Киргистан или Киргизија (киргиски: Кыргызстан) е држава во Средна Азија, претежно планинска. Официјално име е Киргиска Република. Киргистан се граничи со Казахстан на север, Узбекистан на запад, Таџикистан на југозапад и со Народна Република Кина на исток. Главен град е Бишкек.

Република Киргистан
Кыргыз Республикасы
Kyrgyz Respublikasi
Кыргызская Республика
Kyrgyzskaya Respublika
Знаме Грб
Геслонема
ХимнаКыргыз Республикасынын Мамлекеттик Гимни
Државна химна на Киргиска Република
Местоположба на Киргистан
Главен град
(и најголем)
Бишкек
42°52′N 74°36′E / 42.867° СГШ; 74.600° ИГД / 42.867; 74.600
Службен јазик киргиски, руски
Народности 
Демоним Киргизи, Киргистанци[2]
Уредување Унитарна парламентарна република
 •  Претседател Сооронбај Жеенбеков
 •  Премиер Сапар Исаков
Независност од СССР 
 •  Прогласена 31 август 1991 
 •  Потполна 25 декември 1991 
Површина
 •  Вкупна 199,900 км2 (86та)
 •  Вода (%) 3,6
Население
 •  проценка за јули 2005 г. 5.264.000 (111- та)
 •  Попис 1999 4.896.100 
 •  Густина 26 жит/км2 (176та)
БДП (ПКМ) проценка за 2005 г.
 •  Вкупен $10.764 милијарда (134та)
 •  По жител $2.150 (140та)
Џиниев коеф. (2003)30.3
среден
ИЧР (2013) 0.628[3]
среден · 125та
Валута Сом (KGS)
Часовен појас KGT (UTC+6)
НДД .kg
Повик. бр. 996

Потекло на поимот

уреди

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Според скорешните пронајдоци, киргистанската историја датира од 201 г п.н.е. Киргистанците живееле во горниот дел на долината на реката Енисеј во централен Сибир. Откритието на пазиричката и таштичката култура покажуваат дека се туркиски номадски народ. Кинеските и муслиманските извори од VII и XII век ги опишуваат Киргизите како народ со црвена коса и со зелени и цини очи.

Потомците на Киргизите од автохтоното сибирско население е потврдено од друга страна пак со скорешните генетски истражувања.[4] Интересно е што 63% од машкото население на Киргистан делат хаплогрупа R1a1 (Y-DNA) со Таџикистанците, со Украинците 54%, со Полјаците 56% па дури и со Исланѓаните 25%. Хаплогрупа R1a1 (Y-DNA) се верува дека е обележувач на праиндоевропските јазици и нивните говорници.

Киргистанската држава ја достигнала својата најголема експанзија после победувањето на Ујгурскиот канат во 840 година. Тогаш Киргизите набрзина се преселиле сè до планинскиот венец Тјеншан и имале контрола врз територијата цели 200 години. Во XII век киргиската доминација се преместила до планината Алтај и до Сијанските Планини како резултат на растење на монголската држава. Со растење на Монголското Царство во XIII век, Киргизите мигрирале јужно.

Руско влијание

уреди

Во раниот XIX век, јужниот дел на денешен Киргистан бил под контрола на Канатот од Коканд. Територијата позната на руски како Киргизија била вметната како дел на Руската Империја во 1876 година. Русите презеле неколку револти против царските власти, и многу од киргистанското население се преселило во Памир и Авганистан. Додатно на ова, репресијата врз немирот во 1916 резултирало со преселба на Киргизите и во Кина.

Многу од етничките групи во тој регион биле поделени помеѓу соседните држави, како што е и денес, каде што границите не биле толку добро повлечени и регулирани, било полесно за движење кон планините и враќање назад сè со цел за подобар живот на Киргизите.

Периодот под советска власт

уреди
 
Бишкек
 
Излог на поранешниот музеј Ленин (сега дел од националниот музеј)

Советската власт биле почетно основана во регионот во 1919 и бил формиран Кара-Киргиската автономна област во рамките на империјата. На 5 декември 1936 година Киргиската Советска Социјалистичка Република била основана како рамноправна членка во склоп на Советскиот Сојуз.

