Милански едикт — указ пропишан од страна на римските цареви Лициниј и Константин I Велики, со кој била прогласена верска рамнопрвност во империјата и било ставено крај на прогоните на христијаните кое траело околу три века. Указот бил издаден во Медиолан (денешно Милано).

Остатоци од царскиот дворец на Медиолан (Милано). Империјалната палата (главно изградена од страна на Максимијан) претставувала голем комплекс со неколку згради, градини, дворови

По абдикцијата на Диоклецијан и Максимијан во [305] година, за нови владетели биле прогласени Галериј и Констанциј I Хлор. Галериј за цезар на источните провинции на империјата го назначил Максимијан Даја, а за цезар на Италија и африканските провинции го назначил Флавиј Валериј Север. За само неколку години, во Римското Царство се појавиле голем број на цезари и августи. За првпат, во 311 година Галериј издал едикт за прекратување на прогоните на христијаните, но по само неколку денови тој починал. На негово место застанал Линциниј и Константин како еден од најголемите поддржувачи на христијанството. Од друга страна пак застанале Максимин деја и Максенциј кои за краток период биле убиени. Така, Лициниј и Константин I Велики се сретнале во градот Медиолан (денешно Милано) каде бил издаден овој едикт.