Првата права парна машина која работела во пракса ја конструирал Томас Њукомен(англиски: Thomas Newcomen) (1664-1729) во 1712 наречена „огнена пумпа“ која со помош на атмосферскиот притисок го спушта вертикалниот клип и потоа ја сиса водата од рудникот во западен Мидланд во Англија цели 30 години.

Парна машина во работа

Џејмс Ват (1736-1819) е заслужен за зголемување на силата со тоа што ја кондензира пареата во посебна затворена комора избегнуваќи ја потребата од воздух. Тој создава цилиндар во кој пареата делува од двете страни на клипот благодарејќи на разводникот на пареа кој искористената пареа ја потиска во кондензаторот. Неговото подобрување е и регулаторот на количина на пареа со користење на метални кугли користејќи ја центрифугалната сила.

Користејќи ја центрифугалната сила би можело да се придвижи турбина за генерирање на електрична енергија.

Поврзано

уреди


  Ова е недовршена статија за пронајдок.
Можете да помогнете во нејзината  дообработка .