1,5 метри пукал двапати во автомобилот, прво погодувајќи го Франц Фердинанд во вратот, а потоа погодувајќи ја неговата сопруга Софи во стомакот, откако таа го покрила неговото тело. И двајцата починале пред 11:00 часот.

Казна затвор и смрт

уреди
 
Гаврило Принцип надвор од судницата
 
Принцип во средината на првиот ред, при судењето на 5 декември 1914 година.

Принцип се обидел да се самоубие со цијанидна таблета, но нејзиниот рок бил поминат (исто како и таа на Чабринович, поради што полицијата верувала дека групата била измамена при купувањето на отровот), а потоа се обидел да пука во себе, но му го одзеле пиштолот пред тој да добие шанса да пука уште еден истрел. Принцип беше само деветнаесет години во тоа време и бил сметан за премногу млад за да ја добие смртната казна, односно за дваесет и седум дена би бил дваесет години - минималната возрасна граница која била барана од хабсбуршкиот закон.[21] Наместо тоа, тој добил максимална казна од дваесет години затвор. Тој бил држан во тешки услови, кои биле уште поотежнати од војната и од неговата туберкулоза. Тој починал на 28 април 1918 година во Терезин 3 години и 10 месеци по атентатот. Во времето на неговата смрт, ослабен од малнутриција и болест, тој тежел околу 40 килограми. Неговото тело било уништено од скелетната туберкулоза која ги уништи неговите коски толку многу што неговата десна рака мораше да биде ампутирана.

Стравувајќи дека неговите коски можат да станат мошти за словенски националисти, затворските чувари на Принцип тајно го однеле телото до необележан гроб, но чешки војник кој бил на погребувањето ја запаметил локацијата и во 1920 година Принцип и други "Херои на Видовдан" биле откопани и донесени во Сараево, каде што биле погребани заедно под капела "изградена за да се одбележат за вечност нашите српски херои" во гробницата на Св. Марко.[22]

Оружје

уреди
 
Пиштолот FN Модел 1910 на Принцип, Музеј на воена историја, Виена, 2009 година.

Пиштолот на Принцип бил конфискуван од страна на властите и бил даден заедно со крвавата кошула на Фердинанд на Антон Пунтигам, језуитски свештеник кој беше близок пријател на надвојводата и ги дал последните обреди на надвојводата и неговата сопруга. Пиштолот и кошулата останале во сопственост на Австриските језуити сè додека тие не ги понудиле за долгорочен кредит на Музејот на воена историја во Виена во 2004 година. Тие сега се дел од постојаната изложба на овој музеј.[23] Оружјето било FN Browning Model 1910 пиштол со 9mm, .380 ACP направен во Белгија од Fabrique Nationale d'Herstal со сериски број 19074.[24]

Наследство

уреди
 
Графити во Белград кој повикува на "Бунт".
 
Ќелијата каде бил држан Принцип

Куќата каде Гаврило Принцип живеел во Сараево беше уништена за време на Втората светска војна. По војната таа беше повторно изградена како музеј во Кралството Југославија. Југославија беше освоена од Германија во 1941 година и Сараево стана дел од Независна држава Хрватска. Хрватските Усташи повторно ја уништиле куќата. По воспоставувањето на Социјалистичка Југославија во 1944 година, куќата на Гаврило Принцип повторно стана музеј и постои уште еден музеј посветен на него во рамките на градот Сараево.[25] За време на југословенските војни од 1990-тите, куќата на Гаврило Принцип беше уништена по третпат и била повторно изградена по третпат во 2015 година.[26] Пред 1992 година делот од тротоарот каде Принцип стоел при атентатот беше одбележан со врежани стапки. Тие биле уништени како последица на војната во Босна од 1992-95. Постои уште една плакета пред музејот на местото каде што Гаврило Принцип стоел кога пукал во Фердинанд.

Биста на Принцип била подигната од страна на месното население во Товаришево, Србија на 21 април 2014 година, откриена од страна на режисерот Емир Кустурица и писателот Матија Бечкович.[27] Статуата била подигната во Источно Сараево на годишнината на атентатот во 2014 година.[28][29]

Статуа на Принцип беше подигната во Белград на симболичкиот Видовдан, 28 јуни 2015 година, откриена од страна на претседателот на Србија Томислав Николич и претседателот на Република Српска Милорад Додик, како подарок од Република Српска на Србија.[30] На откривањето Николич даде говор, велејќи: "Принцип беше херој, симбол на идеите за слобода, убиец на тиранин, носител на идејата за ослободување од ропството, низ цела Европа".

