Лициниј (латински:Flavius Galerius Valerius Licinianus Licinius или Licinius) бил римски цар. Познат и како Валериј Лициниан Лициниј с . Со Римското Царство управувал од 308 до 313 година. Бил близок приврзаник на Галериј, и од него за август бил прогласен во 308 година. По смртта на Галериј, тој го победил Максимин и заедно со Константин I Велики си ги поделиле сферите на владеење. Но нивното соперништво прераснало во војна во 314 година. Константин I победил во војната, но бил склучен мир помеѓу нив. Линциј се оженил за сестрата на Константин I. Бракот бил склучен во Милано, каде во исто време се издал и Миланскиот едикт, каде за првпат на христијаните им била признаена верата и вратени своите имоти. Веќе следниот месец, Линциј го победил Максимин Дај, и се прогласил за цар на истокот, а Константин I за цар на западот.

Лициниј[1]
Роден 265[2][3]
денешна Србија
Починал 325
Солун, денешна Грција
Golden coin depicting Licinius
Монета од Лициниј

Во 314 година Лициниј се ставил на страната на Басијан, против Константин I Велики. Во оваа граѓанска војна, Константин I го победил Линциј во Панонија на 8 октомври 314 година. Иако претрпел уште еден пораз, повторно дошло до склучување на мир, во кое Лициниј ја добил Тракија, Сирија и Египет. Подоцна, Константин I Велики започнал повторно војна со Лициниј, заробувајќи го во Византион, денешен Истанбул. По ова тој бил преместен во Солун во т.н. куќен притвор. Кога се обидел да дигне повторно револт, Константин I Велики наредил да биде убиен.



  1. Craven, Maxwell (2019). „Licinius“. The Imperial Families of Ancient Rome. Fonthill Media. ISBN 978-1781557389.
  2. Jones, A.H.M.; Martindale, J.R. (1971). The Prosopography of the Later Roman Empire, Vol. I: AD 260–395. Cambridge University Press. стр. 509.
  3. DiMaio, Michael Jr. (23 February 1997). „Licinius (308–324 A.D.)“. De Imperatoribus Romanis.