Солидарност (синдикат)
Солидарност (полски: Solidarność, цело име: Независен самостоен синдикат „Солидарност“ — Niezależny Samorządny Związek Zawodowy "Solidarność") е полски синдикат основан во септември 1980 година во Гдањск, предводен од Лех Валенса.
Солидарност е првиот синдикат кој не бил под контрола на комунистичката партија во државите на Варшавсиот пакт. Во осумдесеттите години на XX век бил основан како широко антибирократско општествено движење. Влада се обидувала да го уништи синдикатот во текот на ванредната состојба на почетокот на осумдесеттите, во годините на репресија, но на крајот морале да преговараат со него. Дебатата помеѓу владата и опозицијата предводена од Солидарност довела до полуслободните избори во 1989 година. Во декември 1990 година Валенса е избран за претседател на Полска.
„Солидарност“ е основана врз основа на бројни штрајкувачки комитети (вклучувајќи го и Меѓупретпријатискиот штрајковен комитет во Гдањск), кои со текот на времето се претвориле во основачки комитети на Самостојниот самоуправен синдикат „Солидарност“ (NSZZ „Solidarność“) е регистриран на 10 ноември 1980 година од страна на Покраинскиот суд во Варшава.
Од 2006 година е член на Меѓународната конфедерација на синдикати [1]
Солидарност во периодот 1980–1989 година
уредиНастанување
уредиПоголемиот дел од полското општество не ја прифаќало подреденоста на полската држава на Сојузот на Советските социјалистички републики откако Црвената армија влегла во регионот Лублин. Свесноста за злосторствата на сталинизмот, репресиите врз војниците на независноста на подземјето, сеприсутноста на апаратот за политичко угнетување што го користеше Канцеларијата за безбедност не ги натера Полјаците да ги признаат властите наметнати со сила. Теророт не бил ублажен ниту со одлуките на владата и Полската Работничка Партија како:
- задржување на „Мазурка на Дабровски“ како државна химна (по наредба на Сталин),
- земјоделската реформа од 1944 година,
- приклучување кон власта на партиите PSL и SD,
- намерно одложена колективизација во однос на другите земји подредени на СССР,
- оставајќи одредена слобода на Католичката црква.
Работнички протести
уредиПрвиот сериозен протест на работниците се одржал во јуни 1956 година во Познањ, каде биле поставени социјални, но и политички барања. Индиректниот резултат на крвавите задушени немири бил „Полскиот октомври 1956 година“, кога се менува владејачкиот тим, а Владислав Гомулка, кој бил пречекан со надеж, станал прв секретар на Полската Обединета работничка партија. Повеќето политички затвореници биле ослободени од затворите, Министерството за јавна безбедност било ликвидирано, култот на личноста во СССР беше осуден, а на печатот му било дозволено да се развива слободно неколку месеци ( на пр. списанието „Едноставно")
Vо декември 1970 година, по најавата за драстично зголемување на цените на основните производи, бран штрајкови и демонстрации го зафаќа „крајбрежјето“, крваво пригушени од армијата и милицијата. Како резултатот од оваа акција се смета соборувањето на Гомулка. Неговото место го зазема партискиот активист, Едвард Гирек, кој подоцна се фокусира на економскиот развој со земање огромни заеми кај Западна Европа.
Посетата на папата
уредиНа 16 октомври 1978 година, архиепископот на Краков, кардиналот Карол Војтила бил избран за папа, стекнувајќи се со ново име Јован Павле IIЕдна година подоцна, за време на првиот аџилак во Полска, милиони Полјаци се собрале на папските литургии организирани во најголемите градови. Јован Павле II повикувал на почитување на националното достоинство и традиција. Тој ја истакнувал важноста на слободата во општествениот живот и повикувал на почитување на основните права на секое човечко суштество. Проповедите на Папата предизвикале широк одзив во општеството.
Поддршка од САД
уредиСпоред т.н „Реганови доктрини“ ЦИА и дава голема поддршка на Солидарност. Нивна врска бил Ришард Куклински, кој ги информирал Американците за тоа што се случува во земјата[2]. Од 1980 година, ЦИА донира 2 милиони долари годишно за активностите на синдикатот „Солидарност“[3]. Хенри Хајд, американски политичар од Комитетот за разузнавање, изјавил дека Соединетите држави активно го поддржуваат полскиот синдикат со „залихи, техничка помош, печат, летоци, емитување радио програми, други форми на пропаганда, пари, организациска поддршка, како и советодавно препораки.“[4]
Први штрајкови
уредиВо 1980 година економската состојба уште повеќе се влошувала. Во времето на Полската Народна Република, цените на повеќето стоки биле централно регулирани од владата. Официјални лица во Варшава одлучувале колку ќе чини стоката во секоја државна продавница низ целата земја. Забранета била продажба на месо и месни производи од приватни лица. Одлуките за цените на основните производи – воглавно прехранбените – биле носени од страна на бирото на Централниот комитет на Полската Обединета работничка партија. На 1 јули 1980 година партиските власти донеле одлука за поскапување на месото и месните производи.
Уште истиот ден, 1 јули 1980 година, избувнале штрајковите во WSK „PZL-Mielec“, во Машинската работилница „URSUS“ во Варшава и во неколку други претпријатија низ земјата. Голем бран штрајкови започнале на 8 јули со протест во WSK PZL-Świdnik во Швидник, наречен Швиднички Јули, кој завршил со првиот писмен договор во тоа време. Штрајкот во Швидник бил мотив и за штрајкувачите во регионот на Лублин, кои траеле до 25 јули.
Бродоградилиште во Гдањск
уредиУште еден протест започна на 14 август со штрајк во Бродоградилиштето Гдањск организиран од Слободните синдикати на крајбрежјето. Водач на штрајкот бил младиот работник Пјотр Малишевски. Меѓу барањата за првпат се појавуваат и политички барања. Околу 11.00 часот тој ден, кон бродоградилиштето, се упатил Лех Валенса, еден од работниците кој бил отпуштен претходно. Штрајкувачкиот комитет побарал враќање на работа Ана Валентинович и Лех Валенса, поставување споменик на жртвите од декември 1970 година, почитување на работничките права и социјалните барања.
Два дена подоцна, во бродоградилиштето се појавила делегација, со претставници од другите фабрики кои исто штрајкувале, на чело со Богдан Лис и Анджеј Гвијазда. Бил создаден Меѓупретпријатискиот комитет за штрајк, а како претседател избран Лех Валенса. На 17 август, отецот Хенрик Јанковски одржал литургија пред капијата бр. 2 на бродоградилиштето. На истата таа капија била поставена табла со 21 барање на Меѓупретпријатискиот комитет за штрајк.
„Прва“ солидарност
уредиНа 26 август 1980 година, приматот на Полска, Стефан Вишински, одржал проповед во која го искажалставот на Црквата за новото независно синдикално движење (што било разочарувачко за штрајкувачите[5]), повикувајќи на умереност: „Барањата можеби се добри и генерално се исправни, но никогаш не е така за да можат да се исполнат веднаш, во овој момент нивната имплементација мора да се разложи на рати“. Истиот ден била објавено изјава на Главниот собор на Полската епископија, во која се кажува: „Со постигнатите договори, поддржани со соодветни гаранции, треба да се прекинат штрајковите за нормално функционирање на националната економија и општествениот мир.“[6] Во тоа време, приматот сметал дека треба да се прекине штрајкот и да се започнат преговори со властите. Тоа го кажува токму во својот дневник: „Сметам дека штрајкот мора да се прекине, не затоа што растатат економските трошоци, туку затоа што „добрите работи не треба да се поправаат“. – Партијата досега изгуби во очите на работниците и нацијата. Но, дали треба да ја напаѓаш? Не, треба да се натера да направи сè што е можно за понатамошно исправување на грешките на Партијата. Но, мора да се запомни дека грешки има и на општеството што на Партијата и го олесниле патот да греши“[7].
„Солидарност“ функционирала на територијална основа, а не како сите „класични“ синдикати, на секторска база. „Со таква организација, беше јасно дека специфичните професионални интереси ќе бидат подредени на една сеопфатна цел, и дека таа цел може да биде само политичка борба (...) Тоа беше отргнување од идејата на традиционалните синдикати, односно одбраната на специфичните интереси на работничките групи“ – изјавил историчарот Анджеј Валицки[6].
Во периодите 5-10 септември и 26 септември-7 октомври се одржал Првиот Национален Конгрес на Делегатите на Солидарност. За претседател бил избран Лех Валенса (добил 55% од гласовите на делегатите; Јурчик – 24%, Гвиазда – 9%, Рулевски – 6%)[8]. кНа Конгресот на 8 септември, била испратена порака до работниците од Источна Европа, во која ги повикаат синдикалците од земјите од социјалистичкиот блок заедно да се борат за слободата на здружување. Конечниот ефект на конгресот бил изработката на Програмата на „Солидарност“ со наслов „Самоуправна Република“[9][10].
Воена состојба
уредиКомунистичките власти биле долги месеци под притисок на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз , барајќи да се воспостави ред во Полска. Во октомври 1981 година, раководството на Полска Обединета Работничка Партија го презел генералот Војчех Јарузелски, кој бил премиер од февруари истата година.
На полноќ на 13 декември 1981 година била воведена воена состојба. Утрото на националната телевизија се појавил генералот Војчех Јарузелски, кој најавил воведување воена состојба и формирање на Воен совет за национален спас. Солидарнос била делегитимирана во тој момент. Водачите биле интернирани и сместени во изолациони центри. Единици на Граѓанската милиција ги пригушувала евентуалните обиди штрајк на работните места. МВР дозволило употреба на оружје и набрзо (на 16 декември) била издадена наредба да се пука во рударите во рудникот „Вујек“. Девет рудари загинале, а 21 биле повредени. Следниот ден бил отворен оган за време на протестите на Солидарност во Гдањск. Едно лице загинало, а две биле повредени. До 28 декември 1981 година, сите штрајкови биле прекинати.
Подземна солидарност
уредиНа 22 април 1982 година, Збигњев Бујак, Богдан Лис, Владислав Фрасињук и Владислав Хардек го основале Привремениот координативен комитет на „Солидарност“, кој требал да им служи на тајните активности на организацијата. Активистите биле постојано гонети од Службите за безбедност и морале да се кријат.
Како резултатот од тајната работа било организирањето на работнички маршеви на 1 мај 1982 година, симболизирајќи го отпорот кон официјалните партиски церемонии. Десетици илјади луѓе протестирале во Гдањск. Повторно се одржале протести за време на прославата на Уставот на 3 мај, кој бил забранет од властите на Народна Република Полска. Протестите биле брутално растурени од Моторизирани резерви на Граѓанската милиција.
На 6 мај, во Гдањск бил формиран Регионалниот координативен комитет, составен од: Богдан Борусевич, Александар Хол, Станислав Јарош, Богдан Лис и Маријан Швитек. Во јуни, Корнел Моравјецки основал друга подземна организација во Вроцлав под името Борба за солидарност.
Во периодот 11-13 октомври избувнале дополнителни штрајкови во Гдањск.
Валенса бил ослободен од логорот за интернација на 14 ноември 1982 година. На 9 декември, Службите за безбедност организирале огромен напад на подземјето на Солидарност. Над 10.000 активисти настрадале. На 27 декември, целиот имот на „Солидарност“ бил предаден на синдикатите на ОПЗЗ поврзани со Полската Обединета работничка партија.
На 22 јули 1983 година следува укинување на воената состојба. Една година претходно, во централата на МВР била формирана Канцеларија за проучување на СБ - специјална единица чија задача беше да ги координира активностите на министерството против опозицијата на Солидарност на национално ниво. Со амнестијата, многу активисти на Солидарноста си ја вратија слободата, но репресијата не престана.
Протести 1988 година
уредиШтрајковите започнале на 25 април 1988 година во Бидгошч и Иновроцлав. На 26 април се приклучува и Железарата „Ленин“ од Краков, а на 2 мај им се придружиле и работници од бродоградилиштето Гдањск. На 3 мај, советникот на Солидарност, Анджеј Виловијски се среќава со секретарите на Централниот комитет Станислав Чиосек и Јозеф Чирек, кои го информираат дека генералот Јарузелски се согласил да започне разговори со Лех Валенса. Ноќта меѓу 4 и 5 мај, Моторизирани резерви на Граѓанската милиција брутално ги пригушува штрајкувачите од Краков, што резултира со прекин на штрајкот во Гдањск. Штрајковите ја вракаат Солидарност на политичката сцена, но во исто време покажуваат, дека поради малиот опсег, поддршката за „Солидарност“ е мала[11].
Тркалезната маса
уредиНа 18 декември 1988 година бил формиран Граѓанскиот комитет на Лех Валенса. Комитетот се состоел речиси исклучиво од советници на Лех Валенса од 1980-1981 година. Поделен на повеќе делови за да се подготви ставот на опозицијата за одредени области на разговори. Некои претставници на опозицијата започнале преговори со властите на Народна Република Полска. Валенса, заедно со мнозинството на Солидарност, ги поддржал овие разговори. Сепак, некои опозициски групи и некои синдикалци биле против мирна промена на власта. Според нивното мислење, револуцијата била неопходна за да се исчисти Полска од луѓето од Полската Обединета Работничка Партија. Солидарност под водство на Валенса избира мирен пат на промени. Имајќи ги предвид најновите историски анализи, треба да се забележи дека групите опишани како противници на „мирната“ промена на власта не барале воена акција, но не се согласувале со договорниот карактер на тркалезната маса. Контрадикторноста на нивните ставови произлегувала од заклучоците, земајќи го предвид фактот дека една од причините зошто властите на Народна Република Полска започнале разговори била нивната слабост и неможноста за натамошно управување на власта како резултат на овој факт и општата криза кај народот.
На 27 јануари 1989 година, на состанокот помеѓу Валенса и Кишчак, бил одбран составот на тимот што ќе треба да учествува на разговорите на Тркалезната маса. Избрани биле 56 претставници, 20 од Солидарност, 6 од ОПЗЗ, 14 од ПЗПР, 14 „независни“ и двајца свештеници. На 6 февруари опозицијата и власта почнале со преговори, кои траеле до 5 април. Заклучоците вклучуваа повторна легализација на синдикатот и одржување делумно слободни избори на 4 јуни, на кои Солидарност може да кандидира свои кандидати. На 17 април 1989 година, Покраинскиот суд во Варшава, повторно го регистрира Независниот самоуправен синдикат „Солидарност“[12].
Третата република
уредиНа полските граѓани им се гарантирани основните политички и економски слободи содржани во Универзалната декларација за човекови права. Приватната иницијатива, неограничена од државата, овозможила да се започне со градење на општество базирано на индивидуално претприемништво. Земјата влегува на патот на интеграцијата со Европа. На 29 декември 1989 година Парламентот донел измени на Уставот. Одредбата во која се наведува дека Полската Обединета работничка партија е „водечката сила“ на нацијата е избришана. Полската Народна Република се преименува во Република Полска, а на грбот, беше вратена и круна на орелот. Сепак, Полска стана целосно демократска земја дури по парламентарните избори во 1991 година[13]. Така се создава Третата република.
Претседатели
уреди- Лех Валенса - до 12 декември 1990 година
- Маријан Крзаклевски - од 23/24 февруари 1991. до 27 септември 2002 година
- Јануш Шниадел - од 27 септември 2002 година, повторно избран на уште 4 години на 29 септември 2006.
- Пјотр Дуда – од 21 октомври 2010 г
Број на членови
уреди„Солидарност (синдикат)“ на Ризницата ? |
Година | Број на членови |
---|---|
1980 | 9 - 10 милиони |
1989 | 1,5 милион |
2010 | 400 - 680 илјади |
2015 | 586 901 |
Седиште
уредиПрвично, седиштето на Националната комисија на Солидарност се наоѓала во Гдањск, во зградата на поранешниот работнички хотел на ул. Грунвалдска 103 (1980-1981), подоцна преземен од страна на Сојузот на бродоградилишта и Полскиот регистар на бродови, на ул. Вали Пиастовские 24 (1989-)[14].
Комеморации
уредиПо повод 30-годишнината од формирањето на НСЗЗ „Солидарност“, полската пошта вовела комеморативна поштенска марка со ликот на Лех Валенса [15].