Во 1920-те години Киргистан значително се развил на културното, образовното и социјалното поле на општествениот живот. Литературата значително се развила и се основал стандардниот киргиски јазик. Економскиот и социјалниот развој исто така бил значителен. Многу аспекти на киргистанската национална култура биле користени покрај противењето на режимот на Сталин и како резултат на тоа имало доста тензии помеѓу властите и републиките. Во раните години на гласноста многу малку го зафатило политичкиот живот на Киргистан. Како и да е на издаваштвото во Киргистан му било дозволено да има поголема либералност и да основа нови публикации како што е Литератуни Киргистан издадено од Унијата на писатели. Неофицијално, политичките групи биле забранети, но неколку групи се развиле во 1989 година.

Во јуни 1990 избиле етничките тензии помеѓу Узбеците и Киргизите во областа Ош, каде што Узбекистанците се мнозинство. Тензиите се зголемувале и се вовела вонредна состојба. Тензијата траела до август 1990 година.

Раните 1990 години довеле значителни промени во Киргистан. Киргистанското демократско движење се преобразило во значителна политичка сила со поддршка од парламентот, Претседателот на Киргистанската академија на науки, Ашкар Акаев, бил избран за претседател во октомври 1990 година. Во јануари наредната година, Акаев вовел нова владеачка структура и назначил нова влада сосатена повеќето од млади реформирани политичари. Во декември 1990 година, Врховниот Совет изгласал за промена на името на републиката во Република Киргистан, а додека во 1993 година се смени името во Киргистанска Република. Во февруари 1991 година името на главниот град Фрунзе беше сменето со стариот назив Бишкек. Покрај сите овие промени што го зафатија Киргистан, економскиот развој се чинеа дека работаат против нив. Како резултат на тоа на референдум за зачувување на Советскиот Сојуз во март 1991 година 88.7% гласале за обновување на Советскиот Сојуз во реформирана федерација.

На 19 август 1991 година, кога Државниот комитет за безбедност се обиде да го лимитира Акаев во Киргистан, Акаев и премиерот Герман Кузнецов ја напуштија Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и сите киргистански членови. Тое беше првиот чекор за прогласување на независноста и на 31 август 1991 година Киргистан ја проглси својата независност како суверена и самостојна држава.

По парламентарните избори во март 2005 година, претседателот Акаев беше приниден да поднесе оставка на 4 април 2005 година. Опозициските водачи формираа коалициска влада на чело со претседателот Курманбек Бакиев. На 6 април 2010 година избија нови протести против претседателот Бакиев. По овие протести, на 15 април 2010 Бакиев ја напуштил земјата и официјално дал оставка. По ова е формирана привремена влада на чело со поранешниот шеф на дипломатијата Роза Отунбаева во улога на нејзин шеф.

Административна поделба

уреди

Киргистан е поделен на седум области на чие чело стојат назначени управници. Главниот град е админитративно независен град со еднаков статус со областите. Истото важи и за градот Ош.

 
Карта на областите во Киргистан

Областите и главниот град се следните:

  1. Бишкек
  2. Баткенска област (Баткен)
  3. Чујска област (Чуи-Токмок)
  4. Џалалабадска област (Џалалабад)
  5. Наринска област (Нарин)
  6. Ошка област (Ош)
  7. Талашка област (Талас)
  8. Исиккулска област (Каракол)

Секоја област се состои од неколку реони предводени од назначени владини претставници. Руралните заедници (ayıl ökmötü) се состојат од неколку до 20 мали населби и имаат нивни избрани претставници.

Географија и клима

уреди

Политички систем

уреди

Стопанство

уреди

Население, јазик и религија

уреди

Населението на Киргистан брои околу 5.2 милиони во 2007 година. Киргизи се 69% од населението, 14.5% се Узбеци, кои главно живеат на југот од земјата и 9% Руси, концентрирани на северот од земјата.

Религија

уреди
Верници во Киргистан
Муслимани
  
89,1 %
Православна Црква
  
6,1 %
Други Христијани
  
0,5 %
Без Религија
  
2,3 %
Јудеисти
  
1,5 %
Други
  
0,5 %
ДК/НА
  
0,4 %

Култура

уреди

Наводи

уреди
  1. „Национален состав на населението во Киргистан 1999–2014“ (PDF) (руски). Национален Статистички Комитет на Киргиската Република. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-13. Посетено на 14 април 2014.
  2. „CIA World Factbook entry on Kyrgysztan“. Архивирано од изворникот на 2015-11-27. Посетено на 2008-02-20.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. „The Eurasian Heartland: A continental perspective on Y-chromosome diversity“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-12-08. Посетено на 2008-03-31.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Влада

Преглед

Вести

Слики

Други врски