18 јули
датум
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
18 јули — 199-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (200-и во престапна година). Остануваат 166 денови до крајот на годината.
Настани:
64 | Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот цар Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори. |
1830 | Уругвај го усвојува својот прв Устав. |
1846 | Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија. |
1898 | Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент. |
1925 | Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифест „Мојата борба“. |
1936 | Шпанска граѓанска војна: востаниците ја заземаат Галисија, западна Кастиља, западна Андалусија и Арагон. |
1968 | Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел. |
1967 | Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј. |
Родени:
Починале:
1610 | Микеланџело Меризи да Караваџо — италијански барокен сликар |
1721 | Жан Антоан Вато — француски барокен сликар. |
1817 | Џејн Остин — англиска писателка. |
1872 | Бенито Хуарез — мексикански претседател. |
1895 | Стефан Стамболов — бугарски револуционер. |
1949 | Вичеслав Новак — чешки композитор. |
1988 | Нико — германско-американска пејачка и глумица. |
1997 | Јуџин Шумејкер — американски астрогеолог. |
Празници:
Уругвај — Ден на Уставот. |