- ↑ Czechowska, Lucyna; Tyushka, Andriy; Domachowska, Agata Beata; Gawron-Tabor, Karolina; Piechowiak-Lamparska, Joanna, уред. (2020). „Państwa, organizacje międzynarodowe i partnerstwa strategiczne“. doi:10.12775/4105-1. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Davies, Richard T. (2004-07). „The CIA and the Polish Crisis of 1980–1981“. Journal of Cold War Studies. 6 (3): 120–123. doi:10.1162/1520397041447346. ISSN 1520-3972. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Domber, Gregory F. (2014-10-06). Empowering Revolution. University of North Carolina Press. ISBN 978-1-4696-1851-7.
- ↑ Kaneva, Nadia (2011-03). „Book Review: Gerald Sussman, Branding Democracy: U.S. Regime Change in Post-Soviet Eastern Europe. New York: Peter Lang, 2010“. Media, Culture & Society. 33 (2): 337–339. doi:10.1177/01634437110330021103. ISSN 0163-4437. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Czaczkowska, Ewa K.; Centralny Projekt Badawczy IPN; Instytut Pamięci Narodowej--Komisja Ścigania Zbrodni przeciwko Narodowi Polskiemu (2018). Stefan Wyszyński wobec oporu społecznego i opozycji, 1945-1981. Warszawa. ISBN 978-83-8098-427-1. OCLC 1050178081.
- ↑ 6,0 6,1 Mażewski, Lech (2022). „O totalitaryzmie i procesie detotalitaryzacji. Przypadek PRL“. Przegląd Sejmowy. 2(169): 223–231. doi:10.31268/ps.2022.107. ISSN 1230-5502.
- ↑ Czaczkowska, Ewa K.; Centralny Projekt Badawczy IPN; Instytut Pamięci Narodowej--Komisja Ścigania Zbrodni przeciwko Narodowi Polskiemu (2018). Stefan Wyszyński wobec oporu społecznego i opozycji, 1945-1981. Warszawa. ISBN 978-83-8098-427-1. OCLC 1050178081.
- ↑ Bahri, Syaiful (2019-01-26). „IDENTIFIKASI KEBIMBANGAN TOKOH HASAN DALAM ROMAN ATHEIS KARYA ACHDIAT KARTA MIHARDJA“. MABASAN. 7 (1): 36–46. doi:10.26499/mab.v7i1.172. ISSN 2621-2005.
- ↑ „Leszek Żyliński, Zmienne pola dialogu. Rzecz o Polakach i Niemcach, Wydawnictwo Naukowe Uniwersytetu Mikołaja Kopernika, Toruń 2020, ss. 301“. Zagadnienia Rodzajów Literackich. 64 (3). 2021. doi:10.26485/zrl/2021/64.3/8. ISSN 0084-4446.
- ↑ Załęski, Paweł (2010-12-22). „Czy Solidarność była społeczeństwem obywatelskim? Jak został zapomniany neorepublikański projekt samorządnej rzeczypospolitej“. Kultura i Społeczeństwo. 54 (4): 141–152. doi:10.35757/kis.2010.54.4.8. ISSN 2300-195X.
- ↑ Kotras, Marcin (2017-08-31). „Praktyki ramowania i przeramowania w dyskursie medialnym dotyczącym Okrągłego Stołu“. Przegląd Socjologii Jakościowej. 13 (3): 70–95. doi:10.18778/1733-8069.13.3.04. ISSN 1733-8069.
- ↑ „Komunikat NSZZ Solidarność KWB Bełchatów“. Energetyka-Społeczeństwo-Polityka (1 (9)): 22–24. 2021-04. doi:10.4467/24500704esp.21.003.13600. ISSN 2450-2545. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Załęski, Paweł Stefan (2012,). Neoliberalizm i społeczeństwo obywatelskie,. Toruń: Wydawnictwo Uniwersytetu Mikołaja Kopernika,. стр. s. 140. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link) - ↑ Rajewska, Ewa (2021-12-29). „Krytyka przekładu i okolice“. Krytyka przekładu i okolice (42): 7–13. doi:10.4467/16891864pc.21.015.14326. ISSN 1689-1864.
- ↑ „Mind, matter, and quantum mechanics“. Choice Reviews Online. 31 (08): 31–4341-31-4341. 1994-04-01. doi:10.5860/choice.31-4341. ISSN 0009-4978.