Во социјалистичка Југославија, Гаврило Принцип бил почитуван како народен херој и борец за слобода кој се борел за ослободување на сите народи на Југославија од австриската власт; сепак, денес многу Хрвати и Бошњаци имаат изразено гледишта окарактеризирајќи го Принцип како "терорист" и некои веруваат дека тој бил поддржувач на голема Србија, додека Србите продолжите да го почитуваат со што Ненад Самарџија, гувернерот на Источно Сараево, кажал дека убиството не било терористички акт, туку "движење на млади луѓе кои сакале да се ослободат од колонијално ропство".[31]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Dedijer 1966.
  2. Johnson, Lonnie (1989). Introducing Austria: A short history. стр. 52–54. ISBN 0-929497-03-1.
  3. Gilbert, Martin (1995). First World War. HarperCollins. стр. 20–24. ISBN 0-00-637666-5.
  4. Strachan, Hew (1998). The Oxford Illustrated History of the First World War. Oxford University Press. стр. 9. ISBN 0-19-820614-3.
  5. Dejan Djokić (January 2003). Yugoslavism: Histories of a Failed Idea, 1918–1992. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 24. ISBN 978-1-85065-663-0.
  6. Fromkin 2007.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Roider 2005.
  8. 8,0 8,1 Fabijančić 2010.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Schlesser 2005.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Kidner и др. 2013.
  11. Malcolm 1994.
  12. Misha Glenny (5 September 2012). „4“. The Balkans: Nationalism, War, and the Great Powers, 1804–2012: New and Updated (revised. изд.). House of Anansi. ISBN 978-1-77089-274-3. Посетено на 26 December 2016.
  13. Documentary History of the War. 2. London: Printing House Square. 1917. Посетено на 26 December 2016.
  14. Irić, Radoman (2 October 2013). Ovde je Gavrilo Princip učio da puca [This is where Gavrilo Princip learnt to shoot]. Blic (српски). Belgrade. стр. 21. Посетено на 2 October 2013.
  15. Stokesbury, James (1981). A Short History of World War I. New York: HarperCollins. стр. 60–67.
  16. Burns, Tracy. 'June 28, 1914: The first attempt'. www.private-prague-guide.com/. Посетено на 27 January 2015. On June 28, 1914 Archduke Franz Ferdinand 'Este and his wife Duchess of Hohenberg arrived in Sarajevo by train shortly before 10 am
  17. Clark, Christopher. „First Shot of World War I“. www.historynet.com/. Посетено на 27 January 2015. On the morning of Sunday, June 28, 1914, Archduke Franz Ferdinand, heir apparent to the Austro-Hungarian throne, and his wife, Sophie Chotek von Chotkowa und Wognin, arrived by train in the city of Sarajevo and boarded a motorcar for the ride down the Appel Quay to the City Hall. There were six vehicles in the motorcade. In the lead car was a security detail. In the second car were the mayor of Sarajevo, Fehim Effendi Curcic, dressed in a fez and a dark suit, and the Sarajevo police commissioner, Dr. Edmund Gerdemotor.
  18. 18,0 18,1 Donnelley, Paul (2012). Assassination!. стр. 33. ISBN 978-1-908963-03-1. Посетено на 27 January 2015.
  19. Malmberg, Ilkka: Tästä alkaa maailmansota. [This is the beginning of World War I] Helsingin Sanomat monthly supplement, June 2014, pp. 60–65.
  20. Belfield, Richard (2011). A Brief History of Hitmen and Assassinations. Constable & Robinson, Ltd. стр. 241.
  21. „The man who started the First World War“. Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 7 November 2013.
  22. „Gavrilo Princip“. findagrave.com. 6 септември 2002. Архивирано од изворникот на 26 December 2016. Посетено на 26 December 2016.
  23. Connolly, Kate (22 June 2004). „Found: the gun that shook the world“. Daily Telegraph. Посетено на 17 September 2010.
  24. Manfried Rauchensteiner, Manfred Litscher (ed.): Das Heeresgeschichtliche Museum in Wien. [Museum of Military History in Vienna] Graz, Wien 2000, page 63.
  25. „GAVRILO PRINCIP – SOME THINGS NEVER CHANGE“. Meet the Slavs. 29 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 26 December 2016. Посетено на 26 December 2016.
  26. Rodna kuća Gavrila Principa: Obnovljena i zaboravljena (српски)
  27. DA SE NE ZABORAVI: Meštani Tovariševa sami podigli spomenik Principu! [NOT FORGETTING: villagers themselves erected a monument to Princip!]. Telegraf.
  28. Monument to Gavrilo Princip unveiled in East Sarajevo, B92, June 27, 2014 (retrieved June 22, 2015).
  29. Serbia: Belgrade's monument to Franz Ferdinand assassin, BBC News, June 8, 2015 (retrieved June 22, 2015).
  30. Ne dozvoljavam vređanje poklanih Srba [I do not allow insults to slaughtered Serbs]. B92. 2015-06-28.
  31. Matt Robinson; Daria Sito-Sucic (11 март 2004). „An assassin divides his native Bosnia 100 years on“. Reuters. Архивирано од изворникот на 23 June 2017. Посетено на 26 December 2016.

Извори

уреди

Дополнителна литература

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: